поевтина струја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Nov 2022 13:01:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png поевтина струја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕСМ: Поевтинува струјата, еве од кога https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-poevtinuva-strujata-eve-od-koga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-poevtinuva-strujata-eve-od-koga/#respond Mon, 28 Nov 2022 13:01:23 +0000 https://kurir.mk/?p=767579

ЕСМ Продажба ги испрати по пошта договорите за снабдување по субвенционирана цена до речиси сите јавни основни и средни училишта кои поднесоа пријави и кои ги исполнуваа условите, а за чии броила ЕВН Дистрибуција одобри снабдување. Тече испраќањето на договорите и на правните субјекти од прехранбената индустија, и тоа за оваа категорија ќе биде завршено до крајот на утрешниот ден. Најмал број пријавени субјекти произлегуваат од водостопанската дејност, кои исто така ќе ги добијат договорите. Субјектите за кои Дистрибуција не одобува снабдување на нивните броила или на дел од нивните броила, се известуваат телефонски, со цел да преземат мерки во однос на причините, а бројот на таквите случаи не е мал, информираат од ЕСМ Продажба. Сите субјекти пријавени за дополнително снабдување по одлуката на Владата, а кои ги исполнуваат условите и чии броила се одобрени од Дистрибуција, ќе бидат снабдувани од ЕСМ Продажба од 1.12.2022 без оглед дали до тој датум ќе им пристигнат договорите по пошта. Субјектите се веќе ставени во системот на ЕСМ Продажба и треба да ги прават своите пресметки за производниот и работниот процес врз основа на новата цена на електричната енергија која ќе ја плаќаат, а тое е 80 е/MWh за прехранбената индустрија за основните производи, и 95 е/MWh за училиштата и водостопанствата. Од 1.1.2023 на субвенционирано снабдување ќе бидат приклучени сите субјекти кои дополнително ќе се пријават во следниот период, како и тие кои при првото пријавување немале комплетни документи и кои истите ќе ги комплетираат, посочуваат од ЕСМ Продажба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-poevtinuva-strujata-eve-od-koga/feed/ 0
Стартува постапката за поевтина струја за дел од прехранбената индустрија, водостопанствата и училишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/startuva-postapkata-za-poevtina-struja-za-del-od-prehranbenata-industrija-vodostopanstvata-i-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/startuva-postapkata-za-poevtina-struja-za-del-od-prehranbenata-industrija-vodostopanstvata-i-uchilishta/#respond Thu, 10 Nov 2022 07:01:38 +0000 https://kurir.mk/?p=758298

Заинтересираните од прехранбената индустрија, водостопанствата и училиштата најдоцна до 20 ноември до ЕСМ продажба треба да ги достават потребните документи за склучување на договор за снабдување со поевтина електрична енергија од 1 декември. Договори со ЕСМ продажба може да склучат физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност со главна приходна шифра – 01.47 oдгледување на живина, 10.11 преработка и конзервирање на месо, 10.12 преработка и конзервирање на живинско месо, 10.13 производство на животинско и живинско месо, 10.41 производство на масла и масти, 10.51 преработка на млеко и производство на млечни производи, 10.61 производство на мелнички производи, 10.71 производство на леб; слатки (колачи и торти) во свежа состојба и бисквити (кекси), и 10.89 производство на останати преxранбени производи, неспомнати на друго место (само за производство на квасец). Исто така, договор може да склучат и потрошувачи на електрична енергија, јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни и/или пречистителни станици и основни и средни јавни училишта. Овие категории потрошувачи кои ќе сакаат да се префрлат на снабдување со електрична енергија од ЕСМ продажба, велат од АД ЕСМ, ќе треба да ги регулираат своите односи со нивните сегашни или досегашни снабдувачи, и додаваат дека АД ЕСМ тука нема никаква надлежност, вклученост и одговорност, односно тоа е однос меѓу трети страни. Согласно одлуката на Владата АД ЕСМ преку ЕСМ продажба до 30 април идната година има обврска да ги снабдува со поевтина електрична енергија производителите на основни прехранбени производи, водостопанските јавни претпријатија, основните и средните училишта и јавните здравствени установи. За физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија ЕСМ ќе нуди повластена цена на електричната енергија од 80 евра за мегават час исклучиво за потрошувачката на броилата за директно извршување на приоритетната дејност, односно исклучиво за производствениот процес. За јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни или пречистителни станици повластената цена ќе биде 95 евра за мегават час исто како и за 365-те основни и 109-те средни јавни училишта и за јавните здравствени установи. Процедурите, договорите и придружните документите потребни за склучување договори за снабдување на дел од прехранбената индустрија, водостопанствата и јавните училишта се поставени на официјалната веб страница на АД ЕСМ на линкот https://www.esm.com.mk/?p=14637 од каде засегнатите субјекти можат да ги симнат, пополнат и потпишат и да ги испратат на соодветните меил адреси кои се наведени во упатствата, како и во архивата на АД ЕСМ. -Одлуката на Владата е донесена со цел да се спречи растот на цените на основните прехранбени производи, да се одржи сигурност и континуитет во снабдувањето со вода и да се обезбеди електрична енергија за училиштата за непречено одвивање на наставата во текот на целиот есенски и зимски период, рече вчера премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата. Тој посочи дека документацијата и упатствата се крајно поедноставени. Побара компаниите од прехранбената дејност, кои ќе добијат струја по повластена цена, да бидат солидарни и да ги намалат цените на основните прехранбени производи за најмалку 10 проценти. И министерот за економија Крешник Бектеши неодамна рече дека очекува поради намалувањето на цената на електричната енергија, компаниите од прехранбената индустрија да ги поевтинат производите. Доколку, пак, некој ја злоупотреби ситуацијата и домашните основни производи ги продава поскапо од увезените, не е исклучено, рече, Владата да донесе и мерка за замрзнување на цените на одредени прехранбени производи. Според компаниите, поевтината струја за еден месец ќе овозможи стабилизирање на пазарот, по што може да се утврди намалувањето на цената на пекарските производи за околу 10 отсто. Завчера, коментирајќи ја официјалната инфлација од 19,8 проценти за октомври што ја објави Државниот завод за ревизија, премиерот Ковачевски порача дека нивото на инфлација е високо, не е високо само кај нас, туку во сите држави и е резултат на порастот на цените и на гасот, на електричната енергија и на прехранбените производи. -Не само што ме загрижува, туку тоа е нешто на што деноноќно работиме со министрите. Заради тоа донесовме одлука за цена на електрична енергија која ќе биде дадена на прехранбената индустрија за основните прехранбени производи, со цел цените да се намалат за најмалку 10 проценти. Затоа се донесе одлуката тие да се снабдуваат со струја преку ЕСМ со цена од 80 евра по мегават час, изјави тогаш Ковачевски во телевизиско гостување. Како што истакна вчера Ковачевски, Владата има јасен план за справување со кризата и дека производството на ЕСМ е зголемено за нешто над 25 проценти со што се задоволени потребите на конзумот на регулираниот пазар. – Досега во текот на изминатите неколку месеци, немаше увоз на електрична енергија за регулираниот пазар. Тоа значи дека она што Владата го постави како план, тоа и го остварува. Да не заборавиме дека досега немавме ниту еден ден без електрична енергија, иако во регионот имаше држави коишто имаа и по шест часа рестрикции во текот на денот, рече вчера Ковачевски. Владата, пак, вчера информираше дека АД ЕСМ на 8 ноември произведе 10.542 мегават часови електрична енергија од кои во термоелектраните се произведени 7.919, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 2.623 мегават часови, како и дека набави 2.400 мегават часови електрична енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/startuva-postapkata-za-poevtina-struja-za-del-od-prehranbenata-industrija-vodostopanstvata-i-uchilishta/feed/ 0
Поевтина струја за компаниите од прехранбената индустрија, училиштата и ЈП од областа на водоснабдувањето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poevtina-struja-za-kompaniite-od-prehranbenata-industrija-uchilishtata-i-jp-od-oblasta-na-vodosnabduvanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poevtina-struja-za-kompaniite-od-prehranbenata-industrija-uchilishtata-i-jp-od-oblasta-na-vodosnabduvanjeto/#respond Sun, 30 Oct 2022 14:32:59 +0000 https://kurir.mk/?p=752723

Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција, по денешната седница на Влада, информираше дека се донесени одлуки со кои ќе обезбеди поевтина струја за компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи, основните и средните училишта, како и за јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето кои работат со пуктни и прочистителни станици. За компаниите ќе биде обезбедена струја од 80 евра по мегават час и со ваквата одлука, Владата очекува дека ќе се влијае и врз стабилизирањето на крајната цена на основните прехранбени производи. – Ќе обезбедиме поевтина струја во износот од 80 евра по мегават час за компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи. Владината одлука се однесува на компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија. Со оваа мерка, производителите на основните прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја што крајно ќе влијае и на стабилизирањето на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании, нагласи Ковечевски. Претседателот на Владата потсети дека веќе било јавно соопштено од производителите на основните производи дека со ваква одлука цените треба да се намалат најмалку за 10 проценти. Основните и средните училишта ќе имаат можност до 1 декември да склучат договор со ЕСМ продажба за набавка на електрична енергија по цена од 95 евра за мегават час, а по истата цена со електрична енергија ќе може да се снабдуваат и јавните комунални претпријатија. – Во оваа тешка зима им помагаме и на основните и средните јавни училишта за да имаат непречено и сигурно снабдување со евтина струја. Основните и средните јавни училиште при прогласена кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија можат да склучат договор за снабдување со ЕСМ продажба по цена од 95 евра по мегават час. Можност за снабдување со електрична енергија обезбедувме и за јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето и од одведување на отпадни води кои работат со пуктни и прочистителни станици со што ќе обезбедиме непречено стабилно снабдување со вода на граѓаните како и одведувањето на отпадните води. Цената за оваа намена ќе биде 95 евра по мегават час електрична енергија, нагласи Ковечевски. Министерот за економија Крешник Бектеши појасни дека се работи за околу 200 компании. Посочи дека ќе се помогнат овие компании се со цел да се намали цената на основните прехранбени производи и да не се зголеми цената на водата. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poevtina-struja-za-kompaniite-od-prehranbenata-industrija-uchilishtata-i-jp-od-oblasta-na-vodosnabduvanjeto/feed/ 0
„Граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ ќе плаќаат поевтина струја“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-so-vmro-dpmne-kje-plakjaat-poevtina-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-so-vmro-dpmne-kje-plakjaat-poevtina-struja/#respond Fri, 16 Jul 2021 07:04:11 +0000 https://kurir.mk/?p=537455

Македонија нема веќе време за чекање 2021 година, а домаќинствата низ државата немаат достап до гас. ВМРО-ДПМНЕ има план како да ја гасифицира Македонија и за четири годишен мандат на идните општински и градски власти и до 50% од домаќинствата да добијат бесплатен приклучок на гас, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Ако сакаме почиста животна средина, гасот е неопходен. Граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ ќе плаќаат и поевтина струја. Планираме да го продолжиме животниот век на РЕК Битола и РЕК Осломеј до 2040 година, тоа ќе допринесе за поголемо производство и поевтина струја за сите. Парите од акцизата на дизелот која СДСМ ја воведе пред 2 години ќе завршат кај граѓаните. За проекти од областа на културата, спроти образованието. Време е државата да се развива правилно. Време е за Македонија за сите луѓе, велат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-so-vmro-dpmne-kje-plakjaat-poevtina-struja/feed/ 0
Мицкоски: Концептот на новите политики предвидува поевтина струја за сите граѓани во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-konceptot-na-novite-politiki-predviduva-poevtina-struja-za-site-gragjani-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-konceptot-na-novite-politiki-predviduva-poevtina-struja-za-site-gragjani-vo-makedonija/#respond Thu, 15 Jul 2021 08:31:09 +0000 https://kurir.mk/?p=537007

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вчеравечер на трибината „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ во Гази Баба го презентираше концептот „Македонија за сите луѓе“ според кој се предвидува намалување на цената на електричната енергија која ја плаќаат граѓаните со зголемување на домашното производство на електрична енергија. Мицкоски истакна дека прва меѓу бројните политики која е дел од концептот Македонија за сите луѓе е обезбедувањето на поевтина електрична енергија за сите домаќинства, која ќе се обезбеди со новата методологија, како и сериозни инвестициски циклуси во енергетиката со искористување на постоечките ресурси и градење и модернизирање на нови производни постојки. -Ние во концептот Македонија за сите луѓе во нашите политики нема само да , туку ќе понудиме решенија, имаме јасна методологија како да го зголемиме производството на струја кое сега е некаде на 60% од тоа што беше во 2017 година, нашата методологија е модернизација и инвестирање во еколошки филтри и десулфуризација во двете најголеми производни постојки тоа е РЕК Битола и РЕК Осломеј и продолжување на нивниот животен век до 2040 година, нешто кое е спротивно на она кое го ветува СДСМ и Зоран Заев, рече Мицкоски. Тој истакна дека колку повеќе ќе се произведува електрична енергија, со новата Методологија, модернизација и инвестирање во еколошки филтри, успешно ќе се добие поевтина електрична енергија за домаќинствата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-konceptot-na-novite-politiki-predviduva-poevtina-struja-za-site-gragjani-vo-makedonija/feed/ 0