подваријанта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 14 Sep 2022 10:39:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png подваријанта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Грција потврден првиот случај на „Кентаур“ – новата подваријанта на Омикрон https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-potvrden-prviot-sluchaj-na-kentaur-novata-podvarijanta-na-omikron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-potvrden-prviot-sluchaj-na-kentaur-novata-podvarijanta-na-omikron/#respond Wed, 14 Sep 2022 10:39:04 +0000 https://kurir.mk/?p=732606

Во Грција е потврден првиот случај на подваријантата на Омикрон ΒΑ.2.75.2, позната како „Кентаур“, јави дописничката на МИА од Атина. Според Националната организација за јавно здравје на Грција од анализирани 664 примероци по случаен избор од периодот од 22 јули до 4 септември, кај сите била потврдена варијантата Омикрон (B.1.1.529), а кај еден примерок била идентификувана подваријантата BA.2 (BA.2.75.2). Во однос на ситуацијата со пандемијата во Грција, во периодот од 5 до 11 септември биле потврдени 33.590 случаи на Ковид-19, од кои 22 проценти се реинфекции, а починале 129 лица. Бројот на смртните случаи е за 30 проценти помал во споредба со една седмица претходно, а кај заразените има намалување за 17 отсто. Во конкретниот период биле направени 580.195 тестови, со стапка на позитивност 5,79 отсто. Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 4.838.811 случаи на Ковид-19, а починаа 32.894 лица. Паралелно, од денеска во земјата започна имунизацијата со ажурираните вакцини против Ковид-19 кои заштитуваат од варијантата Омикрон, а вакцините ќе се користат само како прва или втора бустер доза, односно само за оние кои се веќе вакцинирани со две или три дози. Приоритет имаат граѓаните над 60 годишна возраст и лицата со здравствени проблеми, а ажурираните вакцини се мРНА вакцини на Фајзер и Модерна . ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-potvrden-prviot-sluchaj-na-kentaur-novata-podvarijanta-na-omikron/feed/ 0
Доминантната верзија на омикрон е сепак поопасна од претходната: Еве кој е под помал ризик https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dominantnata-verzija-na-omikron-e-sepak-poopasna-od-prethodnata-eve-koj-e-pod-pomal-rizik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dominantnata-verzija-na-omikron-e-sepak-poopasna-od-prethodnata-eve-koj-e-pod-pomal-rizik/#respond Wed, 10 Aug 2022 10:51:26 +0000 https://kurir.mk/?p=716603

Сегашниот доминантен тип на коронавирус, омикрон БА.5 има дури три пати поголеми шанси да ве однесе во болница од неговата претходна варијанта, покажува новото истражување, пренесува „Експрес“. Истражувањето на тим од Португалија покажа дека оние кои биле вакцинирани имале седум проценти шанси за хоспитализација кога варијантата BA.2 била доминантна, но овој процент се зголемил на 23 проценти во случајот со сојот омикрон BA.5. Тоа значи дека постои 3,3 пати поголем ризик од хоспитализација. Како дел од студијата објавена во списанието „Медрксив“, истражувачите анализирале здравствени досиеја на повеќе од 27.000 случаи на пациенти. Од примероците земени помеѓу 25 април и 10 јуни 2022 година, 55,5 проценти беа класифицирани како BA.2, а останатите како BA.5. Се покажа дека луѓето кои ја примиле бустер вакцината имале значително помала веројатност да бидат хоспитализирани или да умрат од ковид. - Кај заразените со омикрон БА.5, бустер вакцинацијата беше поврзана со 88 отсто намален ризик од хоспитализација и смрт од ковид, но дефинитивно поголеми шанси за реинфекција беа забележани во случаите на БА.5 во споредба со БА.2, наведуваат во студии. Некои од симптомите на BA.5 се разликуваа од претходните варијанти на корона вирусот. Како што е објавено во здравствената студија „ZOE“, 10-те најчести симптоми на варијантите BA.4 и BA.5 се во ред: -Настинка -Воспалено грло -Главоболка -Кашлање -Кивање -Необична болка во зглобовите -Грозница -Зарипнат глас -Moрници ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dominantnata-verzija-na-omikron-e-sepak-poopasna-od-prethodnata-eve-koj-e-pod-pomal-rizik/feed/ 0
Новa подваријанта на сојот омикрон откриена во Шангај https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-podvarijanta-na-sojot-omikron-otkriena-vo-shangaj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-podvarijanta-na-sojot-omikron-otkriena-vo-shangaj/#respond Mon, 11 Jul 2022 13:35:19 +0000 https://kurir.mk/?p=703356

Во Шангај е регистриран случај на инфекција со нов субваријантен омикрон сој БА 5.2.1, изјави Жао Дандан, потпретседател на градската здравствена комисија. Тој вели дека новозаразениот е од населбата Пудонг и дека го поврзуваат со случај кој пристигнал од странство. Во Шангај на почетокот на јуни беше укината блокадата која траеше околу два месеци, но се уште се во сила рестриктивните мерки. - Во градот има се повеќе пријавени локални преноси на вируси и ризикот од ширење на епидемијата во општеството е сè уште многу висок - предупреди Дандан. Најголемиот кинески град се подготвува за уште една кампања за масовно тестирање, во која луѓето во неколку области ќе треба да се тестираат двапати од вторник, 12 јули до четврток, 14 јули. Минатата недела веќе беше наредено масовно тестирање со оглед на зголемениот број случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-podvarijanta-na-sojot-omikron-otkriena-vo-shangaj/feed/ 0
Подваријантата на омикрон продолжува да се шири низ Австрија: Секое петто лице во оваа покраина е заразено https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podvarijantata-na-omikron-prodolzuva-da-se-shiri-niz-avstrija-sekoe-petto-lice-vo-ovaa-pokraina-e-zarazeno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podvarijantata-na-omikron-prodolzuva-da-se-shiri-niz-avstrija-sekoe-petto-lice-vo-ovaa-pokraina-e-zarazeno/#respond Mon, 14 Feb 2022 09:04:18 +0000 https://kurir.mk/?p=631169

Подваријантата на омикрон „БА.2“, која е позаразна, се повеќе се шири во Австрија. Тоа го покажуваат и податоците од провинцијата Долна Австрија, каде секоја петта инфекција била предизвикана од „БА.2“. „БА.2“ се шири побрзо отколку што очекуваа австриските власти. - Во изминатите две недели уделот на новата варијанта се зголеми на 20% - објасни покраинскиот секретар за здравство, Улрике Коенигсбергер-Лудвиг. Во Долна Австрија, според податоците, експертите предупредуваат на „бран во бран“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podvarijantata-na-omikron-prodolzuva-da-se-shiri-niz-avstrija-sekoe-petto-lice-vo-ovaa-pokraina-e-zarazeno/feed/ 0
Подваријантата на сојот омикрон присутна во соседството: Во Хрватска се регистрирани пет, во Грција откриени два случаи на овој сој https://arhiva.kurir.mk/svet/region/podvarijantata-na-sojot-omikron-prisutna-vo-sosedstvoto-vo-hrvatska-se-registrirani-pet-vo-grcija-otkrieni-dva-sluchai-na-ovoj-soj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/podvarijantata-na-sojot-omikron-prisutna-vo-sosedstvoto-vo-hrvatska-se-registrirani-pet-vo-grcija-otkrieni-dva-sluchai-na-ovoj-soj/#respond Tue, 01 Feb 2022 10:33:12 +0000 https://kurir.mk/?p=625326

Пет новозаразени со новата подваријанта на омикрон-сојот наречена BA. 2 се регистрирани вчера во Хрватска, а минатата недела потврден беше и еден во Словенија, а два случаи кај нашиот јужен сосед, Грција. Новиот сој стана доминантен во Данска, а го има во 40 земји. Во Велика Британија со „скриениот омикрон“ (stealth omicron) се заразија 400 луѓе за првите десет дена од оваа година. Меѓународните податоци сугерираат дека овој подтип може да се шири уште побрзо од омикрон-сојот, но не е познато дали и колку е поопасен, пренесува Јутарни. Грчките епидемиолози исто така се на ставот дека уште нема доволно информации за новиот сој. Во Словенија вчера беше потврден првиот случај на подтипот омикрон на сојот ВА. 2. Таа додаде дека, според непотврдени податоци, постои можност на Институтот за микробиологија и имунологија во Љубљана да се откриени уште два случаи од подтипот ВА. 2. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/podvarijantata-na-sojot-omikron-prisutna-vo-sosedstvoto-vo-hrvatska-se-registrirani-pet-vo-grcija-otkrieni-dva-sluchai-na-ovoj-soj/feed/ 0
Подваријанта на „омикрон“ се шири во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podvarijanta-na-omikron-se-shiri-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podvarijanta-na-omikron-se-shiri-vo-evropa/#respond Fri, 21 Jan 2022 10:27:09 +0000 https://kurir.mk/?p=621606

На северот на Европа, подваријантата на сојот „омикрон“ на коронавирусот веќе брзо се шири, што е утврдено и во Австрија. Подваријантата „БА.2“ ги зафати Норвешка, Шведска и Велика Британија, а во Данска го потисна основниот вид „БА.1“ и стана доминантен. Се претпоставува дека новата подваријанта би можела уште подобро да го „пробие“ имунитетот стекнат со претходно прележување на болеста или вакцина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podvarijanta-na-omikron-se-shiri-vo-evropa/feed/ 0