покана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Dec 2022 13:40:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png покана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зеленски поканет да ја посети ЕУ следната година за да разговара за поголема поддршка за воените напори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-pokanet-da-ja-poseti-eu-slednata-godina-za-da-razgovara-za-pogolema-poddrshka-za-voenite-napori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-pokanet-da-ja-poseti-eu-slednata-godina-za-da-razgovara-za-pogolema-poddrshka-za-voenite-napori/#respond Thu, 22 Dec 2022 13:40:55 +0000 https://kurir.mk/?p=779136

На 3 февруари следната година ќе се одржи Самит меѓу ЕУ и Украина, на кој ќе присуствуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски, претседателот на ЕУ Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, потврди денеска портпаролот на Советот на ЕУ. – Можам да потврдам дека Самитот ЕУ-Украина ќе се одржи на 3 февруари и има отворена покана до претседателот Зеленски да го посети Брисел, рече Баренд Лејтс, портпарол на Шарл Мишел. Тој прецизираше дека „Самитот нема да биде меѓу 27-те лидери на ЕУ, туку со претседателот на Советот на ЕУ и претседателката на Европската комисија“. Засега не се знае дали Самитот ќе се одржи во Брисел или во некоја друг град во Унијата. Официјални лица велат дека темата на самитот најверојатно ќе биде како ЕУ може да продолжи да ја поддржува Украина во војната против Русија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-pokanet-da-ja-poseti-eu-slednata-godina-za-da-razgovara-za-pogolema-poddrshka-za-voenite-napori/feed/ 0
Мета ги покани Рама и Бала да го одредат датумот за избори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-gi-pokani-rama-i-bala-da-go-odredat-datumot-za-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-gi-pokani-rama-i-bala-da-go-odredat-datumot-za-izbori/#respond Tue, 01 Sep 2020 12:01:31 +0000 https://kurir.mk/?p=397759

Албанскиот претседател Илир Мета ги почнува консултациите со политичките партии околу одредувањето датум за парламентарните избори што треба да се одржат во јуни до година. Во писмото упатено до координаторот на пратеничката група на владејачката Социјалистичка партија, Таулант Бала, Мета го поканува лидерот на партијата, Еди Рама или други партиски личности овластени од него, на средба в петок, 4 септември во 11:00 часот во претседателската резиденција. Истиот ден во 12:00 часот планирана е средба со Љуљзим Баша лидер на најголемата опозициска сила, Демократската партија. „Во согласност со неговите уставни надлежности, по стапувањето во сила на уставните измени во изборниот законик, но и во рамки на веќе воспоставената добра традиција, Претседателот одлучи да почне со консултации со политичките партии, со цел одредување датум за идните парламентарни избори, стои во писмото потпишано од директорот на претседателскиот кабинет кое завршува со зборовите „Со верба и благодарност за овој важен процес“. Во меѓувреме партиите веќе ги почнаа активностите околу одредувањето кандидати кои ќе се најдат на изборните листи за пратеници, преку предлагање во базата, по што ќе следува избор во највисоките партиски органи. Последните парламентарните избори во Албанија се одржаа на 26 јуни 2017 година. На овие и на претходните во 2013 година победата ја однесе левата коалиција, предводена од социјалистите на Рама. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-gi-pokani-rama-i-bala-da-go-odredat-datumot-za-izbori/feed/ 0
ФОТО: Се омажи екс сопругата на Чарли Шин, актерот поканет на свадбата https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-se-omazi-eks-soprugata-na-charli-shin-akterot-pokanet-na-svadbata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-se-omazi-eks-soprugata-na-charli-shin-akterot-pokanet-na-svadbata/#respond Tue, 11 Sep 2018 06:21:24 +0000 https://kurir.mk/?p=99137

Поранешната сопруга на славниот актер Чарли Шин, Дениз Ричардс, повторно стапна на лудиот камен во својата 47 година. Венчавката била одржана на Малибу, а на истата присуствувале само најблиските членови на семјството и мал круг на пријатели. Дениз судбоносното „ДА“ го извори со својот партнер, актерот Арон Фајперс, а Чарли бил поканет на прославата. Тој сепак не се појавил, но на младенците им посакал се најубаво во заедничкиот брачен живот. За потсетување Чарли и Дениз се венчаа во 2002 година и во брак беа 4 години. Имаат две ќерки Лолу Роуз (13) и Сем (14).]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-se-omazi-eks-soprugata-na-charli-shin-akterot-pokanet-na-svadbata/feed/ 0
Како да го поканите на состанок момчето кое ви се допаѓа? https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/kako-da-go-pokanite-na-sostanok-momcheto-koe-vi-se-dopagja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/kako-da-go-pokanite-na-sostanok-momcheto-koe-vi-se-dopagja/#respond Fri, 17 Aug 2018 13:49:04 +0000 https://kurir.mk/?p=66093

Во реалниот живот поканата за состанок може да биде навистина комплицирана. Сепак ова е смешно бидејќи е навистина лесно да го направите тоа. Но со појавата на онлајн состанувањето и апликациите на состанување, поканувањето на состанок во живо може да биде стресно. Како и да е, ова е вештина што би требало да ја поседувате. Обично девојките се научени дека не треба да им пријдат на момчињата и треба да разговараат само со момчиња што први започнале разговор. Проблемот со ова е што мажите не им пријдуваат на девојките од неколку причини. На пример, многу се помали шансите да бидат одбиени онлајн отколку во живо. Без разлика која е вашата сексуална определеност, не постојат правила за тоа како треба да поканите некој на состанок. За среќа постојат неколку начини и трикови што ќе ви го направат ова многу полесно. 1. Смислете неповрзано прашање Првиот чекор што треба да го направите е да му поставите индиректно прашање на момчето кое не е поврзано со него. Ако сте во кафетерија, прашајте го што има во некој вид кафе. Ако сте во ресторан со пријателка, замолете го да ве фотографира и потоа кажете му дека направил убава фотографија. Целта на интеракцијата со некој што не го познавате е да прашате индиректно прашање што ќе предизвика разговор. Секој мал детаљ што ќе го забележите можете да го искористите во ваша корист. 2. Направете извештај Кога разговарате со некој нов, како на пример со личност со којашто имате заеднички пријател, нема потреба да бидете многу директни. Пред да го поканите на состанок, подгответе се. Нема ништо понепријатно од тоа тотален странец да ве покани на пијачка без никаков контекст. Пред поканата, обидете се да се запознаете преку излегување со други пријатели. Ако го забележите со неговите пријатели, поканете ја неговата група да седи со вашата. На овој начин ќе поминете повеќе време заедно. 3. Покажете самодоверба Започнете го разговорот полни со самодоверба. Тргнете со помислата дека таа личност веќе ве смета за привлечни. Кога сте возбудени за некого ќе сакате да бидете најдобрата верзија од себе. Жените со најголема самодоверба ги одбираат најдобрите партнери. Ова не е бидејќи се најубави или најзгодни или со најдобра облека. Тие едноставно се чувствуваат удобно во својата кожа и не им е непријатно кога разговараат со потенцијален партнер. 4. Завршете го разговорот со тоа што ќе му го дадете вашиот број Ако момчето разговара со вас подолго и ви поставува прашања за вас, сигурно има потенцијал. Штом ќе разговарате кратко, најдобриот начин да го завршите разговорот е да му го дадете вашиот број. Можете да му кажете дека ви било забавно и да го понудите бројот. Ова нема очекувања и не изгледа нападно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/kako-da-go-pokanite-na-sostanok-momcheto-koe-vi-se-dopagja/feed/ 0