полагање матура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 Feb 2021 11:39:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png полагање матура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДСМ и останатите партии да ги прифатат барањата на матурантите кои се преточени во законски измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ja-povikuva-sdsm-i-ostanatite-partii-da-gi-prifatat-baranjata-na-maturantite-koi-se-pretocheni-vo-zakonski-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ja-povikuva-sdsm-i-ostanatite-partii-da-gi-prifatat-baranjata-na-maturantite-koi-se-pretocheni-vo-zakonski-izmeni/#respond Mon, 08 Feb 2021 11:39:50 +0000 https://kurir.mk/?p=465772

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува пратеничките групи и пратениците во Собранието на Република Македонија да го подржат Предлог-Законот за измени и дополнување на Законот за средно образование кои се доставени до Собранието. Овој предлог закон е во насока да се излезе во пресрет на барањата на средношколците кои во услови на КОВИД-19 пандемија, бараат бројот на предмети за полагање на матура да се скратат од 4 на 2 предмети и на тој начин да се прекине бојкотот на образовниот процес, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ до јавноста. - Сметаме дека нивните барања се оправдани со оглед на фактот што образовниот процес се одвива во вонредни услови поради пандемијата, учебната 2020/21 година започна со еден месец задоцнување со скратени програми и скратено времетраење на училишниот час. Дополнително учениците во оваа учебна година немаа можност за реализација на целосна практична настава и поради отсуството на соодветни технички услови за следење на образовниот процес кај дел од нив, велат од партијата. ВМРО-ДПМНЕ  тврдат дека со ваквите измени не само што ќе се дефинира бројот на предмети за полагање, туку и ќе се утврди времетраењето на важноста на овој закон и потенцираат дека ваков сличен пример за измени на системите за полагање на испити се применети и во други европски земји како Белгија, Франција Обединетото Кралство, Ирска. - Жалиме што министерството за образование и наука предводено од министерката Мила Царовска немаше слух да излезе во пресрет на објективните и оправдани барања на средношколците и затоа на овој начин ќе ја исправиме штетата од нивната ароганција. Очекуваме дека пратениците од владејачкото мнозинство и останатите пратенички групи ќе дадат поддршка на ваквиот Предлог Закон за измени и дополнувања на Законот за средно образование и на тој начин ќе овозможат непречен образовен процес во услови на пандемија, со цел ниту учениците, ниту родителите ниту образованието да трпат штетни последици и да не ни случи да губиме генерација средносшколци разочарани од системот и образованието, посочуваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ja-povikuva-sdsm-i-ostanatite-partii-da-gi-prifatat-baranjata-na-maturantite-koi-se-pretocheni-vo-zakonski-izmeni/feed/ 0
Матурантите со писмо до пратениците – бараат поддршка за проблемот со полагањето на матура во време на пандемија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maturantite-so-pismo-do-pratenicite-baraat-poddrshka-za-problemot-so-polaganjeto-na-matura-vo-vreme-na-pandemija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maturantite-so-pismo-do-pratenicite-baraat-poddrshka-za-problemot-so-polaganjeto-na-matura-vo-vreme-na-pandemija/#respond Fri, 29 Jan 2021 10:26:48 +0000 https://kurir.mk/?p=461398

Сојузот на средношколци и нејзиниот претседател Бленди Ходаи во име на генерацијата матуранти 2020/2021 вчера до пратениците по електронска пошта доставил писмо со барање за поддршка да полагаат два наместо четири предмети на државната матура, бидејќи Министерството за образование и наука, како што е наведено во нивното писмо – ги игнорира и е децидно во одбивањето на каков било компромис по ова прашање. Доколку МОН не покаже добра волја, од пратениците Сојузот бара измени на Законот за средно образование што, како што наведува во упатеното писмо, е последниот демократски чекор, а во тој дополнет Закон „јасно ќе биде наведено дека одредбите се привремени, т.е. се однесуваат само за учебната 2020/2021 година“. -Министерката Царовска е категорична дека државната матура треба да содржи четири предмети. Поради тоа, од вас како директни преставници на граѓаните и, пред сè, контролори на извршната власт бараме јавна поддршка за нашите барања и повикувања кон МОН нив да ги исполни; користење на вашето влијание како државни службеници за МОН конечно да се вразуми; и доколку Министерството не покаже добра волја и продолжи со својот безобѕирен однос – изготвување и донесување на законско решение кое ќе ги вклучи нашите барања. Ако дури и Вашата поддршка се покаже како залудна, единственото преостаното решение е Собранието да го измени Законот за средно образование, којшто МОН мора да го почитува, пишува во писмото кое Сојузот на средношколците и нивниот претседател Ходаи го доставиле до 85 пратеници односно до оние кои на официјалната страница на Собранието имаат наведено контакти по електронска пошта. Заради исполнување на барањето, матурантите организирани од Средношколски сојуз минатиот четврток, првиот ден од второто полугодие, почнаа бојкот на наставата, најавувајќи дека ќе трае една недела и потоа ќе одлучат што понатаму. Претседателот на Сојузот Бленди Ходаи за МИА изјави дека бојкотот денеска го завршуваат, а утре ќе одлучат за следните чекори, односно дали ќе се вратат на онлајн-настава од понеделник. Можно е да се иницира и собраниска дебата за нивното барање. – Претставници од матурантите во Сојузот утре ќе одлучуваме што ќе правиме од наредната недела. Осум дена бевме во бојкот и ќе одлучиме што е подобро за матурантите. Многу од нив се изнервирани од случувањата помеѓу Сојузот и МОН. Можеби ќе има порадикален чекор, како протест или слично, или ќе одлучиме да престанеме со бојкотот и да се вклучиме во наставата. Сè уште не се знае, ќе дискутираме утре и ќе се гласа што ќе се прави. Од разговори што вчера ги имав со неколку пратеници во Собрание, има индиции дека во понеделник може да се иницира дебата во Собранието. Така што, ќе видиме и пратениците дали и што ќе направат во наредните денови, изјави денеска Ходаи. Според него, се бојкотира во 20 градови. Пред два дена имале бојкот од 79 проценти, вчера 76 отсто и, за разлика од другите градови, како што рече, во Скопје се бојкотира делумно – во некои средни училишта има настава, а во други се бојкотира. Со ресорната министерка, рече Ходаи, немале контакт од 20 јануари, односно ден пред да го почнат бојкотот. Во упатеното писмо до пратениците за поддршка на нивното барање да полагаат два предмета – мајчин јазик (македонски, албански или турски) и втор предмет од областа која матурантит планира да ја студира, Сојузот истакнува дека е целосно разумно и изводливо и смета дека нашето општество не смее да ги игнорира последиците на неквалитетната настава на далечина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maturantite-so-pismo-do-pratenicite-baraat-poddrshka-za-problemot-so-polaganjeto-na-matura-vo-vreme-na-pandemija/feed/ 0
Матурант со писмо: Живееме во општество каде што главна вест е развод на брачни парови, а немаме точни информации дали бојкотираат „мали изолирани групи“ или пак 78 % од матурантите? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maturant-so-pismo-ziveeme-vo-opshtestvo-kade-shto-glavna-vest-e-razvod-na-brachni-parovi-a-nemame-tochni-informacii-dali-bojkotiraat-mali-izolirani-grupi-ili-pak-78-od-maturantite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maturant-so-pismo-ziveeme-vo-opshtestvo-kade-shto-glavna-vest-e-razvod-na-brachni-parovi-a-nemame-tochni-informacii-dali-bojkotiraat-mali-izolirani-grupi-ili-pak-78-od-maturantite/#respond Mon, 25 Jan 2021 12:13:20 +0000 https://kurir.mk/?p=459530

Актуелна тема периодов во јавноста е полагањето матура. Таа тема донесе многу несогласувања меѓу министерката за образование, Мила Царовска и матурантите од друга страна. Матурант од Крушево, Матеј Кардула до редакцијата на Факултети.мк испрати писмо со кое се обраќа до јавноста. Во продолжение во целост неговото писмо. „Почитувани, Пишувам како изреволтиран матурант кој предизвикан од секојдневните „гафови“ во нашиот образовен систем веќе се убедува својот живот да го продолжи надвор од оваа држава. Си земам за право да ги „искористам“ вашето внимание, влијание и правни насоки со чие јавно објавување би се разбила тоталната цензура. Движењето против полагање државна матура започна со креирање на фејсбук-група која денеска брои 8.300 члена. Првичниот став на матурантите беше комплетно укинување на матурата, но и покрај големите аспирации на поединците вклучени во движењето, неупатеноста предизвика разобединување на групата. При првите бојкоти (во декември 2020 година) нашите барања не беа поддржани од страна на Сојузот на средношколци (ССРСМ), кој сè уште беше во процес на преговори со МОН. Иако ставовите на средношколците беа поделени во однос на потребата од полагање матура, сега скоро секој средношколец кој планира да го продолжи своето образование е согласен со фактот дека матурскиот испит е неизбежен, меѓутоа, моменталниот модел на тестирање - неприфатлив. Периодот на пандемија драстично ги промени нашите животи, па нелогично е нашето образование да тече исто како и во претходните години, а нашиот краен успех да биде оценуван на ист начин како и досега. Затоа и не се согласуваме со ставот: „задржувањето на континуитетот на образовниот процес“ (Мила Царовска, 2020) по секоја цена означува непроменета државна матура. Со почетокот на второто полугодие од оваа учебна година, ССРСМ излезе со повик кон матурантите за повторен бојкот на наставата. Овој пат средношколските барања се јасно конкретизирани во известувањето напишано од Сојузот: 1. Министерството за образование и наука да го намали бројот на предмети кои учениците треба да ги полагаат. Од четири предмети, предлагаме учениците да полагаат два предмети. а. Задолжителен прв предмет: мајчин јазик (македонски, албански, турски итн.); б. Втор предмет по избор на ученикот: се препорачува учениците вториот предмет да го изберат водејќи се од нивните планови за понатамошното образование и интереси; и в. Проектна задача. 2. Министерството за образование и наука (МОН) и Државниот испитен центар (ДИЦ) во март 2021 да објават и презентираат план и програма за тоа како ќе изгледаат скратените наставни програми и другите материјали за испитите. Почетокот на новиот бојкот беше одбележан со јавниот и невистинит коментар на министерката дека бил постигнат договор со Сојузот на средношколци. Одлуката за намалување на бројот на предмети од следната година е нелогична и можна причина за раѓање револт кај уште една дискриминирана генерација која поради ваквите искуства во државата, е поттикната единствениот спас да го гледа надвор од неа. Покрај ваквото манипулативно однесување пред јавноста, матурантите се соочија со закани и медиумска цензура. Конкретно, првиот бојкот (за кој претходно зборував), иако законски регулиран (со навремено испратени известувања до училиштата), беше наметнато запрен со напишани неоправдани изостаноци и покрај што министерката се изјасни дека тоа е „наше легитимно право“. Како да живееме во општество каде што сме бомбардирани од вести за разводите на познати брачни парови без да имаме точни информации дали бојкотираат „мали изолирани групи“ (според Царовска) или пак 78 отсто од матурантите (според Сојузот)?“ Матеј Кардула, матурант во СОУ „Наум Наумовски-Борче“ - Крушево]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maturant-so-pismo-ziveeme-vo-opshtestvo-kade-shto-glavna-vest-e-razvod-na-brachni-parovi-a-nemame-tochni-informacii-dali-bojkotiraat-mali-izolirani-grupi-ili-pak-78-od-maturantite/feed/ 0