поделеност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Apr 2022 12:40:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png поделеност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шефот на германскиот енергетски концерт „E.ON“ смета дека ембаргото на рускиот енергенс ќе ја подели Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-germanskiot-energetski-koncert-e-on-smeta-deka-embargoto-na-ruskiot-energens-kje-ja-podeli-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-germanskiot-energetski-koncert-e-on-smeta-deka-embargoto-na-ruskiot-energens-kje-ja-podeli-evropa/#respond Tue, 19 Apr 2022 12:40:09 +0000 https://kurir.mk/?p=665396

Воведувањето ембарго за испораките на гас од Русија може да доведе до раскол во ЕУ, изјави во интервју за „Ханделсблат“ шефот на најголемиот германски енергетски концерн „E.ON“ Леонард Бирнбаум. – Воведувањето на сегашното ембарго би било болен удар за Германија и за цела Европа. Некои земји целосно или во голема мера се потпираат на руската енергија, а таквиот потег може да доведе до раскол во ЕУ, вели Бирнбаум. – Мислам дека тоа би било погрешно… Таков потег не само што тешко би ја погодил Германија, туку Европа би имала огромен проблем. На пример, Словачка е целосно зависна од рускиот гас, а земјите како Чешка и Австрија најголемиот дел од гасот го добиваат од Русија. Во многу други земји од ЕУ, рускиот гас има значителен удел, предупредува првиот човек на „Е.ОН“. Според него, за прашањата за гасот треба да се разговара на паневропско, а не на национално ниво. „Ако мислиме дека можеме да ја снабдуваме Германија без да се грижиме за другите земји, тогаш тоа ќе доведе до раскол во ЕУ“, рече Бирнбаум.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-germanskiot-energetski-koncert-e-on-smeta-deka-embargoto-na-ruskiot-energens-kje-ja-podeli-evropa/feed/ 0
Раскол во владеачката коалиција и поделеност во СДСМ пред престојните локални избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raskol-vo-vladeachkata-koalicija-i-podelenost-vo-sdsm-pred-prestojnite-lokalni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raskol-vo-vladeachkata-koalicija-i-podelenost-vo-sdsm-pred-prestojnite-lokalni-izbori/#respond Sat, 28 Aug 2021 10:00:52 +0000 https://kurir.mk/?p=555911

Изминатите деновови македонската јавност е сведок на политички интриги и раскол во коалицијата на власт, предводена од СДСМ и Зоран Заев. СДСМ сакајќи да ги остави на страна одреден број на актуелни гардоначалници кои што не размислуваат подеднакво како во централата во Скопје предизвика раскол во сопствените редови. Актуелните градоначалници на Куманово Максим Димитриевски и Зоран Ногачески на Дебарца вчера најавија дека на престојните избори во октомври ќе настапат како независни кандидати, а најавени се и независни листа на советници. Имено, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник на Куманово на престојните локални избори на 17 октомври. Димитриевки вчера ја достави неговата кандидатура до ДИК и започна со собирање на потписи. Кандидатурата на Димитриевски како независен кандидат за градоначалник уследи откако не ја доби поддршка од СДСМ за уште еден мандат. Иако неговата матична партија се уште калкулира со името за Куманово, извесно е дека Димитриевски не е фаворит. На претстојните локални избори Димитриевски ќе настапи и со независна листа на советници, а носителка ќе биде жена. Димитриевски во изјава за Сител Телевизија информираше дека концептот за независна кандидатура за градоначалник на Куманово кој во текот на вчерашнот ден беше промовиран е следниот победник на изборите во оваа општина. -Ние сме соочени да се натпреваруваме со кој било останат кандидат од која било политичка партија или граѓанска опција, затоа што нудиме добри решенија за нашиот град, за нашите граѓани и повеќе од јасно е дека и анализите го потврдуваат тоа, потенцираше Димитриевски. Димитриевски изјави дека се залага за застапување на граѓанскиот концепт и пристап. -Впрочем така и ја извршувам оваа одговорна функција градоначалник како градоначалник на сите граѓани на општина Куманово, притоа не делејќи ги на политичка, верска или било каква етничка припадност, бидејќи сепак градоначалничката позиција е да се биде градоначалник на сите. Целата оваа иницијатива дојде токму од граѓаните и голем број на поддржувачи, членови и активисти и симпатизери коишто дојдоа и побараа од мене покрај внатрепартиската постапка да излезам со еден ваков концепт и да побарам граѓанска поддршка. Во секој момент сум отворен и верувам дека моето актуелно политичко раководство на партијата ќе изнајде начин и сили до последен момент да подржи една ваква кандидатура, рече Димитриевски. Димитриевски посочи дека во ниту еден момент не го свртил грбот на социјалдемократската идеа, а најмалку на членовите на Социјалдемократскиот сојуз. -Но, за жал исто така нема да дозволам и да бидам составен дел на одредени политички интриги на поединци во склопот на мојот политички субјект коишто извршуваат одговорни и политички функции. Затоа ја послушав иницијативата на граѓаните и денеска се одлучив на ваков потег. Се заблагодарувам на сите кумановчани коишто денеска дадоа масовна поддршка на една ваква иницијатива бидејќи сепак тие заслужуваат почит и признание“, истакна вчера Димитриевски. По стапките на Максим Димитриевски и Зоран Ногачески од владеачката партија најави дека ќе оди како независен кандидат во оптина Дебарца. Актуелниот градоначалник на Општина Дебрца од редовите на СДСМ, Зоран Ногачески на престојните локалните избори ќе бара втор мандат од граѓаните, но како независен кандидат. Покрај собирањето на потписи за неговата кандидатура, тој започна и собирањето на потписи за независната листа за членови на советот на Општина Дебрца. Зоран Ногачески од 2013-2017 година е претседател на општинската организација СДСМ Дебрца. На локалните избори одржани на 15 октомври 2017 година, Зоран Ногачески е избран за градоначалник на Општина Дебрца, освојувајќи мнозинство гласови во првиот изборен круг од локалните избори 2017. Партиите Демократски сојуз, ЛДП и ДОМ кои се дел од владеачката коалиција на претстојните локални избори ќе настапат самостојно, со заеднички советнички листи, но и со заеднички кандидати за градоначалници во многу општини низ државата, со цел да биде алтернатива на СДСМ и ВМРО, но и на Левица. Заедничкиот настап на локалните избори, за што е постигнат начелен договор меѓу Демократскиот сојуз, ДОМ и ЛДП претставува промоција на нова политичка сила, вели лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов. -Во суштина, промовираме формираме нова политичка сила, подготвена за промени, борба против урбаната мафија, создавање на еколошка здрава средина и економски развој на локалните единици. Имаме огромна поддршка за пресврт во политичкото дејствување и пораз на погубните политики, како и афирмација на националните и стратешките интереси на државата, истакна пролетоска Трајанов. Ваквиот сплет на околности кој што се одвива во редовите на владеачката коалиција предводена од СДСМ претставува раскол во во самата коалиција, како и поделеност и политички интриги во самата партија која нанзад со месеци калкулира со повеќе градоначалнички иминња со цел да ги остави на страна одреден број на актуелни гардоначалници кои што не размислуваат на иста бранова должина како во централата во Скопје. Јана Белчева Андреевска, која околу 2,5 години претседаваше со Советот на Центар, пред да си даде оставка, на овие избори ќе се обиде да обезбеди нов советнички мандат како носителка на независна листа на граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“.На минатите локални избори во 2017 година, Белчева, како граѓанска активистка, беше носителка на советничката листа на СДСМ во Центар Заедничкиот настап на локалните избори, за што е постигнат начелен договор меѓу Демократскиот сојуз, ДОМ и ЛДП претставува промоција на нова политичка сила, вели лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов. И во ДОМ се случуваат поделби. Разрешената директорка на Инспекторатот за животна средина, Ана Петровска ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје. Таа ќе биде независен кандидат од „Зелен хуман град“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raskol-vo-vladeachkata-koalicija-i-podelenost-vo-sdsm-pred-prestojnite-lokalni-izbori/feed/ 0