погреби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Dec 2022 18:41:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png погреби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Владиката забрани погреби за време на Свети Никола, Божиќ и Велигден во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-zabrani-pogrebi-za-vreme-na-sveti-nikola-bozikj-i-veligden-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-zabrani-pogrebi-za-vreme-na-sveti-nikola-bozikj-i-veligden-vo-makedonija/#respond Mon, 19 Dec 2022 18:41:36 +0000 https://kurir.mk/?p=777783

Владиката г.г. Стефан забрани погреби за време на празнувањето на Св. Никола и правилото почнува да се применува од оваа година. Починатите од сабота, недела и од понеделник ќе се погребуваат во вторник, пренесува А1он. Скопската православна епархија за „А1он“ потврди дека нема погреби за време на празнувањето на Св. Никола, но верниците ќе треба да ги одложат погребите и за време на Божиќ и Велигден. -По барање на целокупното свештенство од Скопската православна епархија, а за што се известени и директорите на АД ‘Бутел’ – Скопје, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан дал благослов на денот на празнувањето на Св. Никола да не се извршуваат погребенија, пракса што црквата ќе ја применува и за саботните задушници, како и за празниците Божиќ и Велигден, кусо објаснуваат за „А1он“ од Скопската православна епархија. Од управата на Градските гробишта „Бутел“ за „А1он“ неофицијално појаснија дека забраната се однесува на верските обреди поврзани со погребите, а не и на самиот чин на погребување. Доколку некој реши, погреб може да се организира, вклучително со изложување на починатиот во капела, но нема да има поп. Нивните служби се достапни за граѓаните без прекин во текот на целата година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-zabrani-pogrebi-za-vreme-na-sveti-nikola-bozikj-i-veligden-vo-makedonija/feed/ 0
И ПОГРЕБИТЕ И ВЕНЧАВКИТЕ СЕ ПОСКАПЕНИ: Црковните услуги со повисоки цени, еве го новиот ценовник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-pogrebite-i-venchavkite-se-poskapeni-crkovnite-uslugi-so-povisoki-ceni-eve-go-noviot-cenovnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-pogrebite-i-venchavkite-se-poskapeni-crkovnite-uslugi-so-povisoki-ceni-eve-go-noviot-cenovnik/#respond Sun, 20 Mar 2022 17:41:46 +0000 https://kurir.mk/?p=650295

И црквата ги покачи цените за црковните услуги. Според новиот таксеник на Преспанско-пелагониската епархија најскапи се венчавките и погребите. За венчавка црквата наплаќа 7.700 денари, а погреб чини од 3.000 до 5.000 денари, во зависност дали е со 1 или со 3 свештеници. Крштевката е 3.800 денари, а цените на другите црковни треби како парастоси, задушница, водосвет се од 200 до 2.000 денари, објави Телма. Новиот таксеник во црквите на Преспанско-пелагониската епархија е со важност од февруари годинава, а цените се покачени од 50 до 500 денари во зависност од услугата. Дел од битолчани велат дека цените се превисоки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-pogrebite-i-venchavkite-se-poskapeni-crkovnite-uslugi-so-povisoki-ceni-eve-go-noviot-cenovnik/feed/ 0
Рим денеска како Бергамо некогаш: Не можат да постигнат да погребаат луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rim-deneska-kako-bergamo-nekogash-ne-mozat-da-postignat-da-pogrebaat-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rim-deneska-kako-bergamo-nekogash-ne-mozat-da-postignat-da-pogrebaat-lugje/#respond Tue, 13 Apr 2021 10:52:10 +0000 https://kurir.mk/?p=496440

Во Рим, како во Бергамо минатата година, градската компанија за погреб не успева да ги кремира или погреба сите мртви, поради зголемената смртност во последно време, објави компанијата, пренесува „Хафингтон пост“. Компанијата ги покани сите погребални компании кои можат да се придружат во погребањето. Исто така, градската компанија за погреб има намера да ангажира нови работници „поради значително зголемување на работата“. Но, сликата од римската мртовечница не е осамена, пишува весникот и потсетува дека е надмината бројката од еден милион смртни случаи од коронавирусот во Европа. - Нашиот континент со 52 земји и региони е најпогоден од пандемијата „Ковид-19“, со еден милион и 228 жртви на инфекцијата, и затоа е пред Јужна Америка, Канада и Соединетите Американски Држави - пишува весникот .]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rim-deneska-kako-bergamo-nekogash-ne-mozat-da-postignat-da-pogrebaat-lugje/feed/ 0
Тага до небото: Шест бели ковчези – последно збогум за младите кои се загушија на новогодишната ноќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/taga-do-neboto-shest-beli-kovchezi-posledno-zbogum-za-mladite-koi-se-zagushija-na-novogodishnata-nokj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/taga-do-neboto-shest-beli-kovchezi-posledno-zbogum-za-mladite-koi-se-zagushija-na-novogodishnata-nokj/#respond Mon, 04 Jan 2021 14:01:15 +0000 https://kurir.mk/?p=451905

Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Шана Павковиќ, Миа Солдо, Стипе Павковиќ и Марија Павковиќ, кои починаа на новогодишната ноќ од гушење со гас во викенд куќа, се погребани денеска пред црквата Свети Јован Крстител на Ракитно. Во истата црква започнаа погребните обреди и молитви, а заедничката миса е предводена од епископот мостарски и дувањски и апостолскиот администратор на Требиње и Мркањ, Петар Палиќ. Ковчези со телата на жртвите беа изложени пред црквата пред погребите. Потсетуваме, четири девојчиња и четири момчиња трагично починаа на новогодишната ноќ во Трибистово кај Посушје. Вчера беа погребани Мирела Резо и Стјепан Јукиќ . Гробиштата на Мартиќ Криш беа премали за секој што сакаше да им подаде рака на родителите и да им испрати утешни зборови за двајца млади кои си заминаа од овој свет. Осуммината тинејџери во Посушје, Босна и Херцеговина се задушиле од отровен гас од агрегаторот за греење во викенд куќата во која славеле Нова година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/taga-do-neboto-shest-beli-kovchezi-posledno-zbogum-za-mladite-koi-se-zagushija-na-novogodishnata-nokj/feed/ 0
Во Солун просечно има по шест погреби дневно на починати од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-solun-prosechno-ima-po-shest-pogrebi-dnevno-na-pochinati-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-solun-prosechno-ima-po-shest-pogrebi-dnevno-na-pochinati-od-kovid-19/#respond Thu, 19 Nov 2020 15:47:05 +0000 https://kurir.mk/?p=431881

Заменик- градоначалникот на Солун, Јоргос Арвалис, за информативниот портал „Вориа“, вели дека во просек, во градот има по шест погреби дневно на лица кои ја загубиле битката со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина. Порталот коментира дека бројот на смртни случаи на дневно ниво во Солун е значајно повисок во споредба со првиот бран, а на градските гробишта постои посебен дел со гробни места за оние кои починале од коронавирусот. -Секојдневно имаме во просек по шест погреби на луѓе кои починале од Ковид. Најмногу имавме осум, а најмалку четири. Побројни се во споредба со март, кога ја одредивме областа и ги отворивме првите 50 гробни места. Во тој период имавме малку починати и не беа секој ден, вели Јоргос Арвалис заменик- градоначалникот на Солун надлежен за деловно планирање, дигитално управување и миграциска политика. Арвалис додава дека до минатиот четврток биле исполнети околу 50 гробници, а денеска се веќе 83.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-solun-prosechno-ima-po-shest-pogrebi-dnevno-na-pochinati-od-kovid-19/feed/ 0