поларен студ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 Jan 2018 15:28:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png поларен студ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Си Ен Ен: Делови од САД ќе бидат поладни и од Марс https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-delovi-od-sad-kje-bidat-poladni-i-od-mars/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-delovi-od-sad-kje-bidat-poladni-i-od-mars/#respond Thu, 04 Jan 2018 15:22:39 +0000 http://kurir.mk/?p=6555

Снежна олуја наречена „циклон бомба“ ќе го зафати источниот брег на САД и ќе предизвика пониски температури отколку на Марс, објави Си Ен Ен. Метеоролозите очекуваат дека циклонот, кој се формираше над Атланскиот Океан, денеска ќе стигне до источниот брег на САД и ќе предизвика силни ветрови и снег, а делови на север ќе бидат „поладни и од Марс“. Од Јужна Каролина до Мејн, 13 сојузни држави се под предупредување за силни ветрови. Поради екстремните временски услови снег падна и на Флорида, првпат по неколку децении. Гувернерите на Флорида, Џорџија, Вирџинија прогласија вонредна состојба и ги предупредија жителите да не излегуваат од своите домови. Училиштата во Њујорк се затворени, а Државниот метеоролошки завод најави дека во тоа подрачје се очекува да падне снег од 13 до 20 сантиметри и дека ќе дува ветер со брзина околу 80 километри на час. Поларните студови ги заледија Нијагарините водопади и предизвикаа хаос во сообраќајот. Метеоролошкиот завод издаде предупредување поради бурата од Вирџинија до Мејн и најави 30 сантиметри снег во подрачјето околу Бостон. На подрачјето на источниот брег на САД се очекува снег од околу 1,2 метра. Експертите предупредуваат дека бурата би можела да достигне до јачина на ураган од втора категорија, а поларните студови ќе се задржат до крајот на неделата. Гувернерот на Јужна Каролина, Хенри Мекмастер ги предупреди жителите да не ги напуштаат своите домови. - Ако не останат на топло, ќе смрзнат. Мораме да бидеме внимателни, порача Мекмастер. Властите соопштија дека неделава од екстремно ниските температури починаа 12 лица. Шест смртни случаи се регистрирани во Висконси, четири во Тексас, еден во Северна Дакота и еден во Мисури. Поголем дел од нив се бездомници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-delovi-od-sad-kje-bidat-poladni-i-od-mars/feed/ 0
Вонредна состојба во делови од Северна Америка и Канада: Поларен студ, рекордни снежни врнежи, -50 степени (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sostojba-vo-delovi-od-severna-amerika-i-kanada-polaren-stud-rekordni-snezni-vrnezi-50-stepeni-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sostojba-vo-delovi-od-severna-amerika-i-kanada-polaren-stud-rekordni-snezni-vrnezi-50-stepeni-foto/#respond Thu, 28 Dec 2017 08:39:11 +0000 http://kurir.mk/?p=3403

Рекордни снежни врнежи и бран на поларен студ ја погодија Северна Америка. Температурите на одредени места достигнаа рекордни минус 50 степени Целзиусови. Северна Дакота е позната по своите ладни зими, а вчера живата на термометарот падна на минус 21 степен. Властите наложија да бидат запрени сите активности кои се изведуваат на отворено и побарано е луѓето да не излегуваат од своите домови без потреба. Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, ги предупреди луѓето да бидат внимателни за време на овој поларен бран, кој се очекува да трае до 2 јануари. Во северниот дел на државата, температурите се очекува да паднат до -40 степени Целзиусови. Недалеку од Нијагарините водопади и речиси до границата со Канада, во градот Ири, кој се наоѓа на најсеверната точка во Пенсилванија, само за 48 часа наврна снежна покривка од 1,5 метри. Врнежите од снег беа проследени од силни ветрови. Локалните власти прогласија вонредна состојба и ги повикаа луѓето да не ги напуштаат своите домови. Метеоролозите наведоа дека рекордот од 22 ноември 1956 година со 51 см снег, е надминат на божиќниот ден годинава, кога само за 24 часа во Ири се натрупа снежна покривка од 86 сантиметри. Студениот бран е уште поекстремен во Канада, каде што во северниот дел на Онтарио се очекува температури од минус 50 степени Целзиусови. Според тамошните метеоролози сепак, вонредна појава не се екстремно ниските температури, туку површината на која тие се распространети и времетраењето на исклучително студеното време. Предупредувања за опасно студено време се дадени за провинциите Квебек, Онтарио, Манитоба, Саскачуан и Алберта. Таму температурите паднаа и се очекува да продолжат да паѓаат далеку под вообичаените за овие места минус 10 до минус 20 степени Целзиусови.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sostojba-vo-delovi-od-severna-amerika-i-kanada-polaren-stud-rekordni-snezni-vrnezi-50-stepeni-foto/feed/ 0