почината актерка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Jan 2023 09:02:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png почината актерка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СИНОТ ГО ЗАКОПА ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ – тажната приказна на Мара Попара, на погребот вчера не се појавил ниту еден колега, освен оваа актерка! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sinot-go-zakopa-pred-nekolku-mesetsi-tazhnata-prikazna-na-mara-popara-na-pogrebot-vchera-ne-se-pojavil-nitu-eden-kolega-osven-ovaa-akterka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sinot-go-zakopa-pred-nekolku-mesetsi-tazhnata-prikazna-na-mara-popara-na-pogrebot-vchera-ne-se-pojavil-nitu-eden-kolega-osven-ovaa-akterka/#respond Tue, 10 Jan 2023 09:02:43 +0000 https://kurir.mk/?p=785396

Кате овена како лист, почина од тага, од жал за синот Александар или Цале како што го викавме, вели за ММС актерката Стојна Костовска, колешка и блиска пријателка на Катерина Крстева, која вчера беше погребана. ММС поразговара со Стојна Костовска, која со Кате ги поминала сите нејзини маки низ годиниве. Стојна и Кате не беа само колешки, туку и другарки, односно биле неразделни. Како може животот да биде толку суров, како еден дом остана пуст, низ нејзино потресно сведоштво… -Кате беше личност, која по сѐ беше карактеристична. Тргни од изгледот, па до однесувањето. Цел свет го засмејуваше. Ама беше оригинална. Никој не можеше да ја имитира. Карактеристичен глас, однесување, карактеристично се облекуваше. Неа не ѝ беше важно дали ќе има репче со црвено или со зелено машниче. Таа како си сакаше. Таква личност беше. Беше голем другар и професионалец. И во подоцнежните години текстот го учеше од прва, тоа за неа не беше проблем. Беше педантна. Јас и Кате бевме неразделни 27 години, ден и ноќ. Беше многу фер колешка и пријател. Кате многу го сакаше животот, тоа се гледаше по неа – вели Костовска и додадава дека покрај целата позитива што ја носела во себе, сепак, животот воопшто не ја галел. -Пред осум години и почина сопругот. Таа го негуваше додека беше болен. Кога ѝ почина сопругот син ѝ Цале многу се потресе и од тогаш се смени. Подлегна на порок, за жал. Беше многу убав и интелигентен. Имаше многу голема желба да биде актер, но Кате не му дозволи, сакаше да студира на други факултети. Се грижеше, како и секоја мајка – ни раскажа Костовска. По смртта на сопругот, Александар и Кате останале да живеат сами, биле многу блиски. Но, и покрај сѐ, и покрај тоа што мажот ѝ починал, место да се радуваат, животот им тргнал во сосема друг правец. -Кате го роди Александар на 46 години, беше мајкин син. Целата надеж ѝ беше во него. Кате имаше операција на отворено срце, па оперираше вени. Но, сето тоа го надмина. Закрепна. Повторно се врати во „Хихириху“ иако за жал можам да кажам дека од девет актери од таа екипа еден по еден заминуваат, останавме четворица. Но, Кате ја задеси трагедија, најголема трагедија која може да ја задеси една мајка. На 28 септември лани почина Цале, нејзиниот син единец. Кате беше болна цела година, едвај се движеше, не можеше да мрдне од кревет. Јас ѝ носев храна. Но, кога ја задесила таа трагедија, кога Цале починал јас не бев во Македонија, немав мобилен со мене и кога се вратив ми кажаа каква трагедија се случила. На мобилниот видов дека ме барала и веднаш ѝ заѕвонев, но мобилниот ѝ беше исклучен. Се јавив кај колега, кој ми рече дека сестра ѝ од Белград ја однела со неа да живее таму. Но, не било така, ние погрешно сме биле информирани. Дури денес сестра ѝ ми кажа дека два месеци таа ја чувала тука. Била многу тажна и постојано разговарала со синот. Кате се однесувала како да не бил починат, како се да уште живее тука со неа, вели тажно Костовска. За тоа како живееше Кате многу не се знаеше, па затоа на веста за нејзината смрт денес сите беа шокирани. Но, секако не и Костовска. -Јас не сум изненадена. Знаев дека таа нема да ја преболи смртта на синот. Кате буквално почина од тага. Почина од жал дека куќата ѝ се испразни. Духот ѝ падна по двете трагедии, ги закопа најблиските. Психички падна, а штом човек психички ќе падне не знаеш која болест ќе ја закачи. Ете, три месеци поминаа од смртта на Цале и пак се споија сите заедно. Сега таа пак ќе ги чува, ќе се грижи за нив. Многу ми е жал. Многу – вели таа и додава: – Денес на погреб видов дека немаше ниеден колега. Многу мразам лицемерни луѓе и затоа сакам да порачам на МНТ да не прават драма, да не организираат никаква комеморација, бидејќи матичната куќа не ѝ се најде тогаш кога најмногу ѝ требаше. Мене Кате ми рече – „Ако починам немој случајно да ме зборнат во театар, никако. Јас само еднаш побарав помош и не ми се најдоа. Мене во театар никој не ме познава, како воопшто да не сум била дел од таа куќа“. А не е Кате единствената која е разочарана од односот на театарот кон своите легенди. Кате ја погреба сестра ѝ од Белград со семејството. А од МНТ? Од МНТ дојде само едно момче, кое донесе една мизерна икебана. Момчето што дојде го прашав во кое својство е. Ми рече дека е асистен на декоратер?! Замисли, и таква професија имало. Но, што е виновно детето. И тоа во земја пропадна од срам, дојде со велосипед?! А знаеш ли што сѐ има МНТ? Срамота, вели тажно Костовска, па ја спомена и смртта на Љупчо Петрушевски, кој скоро 20 години беше директор на оваа национална театарска куќа. -Јас, Снеже Коневска, Јасминка Петрушевска и Живко возачот го погребавме Љупчо. По семејната трагедија, која му се случи тој остана сам. Му почина сопругата, потоа му почина ќерката, па синот и тој остана сам. Ние неколкумина колеги се собравме да му организираме роденден, беше толку осамен. Му купивме пижама. И само пет дена по роденденот, сите го баравме и не ни се јавуваше ни стана сомнително. А тој облечен во таа пижама седејќи, гледајки телевизија добил удар и така починал. Седум дена лежеше мртов во Бутел, додека да се снајдеме да го погребаме. Побаравме помош од МНТ не ни дадоа. Ништо не ни дадоа. Побаравме пари за ковчег, не дадоа. Побаравме костим од театарот за да го закопаме и тоа не ни дадоа. Со прст не мрднаа. Се растрчавме по институции каде имаме пријатели и најдовме некако пари. Во една институција ни рекоа – ќе купиме саркофаг и ќе го погребеме, срамота за вашата куќа. А на погреб само ние четворица и гробарите, барем да го испратиме достоинствено. Ете затоа и Кате не сакаше да слушне ниту за МНТ, ниту пак, за комеморација. Нека не организираат комеморација, нека не бидат дволични, ни рече тажно на крајот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sinot-go-zakopa-pred-nekolku-mesetsi-tazhnata-prikazna-na-mara-popara-na-pogrebot-vchera-ne-se-pojavil-nitu-eden-kolega-osven-ovaa-akterka/feed/ 0
ВО ШОК СУМ, НО ЌЕ ПРИРЕДАМ ГОЛЕМ ПОГРЕБ ЗА МАЈКА МИ: Почина актерка од серијата која ја сакаше цела Југославија https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vo-shok-sum-no-kje-priredam-golem-pogreb-za-majka-mi-pochina-akterka-od-serijata-koja-ja-sakashe-cela-jugoslavija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vo-shok-sum-no-kje-priredam-golem-pogreb-za-majka-mi-pochina-akterka-od-serijata-koja-ja-sakashe-cela-jugoslavija/#respond Fri, 28 Oct 2022 13:04:11 +0000 https://kurir.mk/?p=751841

На 76-годишна возраст денеска во Швајцарија почина познатата чешка актерка Зузуана Бурианова, пишува „The Daily Blesk“. Домашната публика ја запозна и ја засака во серијата „Болница на крајот од градот“, која беше масовно гледана во поранешна Југославија пред речиси 40. години. Актерката и пејачка беше во брак со покојниот режисер Јан Рохач, со кој се пресели во Швајцарија и тогаш ја заврши својата актерска кариера. Веста за смртта на Зузуана ја потврди нејзината ќерка. „Во шок сум, но ќе и приредам голем погреб на мајка ми, каде што нејзините пријатели ќе можат да се простат од неа“, изјавика таа за споменатиот медиум.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vo-shok-sum-no-kje-priredam-golem-pogreb-za-majka-mi-pochina-akterka-od-serijata-koja-ja-sakashe-cela-jugoslavija/feed/ 0
ТРАГЕДИЈА ЗА КОЈА НЕ БЕШЕ ПОДГОТВЕН НИКОЈ – ненадејно почина ѕвездата на серијата на Нетфликс, имаше само 36 години https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tragedija-za-koja-ne-beshe-podgotven-nikoj-nenadejno-pochina-dzvezdata-na-serijata-na-netfliks-imashe-samo-36-godini/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tragedija-za-koja-ne-beshe-podgotven-nikoj-nenadejno-pochina-dzvezdata-na-serijata-na-netfliks-imashe-samo-36-godini/#respond Wed, 13 Jul 2022 07:33:27 +0000 https://kurir.mk/?p=704255

Актерката од серијата на Нетфликс, Буси Лорај, „Како да го уништите Божиќ“ ненадејно починала на 36-годишна возраст, пишува Independent. Веста за трагедијата ја пренесува агенцијата Aj Media Artists, а во публикацијата се нагласува дека причината за смртта е непозната.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Busisiwe Lurayi (@busi_lurayi)

„Со голема тага ве известуваме дека нашата драга Буси Лорај почина. Таа ненадејно почина во својот дом, а лекарите ја констатираа смртта во неделата на 10. јули“, се вели во соопштението. Според агенцијата, се чекаат резултатите од обдукцијата.
 
Буси Лорај ја играше Туми Село во споменатата серија. Првата сезона од серијата беше емитувана во 2020. година, а втората на крајот на минатата година.
 
https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tragedija-za-koja-ne-beshe-podgotven-nikoj-nenadejno-pochina-dzvezdata-na-serijata-na-netfliks-imashe-samo-36-godini/feed/ 0
Милош Биковиќ неутешен по загубата – таа беше талентирана и успешна актерка, долго ја криеше болеста во тајност (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/milosh-bikovikj-neuteshen-po-zagubata-taa-beshe-talentirana-i-uspeshna-akterka-dolgo-ja-krieshe-bolesta-vo-tajnost-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/milosh-bikovikj-neuteshen-po-zagubata-taa-beshe-talentirana-i-uspeshna-akterka-dolgo-ja-krieshe-bolesta-vo-tajnost-foto/#respond Fri, 11 Feb 2022 15:30:40 +0000 https://kurir.mk/?p=630332

Српскиот актер Милош Биковиќ потполно е скршен и во болка по загубата на својата колешка која ја загуби битката со болеста. Станува збор за руската актерка Евгенија Брик која почина на 40 годишна возраст која својата здравствена состојба со месеци наназад ја чуваше во тајност. Зад себе ги оставила неутешниот сопруг и ќеркичката Зое, пренесуваат српските медиуми. По тој повод се огласи и српскиот актер кој е мега популарен во Русија. Имено Биковиќ сподели фотографија од талентираната актерка која за жал прерано го напушти овој свет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/milosh-bikovikj-neuteshen-po-zagubata-taa-beshe-talentirana-i-uspeshna-akterka-dolgo-ja-krieshe-bolesta-vo-tajnost-foto/feed/ 0
Нашата позната актерка во неверување се прости од Сабина: Многу ја сакав, глумците не умираат, така барем се тешиме… (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nashata-poznata-akterka-vo-neveruvanje-se-prosti-od-sabina-mnogu-ja-sakav-glumcite-ne-umiraat-taka-barem-se-teshime-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nashata-poznata-akterka-vo-neveruvanje-se-prosti-od-sabina-mnogu-ja-sakav-glumcite-ne-umiraat-taka-barem-se-teshime-foto/#respond Wed, 11 Aug 2021 07:22:14 +0000 https://kurir.mk/?p=549023

Македонската јавност се уште не може да поверува по вчерашната вест дека на 75 годишна возраст по кратко боледување почина македонската актерка Сабина Ајрула Тозија. Една од првите која се прости од неа беше актерката Весна Петрушевска која преку својот Инстаграм профил упати големо жалење за загубата. -Си замина и таа....секогаш насмеана, неверојатно духовита, одличен партнер на сцена, непредвидлива, истрајна, бунтовна, вредна,достоинствена🙏🏻🙏🏻❤️со неа секогаш се смеев, знаеше да виде луцидна и игрива...на сцена и приватно...многу ја сакав❤️ама многу❤️прекрасница❤️моето најдлабоко сочувство @vardantozija Vardan Tozija ти и беше целиот свет❤️глумците никогаш не умираат (така барем се тешиме) најголемиот и најбучниот аплауз за тебе Сабина❤️тага❤️, стои во нејзиниот пост на Инстаграм.

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nashata-poznata-akterka-vo-neveruvanje-se-prosti-od-sabina-mnogu-ja-sakav-glumcite-ne-umiraat-taka-barem-se-teshime-foto/feed/ 0
Откриена причината за смртта на легендарната југословенска актерка- овој вирус е поопасен и од короната, со него се бореше со месеци! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkriena-prichinata-za-smrtta-na-legendarnata-jugoslovenska-akterka-ovoj-virus-e-poopasen-i-od-koronata-so-nego-se-boreshe-so-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkriena-prichinata-za-smrtta-na-legendarnata-jugoslovenska-akterka-ovoj-virus-e-poopasen-i-od-koronata-so-nego-se-boreshe-so-meseci/#respond Fri, 22 Jan 2021 10:02:09 +0000 https://kurir.mk/?p=458429

На 66 годишна возраст пред два дена почина хрватската актерка Мира Фурлан. Тажната вест е објавена на Инстаграм профилот „Radionica Integracije“ со кој таа имала соработка. На својот Фејсбук профил од неа се простил и продуцентот Џозеф Мајкл Стразински со кој таа соработувала во серијата „Babylon 5“. -Ноќта е со голема тага. Нашата пријателка замина по патот на кој не можеле да ја следиме. Веќе некое време знаевме дека нејзиното здравје е лошо. Се надевавме дека сепак ќе биде добро. Сите наши мисли вечерва ќе бидат со спомените кои ги остави зад себе, напиша меѓу другото продуцентот. Инаку регионалните медиуми утрово пишуваа и за причината за смртта на легендарната актерка. Имено таа веќе некое време била болна од Западна нилска треска која е исклучително тешка болест и се пренесува од заразни комарци. Со овој вирус таа се борела веќе неколку месеци, но иако во болницата во САД и е пружено најдобрата нега, за жал таа починала, пренесуваат регионалните медиуми. Вирусот инаку во природата се одржува помеѓу комарците и птиците кои се примерни резервати на вирусот, а вирусот на луѓето се пренесува преку убод од заразни комарци и не се пренесува од човек на човек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkriena-prichinata-za-smrtta-na-legendarnata-jugoslovenska-akterka-ovoj-virus-e-poopasen-i-od-koronata-so-nego-se-boreshe-so-meseci/feed/ 0