Пол Пелоси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 30 Oct 2022 08:39:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Пол Пелоси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Напаѓачот на сопругот на Ненси Пелоси ќе одговара за обид за убиство и серија други кривични дела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-na-soprugot-na-nensi-pelosi-kje-odgovara-za-obid-za-ubistvo-i-serija-drugi-krivichni-dela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-na-soprugot-na-nensi-pelosi-kje-odgovara-za-obid-za-ubistvo-i-serija-drugi-krivichni-dela/#respond Sun, 30 Oct 2022 08:39:46 +0000 https://kurir.mk/?p=752571

Лицето кое упадна во домот на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, и со чекан го удри нејзиниот сопруг во главата извикувајќи „Каде е Ненси“ се очекува да одговара за убиство во обид и за голем број други тешки кривични дела. Полицијата првично одби да го открие мотивот за петочниот напад во Сан Франциско врз Пол Пелоси (82), кој, според канцеларијата на неговата сопруга, бил опериран поради фрактура на черепот и повреди на десната рака и дланка, иако лекарите очекуваат целосно закрепнување. Инцидентот ги поттикна стравувањата за политичко насилство на помалку од две недели пред среднорочните избори кои ќе одлучат за контрола врз Претставничкиот дом и Сенатот, кои доаѓаат во услови на најжешка и поларизирана политичка клима во САД во последните децении. Демократката Пелоси, која е втора во уставната линија за наследување на американскиот претседател, за време на нападот во нејзиниот дом беше во Вашингтон. Таа веднаш се врати во Сан Франциско за да биде со нејзиниот сопруг. Три темни теренски возила, за кои се верува дека припаѓаат на специјална единица за безбедност, вчера беа паркирани, заедно со патролно возило на градската полиција, пред Општата болница „Цукерберг“ во Сан Франциско, каде што Пол Пелоси е примен на лекување . Во болница беше и нивниот син Пол Пелоси Џуниор, кој на новинарско прашање за состојбата на татко му одговори „засега е добро“. Претседателот Џо Бајден денеска на новинарите им изјави дека сопругот на Пелоси е „многу подобар“ и дека се чини дека нападот бил „наменет кон Ненси“. Полицијата го идентификуваше напаѓачот, кој беше уапсен на местото на настанот, како Дејвид ДеПејп (42). Британските медиуми наведуваат дека и тој, исто така, е пренесен во болница во Сан Франциско. Евиденцијата на шерифот покажува дека ДеПејп бил задржан под сомнение за обид за убиство, напад со смртоносно оружје, злоставување постари лица, претепување, провална кражба и неколку други кривични дела. Обвинението ќе биде поднесено утре, а неговото покренување се очекува во вторник, соопшти окружното обвинителство во Сан Франциско. Шефот на полицијата во Сан Франциско, Вилијам Скот, во петокот вечерта изјави дека полициските детективи, потпомогнати од агенти на ФБИ, допрва треба да утврдат што го поттикнало упадот во домот на семејството Пелоси, но додаде „знаеме дека ова не е случаен чин“. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-na-soprugot-na-nensi-pelosi-kje-odgovara-za-obid-za-ubistvo-i-serija-drugi-krivichni-dela/feed/ 0
Полицијата во Сан Франциско:Нападот врз сопругот на Ненси Пелоси е намерен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-vo-san-francisko-napadot-vrz-soprugot-na-nensi-pelosi-e-nameren/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-vo-san-francisko-napadot-vrz-soprugot-na-nensi-pelosi-e-nameren/#respond Sat, 29 Oct 2022 08:21:30 +0000 https://kurir.mk/?p=752261

Нападот врз Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, во нивниот дом во Сан Франциско не бил случаен, соопшти полицијата. -Тоа не беше случаен акт. Тоа беше намерен напад, изјави синоќа на прес конференција началникот на полицијата во Сан Франциско, Вилијам Скот, одбивајќи да ги коментира можните мотиви за нападот. Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, беше „насилно нападнат“ по упадот во нивниот заеднички дом. Според некои информации, напаѓачот во нивната куќа упаднал со чекан и притоа извикал „каде е Ненси“, сугерирајќи на тоа дека лидерката на Претставничкиот дом всушност била првата цел на нападот.(МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-vo-san-francisko-napadot-vrz-soprugot-na-nensi-pelosi-e-nameren/feed/ 0
Сопругот на Ненси Пелоси возел пијан, па доби ПЕТ ДЕНА затворска казна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soprugot-na-nensi-pelosi-vozel-pijan-pa-dobi-pet-dena-zatvorska-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soprugot-na-nensi-pelosi-vozel-pijan-pa-dobi-pet-dena-zatvorska-kazna/#respond Tue, 23 Aug 2022 20:41:18 +0000 https://kurir.mk/?p=722948

Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, денеска е осуден на пет дена затвор и три години условна казна, откако преку адвокат се изјасни за виновен за несовесно возење и предизвикување сообраќајна несреќа во Калифорнија во пијана состојба. Тој веќе одлежа два дена во затвор и доби два дена намалување поради добро однесување, рече судијата на Врховниот суд на округот Напа, Џозеф Солга, пренесува АП. Судот пресуди дека Пол Пелоси мора да посетува тримесечен курс за возење. Покрај тоа, Пелоси ќе мора да плати казна од околу 7.000 долари. Пол Пелоси беше уапсен поради сообраќајка на 28 мај во округот Напа, северно од Сан Франциско, откако алкотестот покажа дека имал ниво на алкохол во крвта од 0,082 отсто, што е повеќе од дозволената граница. Полицајците кои реагираа на местото на несреќата во близина на малиот град Јунтвил потврдија дека го застанале Пелоси на возачкото седиште на Порше Карера од 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soprugot-na-nensi-pelosi-vozel-pijan-pa-dobi-pet-dena-zatvorska-kazna/feed/ 0