почината родилка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Jul 2023 20:47:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png почината родилка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина родилката која пред 12 дена скокна од зградата на ГАК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-rodilkata-koja-pred-12-dena-skokna-od-zgradata-na-gak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-rodilkata-koja-pred-12-dena-skokna-od-zgradata-na-gak/#respond Fri, 14 Jul 2023 20:46:50 +0000 https://kurir.mk/?p=856841

39 годишната родилка им подлегнала на повредите стекнати при скокањето од првиот кат на Клиниката за гинекологија и акушерство. Веста за Канал 5 ја потврдија членови на нејзиното семејство. Фаталниот настан се случи на 2 јули околу 21:30 часот а 12 дена подоцна родилката почина. Веднаш по настанот Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија и акушерство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-rodilkata-koja-pred-12-dena-skokna-od-zgradata-na-gak/feed/ 0
Поради можните тензии, обдукцијата на починатата родилка од Црнилиште откако ја откопале наместо во институт вршена во селото https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zitelite-davale-otpor-na-pochinatata-rodilka-vo-bitola-obdukcija-i-e-napraveno-doma-ne-sakale-da-ja-vratat-vo-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zitelite-davale-otpor-na-pochinatata-rodilka-vo-bitola-obdukcija-i-e-napraveno-doma-ne-sakale-da-ja-vratat-vo-bolnica/#respond Mon, 17 Jan 2022 17:52:27 +0000 https://kurir.mk/?p=620458

Прилепското обвинителство, по наредба, денеска изврши ексхумација на телото на почината родилка со цел да се изврши обдукција и да се утврди која била причината за смртта на родилката од село Црнилиште. Според обвинителката Маријана Илиеска обдукцијата, со мерки за заштита, е извршена на лице место за да се избегнат можни тензии, бидејќи имало отпор меѓу населението на селото Црнилиште. Екипата од судска медицина од Скопје, две лекарки и обдуцентот, направиле обдукција на лице место, а Обвинителството ја побарало по допрен глас. Триесет и тригодишната родилка од Црнилиште на 10 јануари го родила своето трето дете на гинеколошкото одделение во болницата во Прилеп, но веднаш по породувањето имала обилно крвавење, при што починала околу 4 часот изутрината на 10 јануари. Прилепското основно јавно обвинителство ќе го очекува извештајот за натамошно постапување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zitelite-davale-otpor-na-pochinatata-rodilka-vo-bitola-obdukcija-i-e-napraveno-doma-ne-sakale-da-ja-vratat-vo-bolnica/feed/ 0
ГАК со детали за починатата родилка и нејзиното бебе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gak-so-detali-za-pochinatata-rodilka-i-nejzinoto-bebe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gak-so-detali-za-pochinatata-rodilka-i-nejzinoto-bebe/#respond Sun, 20 Sep 2020 12:31:47 +0000 https://kurir.mk/?p=405831

Родилка и нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија. Четириесет годишната трудница К.Ј. од населбата Шуто Оризари, Скопје била примена во приемната амбуланта на ЈЗУ У ГАК-Скопје на 18 септември, на нејзино барање со образложение дека е дојдена да ја види состојбата на нејзиното бебе. Таа, како што соопштија од Клиниката, не знаела кога и била последната менструација и го информирала медицинскиот тим на Клиниката дека тоа и е втора контрола откако е бремена, што, како што посочуваат од Клиниката, значи дека нејзината бременост не била контролирана и не знаела која недела е од бременоста. Ова на К.Ј. и била 11 бременост, има четири живородени деца и шест прекинати бремености. Таа, наведуваат од ГАК, веднаш била ставена на ЦТГ мислејќи дека станува збор за терминска бременост, а по направениот ултразвучен наод е утврдено дека трудницата е во 36-та гестациска недела од бременоста. – Според наодот на ЦТГ-то кој бил двојбен, лекарите дале мислење дека тоа треба да се повтори за два часа поради што на пациентката и било сугерирано да не се оддалечува на подолго време од Клиниката имајќи предвид дека живее во населбата Шуто Оризари, во меѓувреме нешто да јаде, по што трудницата излегла надвор од Клиниката за да испие кафе. На ЈЗУ У ГАК-Скопје таа се вратила во 16:15 часот и на лекарите им рекла дека во периодот од два часа била во својот дом, каде што прокрвавела, се вели во соопштението. Дежурната екипа на Клиниката потврдила дека дошло до интраутерина смрт на плодот поради настанатата абрупција (одлепување на постелката). Веднаш и бил земен тест за Ковид-19 и додека се чекал резултатот од тестот кој бил негативен и била земена крв за лабораториски иследување и за утврдување на крвната група на пациентката, која до тој момент, поради неконтролираната бременост, не била позната. Трудницата побарала стерилизација и откако нејзиното семејство од страна на лекарите било информирано дека бебето е изгубено, дека таа обилно крвави поради што мора итно да биде оперирана, дежурната екипа итно влегла со пациентката во сала. И била терминирана бременоста со царски рез и направена стерилизација. На отворањето интраоперативно имала целосна абрупција на постелката. – По извршената интервенција, таа била префрлена во шок соба каде што и покрај интензивната реанимација по протокол, продолжило влошувањето на нејзината состојба, по што целиот тим гинеколози и анестезиолози одлучиле дека треба да се направи ревизија. Истата е направена меѓутоа и покрај целосниот напор на медицинскиот тим да биде спасен животот на пациентката, таа егзитирала вчера, на 19 септември 2020 во 17:43 часот, наведуваат од Клиниката. Оттаму посочуваат дека внатрешна Комисија за контрола на квалитет на ГАК го испитува случајот, а од утре ќе го разгледува и Комисија формирана од Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gak-so-detali-za-pochinatata-rodilka-i-nejzinoto-bebe/feed/ 0
ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Родилка почина на Клиниката за гинекологија, бебето спасено! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-vo-makedonija-rodilka-pochina-na-klinikata-za-ginekologija-bebeto-spaseno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-vo-makedonija-rodilka-pochina-na-klinikata-za-ginekologija-bebeto-spaseno/#respond Thu, 15 Aug 2019 16:05:46 +0000 https://kurir.mk/?p=230009

Родилка од Македонска Каменица рано изутрина починала на Клиниката за гинекологија. Масивна тромб емболија поради што дошло до попуштање на срцето но и белите дробови најверојатно е причината за смртта на 27 годишната жена, која во многу тешка состојба со Брза помош била донесена на ГАК. Гинеколозите успеале да го спасат бебето кое сега е на одделот за интензивна нега, но лекари од повеќе клиники и покрај сите напори со поставувањето на пејсмејкер и двочасовната ренаимација, не успеале да ја вратат во живот родилката. Починатата неколку дена имала проблеми со дишењето и движењето, објавува Сител. -Имала потешкотии со одењето, лесно се заморувала, и тоа 5-6 дена, мисела дека е нормално, беше многу топло а викендот и била невеста и мислеле дека од тоа се заморува, но не било така. Од првичните испитувања најверојатно масивна тромб емболија со декомпензирано срце е причината за смртта, вели др. Викторија Јовановска директор на ГАК Пред да заврши на скопска гинекологија, од Брза Помош 27 годишната жена прво ја однеле во кочанската болница, каде поради тешката состојба веднаш ја препратиле во Скопје. Поради смртта на младата родилка, гинеколозите велат дека не сакаат да ги плашат трудниците, но апелираат  да не седат дома доколку нешто не е во ред со нивното здравје. Бременоста е физиолошка состојба, не сакам да биде како плашење но доколку се посомневаат дека нешто отскокнува да побараат помош кај својот матичен лекар, вели Јовановска. Според светската статистика, тромб емболија е најчесто фатална кај трудници.Телото на починатата е на одбукција на Патологија од каде и официјално ќе ја кажат причината за фаталниот исход. Од Гинекологија велат дека во изминатите две години ова е прв смртен случај на родилка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-vo-makedonija-rodilka-pochina-na-klinikata-za-ginekologija-bebeto-spaseno/feed/ 0
Позната причината за смртта на родилката во Штип https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznata-prichinata-za-smrtta-na-rodilkata-vo-shtip/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznata-prichinata-za-smrtta-na-rodilkata-vo-shtip/#respond Wed, 01 Aug 2018 14:02:25 +0000 https://kurir.mk/?p=83563

Завршен е извештајот за случајот со родилката која во јуни почина во Клиничката болница во Штип и пред два дена беше доставен до Министерството за здравство од страна на формираната Комисија. Според наодот на Комисијата запазени се сите процедури согласно практиките на добро лекување и станува збор за жал за медицинска компликација, истакна денеска ресорниот министер Венко Филипче. Тој посочи дека покрај сите преземени соодветни медицински мерки и аплицирани постапки од препораките за третирање на такви компликации за жал немало успех. - Станува збор за компликација која предизвикува крварење при кое за жал лековите не можат да делуваат и да направат контракција на матката и на тој начин да се запре крварењето. Постојат и други постапки кои следат после тоа, кои се преземени, но не дале резултат, нагласи Филипче. Во врска со случајот со родилката во Гевгелија, рече дека треба да се заврши увидот во документите, да се сретнат членовите на Комисијата, да го заземат нивниот став, па потоа тие ќе излезат со став.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznata-prichinata-za-smrtta-na-rodilkata-vo-shtip/feed/ 0
ПОЧИНА РОДИЛКА: Кој и зошто ја сокри смртта на Елизабета од Гевгелија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-rodilka-koj-i-zoshto-ja-sokri-smrtta-na-elizabeta-od-gevgelija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-rodilka-koj-i-zoshto-ja-sokri-smrtta-na-elizabeta-od-gevgelija/#respond Wed, 18 Jul 2018 14:50:37 +0000 https://kurir.mk/?p=78408

Гевгеличанката Елизабета Савиќ Динева (31) починала на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) откако во критична состојба била донесена од Клиниката за неврологија, а блиски пријатели на пациентката обвинуваат за грешка на здравствениот систем. – Пациентката кај нас беше донесена во крајно критична состојба, без дишење. Еден час лекарите на КАРИЛ се бореа за нејизниот живот и дадоа се од себе, изјави за „Република“ д-р Маја Мојсова, раководилтел на КАРИЛ. Во разговорот д-р Мојсова објасни дека доктор од КАРИЛ бил повикан на консулатации додека пациентката престојувала на Клиниката за неврологија. – Пациентакта била свесна, разговарала со лекарот. Немала епи-напади (епилетични нападаи, з.а.). Напротив, јадела во креветот додека докторот од КАРИЛ бил да ја прегледа, изјави д-р Мојсова. На прашањето за наводната лекарска грешка за која говорат блиските во семејството, д-р Мојсова вели дека семејството има право да поведе поставка во која ќе се утврди дали станува збор за грешка на лекарите. – Родилката од болницата во Гевгелија била препратена на Клиниката за неврологија. Таму е лекувана според протоколите – вели д-р Мојсова. Савиќ-Динева се породила на 29 јуни во Гевгелија, со царски рез и на свет донела здраво бебе. По три дена таа била пуштена дома заедно со бебето. Состојбата и се влошила додека била дома, добила грчеви, и оттаму заминала во болницата во Гевгелија. Веднаш била препратена на Клиниката за неврологија во Скопје каде што била третирана по сите протоколи. Неофицијално, причина за смртта е тромб или анеуризма. Како што дознаваме, наводно имала и епилептичен напад. Неофицијално, таков напад првпат имала на 11 години. Ова не е е првпат болницата во Гевгелија да се најде во центарот на случувањата кога станува збор за родилките во овој град. Јавноста уште се сеќава на случајот со родилката Маја Кадиева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-rodilka-koj-i-zoshto-ja-sokri-smrtta-na-elizabeta-od-gevgelija/feed/ 0
Детали за трагедијата која ја потресе цела Македонија: Телото на починатата родилка на обдукција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-tragedijata-koja-ja-potrese-cela-makedonija-teloto-na-pochinatata-rodilka-na-obdukcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-tragedijata-koja-ja-potrese-cela-makedonija-teloto-na-pochinatata-rodilka-na-obdukcija/#respond Fri, 15 Jun 2018 15:14:02 +0000 https://kurir.mk/?p=66232

Вчера околу 07.00 часот во Клиничкиот центар Штип починала М.П. (28) од Свети Николе. Таа се породила на 13.06.2018 година околу 21.05, а здравствената состојба и се влошила, по што и била извршена дополнителна хируршка интервенција. Еден час по интервенцијата таа починала. Полициски службеници од СВР Штип излегле на местото и извршиле разговор со медицинскиот персонал и семејството на починатата. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, кој наредил телото на починатата да биде дадено на обдукција во Скопје.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-tragedijata-koja-ja-potrese-cela-makedonija-teloto-na-pochinatata-rodilka-na-obdukcija/feed/ 0
Трагедија ја потресе Македонија: Родилка почина во болница- бебето преживеа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-ja-potrese-makedonija-rodilka-pochina-vo-bolnica-bebeto-prezivea/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-ja-potrese-makedonija-rodilka-pochina-vo-bolnica-bebeto-prezivea/#respond Thu, 14 Jun 2018 11:23:52 +0000 https://kurir.mk/?p=65801

Родилката Маја Паневска од Свети Николе починала утрово во болницата во Штип откако вчера вечерта била породена во болницатa. Како што дознава МКД.мк од семејството, жената се породила со машко бебе, а утрово починала под засега се уште неразјаснети околности. Семејството нема информации од што настапила смртта и кога дошло до влошување на состојбата кај родилката. Директорот на штипската болница, Ален Георгиев, го потврдил случајот, но не кажа повеќе информации за трагедијата, а во текот на денот очекуваме одговори за тоа како било извршено породувањето, дали имало компликации при породувањето и кои се причините поради кои настапила смртта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-ja-potrese-makedonija-rodilka-pochina-vo-bolnica-bebeto-prezivea/feed/ 0
Случај „Санте Плус“: Анестезиологот доби отказ, мора да врати и 50.000 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluchaj-sante-plus-anesteziologot-dobi-otkaz-mora-da-vrati-i-50-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluchaj-sante-plus-anesteziologot-dobi-otkaz-mora-da-vrati-i-50-000-evra/#respond Thu, 15 Feb 2018 18:46:26 +0000 http://kurir.mk/?p=21948

Денеска е доставено отказното решение на анестезиологот од Карил кој бил на породувањето во Санте Плус кога почина родилката од Кичево. Директорот на ТОАРИЛУЦ вели дека одлуката е согласно законот, бидејќи лекарот кој повеќе од три недели не доаѓа на работа, без договор и дозвола бил во приватната болница. Од клиниката велат дека ќе треба да врати и 50.000 евра, бидејќи му платиле дел од специјализацијата. – Врз основа на договорот потпишан меѓу вработениот и ТОАРИЛУЦ, и врз основа на законите кои што биле на сила на времето кога бил потпишан договрот, вработениот треба да врати десеткратен износ од средствата кои институцијата ги има уплатено за неговата специјализација, изјави за Сител директорот Илир Хасани. Анестезиологот имал едногодишно работно искуство, а согласно договорот бил обврзан дека 10 години нема да ја напушти клиниката што финансирала дел од неговото образование. Сегашните, договори, пак, ги обврзуваат специјалистите 15 години да останат во истата установа. Лекарот има право на жалба, која, доколку биде одбиена ќе мора да ги врати парите за специјализација. За неговиот колега од КАРИЛ кој го повикал на помош во приватната болница, се уште е во тек дисциплинската постапка. И додека за анестезиолозите има казни, здравствените власти се уште немаат официјална информација што се случувало пред 4 недели во Санте Плус и на патот до скопските клиники каде била префрлена 31 годишната жена. – Комисијата формирана од Министерството за здравство, се уште го чека обдукцискиот извештај за родилката од Кичево која почина на породување со царски рез. По комплетирање на подаотците, извештаот ќе го достават до министерот за здравство кој треба да соопшти дали и какви пропусти имало во случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluchaj-sante-plus-anesteziologot-dobi-otkaz-mora-da-vrati-i-50-000-evra/feed/ 0
Скопското обвинителство ја расветлува смртта на родилката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopskoto-obvinitelstvo-ja-rasvetluva-smrtta-na-rodilkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopskoto-obvinitelstvo-ja-rasvetluva-smrtta-na-rodilkata/#respond Thu, 01 Feb 2018 13:14:20 +0000 http://kurir.mk/?p=17056

Јавно обвинителска одлука во врска со смртта на родилката во приватна здравствена установа ­во Скопје ќе биде донесена по прибирање на потребната документација и по добивање на обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина. - Во текот на вчерашниот ден во Основното јавно обвинителство Скопје пристигна известување од СВР Скопје во врска со смртта на родилката во приватна здравствена установа ­во Скопје. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредби за прибирање на потребната документација и податоци, соопшти Јавното обвинителство. По разгледување и анализа на пристигнатиот материјал и по добивањето на обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, како што е посочено во соопштението, ќе биде донесена јавно обвинителска одлука.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopskoto-obvinitelstvo-ja-rasvetluva-smrtta-na-rodilkata/feed/ 0