подметнување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Jul 2022 11:38:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png подметнување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поднесена кривична пријава против американски државјанин кој подметнал пожар во Крани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesena-krivichna-prijava-protiv-amerikanski-drzavjanin-koj-podmetnal-pozar-vo-krani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesena-krivichna-prijava-protiv-amerikanski-drzavjanin-koj-podmetnal-pozar-vo-krani/#respond Fri, 22 Jul 2022 11:38:17 +0000 https://kurir.mk/?p=708918

Секторот за внатрешни работи Битола – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен до Основното јавно обвинителство Ресен поднесе кривична пријава против М.С.(68) од САД, со привремен престој во с.Крани, ресенско, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“ казниво по член 288 од Кривичниот законик. Пријавениот, на 19.07.2022 во неговата нива на место викано „Барик” во атарот на с.Крани го запалил стрништето, при што пожарот се проширил и зафатил сува трева и овоштарници во соседните ниви. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Ресен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesena-krivichna-prijava-protiv-amerikanski-drzavjanin-koj-podmetnal-pozar-vo-krani/feed/ 0
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ВАЛАНДОВСКО: Маж подметнал пожар во семејната куќа во која биле неговата снаа со три малолетни деца – пожарот го изгаснала сопругата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/semejna-drama-vo-valandovsko-maz-podmetnal-pozar-vo-semejnata-kukja-vo-koja-bile-negovata-snaa-so-tri-maloletni-deca-pozarot-go-izgasnala-soprugata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/semejna-drama-vo-valandovsko-maz-podmetnal-pozar-vo-semejnata-kukja-vo-koja-bile-negovata-snaa-so-tri-maloletni-deca-pozarot-go-izgasnala-soprugata/#respond Tue, 07 Jun 2022 16:10:46 +0000 https://kurir.mk/?p=687951

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против М.В. од с.Јосифово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. На 27.04.2022, пријавениот со употреба на запалива течност предизвикал пожар на влезната врата од семејната куќа, во која во моментот била неговата снаа со нејзините три малолетни деца. Пожарот го изгаснала сопругата на пријавениот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/semejna-drama-vo-valandovsko-maz-podmetnal-pozar-vo-semejnata-kukja-vo-koja-bile-negovata-snaa-so-tri-maloletni-deca-pozarot-go-izgasnala-soprugata/feed/ 0
Овие луѓе предизвикале неколку пожари низ Македонија деновиве https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-lugje-predizvikale-nekolku-pozari-niz-makedonija-denovive/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-lugje-predizvikale-nekolku-pozari-niz-makedonija-denovive/#respond Sat, 07 Aug 2021 09:43:16 +0000 https://kurir.mk/?p=547557

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 06.08.2021 до 07.00 часот денеска (07.08.2021) во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република  Македонија, од страна на МВР беа ангажирани околу  616 полициски службеници, како и 224  мото-патроли и 189  возила.

На 06.08.2021 во 19.05 часот, во врска со пожарот во с.Добридол, гостиварско, кој е локализиран, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.Б.(34) од истото село. Поради постоење  основано сомение дека го предизвикал пожарот, Н.Б. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во текот на посочениот период, во СВР Струмица-ОВР Радовиш, во врска со пријавениот настан – пожар од 06.08.2021 година во с. Дамјан, радовишко, бил лишен од слобода прво И.О(28), а набрзо потоа и С.А.(23), двајцата од  с.Тополница. За случајот  известен е и јавен обвинител од ОЈО Струмица и  по негови насоки се работи на расчистување на случајот.

Од страна на полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп околу 06.15 часот бил лишен од слобода  М.Е.(34) од Прилеп, поради постеоње основи на сомнение дека го подметнал пожарот на место викано Дабница. Во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во врска со пожарот во семејна куќа во с.Челопек, Министерството за внатрешни работи согласно законските прописи постапува по насока на Јавен обвинител и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Куманово, полициски службеници извршија детален увид на местото на опожарената куќа во Старо Нагоричане. Откако не се пронајдени остатоци кои укажуваат на опожарено лице, распишана е потрага по лицето, по која веќе се постапува од страна на Отсекот за потраги.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-lugje-predizvikale-nekolku-pozari-niz-makedonija-denovive/feed/ 0