полициски униформи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 20 Mar 2022 13:28:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png полициски униформи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Власта со двојазичноста на полициските униформи сака да направи дефокус од криминалот и неуспесите, тоа нема да го подобри стандардот на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vlasta-so-dvojazichnosta-na-policiskite-uniformi-saka-da-napravi-defokus-od-kriminalot-i-neuspesite-toa-nema-da-go-podobri-standardot-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vlasta-so-dvojazichnosta-na-policiskite-uniformi-saka-da-napravi-defokus-od-kriminalot-i-neuspesite-toa-nema-da-go-podobri-standardot-na-gragjanite/#respond Sun, 20 Mar 2022 13:28:44 +0000 https://kurir.mk/?p=650202

Политичка тема која служи за деофкус од криминалот и пљачката која ја спроведува власта во Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање запрашан за двојазичноста на амблемите на полициските униформи. Мицкоски истакна дека ова освен што е дефокус, на никој начин нема да го подобри стандардот на граѓаните на Македонија. - Нема да го намали бројот на автобуси кои ја напушттаат Македонија со млади луѓе од Тетово Дебар, Гостивар, Струмица, Виница, Битола и тоа е уште еден обид преку поделба на народот да се сокрие пљачката која ја спроведува власта преводена од СДСМ и ДУИ, потенцира Мицкоски. Тој нагласи дека е вчудоневиден со каква леснотија овие политичари во владата го навредуваат и потценуваат народот мислејќи дека на тој начин ќе направат нешто со кое ќе ги покријат овие неуспеси. - Но јас не мислам така, мислам дека граѓаните гласно ќе зборуваат на следните предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vlasta-so-dvojazichnosta-na-policiskite-uniformi-saka-da-napravi-defokus-od-kriminalot-i-neuspesite-toa-nema-da-go-podobri-standardot-na-gragjanite/feed/ 0
Војната во Украина причина за предвремени парламентарни избори во Македонија?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vojnata-vo-ukraina-prichina-za-predvremeni-parlamentarni-izbori-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vojnata-vo-ukraina-prichina-za-predvremeni-parlamentarni-izbori-vo-makedonija/#respond Wed, 16 Mar 2022 10:05:07 +0000 https://kurir.mk/?p=648016

Дваесет и еден ден откако сирените во Украина го вознемирија светот. Руската агресија врз Украина беше почеток на едно ново нормално по коронакризата која две години ги затвори луѓето во своите домови. Војна која комплетно ќе ја измени демократијата, слободата и човековите права, војна која економиите на сиромашните земји ќе ја донесе пред капитулација, поради ценовните шокови кои за само дваесет дена вртоглаво се менуваат. Цените на нафтата, струјата, прехранбените суровини се вивнаа „до плафон“. Имено цените на нафтата достигнаа и 130 долари за барел, струјата драстично се покачи, зејтинот, брашното, шеќерот, солта... никогаш немале волку високи цени. Некои луѓе ќе речат, па ова е нормално кога има војна... Да нормално е! Но исто така нормално е кога ќе почне да се случуваат вакви шокови, владите во државите да преземат соодветни мерки и да го ублажат растот на цените. Уште понормално е кога државата за ваквите глобални случувања има информација неколку месеци пред таа да се случи, да дејствува соодветно, а не да истата да молчи и да биде нем набљудувач на ситуацијата. Претседателот Стево Пендаровски во интервју за ТВ Телма, во еден од одговорите рече дека тој имал информации за војната во Украина уште лани во ноември, а штом имал тој, имала и владата на СДСМ и ДУИ. -Американските разузнавачи ни ја дадоа информацијата дека Русија ќе ја нападне Украина. Ја споделивме веднаш со институциите кои се под нас. Тоа беше на ниво на информација. Следниот месец, големите медиумски сервиси не веруваа во тоа, но кон крајот на декември, НАТО и ЕУ потврдија дека информацијата е точна, рече Пендаровски. Но македонските власти цели пет месеци молчеа и ништо не преземаа. Дојдовме до ситуација повторно да го молиме Александар Вучиќ да ни даде пченица, претходно го молевме за вакцини, а во секоја прилика не забораваме да се пофалиме дека сме земја членка на НАТО. Како земја членка на НАТО мора да почнеме да размислуваме позрело, бидејќи ако ги земеме другите земји членки на Алијансата, со кои честопати сакаме да се споредуваме ќе видиме дека не сме ни приближно блиску до нив. Цели пет месеци властите не преземаа ниту еден чекор со кој ќе им се олесни животот на македонските граѓани, но затоа сега во „пет до дванаесет“, експресно се донесоа економски мерки, но од вчера и се променија униформите на полицијата, нешто што ДУИ одамна го ветуваше. Мириса на предвремени парламентарни избори?! На почетокот на годината, новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков ја посети Република Македонија, беше пречекан од наследникот на Зоран Заев, Димитар Ковачевски. Оваа посета беше на 18 јануари, дента кога Бугарија ја признала независноста на Македонија. И посетата беше на највисоко ниво, по завршување на истата, од двете страни веднаш побрзаа да кажат дека преговорите започнале одлично и дека предлогот за 5+1 веќе станал 4+1. Потоа по барање на Петков беше воведен директен лет Скопје – Софија, па министрите на двете земји и нивни делегации се возеа со авион, ПР-от беше пуштен на најјако. Но, војната во Украина им ги помати сметките. Речиси еден месец никој ништо не збори за преговорите, за барањата на Бугарија, за предлозите... Во близина на бугарската граница, кај Црно Море, се случува војна, целата бугарска политика во моментиве се фокусира на тој момент, а Македонија повеќе не е приоритет за Бугарите. Апропо ваквата ситуација, Ковачевски и Груби, знаејќи дека шансите за добивање датум за преговори со ЕУ се речиси невозможни, решија со популистички мерки да ни наговестуваат предвремени парламентарни избори, кои големи се шансите да се случат на есен оваа година. За помислата дека шансите се речиси невозможни да ги започнеме преговорите со ЕУ во Јуни на некој начин ни потврди и Жозеф Борел, високиот претставник за надворешна политика на ЕУ. -Не можам да ви ветам датум но можам да ви ветам волја, рече Борел. [embed]https://kurir.mk/makedonija/vesti/zosep-borel-ne-mozam-da-vi-vetam-datum/[/embed] Доколку на оваа влада и беа приоритет граѓаните, економските мерки кои ги донесоа сега ќе ги донесеа дента кога ја добиле информацијата за руската инвазија, немаше да чекаат бензинот да се вивне „во плафон“, немаше да чека ценовните шокови да направат хаос во државата, немаше да дозволи граѓаните да се „тепаат“ за зејтин, брашно, сол... За помислата за предвремени парламентарни избори да биде уште по реална овозможи и објавата на министерот Артан Груби, кој пак важи за иден лидер на ДУИ, доколку Ахмети се повлече од таа функција. Артан Груби вчера се пофали дека полициските униформи стануваат двојазични. -Уште една успешно извршена задача! Албанскиот јазик официјално и во полициските униформи! На денешната седница на Владата ја усвоивме измената на Уредбата за униформите и нивните симболи со која се предвидува употреба на албанскиот јазик како службен јазик во униформите на полициските служби согласно законот, напиша на Фејсбук, министерот Груби. [embed]https://kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edna-uspeshno-izvrshena-zadacha-albanskiot-jazik-i-oficijalno-na-policiskite-uniformi-se-pofali-grubi/[/embed] Ако денот по утрото се познава, војната во Украина и носи предвремени парламентарни избори на Македонија.   Ристе Здравков]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vojnata-vo-ukraina-prichina-za-predvremeni-parlamentarni-izbori-vo-makedonija/feed/ 0
УШТЕ ЕДНА УСПЕШНО ИЗВРШЕНА ЗАДАЧА: Албанскиот јазик и официјално на полициските униформи, се пофали Груби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edna-uspeshno-izvrshena-zadacha-albanskiot-jazik-i-oficijalno-na-policiskite-uniformi-se-pofali-grubi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edna-uspeshno-izvrshena-zadacha-albanskiot-jazik-i-oficijalno-na-policiskite-uniformi-se-pofali-grubi/#respond Tue, 15 Mar 2022 17:35:59 +0000 https://kurir.mk/?p=647746

Mинистерот за политички систем и вицепремиер, Артан Груби на својата Фејсбук страница се пофали дека Владата донела одлука на униформите на припадниците на МВР во иднина покрај македонскиот да стои и натпис на албански јазик. – Уште една успешно извршена задача! Албанскиот јазик официјално и во полициските униформи! На денешната седница на Владата ја усвоивме измената на Уредбата за униформите и нивните симболи со која се предвидува употреба на албанскиот јазик како службен јазик во униформите на полициските служби согласно законот – пишува Груби во својата објава на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edna-uspeshno-izvrshena-zadacha-albanskiot-jazik-i-oficijalno-na-policiskite-uniformi-se-pofali-grubi/feed/ 0