почнува – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Dec 2020 07:32:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png почнува – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денеска почнува зимата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-pochnuva-zimata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-pochnuva-zimata/#respond Mon, 21 Dec 2020 07:32:09 +0000 https://kurir.mk/?p=446031

Зимата во земјава и на северната хемисфера на Земјата календарски почнува денеска во 11 часот и 2 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото. На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути. Понеделник, 21 декември, е 356-иот ден во 2020 година, која како престапна има 366 дена. До крајот на годината остануваат уште 10 дена. Зимата ќе трае до 20 март 2021 година во 10 часот и 37 минути кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента. Метеоролозите за првиот зимски ден најавуваат облачно време со слаб локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени. Денеска ќе се случи и редок астрономски феномен кога двете најголеми планети во Сончевиот систем, Јупитер и Сатурн, ќе бидат во конјункција, односно најблиско привидно приближување, на само шест лачни минути. Следната слична конјункција на двете планети ќе биде во 2080 година. Овој феномен ќе може да се набљудува кратко по зајдисонце, доколку тоа го дозволат метеоролошките услови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-pochnuva-zimata/feed/ 0
Почнува со работа европската автомобилска индустрија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-so-rabota-evropskata-avtomobilska-industrija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-so-rabota-evropskata-avtomobilska-industrija/#respond Mon, 27 Apr 2020 09:08:44 +0000 https://kurir.mk/?p=337908

Во Европа постепено почнува производството на автомобили, по повеќенеделниот прекин на производството поради епидемијата на новиот коронавирус. Најголемиот произведувач на автомобили во светот, германскиот Фолксваген денеска повторно ја отвори фабриката во Волфсбург. Охрабрена од намалувањето на ширење на Ковид-19, Германија дозволи малите продавници повторно да се отворат, под услов да ги почитуваат строгите мерки за дистанца и хигиена, а нивниот пример сега го следат и големите компании. – Германската автомобилска индустрија се враќа денеска. Ние во Фолксваген ја искористивме петнеделната пауза да се подготвиме за рестартирање на производите, изјави претставникот на Фолксваген, Бернд Остерлох. И Бе-Ем-Ве денеска започна со производство во фабриката во Велика Британија, а следува отварање на фабриките во Јужна Каролина и во Мексико во мај. Работниците ќе мора да носат заштитни маски и да држат дистанца. Променети се и правилата во автобусите што ги превезуваат работниците кога станува збор за седиштата и влезот и излезот од возилото. За интензивирање на производството се подготвува и фабриката Мерцедес Бенз во Зинделфинген и Бремен. За разлика од Италија и Шпанија, Германија никогаш не го забрани производството на автомобили, но фабриките престанаа со работа бидејќи властите го ограничија движењето на луѓето и принудно ги затворија салоните за автомобили, што доведе до пад на побарувачката на автомобили. Фијат Крајслер денеска ја отвара фабриката во Севел во Италија, со план за продолжување на 80 проценти од производството. Во Франција, Тојота оваа недела започнува со со работа во фабриката во Валенсиен, а Рено го започна производството на мотори во фабриката западно од Париз. – Економијата во Европа е запрена. За вакцина ќе биде потребно многу време. Важно е да се рестартира производството на сигурен начин. Се надеваме дека можеме да придонесеме за нормализација, изјави извршниот директор на Волво, Хакан Самуелсон. Шведскиот Волво ја отвори фабриката во Торсленд по ремонт на производствениот процес. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-so-rabota-evropskata-avtomobilska-industrija/feed/ 0