почит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 11 Sep 2022 19:21:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png почит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од ожалостените во Британија побарано да не носат плишани мечиња или балони како знак на почит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-ozalostenite-vo-britanija-pobarano-da-ne-nosat-plishani-mechinja-ili-baloni-kako-znak-na-pochit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-ozalostenite-vo-britanija-pobarano-da-ne-nosat-plishani-mechinja-ili-baloni-kako-znak-na-pochit/#respond Sun, 11 Sep 2022 19:23:20 +0000 https://kurir.mk/?p=731346

Ожалостените во Велика Британија беа повикани да не оставаат мечиња, балони или запалени свеќи меѓу цвеќињата оставени во знак на почит кон покојната кралица, јави ДПА. Службата за кралски парк соопшти дека нема да се прифаќаат подароци или предмети и треба да се носат само цвеќиња. Илјадници ожалостени положија цвеќе во близина на Бакингемската палата и замоците Виндзор и Балморал откако беше објавена смртта на кралицата во четвртокот. Меѓу предметите оставени во знак на почит беа плишани мечиња, меки играчки во облик на кучиња, балони и сендвичи со мармалад како асоцијација на скечот по повод платинестиот јубилеј на кралицата со мечето Падингтон. Кралската канцеларија додаде дека не се дозволени свеќи во парковите и, доколку се најдат, тие ќе бидат изгаснати. Цвеќињата за почит ќе останат на место додека не се завршат сите свечени активности и се очекува да бидат отстранети од парковите седум до 14 дена по датумот на погребот на кралицата. Во меѓувреме, ожалостените околу кралската летна резиденција во Шкотска се збогуваа со Елизабета Втора откако нејзиниот ковчег беше однесен од Балморал и, по шестчасовно патување, ќе биде изложен во катедралата Свети Џајлс во Единбург.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-ozalostenite-vo-britanija-pobarano-da-ne-nosat-plishani-mechinja-ili-baloni-kako-znak-na-pochit/feed/ 0
3 јасни знаци дека мажот не ве почитува: Треба да го оставите после првиот! https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/3-jasni-znaci-deka-mazot-ne-ve-pochituva-treba-da-go-ostavite-posle-prviot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/3-jasni-znaci-deka-mazot-ne-ve-pochituva-treba-da-go-ostavite-posle-prviot/#respond Wed, 01 Dec 2021 08:30:05 +0000 https://kurir.mk/?p=602307

Меѓусебното почитување е основа на секоја врска, семејство, пријателство и секако љубов. За да функционира врската како што треба, двајцата партнери треба да го вложат својот максимум во неа. Многу е тешко да функционира врската ако едниот партнер го дава целото себе, а другиот речиси и да не е присутен. Нерамнотежата во емотивната врска е клучна „прекршна точка“ и затоа е важно широко да ги отворите очите и да забележите јасни знаци, кои покажуваат дека партнерот не ве почитува како порано. 1. Јавно ве критикува Критиката не е лоша работа, но мора да биде соодветна и навремена. Посочувањето на грешки и слабости во јавноста не е само непочитување, туку директна навреда. Замолете го таквото однесување да не се повторува, а ако го прави тоа, можеби е време да продолжите понатаму. 2. Само вие сте подготвени да се откажете Тој е ваш приоритет и подготвени сте сите ваши идеи, планови и желби да ги подредите нему и неговите желби, а од друга страна, тој не е подготвен да го стори истото за вас. Тој не се откажува од ништо, но очекува да се прилагодите на него. 3. Ги игнорира вашите барања Навикнати сте на фактот дека од партнерот мора многу пати да се бара да ги изврши основните задачи. Или заборавил или нема време. Во неговата глава има многу различни задачи, а вашите барања не се на прво, па дури ни на второ место. Сето ова може да биде причина да размислите дали вашиот партнер ве заслужува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/3-jasni-znaci-deka-mazot-ne-ve-pochituva-treba-da-go-ostavite-posle-prviot/feed/ 0
СРЦЕПАРАТЕЛНИ ФОТОГРАФИИ: Деца оставаат цвеќе пред Бакингемската палата – граѓаните му оддаваат почит на принцот Филип https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/srceparatelni-fotografii-deca-ostavaat-cvekje-pred-bakingemskata-palata-gragjanite-mu-oddavaat-pochit-na-princot-filip/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/srceparatelni-fotografii-deca-ostavaat-cvekje-pred-bakingemskata-palata-gragjanite-mu-oddavaat-pochit-na-princot-filip/#respond Fri, 09 Apr 2021 13:36:07 +0000 https://kurir.mk/?p=494876

Голем број обожаватели на британското кралско семејство се собраа пред Бакингемската палата да му оддадат последна почит на принцот Филип, кој почина утрово. Набргу откако британското кралско семејство објави дека сопругот на кралицата Елизабета починал, голем број Британци почнале да носат цвеќиња и палат свеќи пред портата на палатата. Британското знаме на судот беше спуштено на половина копје во жалост. Собраните луѓе се приближуваат до портата, оставаат цвеќе, а повеќето од нив ги почитуваат сегашните епидемиолошки мерки. Како одминува времето, сè повеќе луѓе доаѓаат, а според сегашните проценки, стотици луѓе има пред портите на палатата. Голем број новинари и телевизиски екипи се присутни на самото место.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/srceparatelni-fotografii-deca-ostavaat-cvekje-pred-bakingemskata-palata-gragjanite-mu-oddavaat-pochit-na-princot-filip/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Владата должи објаснување какви обврски имале Заев и нејзините бројни потпретседатели што не можеле да оддадат достојна почит на херојот Гоце Делчев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vladata-dolzi-objasnuvanje-kakvi-obvrski-imale-zaev-i-nejzinite-brojni-potpretsedateli-shto-ne-mozele-da-oddadat-dostojna-pochit-na-herojot-goce-delchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vladata-dolzi-objasnuvanje-kakvi-obvrski-imale-zaev-i-nejzinite-brojni-potpretsedateli-shto-ne-mozele-da-oddadat-dostojna-pochit-na-herojot-goce-delchev/#respond Fri, 23 Oct 2020 12:30:32 +0000 https://kurir.mk/?p=419769

Акт на непочитување и вистински скандал е што на свеченото положување на цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Скопје не најде за сходно ниту еден пoвисок претставник на владата да се поклони и оддаде почит на великанот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Жално е што тие кои што треба да го бранат делото и заслугите на Гоце Делчев во преговорите со источниот сосед не најдоа засходно да се поклонат пред неговиот споменик на Денот на револуционерната борба 23 октомври. Тоа покажува дека премиерот Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Никола Димитров се статисти во процесот и немаат елементарна почит кон заслугите на револуционерното движење и херојот Гоце Делчев. Имаме Влада која не ги почитува дејците кои дале живот за денешната слобода, државност и темелите врз кој што овие вредности почиваат. Владата на Заев должи објаснување какви обврски имале премиерот и нејзините бројни потпретседатели што не можеле да оддадат достојна почит на херојот Гоце Делчев, стои во соопштението на партијата ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vladata-dolzi-objasnuvanje-kakvi-obvrski-imale-zaev-i-nejzinite-brojni-potpretsedateli-shto-ne-mozele-da-oddadat-dostojna-pochit-na-herojot-goce-delchev/feed/ 0
Илјадници луѓе на протест во Минск оддават почит на починатиот демонстрант https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-lugje-na-protest-vo-minsk-oddavat-pochit-na-pochinatiot-demonstrant/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-lugje-na-protest-vo-minsk-oddavat-pochit-na-pochinatiot-demonstrant/#respond Sat, 15 Aug 2020 13:42:32 +0000 https://kurir.mk/?p=391119

Неколку илјади луѓе се собраа повторно во Минск во знак на протест против реизборот на претседателот Александар Лукашенко. Демонстрантите се собраа околу метро станицата во западен Минск за да му оддадат почит на демонстрантот кој неодамна таму почина. Сопругата на починатиот белоруски демонстрант изјави дека не верува во официјалниот извештај дека Александар Тарајковски загинал кога му експлодирала бомба во раката, која тој имал намера да ја фрли кон полицијата, туку тврди дека тој бил убиен од полицијата. Елена Герман денеска изјави, неколку часа пред погребот на нејзиниот 34-годишен партнер, дека е сигурна дека тој бил убиен од страна на полицијата. Тарајковски загина во понеделникот, во протестите во центарот на Минск кои избувнаа поради несогласувањата со официјалните резултати од претседателските избори, според кои, авторитарниот претседател Александар Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, го освои шестиот мандат. На Герман и било дозволено да ја посети мртовечницата дури во петокот и да го види телото на нејзиниот сопруг, кој почина четири дена порано. Таа рече дека не верува дека тој држел експлозив во рака. – Постои шав во пределот на градниот кош, но исто така, и црна модринка која е мала, но ние ја забележавме. Неговите раце и нозе се целосно непроменети, нема дури ни модринки, рече таа. – Очигледно е дека станува збор за куршум во градите, рече таа. Белоруското Министерство за внатрешни работи одби повторно да ја коментира ситуацијата, по првичното тврдење дека еден демонстрант починал од рачна граната. Герман рече дека ќе бара целосна истрага, ја повика белоруската организација за човекови права да и помогне, и рече дека сака меѓународни експерти да учествуваат во истрагата. – Се чувствувам бесно и лута сум. Затоа сакам правда, рече таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-lugje-na-protest-vo-minsk-oddavat-pochit-na-pochinatiot-demonstrant/feed/ 0
Во Франција традиционалната воена парада ќе биде заменета со церемонија за оддавање почит на здравствените работници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francija-tradicionalnata-voena-parada-kje-bide-zameneta-so-ceremonija-za-oddavanje-pochit-na-zdravstvenite-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francija-tradicionalnata-voena-parada-kje-bide-zameneta-so-ceremonija-za-oddavanje-pochit-na-zdravstvenite-rabotnici/#respond Thu, 04 Jun 2020 12:49:19 +0000 https://kurir.mk/?p=353829

По повод 14 јули – Националниот празник на Франција наместо традиционалната парада на Елисејските полиња ќе се одржи воена церемонија на плоштадот Конкорд, на која исто така ќе им се оддаде почит на здравствените работници, јави дописникот на МИА. На церемонијата, како што соопшти Елисејската палата, ќе присуствуваат 2.000 учесници и околу 2.500 гости, во согласност со правилата за физичка дистанца. Церемонијата, која ќе вклучува воздушна парада, ќе и оддаде почест на учеството на француските армии во борбата против Ковид-19, како и на медицинскиот персонал, на кој Французите им аплаудираа секоја вечер за време на изолацијата, како и на сите актери мобилизирани против вирусот, се наведува во соопштението од Елисејската палата. Во моментов не е планирано да се отвори настанот за пошироката јавност, но „ситуацијата би можела да се преиспита до 14 јули“ доколку се подобри здравствената состојба. На 13 мај претседателот на Франција, Емануел Макрон побара од Советот на министри Националниот празник да биде дополнителен повод да им се изрази почит и признание на сите оние што се вклучени во борбата против Ковид-19. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francija-tradicionalnata-voena-parada-kje-bide-zameneta-so-ceremonija-za-oddavanje-pochit-na-zdravstvenite-rabotnici/feed/ 0
Жените бараат љубов, а мажите… https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zenite-baraat-ljubov-a-mazite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zenite-baraat-ljubov-a-mazite/#respond Mon, 27 Apr 2020 17:25:08 +0000 https://kurir.mk/?p=338239

Кога во едно истражување на мажите им било поставено прашањето: „Во случај да сте принудени да изберете помеѓу врска во која ќе бидете сакани, но нема да бидете почитувани и врска во која ќе бидете почитувани, но нема да бидете сакани, што би одбрале?“, 74% одговориле дека им е поважно да бидат почитувани. Дали е вистина дека на мажите им треба почит, а на жените љубов? Зошто жените копнеат по вистинска љубов? На секоја жена ѝ е потребна љубов и заштита, чувство дека некој ја сака и дека не е осамена. Но, дали ваквото тврдење ги прави жените слаби и незаштитени личности на кои им е неопходна љубов? Дали на жените не им е неопходна почитта толку колку што се зависни од заштитата на своите партнери? Зошто на мажите им треба почит? За мажите пресудно е да бидат почитувани и да имаат улога на авторитет во врската или бракот. Нив им треба почит со цел да си го хранат егото, додека љубовта не ја игра најголемата улога. Дали треба на едно вакво тврдење цврсто да се спротивставиме? Дали и независните современи жени толку копнеат по љубов и заштита што би заборавиле на почитта која ја заслужуваат? Љубовта и почитта сепак, не можат да бидат толку строго одделени. Да сакате некого значи да го почитувате, а во многу случаи кога почитувате некого го сакате. Не можеме да речеме дека жените се толку зависни од заштитата на мажите и толку исплашени дека ќе останат сами што би заборавиле дека заслужуваат да бидат почитувани. Од друга страна, дали мажите би сакале жена која го почитува нивниот авторитет, но не негува посебни чувства кон него? Љубовта и почитта одат заедно во пакет и се вртат во круг. Без почит нема љубов и обратно. За врската да биде успешна неопходни се и двата елементи, иако никогаш не би смееле да ја исклучиме можноста дека приоритетите кај двата пола се различни. Можеби навистина стравот од осаменост кај жените е поголем отколку кај мажите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zenite-baraat-ljubov-a-mazite/feed/ 0