поет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 05:56:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png поет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Омаж за поетот Анте Поповски по повод 20-годишнината од неговата смрт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omazh-za-poetot-ante-popovski-po-povod-20-godishninata-od-negovata-smrt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omazh-za-poetot-ante-popovski-po-povod-20-godishninata-od-negovata-smrt/#respond Thu, 26 Oct 2023 05:56:36 +0000 https://kurir.mk/?p=893194

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер ќе се одржи омаж по повод 20-годишнината од смртта на поетот и академик Анте Поповски, во организација на Здружението „Антево перо“. Настанот е мултимедијален и е составен дел од годинашното, шесто издание на Меѓународната поетско-културна манифестација што се одржува во чест на Анте Поповски. Омажот ќе биде отворен со сегмент од документарниот портрет на Анте Поповски и снимка на негови стихови, интерпретирани од актерот Славко Нинов. За творештвото на Анте Поповски ќе зборува писателот Венко Андоновски. -Присутните ќе имаат можност да слушнат дел од првото пеење Каин и Авел од грандиозното дело на Поповски „Света песна“ во изведба на артистката Софија Гогова Врчаковска, на која потоа ќе и биде врачено признанието познато како награда „Антева златна книга“. Наградата се состои од книга поетски творби од Анте Поповски во кожен повез, испишани со неговиот оригинален ракопис. Почесното признание, кое Здружението „Антево перо“ го доделува на истакнати личности, на Врчаковска ѝ припадна за нејзината повеќедецениска континуирана афирмација на творештвото на Анте Поповски, пред сѐ на програмите на Македонската радио-телевизија, но и на повеќе настани организирани во негова чест по разни поводи, соопшти организаторот на настанот. Во чест на поетот, ќе биде промовирана веб-страница која содржи податоци за творештвото на Анте Поповски, за Здружението кое се грижи за чување и афирмација на неговото дело и оставнина, како и за реализацијата на шесте досегашни изданија на Меѓународната манифестација „Анте Поповски –Антево перо“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omazh-za-poetot-ante-popovski-po-povod-20-godishninata-od-negovata-smrt/feed/ 0
Почина академик Радован Павловски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-radovan-pavlovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-radovan-pavlovski/#respond Wed, 23 Feb 2022 08:50:11 +0000 https://kurir.mk/?p=635219

На 84-годишна возраст вчера почина академик Радован Павловски поет, есеист и патописец, соопшти Македонската академија на науките и уметностите во која тој беше редовен член од 2006 година. Роден е на 23 ноември 1937 година во Ниш, Србија. Неговото семејство во 1940 година се враќа во Железна Река каде што го поминува своето детство и завршува основното образование, а средното во Гостивар. Студирал право и литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1955 година објавува песни во весникот „Млад борец“ и во списанието „Млада литература“. Од 1956 до 1959 година, покрај редовните студии на Универзитетот, работи како новинар-преведувач на дневните вести на Радио Скопје. Од 1959 до 1962 година работи во весникот „Нова Македонија“ како новинар, преведувач и книжевен критичар на културните рубрики. Својот живот го посветува на поезијата, која ја твори повеќе од шест децении. Во 1952 година во списанието „Народно здравје“ првпат е објавена неговата кратка песна „Загонетка“, а во 1955 година се определува за светот на поезијата создавајќи ги првите песни од збирката „Суша, свадба и селидби“. Покрај пишувањето поезија твори и во другите уметности, цртајќи цртежи, карикатури и скулптури. Работниот век го почнува во декември 1956 година кога се вработува како преведувач и новинар во Радио Скопје (Танјуг), а потоа од 1959 година и во „Нова Македонија“. Од 1964 до 1982 година живее и твори во Загреб, а од 1982 до 1985 година во Белград. Во Република Македонија се враќа во 1985 година. – За неговиот творечки пат и поетиката во единство со животот и творештвото во декември 1960 година остварува патување во земјите на источен Медитеран: Кипар (Фамагуста), Сирија (Латакија), Либан (Бејрут), Египет (Александрија и Каиро), потоа во 1981 година е на тримесечен студиски престој во Париз и потоа во Прага од 27 јули до 27 август 1979 го изучува чешкиот јазик, литература и култура на семинарот Летна школа на Карловиот универзитет како стипендист на Чешката влада и Сојузот на чехословачките писатели. Големо значење за неговото творечко искуство имаат и следните посети: во 1973 година со југословенската книжевна делегација остварува петнаесетдневна посета на тогашниот СССР посетувајќи поетски средби во Москва, Ташкент, Самарканд, Волгоград, Ленинград (Санкт Петербург) и учеството на Деновите на македонската култура во Англија во 1979 година каде настапува на поетски средби во „Риверсајд студио“ во Лондон, Оксфорд, Брадфорд, гратчето Хеј он Веј во Велс и на север во Норич, при што тој пишува и патопис, соопшти МАНУ. Павловски беше член на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонскиот ПЕН центар, а бил член и на Сојузот на писателите на СФРЈ. На 10 мај 2006 година е избран за редовен член на МАНУ. Автор е на книгите поезија: „Суша, свадба и селидби“ (1961/1971), „Корабија“ (1964), „Високо пладне“ (1966), „Клима и лира“ (1966), „Езерска земја“ (1969), „Низ проѕирката на мечот“ (1971), „Сонце за кое змијата не знае“ (1972, на хрватски), „Пир“ (1973, на хрватски), „Зрна“ (1975), „Молњи“ (1978), „Стражи“ (1980), „Магија момче“ (1981), „Чума“ (1984), „Клучеви“ (1986), „Марена“ (1986), Избрани дела во три тома (1986), „Темелник“ (1988), „Зрна, Молњи и Клучеви“ (1989, трилогија), „Замок на розата“ (1990, избор), „Бог на утрото“ (1991), „Светлина“ (1993), ,„Вселенски деца“ (1993, поезија за деца), „Јавач на звукот“ (1995), „Синот на Сонцето“ (1999), „Штит“ (2001), „На едно око“ (2002), „Свртничар на светлините“ (2004), „Господар на перото“ (2006), „Океан во капка“ (2008), „Заштитна повелба“ (2008), „Воспеви“ (2009), „Јас сум време“ (2009), „Мојата ѕвезда“ (2012/2013, собрани дела во три тома) и „Се случува вечност“ (2014). Акад. Радован Павловски е коавтор (со акад. Богомил Ѓузел) на манифестот „Епското на гласање“ (1960) и автор на „Манифестот на Поетската Република Железна Река“ (1990), на патописот „Отклучување на патиштата“(1986), на книгата есеи „Што може поезијата?“ (1993), „Демократска џунгла“ (1994, политички есеи), „Порака на поетот до поетите на светот“ (1995, СВП) и „Поетиката на походот на Александар Македонски во цивилизациите“ (2009, есеј-студија). Добитник е на наградите „Браќа Миладиновци“ (1965, 2002), „11 Октомври“ (1971), „Кочо Рацин“ (1975), „Повелба на печалбарите“ (1990), „Гоцевата повелба“ (1991), „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга (1995 и 2014), Жезлото на ДПМ (2002) и Благодарница од Струшките вечери на поезијата за унапредување и развој на поетскиот фестивал (2011). Исто така е добитник на странските награди: „Младост“ (југословенска награда за „Суша, свадба и селидби“, (1961), „Златна струна“ (југословенска награда на анонимен конкурс за песната „Железна Река“, 1975), „24-та Дисова пролет“ (југословенска награда за поетски опус – избор „Момчето што спие напладне“, 1978), Плакета на јубилејната 50. Дисова пролет (1987, како лауреат) и „Ристо Ратковиќ“ (југословенска награда за збирката песни „Темелник“, 1988). Во 1972 на поетскиот конкурс во Хрватска, ракописот „Пир“ е награден за неговите високи уметнички вредности, а поетската збирка „Зрна“ е прогласена за најдобра книга за 1975 година од Југословенската радио телевизија – оддел за култура. Во 2009 година е добитник на меѓународната награда „Икона Шекспир“ за литература, наречена „Исконски добитник“, што ја доделува Меѓународниот библиографски центар во Кембриџ, Англија. Акад. Радован Павловски за своето творештво е добитник и на Орденот за заслуга за народ со сребрени зраци. Американскиот биографски институт го прогласи за Личност на годината за 1997 како „еминентна личност наведена во меѓународно и национално признати биографски дела“. Добитник е и на светското признание за животно дело за 1998 година (АБИ – САД). Во тринаесеттата едиција – интернационалното издание „Кој е кој меѓу интелектуалците“ од Интернационалниот биографски центар со седиште во Кембриџ, Англија, во 1999 година е објавена детална биографија и библиографија на животниот и творечки опус на акад. Радован Павловски. – Акад. Радован Павловски во континуитет во изминатите шест децении е еден од најпреведуваните македонски поети во светот. Повеќе книги со негова поезија се објавени и преведени во Македонија и надвор од неа: на српски, албански, словенечки, турски, француски, англиски, руски, чешки, романски, есперанто, шведски и бугарски јазик, а во голем број избори на творештвото и на германски, италијански, арапски, грчки и кинески јазик. Творештвото на акад. Радован Павловски е вклучено во разни антологии на современата македонска, европска и светска поезија, соопшти МАНУ која по повод смртта на акад. Павловски ќе одржи комеморативна седница за која јавноста ќе биде навремено информирана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-radovan-pavlovski/feed/ 0
„Лесновските ѕвона“ во ДПМ во чест на поетот Чедо Јакимовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/lesnovskite-dzvona-vo-dpm-vo-chest-na-poetot-chedo-jakimovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/lesnovskite-dzvona-vo-dpm-vo-chest-na-poetot-chedo-jakimovski/#respond Fri, 02 Mar 2018 07:13:43 +0000 http://kurir.mk/?p=26448

Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне ќе ја организира манифестацијата „Лесновските ѕвона“ - портрет на поетот Чедо Јакимовски, со што ќе одбележи 25 години од неговата смрт. - Чедо Јакимовски е поет и боем, најзначаен претставник на постсимболистичката струја во современата македонска поезија, соопшти ДПМ. За творештвото на Јакимовски ќе зборува писателот Христо Петрески, стихови ќе чита актерот Страшко Милошевски, а ќе учествува и музичкиот состав „Кратовски тамбураши“ со изведба на староградски песни. Чедо Јакимовски е роден во Кратово во 1940 година. Автор е на книгите „Нарциса“, „Лажно море“ и „Халеевата комета“. Членуваше во ДПМ од 1966-та, а почина во 1993 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/lesnovskite-dzvona-vo-dpm-vo-chest-na-poetot-chedo-jakimovski/feed/ 0