покојници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Nov 2018 07:03:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png покојници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Форбс“ објави листа на покојници кои заработуваат милиони https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-objavi-lista-na-pokojnici-koi-zarabotuvaat-milioni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-objavi-lista-na-pokojnici-koi-zarabotuvaat-milioni/#respond Thu, 15 Nov 2018 07:03:36 +0000 https://kurir.mk/?p=127966

Американското списание „Форбс“ објавио листа на познати личности кои и после смртта заработуваат милиони, а на прво место се уште е пејачот Мајкл Џексон. Џексон, кој почина пред девет години, и во 2017 година беше на прво место, а само оваа година неговата бруто заработка изнесува 400 милиони долари, најмногу од продажба на права. На второ место е некрунисаниот крал на рок музиката Елвис Присли кој во 2018 година заработил 40 милиони долари. На трето место е легендарниот играч на голф, Арнолд Палмер, кој заработил 35 милиони долари. „Форбс“ наведува дека познатите личности кои не се повеќе меѓу живите вкупно заработиле 628 милиони долари, што е речиси двојно повеќе од минатата година кога заработиле 312 милиони. На четврто место по остварени бруто приходи е авторот на серијалот за Снупи и Чарли Браун, Чарлс Шулц, кој заработил 34 милиони. На пето место е пејачот Боб Марли, а потоа следуваат доктор Сус, Хју Хефнер, Мерлин Монро и Џон Ленон. „Форбс“ инфомира дека податоците се однесуваат на примања од 1 октомври 2017 до 1 октомври 2018 година, и пред да се одбијат хонорарите за агенти, раководители, адвокати и извршители на имот. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-objavi-lista-na-pokojnici-koi-zarabotuvaat-milioni/feed/ 0