покојничка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 14 Jun 2023 07:37:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png покојничка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Покојничка“ ги изненадила своите блиски на погреб https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pokojnichka-gi-iznenadila-svoite-bliski-na-pogreb/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pokojnichka-gi-iznenadila-svoite-bliski-na-pogreb/#respond Wed, 14 Jun 2023 07:37:25 +0000 https://kurir.mk/?p=845517

На погреб во Еквадор, ужалените присутни биле изненадени кога жената во ковчегот покажала дека - сè уште дише... Имено, Бела Монтоја (76) по грешка била прогласена за мртва од лекар во градот Бабахојo, по сомнителен случај со мозочен удар. Возрасната жена потоа била ставена во ковчег и однесена во капела, пред претстојниот погреб. Но, кога го отвориле ковчегот по речиси пет часа заради пресоблекувањето пред закопот, жената дишела, но се мачела да земе воздух. - Мајка ми почна да ја движи левата рака, да ги отвора очите, устата, да се бори за воздух. Сфатив дека мајка ми е сè уште жива. Неколку минути подоцна пристигна итната служба и таа беше вратена во болницата, каде што претходно била констатирана смртта. Сега е сместена на интензивна нега, но е свесна, изјави нејзиниот син Гилберт Балберан. Бела не е единствената личност која „оживеала“ откако официјално била прогласена за мртва. Д-р Стјуарт Хјуз, предавач на Медицинскиот факултет при Универзитетот Англија Раскин во Челмсфорд, рече дека таквите случаи се многу ретки, но се случува и ова. - Смртта е процес. Понекогаш некој може да изгледа како да е мртов, но не е... Потребно е внимателно испитување за да се потврди смртта, изјави Хјуз за Би-би-си.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pokojnichka-gi-iznenadila-svoite-bliski-na-pogreb/feed/ 0