појас газа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 06:32:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png појас газа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УНРВА: Недостигот на гориво има катастрофални последици врз Појасот Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unrva-nedostigot-na-gorivo-ima-katastrofalni-posleditsi-vrz-pojasot-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unrva-nedostigot-na-gorivo-ima-katastrofalni-posleditsi-vrz-pojasot-gaza/#respond Fri, 03 Nov 2023 06:53:15 +0000 https://kurir.mk/?p=896013

Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (UNRWA) објави дека недостатокот на гориво има „погубни последици за болниците, пекарниците и погоните за вода“ во Појасот Газа. „Залихите на гориво за здравствените установи ќе бидат целосно исцрпени за неколку дена, што го става во ризик обезбедувањето на здравствените услуги“, се наведува во соопштението, пренесува Ал Џезира. Оттаму додаваат дека оштетувањата врз водоводната и санитарната инфраструктура, како и ограничената достапност на горивото, создава дополнителни ризици за јавното здравје на жителите на Појасот Газа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unrva-nedostigot-na-gorivo-ima-katastrofalni-posleditsi-vrz-pojasot-gaza/feed/ 0
Во нападите врз бегалскиот камп Џабалија загинаа 195 луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-napadite-vrz-begalskiot-kamp-dhabalija-zaginaa-195-luge/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-napadite-vrz-begalskiot-kamp-dhabalija-zaginaa-195-luge/#respond Thu, 02 Nov 2023 09:07:10 +0000 https://kurir.mk/?p=895664

Владата на Хамас во Појасот Газа денеска соопшти дека во израелските напади оваа недела врз бегалскиот камп Џабалија, загинале 195 луѓе. - Жртвите на првиот и вториот масакр во Џабалија надминаа 1.000, вклучително и маченици и повредени, се наведува во соопштението на владата на Хамас. Во соопштението се посочува дека помеѓу загинатите се 195 маченици, 120 се водат како исчезнати под урнатините и 777 се повредени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-napadite-vrz-begalskiot-kamp-dhabalija-zaginaa-195-luge/feed/ 0
ИДФ: Од почетокот на војната погодени се 11.000 „терористички цели“ во Појасот Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/idf-od-pochetokot-na-vojnata-pogodeni-se-11-000-teroristichki-tseli-vo-pojasot-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/idf-od-pochetokot-na-vojnata-pogodeni-se-11-000-teroristichki-tseli-vo-pojasot-gaza/#respond Wed, 01 Nov 2023 07:16:16 +0000 https://kurir.mk/?p=895154

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во текот на ноќта продолжила копнената операција врз десетици цели на Хамас во Појасот Газа. Во текот на ноќта, копнените сили ги упатија воздухопловните сили да нападнат зграда во Џабалија каде што беа собрани голем број оперативци на Хамас, се наведува во соопштението на ИДФ. Според ИДФ од почетокот на војната биле погодени околу 11.000 локации на Хамас и други терористички групи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/idf-od-pochetokot-na-vojnata-pogodeni-se-11-000-teroristichki-tseli-vo-pojasot-gaza/feed/ 0
Ужасна статистика: Бројот на загинати во Појасот Газа се искачи над 8.306 луѓе, од нив 3.457 се деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhasna-statistika-brojot-na-zaginati-vo-pojasot-gaza-se-iskachi-nad-8-306-luge-od-niv-3-457-se-detsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhasna-statistika-brojot-na-zaginati-vo-pojasot-gaza-se-iskachi-nad-8-306-luge-od-niv-3-457-se-detsa/#respond Mon, 30 Oct 2023 12:36:11 +0000 https://kurir.mk/?p=894501

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека бројот на загинати од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас се искачи на 8.306 луѓе. Во борбите што почнаа на 7 октомври повредени се 21.000 лица. Според палестинското Министерство за здравство помеѓу загинатите 3.457 деца и 2.136 жени. Жртвите на нападот на Хамас врз Израел се 1.400 луѓе, а над 200 лица, меѓу кои и странци, беа земени како заложници и однесени во Појасот Газа.  (МИА) Фото: ЕПА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhasna-statistika-brojot-na-zaginati-vo-pojasot-gaza-se-iskachi-nad-8-306-luge-od-niv-3-457-se-detsa/feed/ 0
Во Појасот Газа влегоа 12 камиони со хуманитарна помош https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-pojasot-gaza-vlegoa-12-kamioni-so-humanitarna-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-pojasot-gaza-vlegoa-12-kamioni-so-humanitarna-pomosh/#respond Thu, 26 Oct 2023 12:17:28 +0000 https://kurir.mk/?p=893393

Во Појасот Газа денеска влегоа 12 камиони со хуманитарна помош, јавија локалните медиуми. Во камионите има храна, вода и лекови, пишува Тајмс оф Израел. Со тоа бројот на камиони со хуманитарна помош што влегоа во Газа изнесува 74. Меѓународните хуманитарни организации предупредуваат дека состојбата во Газа е лоша и бараат помошта да се достави побрзо. Светската здравствена организација претходно денеска повика на итен и непречен пристап на хуманитарна помош до Газа, за да може да профункционира здравствениот систем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-pojasot-gaza-vlegoa-12-kamioni-so-humanitarna-pomosh/feed/ 0
СЗО: Речиси две третини од здравствените установи во Газа запреа со работа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-rechisi-dve-tretini-od-zdravstvenite-ustanovi-vo-gaza-zaprea-so-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-rechisi-dve-tretini-od-zdravstvenite-ustanovi-vo-gaza-zaprea-so-rabota/#respond Tue, 24 Oct 2023 13:37:43 +0000 https://kurir.mk/?p=892551

Речиси две третини од здравствените установи во Газа престанаа да работат поради масовното и смртоносно зголемување на израелските воздушни напади на територијата, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Вкупно 46 од 72 здравствени установи, вклучително и 12 од 35 болници, престанаа да функционираат низ Газа, соопшти СЗО. Палестинските здравствени власти соопштија дека недостигот на електрична енергија и гориво за генераторите поради израелската блокада, како и штетата од воздушните напади, принудиле многу објекти да затворат. Здравствениот систем во Појасот Газа „доживеа целосен колапс поради израелската војна“, изјави портпаролот на Министерството за здравство во Газа Ашраф ал-Кудра. Тој рече дека 65 медицински лица се убиени, а 25 амбулантни возила се уништени во израелските воздушни напади од 7 октомври. - Дванаесет болници и 42 здравствени домови беа принудени да запрат со работа. Стравуваме дека уште многу ќе прекинат со работа во наредните часови поради недостиг на гориво, изјави претходно денеска портпаролот на Министерството за здравство во Газа. - Деца, жени и старци сочинуваат околу 70 отсто од жртвите, рече Ал-Кудра, додавајќи дека околу 1.550 луѓе се пријавени за заробени под урнатините, вклучувајќи 870 деца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-rechisi-dve-tretini-od-zdravstvenite-ustanovi-vo-gaza-zaprea-so-rabota/feed/ 0
Израел бомбардира стотици цели во Појасот Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-bombardira-stotitsi-tseli-vo-pojasot-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-bombardira-stotitsi-tseli-vo-pojasot-gaza/#respond Tue, 24 Oct 2023 06:42:57 +0000 https://kurir.mk/?p=892366

Израелската војска утрово соопшти дека повторно бомбардирала стотици цели во Појасот Газа, при што загинале неколку команданти на исламистичкиот Хамас. - Во текот на последниот ден, ИДФ погоди над 400 терористички цели и уби неколку команданти на Хамас и бројни оперативци кои подготвуваа напади, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ) на социјалните мрежи. - Во широка операција за разбивање на терористичките способности на Хамас, ИДФ погоди десетици вооружени лица на Хамас кои се подготвуваа да истрелаат ракети и да извршат терористички напади врз израелскиот домашен фронт, соопшти војската, додавајќи дека борбените авиони на ИДФ „погодиле десетици локации на терористичката инфраструктура и терените на Хамас“ во пет населби. Авион на ИДФ, исто така, „погодил отвор на оперативен тунел на Хамас што им овозможувал на терористичките оперативци брз пристап до крајбрежјето“ и „командните центри што ги користат оперативците на Хамас и местата kade што се планираат активности лоцирани во џамии што ги користи Хамас“. Војската соопшти дека во нападите ги убила и замениците команданти на три баталјони. Вооружени милитанти на Хамас го нападнаа Израел на 7 октомври, убивајќи повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили во пограничната област, и киднапирајќи повеќе од 200 други, според израелската армија. Израел одговори на терористичкиот напад со силно бомбардирање на Појасот Газа во кое досега загинаа над 5.000 луѓе, според Министерството за здравство на Хамас. Овие бројки не можат да се потврдат независно. На границите на крајбрежниот појас, каде живеат повеќе од два милиони луѓе, израелската армија се подготвува за евентуална копнена офанзива. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-bombardira-stotitsi-tseli-vo-pojasot-gaza/feed/ 0
ИДФ продолжија со напаѓање цели на Хамас во Појасот Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/idf-prodolzhija-so-napagane-tseli-na-hamas-vo-pojasot-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/idf-prodolzhija-so-napagane-tseli-na-hamas-vo-pojasot-gaza/#respond Fri, 20 Oct 2023 08:51:56 +0000 https://kurir.mk/?p=891114

Израелските бомбардирања против позициите на Хамас во Појасот Газа продолжија и синоќа, речиси две недели по нападот врз Израел во кој животот го загубија повеќе од 1.400 луѓе, јави ДПА. -Борбени авиони нападнаа повеќе од 100 позиции и убиле припадник на палестинската група за која наводно учествувал во нападот на Хамас на 7 октомври, соопштија утрово Израелските одбранбени сили (ИДФ). Претставници на ИДФ додадоа дека биле бомбардирани тунел, магацини за оружје и десетици командни центри. Дополнително, при целен напад на градот Газа, била „ликвидирана дивизија на Хамас“. Објектите и оружјето на групата биле уништени во џамија северно од градот Џабалија, за кој Израел рече дека се користи како место за набљудување и тренинг. Израел одговори на нападот од страна на милитантите на Хамас со силно бомбардирање на Појасот Газа, во кој според палестинските власти досега загинаа 3.785 луѓе. На границите на крајбрежната енклава, каде живеат повеќе од два милиони луѓе, израелската Армија се подготвува за можна копнена офанзива. Хамас држи повеќе од 200 заложници во Газа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/idf-prodolzhija-so-napagane-tseli-na-hamas-vo-pojasot-gaza/feed/ 0
Европскиот парламент повика на „хуманитарна пауза“ во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-parlament-povika-na-humanitarna-pauza-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-parlament-povika-na-humanitarna-pauza-vo-gaza/#respond Thu, 19 Oct 2023 15:14:55 +0000 https://kurir.mk/?p=890875

Европскиот парламент денеска повика на „хуманитарна пауза“ во Појасот Газа за да се обезбеди помошта да стигне до оние на кои им е потребна и нагласи дека Израел може да се брани само во рамките на меѓународното право. Необврзувачката резолуција беше усвоена со 500 гласа „за“ и 21 „против“, а 24 воздржани. Европратениците, исто така, повикаа на итно ослободување на сите заложници заробени од Хамас во јужен Израел и одведени во Газа. Израел денеска продолжи со нападите врз Појасот Газа, додека конвоите со хуманитарна помош сè уште се блокирани на границата со Египет.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-parlament-povika-na-humanitarna-pauza-vo-gaza/feed/ 0
Израел: Хамас изведува воздушни напади од Газа, сè повеќе неуспешни ракетни лансирања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-hamas-izveduva-vozdushni-napadi-od-gaza-se-poveke-neuspeshni-raketni-lansirana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-hamas-izveduva-vozdushni-napadi-od-gaza-se-poveke-neuspeshni-raketni-lansirana/#respond Wed, 18 Oct 2023 12:24:30 +0000 https://kurir.mk/?p=890347

Израелската војска соопшти дека 450 ракети биле истрелани од Газа во Израел. Тие додаваат и дека се зголемува бројот на неуспешни ракетни лансирања од Газа. Во серија твитови, израелските воздухопловни сили соопштија дека Хамас „континуирано ги користи цивилите во Појасот Газа како жив штит“. Израелските сили тврдат дека лансирањето се врши до згради во кои се сместени цивили „како што се болници, училишта на ОН, џамии, ресторани, дипломатски згради и хотели“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-hamas-izveduva-vozdushni-napadi-od-gaza-se-poveke-neuspeshni-raketni-lansirana/feed/ 0