Поетска ноќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 Aug 2022 05:20:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Поетска ноќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Отворање на 34. Поетска ноќ во Велестово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoranje-na-34-poetska-nokj-vo-velestovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoranje-na-34-poetska-nokj-vo-velestovo/#respond Fri, 19 Aug 2022 05:49:18 +0000 https://kurir.mk/?p=720760

Триесет и четвртата Поетска ноќ во Велестово ќе почне вечерва на сретсело, со почеток во 21 часот, со поетскиот портрет на македонската поетеса Лидија Димковска, а ќе заврши на 21 август. Манифестацијата ќе се одржи на неколку локации во село Велестово и во Охрид. – Во програмата се предвидени три поетски читања на кои ќе учествуваат десетина поети од земјава и од странство, ќе биде отворена ликовна изложба, а ќе има и работилница за креативно пишување и иновативно интерпретирање поезија наменета за млади од регионот, како и дебати за важноста на книжевниот превод и за улогата на пејзажот во книжевноста, односно, за подигање на свеста за екологијата, информираат организаторите на Поетска ноќ. На отворањето, кое ќе почне со поетскиот портрет на македонската поетеса Лидија Димковска, за нејзиното поетско творештво ќе беседи Сашо Огненовски. – Наши специјални гости и годинава ќе бидат семинаристите што ја посетуваат 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, велат организаторите. По поетскиот портрет, истата вечер од 22 часот, во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово ќе биде отворена ликовната изложба на Никола Пијанманов ‒ „Плачот на Адам“. Програмата ќе продолжи следниот ден, на 20 август, со проектот „OH READ ‒ Поетски викенд и работилница за млади од регионот“. Настаните ќе почнат од 11 часот во просториите на „Касарна ХАБ“ во Охрид, за кога е предвидена работилницата за креативно пишување и иновативно интерпретирање поезија наменета за учениците од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ и за други заинтересирани млади од регионот. Искуствата ќе ги споделат поетите од проектот OH READ: Селахатин Јолгиден (Турција), Мањола Наси (Албанија), Валентина Бакти (Србија), Диме Данов (Македонија) и Јулијана Величковска (Македонија). – А истиот ден, со почеток од 18 ч. во кафе и бар „Шила“ во Охрид, ќе се одржи и интернационалното поетско читање на кое ќе настапат споменатите поети од проектот OH READ, но и другите поети учесници на фестивалот: Ким Симонсен (Фарски Острови), Лидија Димковска (Македонија), Алеш Мустар (Словенија), Ана Голејшка Џикова (Македонија) и Зоран Јакимоски (Македонија). Во рамки на читањето предвидена е и една куса дебата за значењето на книжевните преводи, известуваат од Поетска ноќ. Фестивалот ќе заврши в недела, на 21 август, со уште едно интернационално поетско читање „Поезија ‒ Залез“ што ќе се одржи во природа, на локација во селото Велестово што се наоѓа во националниот парк „Галичица“, на кое ќе настапат сите поети учесници на фестивалот, а ќе се дебатира и за улогата на пејзажот во книжевноста, со што би ја подигнале свеста за екологијата. Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура, од Општина Охрид, од Комерцијална банка АД Скопје, како и од програмата на РЕАД ‒ Регионална Мрежа за Културна Разновидност, поддржана од Европската Унија, и други спонзори и пријатели на манифестацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoranje-na-34-poetska-nokj-vo-velestovo/feed/ 0
Почнува 30. Поетска ноќ во Велестово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-30-poetska-nokj-vo-velestovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-30-poetska-nokj-vo-velestovo/#respond Fri, 20 Jul 2018 07:21:17 +0000 https://kurir.mk/?p=79018

На локации во Велестово и Охрид денеска и утре ќе се одржува 30-та „Поетска ноќ во Велестово“, годинава со скратена програма и посветена на најновата македонска поезија. Манифестацијата ќе почне вечер во 21 часот пред чешмата во Велестово, каде што ќе настапат шест поети: Јовица Ивановски, Тихомир Јанчовски, Елизабета Баковска, Николина Андова Шопова. Ѓоко Здравески и Исток Улчар. Во тремот на црквата „Успение на Света Богородица“ ќе биде отворена изложба „15 години - Арт поинт гумно“ со дела на уметници од светот. Во кафе-бар „Шила“ во Охрид утре ќе се одржи поетскиот настан „Имам нешто да ти кажам“, а во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“ утревечер од 20 часот во куќата „Уранија“ ќе биде претставен романот „Одбројување“ од Фросина Пармаковска, добитник на наградата „Роман на годината“ за 2017 година. По повод јубилејот ќе биде објавена книгата „Гласови на новиот век – панорама на поновата македонска поезија“ и јубилејното гласило на манифестацијата, а во подготовка е монографија „30 години Поетска ноќ во Велестово“ која ќе биде промовирана следниот месец. Од годинашната програма изостанало планираното гостување на пет хрватски поети и издавање книга посветена на современата хрватска поезија бидејќи, како што наведува организаторот, манифестацијата оваа година не добила поддршка од Министерството за култура. Од таа причина нема да се одржи ниту ноќта посветена на македонската хаику поезија, гостување на организатори на сродни манифестации од Европа и настап на претходни учесници.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-30-poetska-nokj-vo-velestovo/feed/ 0