поларни температури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 Feb 2021 14:12:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png поларни температури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поларните температури и снегот и денеска предизвикуваат проблеми во Германија и Холандија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polarnite-temperaturi-i-snegot-i-deneska-predizvikuvaat-problemi-vo-germanija-i-holandija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polarnite-temperaturi-i-snegot-i-deneska-predizvikuvaat-problemi-vo-germanija-i-holandija/#respond Mon, 08 Feb 2021 14:12:33 +0000 https://kurir.mk/?p=465842

Сообраќајот и денеска се одвива отежнато во Германија и Холандија, поради обилниот снег и ледените температури што ги зафатија Централна и Северна Европа. За денеска беше планирано холандските деца да се вратат во училиштата по паузата поради коронавирусот, но поради временските прилики тоа е одложено. Синоќа камиони останаа заглавени во снегот на автопатот А4 кај Гера во источна Германија, додека дел од автопатот А7 кај Гетинген во северна Германија е затворен поради блокирани камиони, пренесува агенцијата ДПА. Германската железница Дојче Бан соопшти дека сообраќајот се уште е во прекин во делови од централна и северна Германија и дека возовите на долги релации не работат на правците северо-источно од Франкфурт, западно од Берлин или југозападно од Хамбург. Холандската железница НС информира дека денеска во Холандија се очекува „многу ограничена услуга“. За денеска беше најавено и дека стотици илјади холандски деца ќе се вратат во основните училишта по строгиот „локдаун“ што започна пред божиќните празници. Наместо тоа, за многумина, тоа е уште еден ден дома откако вчера снежна бура ја погоди Холандија и го наруши сообраќајот низ целата земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polarnite-temperaturi-i-snegot-i-deneska-predizvikuvaat-problemi-vo-germanija-i-holandija/feed/ 0