починат ракометар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Apr 2022 12:32:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png починат ракометар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Келнерка го пронашла Тот како лежи во трева, па повикала брза помош – ова се новите детали https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kelnerka-go-pronashla-tot-kako-lezi-vo-treva-pa-povikala-brza-pomosh-ova-se-novite-detali/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kelnerka-go-pronashla-tot-kako-lezi-vo-treva-pa-povikala-brza-pomosh-ova-se-novite-detali/#respond Fri, 08 Apr 2022 12:32:57 +0000 https://kurir.mk/?p=660332

Смртта на ракометарот на Бутел Скопје, Денис Тот (27), во моментов е топ-тема во Македонија. Хрватскиот интернационалец почина во болница откако бил донесен во бесознание во раните утрински часови по забава во дискотека. Првата верзија за настанот која се рашири низ македонските и хрватските медиуми беше дека Тот бил нападнат и претепан. Но, МВР излезе спротивно на овие тврдења и истакна дека немало траги на насилство на неговото тело, а потоа и од Клиниката во Скопје информираа дека ракометарот бил донел без срцева акција, односно, наводно, се работело за срцев удар. Лекарите се бореа за неговиот живот, но за жал, борбата заврши безуспешно. За настанот кој го зави македонскиот ракомет во црно говореше и Анте Гаџа, хрватскиот интернационалец кој настапува за Вардар 1961. Во изјава за „Вечерњи Лист“, тој откри нови детали кои ги чул, иако со Тот не се познавал многу. „Страшно е тоа што се случи. Не го познавав Тот така добро, знаевме да се поздравиме и да си размениме неколку збора кога игравме еден против друг. Ниту се гледавме, ниту се дружевме надвор од терен. Што се однесува до пишувањата за евентуален напад, тоа ме чуди затоа што сите тука во Македонија го сакаат ракометот. Лично сум немал проблеми во градот и не верувам дека некој го нападнал туку-така. Кружат секакви приказни, така што не знам што би кажал, а да е близу до вистината. Соиграчите во соблекувалната зборуваа дека келнерка го нашла како лежи во тревата, па повикала брза помош“, изјави Гаџа. Вардар 1961 и Бутел Скопје треба да се судрат на домашната сцена ова коло, но не е познато дали натпреварот ќе се одигра во предвидениот термин поради трагедијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kelnerka-go-pronashla-tot-kako-lezi-vo-treva-pa-povikala-brza-pomosh-ova-se-novite-detali/feed/ 0
КОЈ Е ДЕНИС ТОТ: Живееле во иста зграда со удавениот ракометар Даниловски, а со брат му не тргнале по стапките на својот татко во овој спорт (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/koj-e-denis-tot-ziveele-vo-ista-zgrada-so-udaveniot-rakometar-danilovski-a-so-brat-mu-ne-trgnale-po-stapkite-na-svojot-tatko-vo-ovoj-sport-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/koj-e-denis-tot-ziveele-vo-ista-zgrada-so-udaveniot-rakometar-danilovski-a-so-brat-mu-ne-trgnale-po-stapkite-na-svojot-tatko-vo-ovoj-sport-foto/#respond Fri, 08 Apr 2022 12:07:37 +0000 https://kurir.mk/?p=660302

Младиот ракометар Денис Тот (27) почина попладнево на КАРИЛ откако во медиумите прво се проширија вестите дека бил претепан во ноќен клуб, а потоа дека добил само срцев удар, а не и траги на насилство. Тот играше за скопски Бутел, а како десно крило во клубот пристигна минатата сезона откако замина од РК Охрид  каде беше сведок на големата трагедија која ја потресе Македонија кога почина ракометарот Никола Даниловски (26) чие тело полицијата го пронашла во Охридското Езеро кај туристичкото место Лагадин. -Страшни вести, не беше ниту на вечерниот тренинг, а следното утро ги дознавме најлошите вести. Живеевме во иста зграда и можам да кажам дека не го заслужи ова, изјави тој во мај минатата година за хрватските медиуми. Денис е од хрватското место Ѓаково, татко му е фудбалски тренер, но неговите синови завршиле во ракометот. Неговиот помал брат Борис брани во Холандија, додека кариерата Денис ја има започнато во ракометниот клуб во Ѓаково.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Denis Tot (@denis_tot)

Денис во својата професионална кариера се здоби и со една сериозна повреда на коленото, но и згора на тоа се врати на терените. -По повредата не ни знаев дали ќе можам да се вратам, тоа беше долго опоравување. Го зацврстив коленото и мускулите за да можам да се вратам на ракометот,вака велеше ракометарот за хрватските медиуми во минатото.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Denis Tot (@denis_tot)

Тој играше за Пореч, Бјеловар, Брук, Охрид како и последниот негов клуб Бутел во кој вечно ќе биде запаметен.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Denis Tot (@denis_tot)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/koj-e-denis-tot-ziveele-vo-ista-zgrada-so-udaveniot-rakometar-danilovski-a-so-brat-mu-ne-trgnale-po-stapkite-na-svojot-tatko-vo-ovoj-sport-foto/feed/ 0