подржува – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 23 Feb 2020 20:34:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png подржува – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Албанската опозиција го поддржува протестот на кој повикува претседателот Мета https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-opozicija-go-poddrzuva-protestot-na-koj-povikuva-pretsedatelot-meta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-opozicija-go-poddrzuva-protestot-na-koj-povikuva-pretsedatelot-meta/#respond Sun, 23 Feb 2020 21:05:02 +0000 https://kurir.mk/?p=307824

Обединетата албанска опозиција, предводена од Демократската партија, ќе го поддржи протестот што на 2 март на плоштадот „Народни херои “ ќе го организира шефот на државата Илир Мета. Ставот доцна попладнево го изнесе лидерот на демократите, Љуљзим Баша оценувајќи дека повикот на претседателот не е повик за политичките партии, туку за сите граѓани. – Повикот на Претседателот не е за политичките партии, за десницата или за левицата, туку за албанските граѓани да ги одбранат темелите на демократијата, а тоа е Уставот. Како граѓани кои сакаат земјата да преземе чекори кон консолидација на демократијата, ние мора да одговориме на секој повик за заштита на Уставот и демократското функционирање на независните институции. Затоа го поддржуваме протестот на Претседателот за Уставот, напиша Баша. Тој обвини дека земјата се наоѓа во длабока уставна и економска криза. – Албанија се наоѓа во длабока уставна криза, покрај економската криза, која секојдневно ја преживуваат сите Албанци. Како граѓани, не можеме да ги затвориме очите кога владеењето на законот е заложник, кога ќе бидат уништени институциите, а демократијата е во опасност. Зграпчувањето на Уставниот суд значи уништување на правата и слободите на секој граѓанин. Не можеме да прифатиме Албанија да се врати 30 години назад, изјави Баша. Тој побара колку е можно побрзо завршување на изборната реформа и спроведување предвремени избори. – За излез од крзата во која е втурната земјата, за враќање на албанската влада, враќање на албанските општини, враќање на албанската економија, гарантирање на правда независна од политиката, постои едно демократско решение: навремено завршување на изборната реформа и итно одржување на слободни и фер избори! Демократската партија и обединетата опозиција работат на ова секој ден и со поддршка од граѓаните промената ќе стане реалност. Подобри денови!, порача Баша. Претходно, поддршка даде и лидерката на Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, која е сопруга на претседателот Мета. – На протест на 2 март, не за Илир Мета, туку за Албанија и граѓаните, за демократија, подобар живот и запирање на масовната миграција на младите, рече Круемади.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-opozicija-go-poddrzuva-protestot-na-koj-povikuva-pretsedatelot-meta/feed/ 0