полициска акција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 13:28:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png полициска акција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Злосторничко здружување, даночно затајување и перење пари: Со „Синџир“ опфатени 26 физички и 28 правни лица – еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zlostornichko-zdruzhuvane-danochno-zatajuvane-i-perene-pari-so-sindhir-opfateni-26-fizichki-i-28-pravni-litsa-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zlostornichko-zdruzhuvane-danochno-zatajuvane-i-perene-pari-so-sindhir-opfateni-26-fizichki-i-28-pravni-litsa-eve-gi-detalite/#respond Mon, 30 Oct 2023 13:28:31 +0000 https://kurir.mk/?p=894528

Врз основа на досегашните предистражни дејствија и доставената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 26 сопственици и управители на 28 правни лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од чл.394, Даночно затајување од чл.279 и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик. При извршените претреси обезбедена е дополнителна документација која ќе биде предмет на обработка, а воедно досега се приведени и 20 осомничени лица од Неготино, Кавадарци, Битола, Охрид и Скопје, додека 6 лица се недостапни на органите на прогонот. Од прибраниот доказен материјал постои основано сомневање дека три лица како организатори заедно со уште други три лица, во текот на 2019 година, во Неготино, создале група што имала за цел вршење на кривични дела Даночно затајување и Перење пари и други приноси од казниво дело. На групата, истата 2019 година, припадници станале уште седуммина од осомничените. Во текот на 2020 година на оваа група се приклучиле 11 нови припадници, а во 2021 година припадници станале уште тројца сопственици и управители на правни лица. Организаторите на злосторничкото здружение со намера да ја одбегнат законската обврска за целосно или делумно плаќање данок, организирале основање на правни субјекти во нивна сопственост и преземале сопственост и управување на претходно основани правни субјекти. Тие заедно со припадниците на злосторничкото здружение, во име и за сметка на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување, изготвувале и сметководствено евидентирале фактури со вкалкулиран ДДВ за наводно извршени набавки на стоки и услуги или изготвувале и сметководствено евидентирале фактури со примена на механизмот за пренесен ДДВ, по член 32-а од Законот за ДДВ за наводно извршени набавки на стоки и услуги за кои знаеле дека не се извршени. Организаторите на злосторничкото здружение фактурите ги користеле за меѓусебно сметководствено затворање на дел или на вкупните обврски на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување и на кривично одговорните правни лица во сопственост и управување на припадниците на злосторничкото здружение кон нив. Врз основа на овие фактури за наводно извршени набавки на стоки и услуги, на банкарските сметки на правните субјекти во сопственост или управувани од организаторите и припадниците на злосторничкото здружение по испоставените фактури најчесто не биле вршени плаќања, а дел од меѓусебните побарувања и обврски сметководствено биле затворани со меѓусебни компензации и компензации со повеќе учесници. Осомничените организатори и припадници на злосторничкото здружение во име и за сметка на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување сметководствено искажале повисок износ на влезен промет и поголемо даночно побарување преку кое ја намалиле вредноста на излезниот промет и ја намалиле својата даночна обврска или го зголемиле своето даночно побарување. Потоа организаторите на злосторничкото здружение со сметководственото евидентирање на фактурите за наводна продажба на стоки и услуги и со нивното искажување во задолжителните Даночни пријави за ДДВ на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување, преку институтот даночен гарант, сметководственото евидентирање го искористиле за противправно преземање на даночниот долг на дел од правните субјекти сопственост или управувани од страна на осомничените припадници на злосторничкото здружение. На тој начин правните субјекти во сопственост или управувани од осомничените организатори на злосторничкото здружение противправно станале даночни гаранти на правните субјекти сопственост или управувани од припадниците на злосторничкото здружение кои како даночни обврзници имале даночен долг кон Управата за јавни приходи. Со вака преземените дејствија организаторите на злосторничкото здружение им овозможиле на дел од правните субјекти, сопственост или управувани од осомничените припадници на злосторничкото здружение, пред даночниот орган да не го платат нивниот даночен долг и неосновано да го затворат со лажно даночно побарување на даночните гаранти. Осомничените со сите противправно преземени дејствија, во име и за сметка на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување, не пресметале и не платиле данок – давачка на која биле законски обврзани. На овој начин, со намера за себе да се стекнат со противправна имотна корист, осомничените предизвикале штета на Буџетот на Р.С. Македонија во вкупен износ од 490.808.618,00 денари или 7.980.627 евра. Воедно, во временскиот период од 22.10.2020 до 31.12.2021 година, во Неготино, Струмица, Скопје, Штип и во Велес тројцата организатори на злосторничкото здружение и четири осомничени припадници на злосторничкото здружение со цел да го прикријат потеклото на паричните средства и нивното движење, пуштиле во оптек, примиле пари и извршиле пренос на парични средства и подигале парични средства во готово во вкупен износ 40.046.815,00 денари или 651.168 евра за кои знаеле дека се прибавени со кривично дело Даночно затајување. Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје предложи определување на мерката притвор за 14 осомничени лица од кои за едно лице е предложена мерка куќен притвор. За останатите 12 осомничени лица предложи други мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска на обвинетите да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање; забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело. Воедно, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка достави Барањa за привремена мерка за забрана за отуѓување и оптоварување на недвижен и движен имот во сопственост на пет физички и седум правни лица. За делата што им се ставаат на товар на осомничените согласно одредбите во Кривичниот законик се предвидени затворски казни и тоа: за кривично дело Злосторничко здружување од чл.394 кога групата има за цел вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна е предвидена казна затвор од една до десет години, за кривичното дело Даночно затајување од чл.279 доколу износот на обврската е значителен, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години и со парична казна и за кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 согласно Кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку пет години. Воедно, согласно чл.28-а од Кривичниот законик во случаите определени со закон, правното лице е одговорно за кривичното дело сторено од одговорно лице во правното лице, во име, за сметка или во корист на правното лице, па така за сторените кривични дела Даночно затајување и Перење пари и други приноси од казниво дело за правните лица се предвидени парични казни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zlostornichko-zdruzhuvane-danochno-zatajuvane-i-perene-pari-so-sindhir-opfateni-26-fizichki-i-28-pravni-litsa-eve-gi-detalite/feed/ 0
Полициска акција во тек: Се приведуваат луѓе низ повеќе македонски градови, еве за што станува збор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/politsiska-aktsija-vo-tek-se-priveduvaat-luge-niz-poveke-makedonski-gradovi-eve-za-shto-stanuva-zbor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/politsiska-aktsija-vo-tek-se-priveduvaat-luge-niz-poveke-makedonski-gradovi-eve-za-shto-stanuva-zbor/#respond Mon, 30 Oct 2023 09:47:50 +0000 https://kurir.mk/?p=894412

Денеска од раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција со асистенција на единиците од МВР на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид извршува претреси и се приведуваат осомничени лица. Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Синџир“, за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што обвинителството ја спроведе со Управата за финансиска полиција и истражители од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. По завршување на акцијата обвинителството детално ќе информира за предметот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/politsiska-aktsija-vo-tek-se-priveduvaat-luge-niz-poveke-makedonski-gradovi-eve-za-shto-stanuva-zbor/feed/ 0
ВО МОМЕНТОВ: Полициска акција на Клиниката за онкологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-momentov-politsiska-aktsija-na-klinikata-za-onkologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-momentov-politsiska-aktsija-na-klinikata-za-onkologija/#respond Fri, 01 Sep 2023 16:20:23 +0000 https://kurir.mk/?p=873473

На Клиниката за онкологија во универзитетскиот клинички комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје во тек е полициска акција. Од Министерството за внатрешни работи за МИА ја потврдуваат акцијата, но не  откриваат детали. Најавуваат дека ќе споделат повеќе информации, во координација со Основното јавно обвинителство по завршување на акцијата. Дел од медиумите објавија дека акцијата следува по објавата на информациите дека вработени во клиниката незаконски препродаваат лекови на пацинети. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-momentov-politsiska-aktsija-na-klinikata-za-onkologija/feed/ 0
Голема полициска акција, уапсени над 15 лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/golema-politsiska-aktsija-uapseni-nad-15-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/golema-politsiska-aktsija-uapseni-nad-15-litsa/#respond Wed, 05 Jul 2023 08:15:45 +0000 https://kurir.mk/?p=852871

Македонската полиција засилена со специјалци, утрово во Скопје, Битола и Ресен при претреси на повеќе локации, лишила од слобода повеќе од 15 лица. При претресите биле пронајдени поголемо количество муниција и други предмети поврзани со кривични дела. Од МВР потврдуваат дека во тек се претреси, а за целта на оваа голема полициска акција и за крајниот исход од претресите повеќе информации најавуваат во текот на денот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/golema-politsiska-aktsija-uapseni-nad-15-litsa/feed/ 0
Во голема полициска акција во Скопје запленети 150 кг наркотична дрога вредна 400.000 евра (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-golema-politsiska-aktsija-vo-skopje-zapleneti-150-kg-narkotichna-droga-vredna-400-000-evra-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-golema-politsiska-aktsija-vo-skopje-zapleneti-150-kg-narkotichna-droga-vredna-400-000-evra-foto/#respond Wed, 03 May 2023 12:30:44 +0000 https://kurir.mk/?p=830133

На 02.05.2023 во заедничка координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица Тигар и Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје биле пронајдени и запленети 150 килограми наркотична дрога марихуана со вкупна вредност од околу 400.000 евра, при што се лишени од слобода 4 лица. Имено, околу 17.00 часот на улица „Скупи“, биле запрени три патнички возила со скопски регистарски ознаки, и тоа „форд галакси“, управувано од Б.З.(44), кое имало улога на чистач, „пежо експерт“, управувано од Р.З.(49) каде сопатник била неговата сопруга Џ.З.(45), додека третото возило „БМВ“ го управувал нивниот син И.З.(19), сите од Скопје. При даден знак на полициски службеници за запирање на возилата, Б.З. со возилото се дал во бегство, но за кратко време од полициски службеници возилото било запрено, а возачот бил лишен од слобода. При извршен преглед во возилото „пежо експерт“ биле пронајдени 13 големи картонски кутии во кои имало 102 пакувања со марихуана, а од слобода бил лишен и возачот на „БМВ“, кој имал задача да предупредува за присуство на полиција. По обезбедени наредби за претрес на дом и други простории од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд биле извршени претреси на три локации и во автомеханичарски сервис на подрачјето на Ѓорче Петров, при што се пронајдени уште 4 картонски кутии со уште 32 пакувања со марихуана, голема дигитална вага, машина за пакување, повеќе ќеси, 8 црни големи патнички торби и ќеси со марихуана, два романски пасоши и 4 куршуми калибар 9 мм., информираше од МВР Сузана Прањиќ Талевска. Во текот на спроведената истрага, која полицијата ја водела, било утврдено дека Р.З. ја набавил дрогата при крајот на месец април 2023 година од албански државјанин, по што ја сместил во неговиот автомеханичарски сервис, каде ја препакувал и сместил во картонски кутии со цел за понатамошен транспорт за Р.Турција. Притоа, преку Секторот за меѓународна полициска соработка преку Интерпол од Р.Турција добиена е информација дека на 12.06.2013 Р.З. заедно со неговата сопруга и синот биле фатени и лишени од слобода при транспорт на 14.560 грама хероин, кој бил сокриен во специјално изработен бункер во патничко возило „фолксваген фетон“, негова сопственост, за што и издржувале затворска казна во Р.Турција. Во текот на денешниот ден од страна на СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 215 и член 396 против сите четири приведени лица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-golema-politsiska-aktsija-vo-skopje-zapleneti-150-kg-narkotichna-droga-vredna-400-000-evra-foto/feed/ 0
Голема полициска акција во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/golema-politsiska-aktsija-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/golema-politsiska-aktsija-vo-skopje/#respond Tue, 02 May 2023 19:15:16 +0000 https://kurir.mk/?p=829895

Во тек е голема акција на МВР за разбивање криминална група во Скопје, при што е запленета поголема количина марихуана. Од МВР за МИА потврдуваат дека акцијата, на улица „Скупи“, зад хотелот „Александар Палас“ сè уште трае. Повеќе детали од министерството најавија за утре.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/golema-politsiska-aktsija-vo-skopje/feed/ 0
Голема полициска акција во Тирана, уапсени 20 дилери на дрога https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golema-politsiska-aktsija-vo-tirana-uapseni-20-dileri-na-droga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golema-politsiska-aktsija-vo-tirana-uapseni-20-dileri-na-droga/#respond Wed, 22 Mar 2023 12:35:01 +0000 https://kurir.mk/?p=814947

Во голема полициска акција наречена „Мапа“ 20 лица се уапсени за шверц на дрога, а четири лица се ставени на потерница, изјави директорот на албанската полиција Тонин Вочај. -По спроведена тримесечна истрага, со посебни истражни методи од страна на полицијата во Тирана под раководство на Обвинителството, обезбедени се правни докази за криминалната активност на две групи составени од 24 лица. Акцијата беше спроведена во Тирана и Камез, а запленети се два килограми и 121 грам кокаин, 300 дози канабис, 130 дози хероин, 1.700 евра, пет милиони лека, како и 11 возила и 29 мобилни уреди, рече Вочај. Според извештаите, уапсените дистрибуирале дрога во училишта, барови, ноќни клубови и различни населби на Тирана. Уапсените на возраст меѓу 25 и 60 години комуницирале со различни шифри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golema-politsiska-aktsija-vo-tirana-uapseni-20-dileri-na-droga/feed/ 0
Триесет приведени во полициска акција против крадци на автомобили во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trieset-privedeni-vo-politsiska-aktsija-protiv-kradtsi-na-avtomobili-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trieset-privedeni-vo-politsiska-aktsija-protiv-kradtsi-na-avtomobili-vo-bugarija/#respond Tue, 28 Feb 2023 12:32:13 +0000 https://kurir.mk/?p=806046

Во Бугарија во тек е специјална полициска акција со цел да се спречи кражба и нелегална продажба на автомобили. Во акцијата досега се приведени 30 лица. Акцијата започна во Перник, каде се очекуваат клучни апсења, а во тек се претреси на куќи, гаражи и отпад од автомобили, пишува порталот „Новините“. Освен во Перник, акцијата се спроведува и во Софија, Варна, Ќустендил и Дупница. Предмет на интерес на акцијата, по налог на Обвинителството, се уредите што ги користи автомафијата за отклучување и палење автомобили. Според неофицијални информации, акциите во Варна се поврзани со пробивање на каналите за извоз на украдени автомобили од земјава, кои се пренесуваат на Блискиот Исток и Русија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trieset-privedeni-vo-politsiska-aktsija-protiv-kradtsi-na-avtomobili-vo-bugarija/feed/ 0
Полициска акција во затворот Идризово, запленет хероин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policiska-akcija-vo-zatvorot-idrizovo-zaplenet-heroin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policiska-akcija-vo-zatvorot-idrizovo-zaplenet-heroin/#respond Mon, 12 Dec 2022 19:59:40 +0000 https://kurir.mk/?p=774615

Министерството за внатрешни работи и затворската полиција вечерва во затворот Идризово запленија хероин пронајден кај затвореник кој се обидел да го внесе кога се враќал од отсуство. Од МВР потврдуваат дека акцијата во затворот Идризово е во тек, а повеќе детали најавуваат за утре.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policiska-akcija-vo-zatvorot-idrizovo-zaplenet-heroin/feed/ 0
Голема полициска акција, апсења низ цела држава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/golema-policiska-akcija-apsenja-niz-cela-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/golema-policiska-akcija-apsenja-niz-cela-drzava/#respond Mon, 12 Dec 2022 09:26:11 +0000 https://kurir.mk/?p=774267

Во повеќе градови низ државава на над 20 локации изутринава се вршат претреси при што се уапсени повеќе криминалци за шверц на артефакти и предмети со непроценлива културна вредност. Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, а детали најавуваат по нејзиното завршување.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/golema-policiska-akcija-apsenja-niz-cela-drzava/feed/ 0