почитување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Oct 2020 07:41:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png почитување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕП ја повика Бугарија целосно и безусловно да ги почитува вредностите на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ep-ja-povika-bugarija-celosno-i-bezuslovno-da-gi-pochituva-vrednostite-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ep-ja-povika-bugarija-celosno-i-bezuslovno-da-gi-pochituva-vrednostite-na-eu/#respond Fri, 09 Oct 2020 07:41:55 +0000 https://kurir.mk/?p=414220

Во резолуцијата усвоена со 358 гласа за, 277 против и 56 воздржани, европратениците ја изразуваат својата „недвосмислена поддршка за бугарскиот народ во нивните барања и легитимни аспирации за правда, транспарентност, одговорност и демократија“, јави дописникот на МИА. -Владеењето на правото значи поделба на власта, но обвинувањата за судска корупција и политички мотивирани гонења се зголемуваат. Владеењето на правото значи слобода на медиумите, но гледаме дека владата врши се поголемо влијание врз јавните медиуми и прибегнува кон клиентализам кога станува збор за приватни медиуми. Владеењето на правото значи да се залагаме за граѓанските права, но ние сме сведоци на полициско насилство и сузбивање на малцинските права, рече известувачот и предлагачот на резолуцијата Хуан Фернандо Лопез Агилар (социјалисти и демократи, Шпанија) рече: Усвоената резолуција другото се фокусира на постојаните системски проблеми во правдата, вклучувајќи го и недостатокот на механизми за отчетност на Високиот судски совет и на Главниот обвинител и неуспехот да се почитуваат повеќе од 79 пресуди на Европскиот суд на правдата. Така во резолуцијата се повикуваат бугарските власти на спроведување на релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права, при што се наведени меѓу другото и пресудите кои се однесуваат на неможноста на македонското непризнато малцинство во Бугарија да регистрира свое здружение или политичка партија : пресудата од 19 јануари 2006 година, Обединета македонска организација Илинден и други (апликација бр. 59491/00); пресуда од 18 октомври 2011 година, Обединетата македонска организација Илинден и други (бр. 2) (апликација бр. 34960/04); пресуда од 11 јануари 2018 година, Обединета македонска организација Илинден и други (бр. 3) (апликација бр. 29496/16); пресуда од 11 јануари 2018 година, Јордан Иванов и други (апликација бр. 70502/13). Притоа се бара од бугарските власти да ги осудат сите акти на насилство и говорот на омраза против малцинствата. Резолуцијата се однесува на значителното влошување на почитувањето на принципите во врска со владеењето на правото, демократијата и основните права, особено независноста на судството, поделбата на власта, борбата против корупцијата и слободата на медиуми . Исто така, како и на постојаните системски прашања во правдата, вклучувајќи го и недостатокот на механизми за отчетност на Високиот судски совет и на Јавниот обвинител. Другите проблеми околу кои постои загриженост меѓу европратениците за Бугарија се однесуваат на: уставните реформи, кои треба да бидат во согласност со меѓународните стандарди; можните измени во изборниот закон, неколку месеци пред следните законодавни избори; усвојување на законодавство преку забрзани процедури; недостаток на резултати од истраги за корупција на високо ниво; состојбата на основните права во Бугарија, особено во врска со говорот на омраза, сексот и половата дискриминација, како и правата на Ромите и барателите на азил. Европратениците ги осудуваат кампањите на клевета и насилните инциденти против новинарите. Тие се многу загрижени за влошувањето на слободата на медиумите, транспарентноста и недостатокот на разновидност во сопственоста на медиумите, како и повластената распределба на средствата на ЕУ за провладините медиуми. Европратениците ја повторија потребата од построга контрола врз начинот на трошење на средствата на ЕУ и повикуваат на итни одговори на загриженоста дека парите на даночните обврзници се користат за збогатување на оние поврзани со владејачката партија. -Парламентот испраќа силен сигнал дека не можеме да замижуваме кон земјите на ЕУ кои имаат проблем со владеењето на правото и основните права. Народот на Бугарија заслужува да живее во европска земја ослободена од корупција и каде што нивните права се загарантирани со владеењето на правото , рече европратеничката од Зелените, Ска Келер. Гласањето на Европскиот парламент е необврзувачко, но има за цел да изврши притисок врз бугарската влада по повеќемесечните антивладини протести, во време кога институциите на ЕУ го мерат механизмот за поврзување на исплатата на средствата на ЕУ со критериумите за владеење на правото. Опозициските политичари и демонстранти го обвинуваат Борисов дека дозволил олигархиска мафија да изврши влијание преку клучните институции како што се судството, медиумите и безбедносните служби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ep-ja-povika-bugarija-celosno-i-bezuslovno-da-gi-pochituva-vrednostite-na-eu/feed/ 0
Во Црна Гора почитување на мерките по локални самоуправи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-pochituvanje-na-merkite-po-lokalni-samoupravi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-pochituvanje-na-merkite-po-lokalni-samoupravi/#respond Fri, 25 Sep 2020 18:06:53 +0000 https://kurir.mk/?p=408631

Од понеделник во Црна Гора почнува воведување нови рестриктивни епидемиолошки мерки, а нивната примена ќе зависи од епидемиолошката состојба во секоја од локалните самоуправи. Како што беше соопштено од Владата на Црна Гора, одлуката ја донесе Националното координативно тело на предлог на Институтот за јавно здравје. Основата за донесување одлуки за ограничувачки мерки ќе се заснова на следење на стапките на кумулативна инциденција (КИ) во текот на 14 дена. Тоа значи дека во локалните самоуправи каде стапката е помала од 400 во текот на 14 дена, ќе се продолжи со строго почитување и строга контрола на спроведувањето на важечките епидемиолошки мерки. Во локалните заедници каде четиринаесетдневната стапка е помеѓу 400 и 799, покрај важечките мерки, ќе се воведе и мерка за ограничено работење на угостителските објекти до 22 часот. Во локалните самоуправи каде стапката за 14 дена е помеѓу 800 и 1.199, со валидни мерки, работата на угостителските објекти (ресторани, кафулиња, кафетерии, хотелски ресторани) ќе биде забранета, освен за гости во хотели, собири во станбени објекти за лица кои не се членови на заедничко семејно домаќинство. Во локалните самоуправи во кои стапката од 14 дена е поголема од 1.200 со важечки мерки, ќе се воведе полициски час од 22 до 5 часот наутро, со дефинирани исклучоци. Владата исто така му наложи на Министерството за образование да ги интензивира активностите и да ги разгледа и утврди сите релевантни параметри до понеделник, 28 септември, и детално да ја информира јавноста за сите аспекти на почетокот на учебната година. Во Црна Гора, почетокот на учебната година е одложен за 1 октомври. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-pochituvanje-na-merkite-po-lokalni-samoupravi/feed/ 0
САС на МПЦ-ОА ги повикува верниците да ги почитуваат мерките за заштита за Духовденската задушница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sas-na-mpc-oa-gi-povikuva-vernicite-da-gi-pochituvaat-merkite-za-zashtita-za-duhovdenskata-zadushnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sas-na-mpc-oa-gi-povikuva-vernicite-da-gi-pochituvaat-merkite-za-zashtita-za-duhovdenskata-zadushnica/#respond Wed, 03 Jun 2020 09:25:28 +0000 https://kurir.mk/?p=353198

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), во пресрет на претстојните денови на Духовденската задушница, кога си спомнуваме за упокоените христијани, апелира до верниот народ, при посетата на гробовите на своите ближни, да се почитуваат пропишаните мерки од страна на здравствените институции. – Препорачуваме гробовите да се посетуваат само од најблиските, споменот да се изрази преку молитвениот чин, извршен од страна на свештено лице, а воедно апелираме и да се носат потребните заштитни средства, придржувајќи се на веќе дадените упатства, се вели во соопштението на САС на МПЦ-ОА. Од Синодот истакнуваат дека Христијанството е вера во чија основа се љубовта, грижата и жртвата кон ближните, па затоа го повикуваат верниот народ, и во оваа прилика, да придонесе во заедничката борба против заразната болест и за општото здравје на сите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sas-na-mpc-oa-gi-povikuva-vernicite-da-gi-pochituvaat-merkite-za-zashtita-za-duhovdenskata-zadushnica/feed/ 0
МНР на Кипар, Египет, Франција, Грција и ОАЕ ја повикаа Турција да ги почитува суверените права на сите земји во Источниот Медитеран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnr-na-kipar-egipet-francija-grcija-i-oae-ja-povikaa-turcija-da-gi-pochituva-suverenite-prava-na-site-zemji-vo-istochniot-mediteran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnr-na-kipar-egipet-francija-grcija-i-oae-ja-povikaa-turcija-da-gi-pochituva-suverenite-prava-na-site-zemji-vo-istochniot-mediteran/#respond Tue, 12 May 2020 08:40:42 +0000 https://kurir.mk/?p=344868

Министрите ја повикаа Турција целосно да го почитува суверенитетот и суверените права на сите држави во нивните морски зони во Источниот Медитеран, пишува во заедничка декларација на шефовите на дипломатиите на Кипар, Египет, Франција, Грција и Обединетите Арапски Емирати, јави дописничката на МИА од Атина. Министрите за надворешни работи на петте земји вчера одржаа средба преку видеоконференција и разговараа за случувањата во Источниот Медитеран. Во заедничката декларација, како што соопштија од грчкото МНР, министрите ги осудиле „тековните турски нелегални активности во кипарската ексклузивна економска зона и територијалните води“, како и „ескалацијата на турските прекршувања на грчкиот национален воздушен простор“. -Освен тоа, министрите ја осудија и инструментализацијата на цивили од страна на Турција, во обидот нелегално да ги поминат грчките копнени граници, како и нејзината континуирана поддршка за нелегални премини на грчките морски граници, пишува во декларацијата, според соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција. Во заедничката декларација, споменат е и турско – либискиот меморандум, како и ситуацијата во Либија, а шефовите на дипломатиите ги повикаа сите страни во земјата да се придржуваат до примирјето за време на Рамазан и „ја истакнаа нивната посветеност да работат за сеопфатно политичко решение за либиската криза под покровителство на Обединетите нации“. Паралелно изразиле желба за отпочнување на состаноците на Берлинскиот процес. Министрите за надворешни работи на Кипар, Египет, Франција, Грција и Обединетите Арапски Емирати се договориле, да продолжат редовно со нивните консултации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnr-na-kipar-egipet-francija-grcija-i-oae-ja-povikaa-turcija-da-gi-pochituva-suverenite-prava-na-site-zemji-vo-istochniot-mediteran/feed/ 0
Претставник на државна институција не применува мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnik-na-drzavna-institucija-ne-primenuva-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnik-na-drzavna-institucija-ne-primenuva-merki/#respond Fri, 08 May 2020 14:21:47 +0000 https://kurir.mk/?p=343595

Директорот на Комисијата за верски заедници не ги почитува мерките против новиот коронавирус кои што се донесени од страна на Владата а со цел спречување на ширењето на вирусот. На фоотографиите јасно се гледа дека тој не ја почитува препораката за социјална, односно физичка дистанца која што е донесена од страна на надлежните, а со тоа го загрозува животот и здравјето на граѓаните. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnik-na-drzavna-institucija-ne-primenuva-merki/feed/ 0