поглавар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 12:44:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png поглавар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украина поднесе обвинение против поглаварот на Руската православна црква https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-podnese-obvinenie-protiv-poglavarot-na-ruskata-pravoslavna-tsrkva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-podnese-obvinenie-protiv-poglavarot-na-ruskata-pravoslavna-tsrkva/#respond Sat, 04 Nov 2023 13:44:08 +0000 https://kurir.mk/?p=896420

Украинските власти денеска соопштија дека поднеле кривична пријава против патријархот Кирил, поглавар на Руската православна црква. Највлијателниот духовен водач во Москва, поддржувач на претседателот Владимир Путин, ја нарече војната историска битка против „силите на злото“. Службата за безбедност на Украина соопшти дека заедно со канцеларијата на јавниот обвинител „собрале докази против поглаварот на Руската православна црква, Владимир Гундјаев (познат како Кирил)“. Се вели дека тој е „член на потесниот круг на највисокото воено и политичко раководство на Русија и ... еден од првите што јавно ја поддржа војната против Украина во целосен обем“. Го обвинуваат Кирил за „нарушување“ на територијалниот интегритет на Украина, оправдување на вооружена агресија и планирање и подготвување „агресивна војна“. „Се преземаат сеопфатни мерки за изведба на сторителот пред лицето на правдата за злосторства против нашата држава“, се вели во соопштението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-podnese-obvinenie-protiv-poglavarot-na-ruskata-pravoslavna-tsrkva/feed/ 0
Поглаварот на ИВЗ, Фетаи упати честитка на по повод Рамазан Бајрам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarot-na-ivz-fetai-upati-chestitka-na-po-povod-ramazan-bajram/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarot-na-ivz-fetai-upati-chestitka-na-po-povod-ramazan-bajram/#respond Thu, 20 Apr 2023 12:49:31 +0000 https://kurir.mk/?p=825954

По повод утрешниот празник Рамазан (Фитр) Бајрам честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ, реисул улема, Шаќир Фетаи, со желби и „молејќи се на Семоќниот Алах да ги прифати со Неговата милост сите наши молитви, нашиот пост, сите наши дела направени во свет месец“. - Во овие среќни денови Рамазанската школа нè научи да не ги заборавиме нашите луѓе кои имаат потреба: сиромашните, сираците, инвалидите но и нашите исламски институции. Затоа, на крајот на Рамазан, давањето на Садакатул Фитр ни стана обврска, како што Божјиот Пратеник ни покажа дека со давање на Садакатул Фитр го прочистуваме нашиот пост од прекумерни зборови. Со еден збор, Фитр Бајрам е прослава на доброто наспроти злото, духовно наспроти страсти, морално наспроти неморално, трпението наспроти нетрпеливоста, божественото наспроти сатанското. Сето тоа нé прави луѓе на акција, луѓе кои повикуваат да негуваме добри дела и луѓе кои спречуваат лоши дела, вели во честитката Фетаи. Со еден збор, се посочува во честитката на поглаварот Фетаи, Фитр Бајрам е прослава на доброто наспроти злото, духовно наспроти страсти, морално наспроти неморално, трпението наспроти нетрпеливоста, божественото наспроти сатанското. - Сето тоа нé прави луѓе на акција, луѓе кои повикуваат да негуваме добри дела и луѓе кои спречуваат лоши дела. Во овие денови на радоста на Фитр Бајрам, со чисти срца се обраќаме кон Семилосниот Алах, да ни даде сила на верување, можност да се одвратиме од гревовите, храброст да простиме и да се помириме, да се насмееме со другите, да негуваме сегашна и уште посветла иднина, да создадеме подобри можности и услови во нашето општество за да го запреме трендот на економски миграции. Го молиме Семоќниот Аллах да им даде радост и надеж на срцата на сиромашните, луѓето со физички и духовни проблеми, за денес и секогаш во животот да бидеме среќни и радосни, а пред сè - благодарни на Големиот Бог за неговите добринии што ни ги дал, се истакнува во честитката на Фетаи. Првиот ден од Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани на Република Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarot-na-ivz-fetai-upati-chestitka-na-po-povod-ramazan-bajram/feed/ 0
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Пред 115 години е роден г.г. Доситеј, првиот поглавар на МПЦ, кој отворено се спротивстави на политиката на СПЦ кон Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-pred-115-godini-e-roden-g-g-dositej-prviot-poglavar-na-mpc-koj-otvoreno-se-sprotivstavi-na-politikata-na-spc-kon-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-pred-115-godini-e-roden-g-g-dositej-prviot-poglavar-na-mpc-koj-otvoreno-se-sprotivstavi-na-politikata-na-spc-kon-makedonija/#respond Tue, 07 Dec 2021 21:55:05 +0000 https://kurir.mk/?p=605579

На денешен ден 7 декември 1906 година во Маврово е роден г.г. Доситеј, прв архиепископ охридски и македонски, поглавар на Македонската православна црква. Целиот свој живот го посветил на службата на Црквата. Тој будно го следел решението на македонското црковно прашање и вложувал максимални напори за негово разрешување преку обновата на Охридската архиепископија и создавањето на Македонската православна црква. На вториот Црковно-народен собир, одржан од 4 до 6 октомври 1958 година, бил избран за поглавар на МПЦ во обновената Охридската архиепископија. Под негово раководство бил свикан третиот Црковно-народен собир, одржан на 18 јули 1967 година, на кој МПЦ била прогласена за автокефална. Г.г. Доситеј активно се вклучил во решавањето на македонското црковно прашање и прифатил да биде кандидат за прв митрополит македонски – владика Македонец. На Црковно-народниот собор во Охрид, кога се возобновува Охридската архиепископија како Македонска православна црква, бил избран за прв поглавар, востоличен во архиерејскиот трон на св. Климент (4-5. X 1958) со титула Архиепископ Охридски и Скопски и прв митрополит Македонски. На митрополитскиот црковно-народен собор (17. VIII 1967) е прогласена автокефалноста на МПЦ, а архиепископот Доситеј – поглавар на автокефалната МПЦ. Мудро, чесно и самопожртвувано ја раководеше МПЦ во времето на своето 23-годишно архиепископување. Неговото крстено име е Димитар Стојковски, а се родил како четврто дете од осумте деца на Лазар и Софија. Израснал под планината на Бистра. Богословија започнал да учи во Сремски Карловци во 1922 година, а се замонашил во 1924 година, на 17 години, во „Св Богородица Пречиста“, Кичевско. Негов духовен татко бил игуменот Григориј. По одредените подготовки, Доситеј заминал за Света Гора, каде улогата на духовен татко, ја презел игуменот Митрофан од манасторот „Хилендер“. Доситеј останал на Света Гора до 1932 година, кога заради потребата од дошколување заминал во Битолската богословија. Како монах Доситеј престојувал и во манастирите „Св. Наум (Охрид), „Св. Богородица (Трескавец), Буковскиот манастир и други. Во меѓувреме, на 12.2.1934 г, од страна на владиката Николај, во црквата “Св. Богородица” во Битола, Доситеј бил произведен на ераѓакон, додека на Цветници го примил еромонашкиот чин. Доситеј длабоко во себе бил свесен за своето потекло. Обидите на епископот Николај Велимировиќ и од митрополитот Јосиф, да го одродат и да го преобразат Доситеј, а преку него и да ја шират големосрпската пропаганда не успеале. Богословијата во Битола ја завршил во 1937 година, а истата година Српската православна црква (СПЦ) не му доделила стипендија за да се запише на Теолошкиот факултет во Белград. Сепак бил прифатен од нишкиот епископ Доситеј, кој го примил во служба што му овозможило паралелно да студира на Теолошкиот факултет во Белград и да дипломира во 1942 година. Како последица на промените во Македонија за време на Втората светска војна, во СПЦ настануваат превирања. СПЦ сака да ја спроведе старата српска црковна политика и да го врати во Македонија стариот и омразен митрополит скопски Јосиф. Доситеј како Македонец, прво го отстрануваат од црквата и го испраќаат да управува со патријаршискиот двор во Сремски Карловци. Таму останува до 1949 година, кога прво добива титула архимандрит, а подоцна бил избран за Епископ топлички – викарен на Српскиот патријарх Викенти. Хиротонијата за викарен епископ се одржала на 22.07.1951 година. Доситеј ја сфаќа политиката на СПЦ и отворено се спротивставувал на ваквите намери. Во тоа време интензивно комуницирал со Иницијативниот одбор за организирање и за формирање на Македонската православна црква. Најголем дел од членови во Одборот биле македонски свештеници, кои по војната останале со народот и ја споделувале неговата судбина. На иницијатива на Одборот во декември 1951 година, Доситеј со благослов на српскиот патријарх Викентиј, ја посетил родната грутка. Тоа бил значаен датум за Македонците, бидејќи по ослободувањето во 1945 година, прв пат земјата ја посетил некој македонски Владика. Посетата на Доситеј во Македонија предизвикала негативни реакции кај екстремното свештенство на СПЦ, а по неговото враќање во Белград, било дочекан на нож од поранешниот скопски митрополит Јосиф. По посетата, Доситеј и Иницијативниот одбор ги интензивирале контактите при што се договарале за секој чекор поврзан со црковното осамостојување и возобновување на Охридската архиепископија. Во преговорите кои започнале помеѓу Иницијативниот одбор и Српската патријаршија, главно разговорите се воделе околу изборот на епархиските архијереји за испразнетите македонски епархии. Додека СПЦ инсистирала на враќање на нејзините стари епископи, пред се, на митрополитот Јован (поранешен четнички војвода и познат по својата асимилаторска политика), дотогаш Иницијативниот одбор решително се залагал на испразнетите места да дојдат Македонски епископи. Во 1957 година во кординација со Доситеј, Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ се согласил со СПЦ да ја усогласи организацијата во македонските епархии, во согласност со Уставот на СПЦ, а на патријархот српски Викентиј да му се признае статус администратор на трите епархии. Истовремено Синодот на СПЦ се обврзал на наредното Собрание на Светиот архијерејски собир (во мај 1958 г.) да се изврши избор на Македонци архијереји за сите три епархии. Иницијативниот одбор сметал дека на ваков начин конечно ќе се оствари идејата на Првиот македонски црковен народен собир од 1945 година и на Свештеничкото собрание на македонските свештеници од 1946 година. По договорот меѓу Одборот и Доситеј во април 1958 година, во канонска визитација на Македонија била висока црковна делегација на СПЦ, која ја претставувале патријархот Викентиј, епископот Јован, епископот Хризостон и викарниот епископ Доситеј. За време на оваа посета било покренато македонското црковно прашање. Но неочекувано, за разлика од изјавите на патријархот Викентиј при посетата на Македонија, во мај 1958 г. Светиот архијерејски синод на СПЦ донел спротивни одлуки. По ваквото нагло свртување на политиката на СПЦ, Одборот одлучил да свика Црковно-народен собир на кој ќе поднесе извештај за својата работа, но и да ја возобнови Охридската архиепископија. За тоа се правеле сериозни подготовки и во јули 1958 година бил свикан Собирот. Тоа било едно од најсложените прашања, кои требало да бидат во согласност со канонските правила, но и според желбите на народот кој барал идниот поглавар да биде Македонец. Единствена соодветна личност со совршено минато, монашко искуство и безброј искушенија бил неговото блажество – викарниот епископ Доситеј. Вториот црковно-народен собор се одржа во Охрид на 4.10.1958 година. На собирот учествуваа вкупно 219 делегати (свештеници и мирјани). На соборот во црквата „Св Софија“ беше донесена Одлуката за возобновување на Охридската архиепископија. Во оваа одлука, меѓудругото се вели: „’Овој Црковно-народен собор решава да се обнови старата македонска Охридска архиепископија која беше присилно укината, а епархиите припоени кон Цариградската патријаршија во 1767 година и истата да носи назив Македонска православна црква. Според основните канонски прописи, црковните граници да се поклопуваат со државните граници. Овој Собор решава црковните граници на епархиите на Македонската православна црква целосно да се поклопуваат со границите на Народна Република Македонија. Во состав на Македонската православна црква влегуваат Митрополијата скопска, епархиите Охридско-битолска и Злетовско-струмичка, со сите парохии кои се наоѓаат на територијата на Народна Република Македонија. На чело на Македонската православна црква стои митрополит, кој носи титула Архиепископ Охридски и Скопски и Митрополит Македонски. Седиштето на Митрополијата е во Скопје. Митрополитот со епархиските архијереји претставува највисока духовна власт на православната црква во Македонија. Животот и работата на македонската Митрополија, како и целиот црковен живот, ќе се одвива според Уставот и одредбите на Македонската православна црква, што овој Собор ќе ги донесе, како и според каноните на православството. Овој Собор ќе го избере првиот митрополит и епархиските архијереји на Македонската православна црква од средината на своите домашни синови“. Откако се донесе Одлука за возобновување на Охридската архиепископија, а во согласност на одлуката изборот на митрополитот и епархиските архијереји да биде од средината на своите домашни синови, Доситеј беше предложен за прв поглавар на Македонската православна црква и едногласно беше избран со титула Архиепископ Охридски и Скопски и прв Митрополит Македонски. Донесувањето на двете одлуки: за возобновување на Охридската архиепископија и за избор на Доситеј за поглавар, беше настан од историско значење и круна на она што толку макотрпно се работеше од 1943 па до 1958 година. За време на изборот биеја сите канбани во Охрид. По појавувањето на Доситеј во ‘Света Софија, прота Нестор Поповски официјално му ги соопшти Одлуката за возобновување на Охридската архиепископија и Одлуката за избор на прв поглавар на Македонската православна црква. Двесте години по укинувањето Охридската архиепископија, на митрополитскиот црковно-народен собор одржан на 17. VIII 1967 година беше прогласена автокефалноста на МПЦ, а архиепископот Доситеј за поглавар на автокефалната МПЦ. Во негово време од темел беше возобновена Црквата, со сите нејзини витални органи: епархиите, епископатот, свештенството, црковните општини во татковината и во дијаспората, црквите и манастирите, образованието и просветата. Во 1967 беше отворена Богословијата, а во 1977 г. Богословскиот факултет. Скопје. Се до своето упокојување на 20 мај 1981 година во Скопје, како поглавар на МПЦ, Доситеј мудро, чесно и самопожртвувано ја раководеше македонската црква. Возобновителот на Охридската архиепископија, Архиепископот Доситеј стана и остана симбол на МПЦ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-pred-115-godini-e-roden-g-g-dositej-prviot-poglavar-na-mpc-koj-otvoreno-se-sprotivstavi-na-politikata-na-spc-kon-makedonija/feed/ 0
За Владата се уште поглавар на ИВЗ бил Реисот кој ја прогласи короната за умрено, но набрзо се корегираа! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vladata-se-ushte-poglavar-na-ivz-bil-reisot-koj-ja-proglasi-koronata-za-umreno-no-nabrzo-se-koregiraa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vladata-se-ushte-poglavar-na-ivz-bil-reisot-koj-ja-proglasi-koronata-za-umreno-no-nabrzo-se-koregiraa/#respond Mon, 26 Apr 2021 21:21:13 +0000 https://kurir.mk/?p=502497

Во соопштението кое што првично беше испратено до медиумите од страна на Владата за поглавар на ИВЗ се уште бил реисот Сулејман Реџепи, но само за кратко, откако истите се корегираа и во соопштението го наведоа актуелниот поглавар, односно реисот Шаќир Фетаи. -Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со првиот-заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, се сретна со поглаварите на верските заедници во земјава - на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи. На состанокот е констатирано дека преземените мерки за заштита на јавното здравје дадоа резултати, што го покажува намалувањето на бројот на заболени лица и на граѓани кои имаат потреба да бидат згрижени во болниците, со што се создаваат и можности за поспокојно одбележување на верските празници Велигден и Рамазан Бајрам. Изразен е заеднички став дека ваквата ситуација не значи и опуштање, поради што Владата и верските лидери на МПЦ-ОА и на ИВЗ апелираат до сите граѓани и понатаму да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што од тоа ќе зависи и дали ќе има нови олабавувања на мерките и на полицискиот час. Владата и поглаварите на МПЦ-ОА и на ИВЗ, во пресрет на одбележувањето на верските празници, заеднички укажуваат дека од голема важност е дисциплината и индивидуалната одговорност на верниците и на граѓаните, во делот на почитувањето на важечките протоколи, како што се носењето маска на отворен и затворен простор, држење дистанца, негрупирање, присуството во внатрешноста на верските објекти да не е поголемо од 30-процентна исполнетост на капацитетот. Премиерот Заев и претставниците на Владата се заблагодарија на поглаварот Стефан и на реисот Шаќир Фетаи за придонесот во справувањето со пандемијата. Договорено е дека и Владата и МПЦ-ОА и ИВЗ ќе продолжат да се заложуваат за заштитата на јавното здравје, со што ќе се овозможи спокој и благодет во семејствата и во општеството, стои во корегираното соопштение од Владата. Претходно во истото соопштение беше наведено името на поранешниот поглавар на ИВЗ, односно на реисот Сулејман Реџепи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vladata-se-ushte-poglavar-na-ivz-bil-reisot-koj-ja-proglasi-koronata-za-umreno-no-nabrzo-se-koregiraa/feed/ 0
Поглаварот на ГПЦ пуштен од болница https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poglavarot-na-gpc-pushten-od-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poglavarot-na-gpc-pushten-od-bolnica/#respond Mon, 30 Nov 2020 15:28:22 +0000 https://kurir.mk/?p=436405

По 12 дена лекување со Ковид-19, поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос денеска беше пуштен од болница, јави дописничката на МИА од Атина. Од атинската болница „Евангелисмос“ соопштија дека кусо пред 16 часот, Јеронимос бил пуштен. Архиепископот Јеронимос на 19 ноември, со благи симптоми на коронавирусот, беше примен во болница откако добил позитивен резултат на тестот за Ковид-19, направен два дена претходно. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poglavarot-na-gpc-pushten-od-bolnica/feed/ 0
САД побараа од Белорусија да му дозволи враќање на поглаварот на Католичката црква во земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-pobaraa-od-belorusija-da-mu-dozvoli-vrakjanje-na-poglavarot-na-katolichkata-crkva-vo-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-pobaraa-od-belorusija-da-mu-dozvoli-vrakjanje-na-poglavarot-na-katolichkata-crkva-vo-zemjata/#respond Tue, 13 Oct 2020 15:58:17 +0000 https://kurir.mk/?p=415855

Американскиот државен секреар, Мајк Помпео, ги повика властите во Белорусија да му дозволат враќање во земјата на Тадеуш Кондрусевич, поглавар на Католичката црква во оваа земја. Белоруските власти му забранија на Кондрусевич да ја мине границата по патувањето во Полска, на 31 август. Oва е втор повик на Помпео до Минск верскиот лидер да биде пуштен да се врати дома, по оној на почетокот на септември. -Поминаа повеќе од 40 денови откако белоруските власти не дозволија враќање назад на државјанин на земјата, католичкиот поглавар Кондрусевич, основано на тоа дека верските лидери не треба јавно да се изјаснуваат против неправдите, изјави денеска Помпео. Тој додаде дека акциите на властите сами по себе се неправедни и ја погазуваат слободата на вероисповед. -Вероисповедта не е едноставна приватна работа. Ја повикувам белоруската Влада да ја исправи грешката и да дозволи лидерот на Римско-католичката црква во Белорусија, да се врати во својата земја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-pobaraa-od-belorusija-da-mu-dozvoli-vrakjanje-na-poglavarot-na-katolichkata-crkva-vo-zemjata/feed/ 0