Пол Макартни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Feb 2023 08:21:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Пол Макартни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најавена соработка на „Ролинг стоунс“ и Пол Макартни https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/najavena-sorabotka-na-roling-stouns-i-pol-makartni/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/najavena-sorabotka-na-roling-stouns-i-pol-makartni/#respond Thu, 23 Feb 2023 08:21:48 +0000 https://kurir.mk/?p=804008

Британскиот состав „Ролинг стоунс“ и Пол Макартни ги здружија силите за нова заедничка песна којашто ќе биде дел од претстојниот албум на рок-бендот, изјави нивниот претставник за јавноста.

А, поранешниот член на групата „Битлс“ веќе снимил делови од песната, „под палка на носителот на одличјето 'Греми' за продуцент на 2021 година, Ендрју Ват“. Исто така, се наведува дека снимките неодамна биле направени во Лос Анџелес и дека, наводно, поранешниот колега од бендот на Макартни, Ринго Стар исто така треба да свири на новиот албум, кој ќе биде објавен подоцна оваа година.

„Стоунси“ потврдија дека Макартни бил „поканет да свири бас на една песна“, но не и дека Ринго Стар бил вклучен.

Во видео порака на својот интернет-простор, гитаристот на „Ролинг стоунс“, Кит Ричардс им порача оти „нова музика е на пат“, на обожавателите. Новиот албум ќе биде прв по смртта на тапанарот на групата, Чарли Вотс, во 2021 година.   (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/najavena-sorabotka-na-roling-stouns-i-pol-makartni/feed/ 0
Пол Макартни и Кендрик Ламар ќе настапат на „Гластонбери“ во јуни https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pol-makartni-i-kendrik-lamar-kje-nastapat-na-glastonberi-vo-juni/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pol-makartni-i-kendrik-lamar-kje-nastapat-na-glastonberi-vo-juni/#respond Wed, 09 Mar 2022 11:20:31 +0000 https://kurir.mk/?p=643961

Музичкиот ветеран Пол Макартни, раперот Кендрик Ламар и американската глумица и кантавторка Оливија Родриго се само дел од настапувачите на музичкиот фестивал „Гластонбери“ во јуни. Настанот повторно се одржува по тригодишна пауза поради пандемијата на коронавирус, соопштија организаторите. Мекартни и Ламар се последни во низата најавени ѕвезди кои ќе настапат на главната бина „Пирамида“ како дел од фестивалот, којшто ќе трае од 22 до 26 јуни. Претходно своето учество го најавија и Били Ајлиш и Дијана Рос. Макартни (80), кој последен пат настапи на ваков голем музички настан во 2004 година, беше најавен како еден од учесниците на фестивалот во 2020., пред тоа да биде откажано. „Да се ​​донесе Пол Макартни во Гластонбери е остварување на сонот за нас, голем миг во историјата на фестивалот“, рече соорганизаторката на Гластонбери, Емили Ивис. Мекартни треба настапи на 25 јуни, една недела откако ќе наполни 80 години, што ќе го направи највозрасната „ѕвезда на настапот“ на фестивалот воопшто. Во исто време, Ајлиш е најмладиот соло настапувач досега. Таа ќе настапи вечерта на 24 јуни, Дијана Рос – по два дена, попладне, а Ламар подоцна вечерта. Фестивалот за современи изведувачки уметности Гластонбери е музичко-сценски фестивал којшто се одржува недалеку од селото Пилтон во англиската област Сомерсет, од 1970-тите. Ја започнал локалниот фармер Мајкл Евис, кој со неколку пријатели го организирал првиот концерт наречен „Пилтон фестивал“. За нејзината популарност придонесе местото во близина – „Гластонбери“ поврзано со легендата за кралот Артур. Со текот на времето, тој стана еден од најмасовните културни настани, собирајќи во просек до 150.000 луѓе. Фестивалот традиционално се одржува на отворено, што секоја година е под значително влијание на временските услови. Таму годинава ќе настапат и Арло Паркс, Волф Алис, Сем Фендер, Фиби Бриџерс, Меган ди Сталион, Доџа Кет и Херби Хенкок. Фестивалот последен пат се одржа 2019 година, а во мај лани беше организиран виртуелно – на интернет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pol-makartni-i-kendrik-lamar-kje-nastapat-na-glastonberi-vo-juni/feed/ 0
Пол Макартни за Битлси, откри кој член е виновен за распадот https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pol-makartni-za-bitlsi-otkri-koj-chlen-e-vinoven-za-raspadot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pol-makartni-za-bitlsi-otkri-koj-chlen-e-vinoven-za-raspadot/#respond Mon, 11 Oct 2021 08:35:49 +0000 https://kurir.mk/?p=576889

Пол Макартни изнесе бомбастично тврдење, дека починатиот Џон Ленон е виновен за распадот на Битлси. Познатиот рокер вели дека Ленон еден ден само дошол и кажал дека заминува од групата. -Не го покренав јас растурањето. Тоа беше Џони, вели Макартни. Фановите на бендот долго време расправаа за одговорноста, а многумина го обвинуваа токму Макартни. Меѓутоа рокерот вели дека желбата на Ленон за слобода била главна причина за распадот на легендарниот бенд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pol-makartni-za-bitlsi-otkri-koj-chlen-e-vinoven-za-raspadot/feed/ 0
Поранешниот член на Битлси сака да се вакцинара против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poraneshniot-chlen-na-bitlsi-saka-da-se-vakcinara-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poraneshniot-chlen-na-bitlsi-saka-da-se-vakcinara-protiv-kovid-19/#respond Fri, 18 Dec 2020 17:35:19 +0000 https://kurir.mk/?p=445355

Поранешниот член на Битлси, Пол Макартни, денеска изјави дека ќе се вакцинира против Ковид-19, но и изрази сомнеж дека следната година ќе замине на турнеја за да го промовира својот последен албум „Макартни III “, што беше објавен токму неделава. Во интервју за Би-Би-Си, тој кажа дека сака да ги охрабри другите луѓе да се вакцинираат, бидејќи ситуацијата е многу сериозна. -Да, сакам. Ќе се вакцинирам кога ќе ми дојде редот, рече 78-годишниот Макартни, кој припаѓа на третата линија на британски државјани според приоритетот за вакцинација, бидејќи се наоѓа во групата на постари од 75 години. Популарниот Битлс додаде дека би сакал да свири на британскиот музички фестивал „Гластонбери“ во 2021 година, иако е скептичен во однос на неговата организација, истакнувајќи дека веројатно на него ќе присуствуваат 100.000 луѓе кои ќе бидат во невидена гужва и без маски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poraneshniot-chlen-na-bitlsi-saka-da-se-vakcinara-protiv-kovid-19/feed/ 0
Пол Макартни во декември ќе издаде нов албум снимен за време на карантин https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pol-makartni-vo-dekemvri-kje-izdade-nov-album-snimen-za-vreme-na-karantin/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pol-makartni-vo-dekemvri-kje-izdade-nov-album-snimen-za-vreme-na-karantin/#respond Thu, 22 Oct 2020 06:21:05 +0000 https://kurir.mk/?p=419223

Легендарниот музичар Пол Макартни на 11 декември ќе го објави албумот „McCartney III“, со нова колекција на песни кои ги напишал, отсвирил и продуцирал половина век по својот прв самостоен албум. Албумот е снимен во Сасекс, а 78 годишниот музичар го направил сам, пренесува магазинот „Roligstoun“. -Живеев карантински живот на својата фарма со семејството и секој ден одев во студио. Морав да работам на филмска музика, а тоа се претвори во прва песна. Кога ја завршив, се прашав што понатаму, изјавил Макартни. Тогаш, додава тој, се вратил кон полудовршените секвенци кои ги создавал низ годините. -Секој ден почнував со снимање инструменти на кои сум ја напишал песната и постепено работев на нови слоеви, беше многу забавно. Тоа беше создавање музика за себе, а не за некоја цел. Работев на работи кои ги сакам и не знаев дека ќе заврши како албум, заклучува музичарот.
Пол Макартни претходниот албум „Egypt Station“ го издаде во 2018 години, а последната турнеја ја имаше минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pol-makartni-vo-dekemvri-kje-izdade-nov-album-snimen-za-vreme-na-karantin/feed/ 0
Објавена потрага за гитарата на Пол Макартни исчезната пред 50 години https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/objavena-potraga-za-gitarata-na-pol-makartni-ischeznata-pred-50-godini/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/objavena-potraga-za-gitarata-na-pol-makartni-ischeznata-pred-50-godini/#respond Mon, 21 Oct 2019 06:32:21 +0000 https://kurir.mk/?p=254173

Баварскиот производител на инструменти „Карл Хофнер“ покрена глобална потрага по инструментот на Пол Макартни, педесет години откако гитарата на познатиот музичар исчезна. Леворакиот басист бас гитарата „хофнер 500/1“ ја купил во 1961 година во продавница во Хамбург и на неа свирел повеќе од две години, вклучително и на првите два албуми на „Битлс“. -Гитарата најверојатно е украдена. Ја нема повеќе од 50 години, сега е време да ја пронајдеме, изјавиле од компанијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/objavena-potraga-za-gitarata-na-pol-makartni-ischeznata-pred-50-godini/feed/ 0
Фановите на „Битлс“ ќе уживаат во ова видео: Настап на Пол Макартни и Ринго Стар (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/fanovite-na-bitls-kje-uzivaat-vo-ova-video-nastap-na-pol-makartni-i-ringo-star-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/fanovite-na-bitls-kje-uzivaat-vo-ova-video-nastap-na-pol-makartni-i-ringo-star-video/#respond Mon, 15 Jul 2019 07:56:38 +0000 https://kurir.mk/?p=218479

Двајцата живи членови од легендарната поп-група „Битлс“, Пол Макартни и Ринго Стар со заеднички настап синоќа во Лос Анџелес го одбележаа крајот на светската турнеја на Макартни, „Freshen Up“. Стар беше специјалното изненадување на концертот. Дуото се прегрна, разменија неколку зборови, по што Ринго се упати кон тапаните и заедно ги изведоа хитовите „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band” и „Helter Skelter”. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/fanovite-na-bitls-kje-uzivaat-vo-ova-video-nastap-na-pol-makartni-i-ringo-star-video/feed/ 0