подем – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 Jun 2020 08:11:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png подем – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јанкуловски: Со програмата „За обнова на Македонија“ ќе се понуди поквалитетен и подобар живот за граѓаните бидејќи тоа го заслужуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankulovski-so-programata-za-obnova-na-makedonija-kje-se-ponudi-pokvaliteten-i-podobar-zivot-za-gragjanite-bidejkji-toa-go-zasluzuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankulovski-so-programata-za-obnova-na-makedonija-kje-se-ponudi-pokvaliteten-i-podobar-zivot-za-gragjanite-bidejkji-toa-go-zasluzuvaat/#respond Wed, 24 Jun 2020 08:11:38 +0000 https://kurir.mk/?p=361847

Живко Јанкуловски, лидер на партијата ПОДЕМ утринава имаше интервју за „Утрински Брифинг“ каде што посочи дека тој е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ бидејќи пред се е поради програмските определби, дури и напомена дека со новата програма „За обнова на Македонија“ нуди доста подобар и поквалитетен живот во Република Македонија. -ПОДЕМ е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ повеќе години. Што предизвикува да сме во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ? Значи пред се програмските определби. Ние од самото постоење перманентно значи ја обновуваме нашата програма и мислам дека имаме една од поквалитетните програми иако сме помала политичка партија на политичката сцена која настапува во Република Македонија. Сепак имаме забележителни проекти и во претходните периоди меѓутоа и во текот на оваа изборна програма, каде што настапуваме со наши проекти кои се дел од Програмата „За обнова на Македонија, појасни Јанкуловски. Јанкуловски додаде дека едни од клучните проекти во програмата е тоа што се посветува доста внимание на образованието и земјоделието. Од друга страна има доста добри проекти од областа на социјалата, здравството меѓутоа и се посветува на борбата кон корупцијата која во последно време зема замав. Тука мора да се напомене дека во програмата има и проекти како судскиот систем да се врати на нормалата и да има фер судење. - Со програмата „За обнова на Македонија“ ќе се понуди поквалитетен и подобар живот за граѓаните во нашата држава бидејќи тоа го заслужуваат, нагласи Јанкуловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankulovski-so-programata-za-obnova-na-makedonija-kje-se-ponudi-pokvaliteten-i-podobar-zivot-za-gragjanite-bidejkji-toa-go-zasluzuvaat/feed/ 0
ПОДЕМ: Отворена и целосна поддршка за професорката Гордана Силјановска Давкова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podem-otvorena-i-celosna-poddrshka-za-profesorkata-gordana-siljanovska-davkova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podem-otvorena-i-celosna-poddrshka-za-profesorkata-gordana-siljanovska-davkova/#respond Thu, 21 Feb 2019 14:59:51 +0000 https://kurir.mk/?p=166538

Партијата на Обединети Демократи на Македонија – ПОДЕМ, преку соопштение даде јавна и отворена поддршка на професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија. -Имено, проф. Силјановска Давкова е докажана личност во својата професија како универзитетски професор, но уште повеќе како човек кој секогаш е на страната на правдата и доследното почитување на Уставот и законите во Република Македонија. Токму сега на нашата држава и е потребен претседател кој институционално ќе се бори за исправување на националните неправди кои и се случија на Република Македонија и нејзините граѓани во изминатиот период.“, велат од ПОДЕМ од каде додаваат: „Општинските организации на ПОДЕМ ќе се вклучат активно во изборната кампања за сеопфатна промоција и поддршка, со иденствена цел, проф. Гордана Силјановска Давкова биде петтиот Претседател на Република Македонија!“]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podem-otvorena-i-celosna-poddrshka-za-profesorkata-gordana-siljanovska-davkova/feed/ 0
„Подем“ повика на игнорирање на референдумот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podem-povika-na-ignoriranje-na-referendumot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podem-povika-na-ignoriranje-na-referendumot/#respond Sun, 16 Sep 2018 11:37:51 +0000 https://kurir.mk/?p=101688

Извршниот одбор на „Подем“ на вчерашната седница едногласно ја потврди одлуката од членовите на Централниот одбор, за игнорирање на претстојниот референдум на 30 септември 2018 година. „Со оглед на штетниот и неуставен договор во Нивици, крајно несериозното и збунувачко референдумско прашање, како и политичката и економска неизвесност, во која актуелната Влада ја води земјата, ги повикуваме граѓаните на Република Македонија на 30 септември да го игнорираат референдумското изјаснување“ соопшти Подем. „Подем“ уште еднаш истакнува дека местото на Република Македонија и е во Европската Унија и НАТО, но членка со национално достоинство, неуценета и почитувана. „Референдумот не смее да биде изговор за политичкиот и економскиот неуспех кој и се случува на Република Македонија во секоја сфера на живеење. Единствен договор кој мора да ги обедини сите политички партии е правецот во кој ќе се одвиваат реформите во судството, борбата против корупцијата, подобрувањето на состојбите во образованието и здравството, зголемувањето на животниот стандард на населението“ порачуваат од „Подем“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podem-povika-na-ignoriranje-na-referendumot/feed/ 0
ПОДЕМ со реакција изјавата на Заев: Дали македонските граѓани се подготвени да платат ваква цена? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podem-so-reakcija-izjavata-na-zaev-dali-makedonskite-gragjani-se-podgotveni-da-platat-vakva-cena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podem-so-reakcija-izjavata-na-zaev-dali-makedonskite-gragjani-se-podgotveni-da-platat-vakva-cena/#respond Tue, 01 May 2018 09:17:01 +0000 https://kurir.mk/?p=48267

Партијата на обединети демократи на Македонија - ПОДЕМ пред целата македонска јавност прашува дали последните политички изјави од македонскиот државен врв се во функција на подготвување на терен за промена на уставот. -Од Премиерот Зоран Заев слушнавме дека Македонија секако треба да го отвори Уставот пред влегување во ЕУ. Рече и дека ако се работи за дополнителни гаранции или нешто што е важно за граѓаните на Грција, кои се страна, тогаш би можело и за тоа да се разгледува како можност, при што посочи дека тој е човек кој ги бара сите можни креативни начини на изнаоѓање на решение, знаејќи дека може да се постигне решение ако институциите во Грција гласаат и институциите во Република Македонија гласаат за тоа решение, се вели во соопштението на ПОДЕМ. Затоа ПОДЕМ прашува за какви креативни начини станува збор. И зарем и таквата можност не испраќа уште еден сигнал дека Македонија е подготвена на уште отстапки. -Дали со вакви изјави се подготвуваат граѓаните на Република Македонија за промена на уставот, се разбира чекор по чекор, но пополека и сигурно. Прво само договор, а во идно време пред влез во ЕУ и промена на Уставот. Веројатно, тогаш во уставот ќе се вклопи и Законот за јазици. Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров порача и дека ќе сториме се што можеме извештајот од Европската комисија во јуни да го преточиме во политичка одлука, се вели во соопштението на ПОДЕМ. Од ПОДЕМ прашуваат што е тоа СЕ? -Дали македонските граѓани се подготвени да платат ваква цена? Дали знаат каква цена треба да платат и дали знаат што на крај ќе добијат? И дали нешто ќе добијат?, прашуваат од партијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podem-so-reakcija-izjavata-na-zaev-dali-makedonskite-gragjani-se-podgotveni-da-platat-vakva-cena/feed/ 0
ПОДЕМ: Отстапките и тајното преговарање ги разгоруваат апетитите на неповиканите кумови на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podem-otstapkite-i-tajnoto-pregovaranje-gi-razgoruvaat-apetitite-na-nepovikanite-kumovi-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podem-otstapkite-i-tajnoto-pregovaranje-gi-razgoruvaat-apetitite-na-nepovikanite-kumovi-na-makedonija/#respond Sat, 17 Feb 2018 15:32:58 +0000 http://kurir.mk/?p=22509

По изјавите за спорот со името, од страна на бугарскиот претседател Румен Радев, Партијата на обединети демократи на Македонија ПОДЕМ уште еднаш повикува на поголема транспарентност во однос на преговорите кои што се водат со Грција за името. -Слушнавме дека Бугарија се противи евентуалното решение на спорот за името да содржи географска одреденица која ќе биде на нејзина штета. Очигледно е дека досега направените отстапки кон Грција и тајното преговарање ги разгоруваат апетитите на оние кои, неповикани, сега сакаат да и кумуваат на Македонија и долеваат масло на огнот. Јавноста мора да знае што точно се преговара и договара со Грција, за да се исклучат секакви шпекулации. Само транспарентниот процес може да ги увери сите дека навистина се работи на решение кое нема да биде на ничија штета. Од друга страна транспарентноста нема да им остави простор за манипулации на оние, кои под превезот на грижата, кријат свои понакви аспирации, кои на овие простори се добро познати со векови наназад, истакна партискиот претседател Живко Јанкуловски. Тој ги повика македонските преговарачи да одговорат пред македонската јавност со каков став настапуваат во преговорите во однос на грчките барања за сложено име за општа употреба. -Ако преговорите и мотивите се чесни никој нема од што да се плаши, ни Заев, ни Ципрас, а најмалку Радев.бСега кога веќе, нели, сме добри пријатели и со Грција и со Бугарија, ПОДЕМ не гледа зошто би било проблем да се игра со отворени карти. ПОДЕМ повикува и да се престане со отстапките кон Грција без реципроцитет. Ако името на аеродромот и автопатот се сменети во знак на добра волја, прашуваме што доби Македонија за тоа. Како Грција ја покажа својата добра волја, додека кај нас се истрча, не само да се донесе одлука за промена на имињата, туку истата и преку ноќ да се реализира. Ако веќе мораше да се менуваат имињата на аеродромот и автопатот, јасно требаше да и се каже на Грција дека одлуката ќе стапи во сила заедно со решението за името. Не порано! Што ќе се случи утре ако решение за името нема? Ќе ги враќаме имињата како пишман аџии? Да не зборувам какви идеи тоа ќе им даде и на другите кои не и мислат добро на Македонија, вели Јанкуловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podem-otstapkite-i-tajnoto-pregovaranje-gi-razgoruvaat-apetitite-na-nepovikanite-kumovi-na-makedonija/feed/ 0
ПОДЕМ до Заев и Димитров: Не ветувајте решенија со коишто знаете дека македонскиот народ нема да се согласи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podem-do-zaev-i-dimitrov-ne-vetuvajte-reshenija-so-koishto-znaete-deka-makedonskiot-narod-nema-da-se-soglasi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podem-do-zaev-i-dimitrov-ne-vetuvajte-reshenija-so-koishto-znaete-deka-makedonskiot-narod-nema-da-se-soglasi/#respond Wed, 14 Feb 2018 20:22:30 +0000 http://kurir.mk/?p=21617

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) преку соопштение ја повикува македонската преговарачка страна во спорот со името, а пред сè шефот на дипломатијата, Никола Димитров, со транспарентни информации за јавноста да спречат создавање конфузија околу тоа што точно се преговара и договара со Грција. -Продолжувањето на разговорите под покровителство на Обединетите нации е редовен канал на преговори. Но, кога веќе се разговара во ОН, повикуваме да се земе предвид и пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кој пресуди дека Грција еднаш веќе ја прекрши Привремената спогодба од 1995 година со тоа што стави вето на членството на Македонија во НАТО, велат од ПОДЕМ. Оттаму ги повикуваат македонските преговарачи да одговорат пред македонската јавност со каков став настапуваат во преговорите во однос на грчките барања за сложено име за општа употреба, односно дали има некакви договори околу уставот, националноста и јазикот. -Отворено да кажат што ѝ прифатиле на Грција, што таа отворено бара промена на Уставот, што само по себе води до промена на идентитетот. Ако такво нешто е договорено во Обединетите нации подобро воопшто и да не разговараат. Што ѝ е прифатено на Грција, го повикуваме да каже и премиерот Зоран Заев, кој од Турција порача дека тоа е решение што е единствено возможно за нашиот пат кон НАТО и ЕУ. Ако тоа решение е на сметка на Македонија и македонскиот народ, такво решение не ни е потребно, стои во соопштението на ПОДЕМ. Партијата воедно бара од сите оние кои на формален или неформален начин се вклучуваат во преговорите со Грција да бидат многу внимателни. -Не ветувајте решенија со коишто знаете дека македонскиот народ нема да се согласи. Немојте да го изневерите и разочарате македонскиот народ со решение коешто ќе води кон менување на уставното име и идентитетот. Тоа не смее да се направи. Не му давајте крилја на грчкиот екстремизам. Светот веќе знае кој е во право, а македонскиот народ тоа го знае најдобро, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podem-do-zaev-i-dimitrov-ne-vetuvajte-reshenija-so-koishto-znaete-deka-makedonskiot-narod-nema-da-se-soglasi/feed/ 0