полициски станици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Nov 2022 13:50:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png полициски станици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕК: Важно да се истражат случаите со нелегални полициски станици во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-vazno-da-se-istrazat-sluchaite-so-nelegalni-policiski-stanici-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-vazno-da-se-istrazat-sluchaite-so-nelegalni-policiski-stanici-vo-evropa/#respond Tue, 08 Nov 2022 13:50:13 +0000 https://kurir.mk/?p=757454

Неколку земји членки на ЕУ откриле „нелегални полициски станици“ на нивна територија, со кои управува Кина, а ЕК бара расветлување на случаите, јави дописничката на МИА од Брисел. Ирска и Холандија обелоденија дека откриле кинески нелегални полициски станици на нивните територии, и стравуваат дека овие станици се користат од страна на Кина за заплашување на опозиционери на режимот во Пекинг. – Многу сериозни ги сфаќаме сите обиди за странско влијание и закани на територијата на земјите-членки, и од блиску ги следиме известувањата, земјите членки отворија истраги, многу е важно да се расветлат брзо овие загрижувачки случаи, изјави портпаролката на Европската комисија, Анита Хопер. Овие „полициски центри“ на Кина не биле пријавени во земјите каде работат преку дипломатски канали. Според властите во Ирска и Холандија каде се откриени овие центри, граѓани опозиционери на кинеската власт добивале закани и заплашувања. Кина ги отфрли обвинувањата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-vazno-da-se-istrazat-sluchaite-so-nelegalni-policiski-stanici-vo-evropa/feed/ 0
Во Гази Баба најмногу прекршувања на забраната за движење, еве на кои места во Скопје не се почитувала мерката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-gazi-baba-najmnogu-prekrshuvanja-na-zabranata-za-dvizenje-eve-na-koi-mesta-vo-skopje-ne-se-pochituvala-merkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-gazi-baba-najmnogu-prekrshuvanja-na-zabranata-za-dvizenje-eve-na-koi-mesta-vo-skopje-ne-se-pochituvala-merkata/#respond Sun, 29 Mar 2020 09:40:36 +0000 https://kurir.mk/?p=323750

Забраната за движење за време на викенди по 16 часот не ја почитувале вкупно 112 лица на подрачјето на Скопје во изминатите 24 часа. Оваа мерка на територија на цела држава ја прекршиле 236 лица од кои речиси половина се во главниот град. Според податоците до кои дојде Курир, од прекршителите на забраната за движење во Скопје 111 лица се на возраст од 18 до 67 години. Во изминатите 24 часа регистрирано е само едно лице над 67 години кое ја прекршило мерката. На подрачјето на полициската станица Гази Баба, според информации на Курир, регистрирани се најголем број прекршувања на оваа мерка, вкупно 39. Следуваат Центар со 13, Бит Пазар и Ѓорче Петров со 11 прекршувања. Девет непочитувања на забраната за движење се евидентирани во Кисела Вода, по седум во Чаир и Шуто Оризари. На подрачјата кои ги опфаќаат останатите полициски станици се регистирани помал број на прекршувања на мерката.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-gazi-baba-najmnogu-prekrshuvanja-na-zabranata-za-dvizenje-eve-na-koi-mesta-vo-skopje-ne-se-pochituvala-merkata/feed/ 0