погребна церемонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Jan 2023 10:19:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png погребна церемонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Одржана погребната церемонија на Бенедикт Шеснаесетти пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-odrzana-pogrebnata-ceremonija-na-benedikt-shesnaesetti-pred-bazilikata-sveti-petar-vo-vatikan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-odrzana-pogrebnata-ceremonija-na-benedikt-shesnaesetti-pred-bazilikata-sveti-petar-vo-vatikan/#respond Thu, 05 Jan 2023 10:19:48 +0000 https://kurir.mk/?p=783952

Со изнесувањето на ковчегот со посмртните останки на Бенедикт Шеснаесетти на плоштадот „Свети Петар“ пред истоимената базилика во Ватикан денеска започна погребната церемонија на поранешниот поглавар на Римокатоличката црква. Огромна толпа верници и великодостојници, јавни личности и обични луѓе со аплауз го пречекаа ковчегот пред базиликата. Меѓу официјалните гости присутни се претседателите на Италија, Германија, Полска и на Того, канцеларот на Германија, кралот на Белгија, францускиот министер за внатрешни работи, поранешната шпанска кралица Софија. Заврши двочасовната литургија за починатиот папа, предводена од папата Франциск, во сослужение на бројни кардинали, бискупи и свештеници. Луѓето почнаа да се собираат на плоштадот пред базиликата уште во текот на ноќта. Меѓу нив имаше и следбеници на Бенедикт Шеснаесетти кои потекнуваат од неговата родна Баварија, облечени во традиционална баварска облека. Некои од нив држеа плакати на кои на германски пишува „Благодарам Бенедикт“. Погребната церемонија ја следеа илјада новинари од целиот свет. Светата столица го објави и текстот што го сумира понтификатот на Бенедикт Шеснаесетти, што во метален цилиндар ќе биде ставен во неговиот ковчег. Во текстот меѓу другото се наведува дека поранешниот папа „одлучно се борел против злосторствата што претставниците на свештенството ги направиле против малолетници и луѓе на кои им била потребна заштита, како и оти постојано ја повикувал црквата на промени, на молитви, на покајание и прочистување“, јави ДПА. За време на понтификатот на Бенедикт Шеснаесетти и низ годините откако тој се повлече, имаше бројни обвинувања дека не направил доволно за да ја исчисти црквата од погрешните лица, откако се појавија докази за злоупотреби во осумте години додека тој беше на чело на Римокатоличката црква.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-odrzana-pogrebnata-ceremonija-na-benedikt-shesnaesetti-pred-bazilikata-sveti-petar-vo-vatikan/feed/ 0
ФОТО: Погребна церемонија на принцот Филип, едноминутно национално молчење https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-pogrebna-ceremonija-na-princot-filip-ednominutno-nacionalno-molchenje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-pogrebna-ceremonija-na-princot-filip-ednominutno-nacionalno-molchenje/#respond Sat, 17 Apr 2021 15:13:37 +0000 https://kurir.mk/?p=498567

Во капелата на замокот Виндзор во тек е погребот на принцот Филип, кој самиот го испланирал до најситни детали. Кралицата Елизабета Втора ќе се збогува со својот сопруг, со кого помина 73 години, во тесен круг на роднини, и во согласност со сегашните епидемиолошки мерки во Велика Британија. Принцот Филип почина на 99-годишна возраст во замокот Виндзор, по краток период на лошо здравје, поради што мораше да биде хоспитализиран неколку недели. Во шест часот наутро, ковчегот со телото на принцот беше преместен од приватната капела во салата, од каде започна поворката. Луѓето, кои не учествуваат во поворката, заминаа кон капелата нешто по девет часот. Телото на принцот беше положено на автомобил што тој самиот го дизајнирал и беше пренесено на местото за почивање. Капелата Свети Ѓорѓи е местото каде што се собираат учесниците на поворката, меѓу кои принцовите Чарлс, Вилијам и Хари, кој дојде без неговата сопруга Меган Маркл. Меѓу членовите на семејството и гостите кои не учествуваат во поворката се војвотката од Корнвол, Камила, принцезата Јуџини, Кејт и Зара и други членови на кралското семејство. Поворката стигна до капелата во 9.53 часот, каде што во 10 часот се одржа национално едноминутно молчење. Архиепископот од Кантербери ќе ја води службата, а гостите, вкупно 30, ќе седат со почит на оддалеченост од два метра, со маски. Хор од само четири члена ќе ги пее делата избрани од војводата од Единбург. На крајот на службата, телото на принцот ќе биде сместено во кралската крипта во капелата. На ковчегот на принцот е положен неговиот личен грб, морнарска капа, меч и венец со цвеќиња.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-pogrebna-ceremonija-na-princot-filip-ednominutno-nacionalno-molchenje/feed/ 0