подметнат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 13 Feb 2022 08:14:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png подметнат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Изгоре куќа во Скопје, сопствениците се сомневаат дека пожарот е подметнат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izgore-kukja-vo-skopje-sopstvenicite-se-somnevaat-deka-pozarot-e-podmetnat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izgore-kukja-vo-skopje-sopstvenicite-se-somnevaat-deka-pozarot-e-podmetnat/#respond Sun, 13 Feb 2022 08:14:31 +0000 https://kurir.mk/?p=630742

Куќа на ул. „1737“ во близина на Адвокатската улица во Скопје изгоре во пожар што избувнал ноќеска. Во Пожарна бил пријавен во 3:20 часот и интервенирале 13 пожарникари со шест возила. Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, за МИА изјави дека пожарот зафатил површина од околу 350 квадратни метри и дека бил во фаза на распламтување низ целиот објект кога пожарникарите дошле да го гасат. „Почнат е од подрумските простории, проширен е на приземје и на катот“, рече Томевски, додавајќи дека е изгаснат и во моментов се расчистува локацијата, а бидејќи се работи за стар објект, изграден од дрво, на терен е сè уште противпожарна екипа. Сопствениците на опожарената куќа ја издавале под кирија и во неа имало печатница и адвокатски канцеларии. Тие биле на местото на настанот и изразиле сомнеж дека пожарот бил подметнат, бидејќи во септември изгорела и соседната куќа, пренесува МИА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izgore-kukja-vo-skopje-sopstvenicite-se-somnevaat-deka-pozarot-e-podmetnat/feed/ 0
Полицијата не исклучува можност пожарот во Велес да е подметнат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policijata-ne-iskluchuva-moznost-pozarot-vo-veles-da-e-podmetnat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policijata-ne-iskluchuva-moznost-pozarot-vo-veles-da-e-podmetnat/#respond Fri, 22 Jun 2018 09:31:52 +0000 https://kurir.mk/?p=68519

Екипите на СВР Велес и основниот јавен обвинител при ОЈО Велес вчера завршија со увидот на терен, што траеше два дена по трагедијата во која во трошна куќа во долот под ридот Вршник во самата шума на 20 јуни попладнето околу 16 часот живи изгореа три дечиња на четри,две и една година. На новинарско прашање дали можеби пожарот бил подметнат од СВР Велес велат дека има претпоставки, но за да се поднесе кривична пријава тоа треба да го потврди понатамошната истрага која продолжува. - Увидот на терен заврши и ние се повлековме од местото на настанот. Тоа е техничкиот дел, но продолжуваме со оперативниот, односно ќе работиме на оперативни сознанија - ќе се продолжи со разговори со граѓани, комшии и останати кои имаат некакви сознанија во врска со случајот.Тоа значи дека истрагата во врска со трагичниот настан продолжува, појасни Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес. Како што информира за МИА, Гордана Тодорова в.д.јавен обвинител од ОЈО Велес увидот на терен од страна на нејзината колешка бил завршен вчера околу 13:30 часот. -Увидот е завршен, но во тек се вештачењата, анализите и испитувањата во врска со настанот, појасни Тодорова. Со одлука на Советот на општина Велес на синоќешната вонредна седница денешниот ден 22 јуни е прогласен за Ден на жалост. Попладнево во 13 часот на градските гробишта во Раштани ќе бидат погребани Теона, Петар и Драгана. Срцата на нивните родители, 37-годишните Никола Давчевски и Марина Антониевска се скршени. По вчерашните најави за парична помош на некои од институиите и општината тие вчера за медиумите изјавија дека сега секоја помош за нив е задоцнета и бесмислена, бидејќи го загубиле највредното - своите деца и домот кој со сопствени раце без ничија помош сами го изградиле, а сега немаат ништо. Советот синоќа донесе одлука за помош на семејството за еднократна парична помош од 100 илјади денари и обезбедување гробно место од 13 илјади денари. Некои од комшиите и пријателите изјавија дека иако сиромашни и без основни приходи Никола и Марина биле грижливи родители кои се мачеле и обезбедувале егзистенција за своите деца. Семејството добивало социјална помош и работеле на собирање на пластични шишиња. Повеќе пати од надлежните барале помош за добивање социјален стан и други потреби, но со исклучок на минимална помош од две илјади, досега не добиле никаква друга помош, а биле одбиени да добијат социјален стан. Инаку, со залагање на градоначалникот Аце Коцевски, 19 годишниот син Стефан Антониевски од првиот брак на Марина,  ќе биде вработен во ЈКП „Дервен“ во Велес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policijata-ne-iskluchuva-moznost-pozarot-vo-veles-da-e-podmetnat/feed/ 0