полициски контроли – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Dec 2021 09:49:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png полициски контроли – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 148 санкции за брзо возење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/148-sankcii-za-brzo-vozenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/148-sankcii-za-brzo-vozenje/#respond Fri, 03 Dec 2021 09:49:14 +0000 https://kurir.mk/?p=603490

Во текот на вчерашниот ден (02.12.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 148 возачи. Од нив седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 62 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 86 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/148-sankcii-za-brzo-vozenje/feed/ 0
ФРЧАТ КАЗНИ: Внимавајте има засилени полициски контроли, посебно на оваа делница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frchat-kazni-vnimavajte-ima-zasileni-policiski-kontroli-posebno-na-ovaa-delnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frchat-kazni-vnimavajte-ima-zasileni-policiski-kontroli-posebno-na-ovaa-delnica/#respond Sat, 10 Apr 2021 11:15:44 +0000 https://kurir.mk/?p=495258

Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли на делницата Скопје-Охрид-Свети Наум, а во текот на вчерашниот ден (09.04) санкционирани се 295 возачи за возење со брзина поголема од дозволената, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Охрид. - 18 возачи возеле со дури 70 километри на час над дозволената брзина, а 104 со брзина од над 50 километри на час над дозволеното. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Како резултат на преземените мерки, намален е бројот на жртви во сообраќајни незгоди, 2020 година е година со најмал број на жртви (125). Покрај сообраќајните контроли, спроведуваме и превентивни акции со цел да ја зголемиме сообраќајната култура. Од минатиот месец заеднички со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот ја почнавме кампањата за користење на сигурносен појас, а во тек се и други превентивни активности, рече Ангеловски. Портпаролот Ангеловски најави продолжување на засилените контроли и апелираше до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frchat-kazni-vnimavajte-ima-zasileni-policiski-kontroli-posebno-na-ovaa-delnica/feed/ 0