полиња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Jun 2023 07:09:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png полиња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Полињата во Херсон би можеле да станат пустина по уништувањето на браната Каховка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polinata-vo-herson-bi-mozhele-da-stanat-pustina-po-unishtuvaneto-na-branata-kahovka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polinata-vo-herson-bi-mozhele-da-stanat-pustina-po-unishtuvaneto-na-branata-kahovka/#respond Wed, 07 Jun 2023 07:09:57 +0000 https://kurir.mk/?p=843044

Откако експлозија ја уништи големата брана Каховка, на реката Дњепар, во јужна Украина, украинското Министерство за земјоделство синоќа соопшти дека според првичните прогнози, се очекува да бидат поплавени околу 10.000 хектари земјоделско земјиште на северниот брег на реката, во регионот Херсон. Се очекуваше поплавите да бидат многу поголеми на јужниот брег на реката, во регионот под руска окупација, се наведува во соопштението на Министерството, објавено на неговата Интернет-страница. Деталните информации за штетите и последиците ќе бидат објавени во наредните денови кога министерството ќе има појасна слика за состојбата. „Освен тоа, катастрофата предизвикана од активности на човекот, ќе го наруши снабдувањето со вода во 31 систем за наводнување на полињата во регионите Дњепропетровск, Херсон и Запорожје“, соопшти министерството. „Уништувањето на хидроцентралата Каховка ќе значи дека полињата во јужна Украина веќе следната година би можеле да се претворат во пустини“, додаваат од министерството. Снабдувањето со вода за пиење во населените места, исто така, би било загрозено. Дополнително, од Министерството за земјоделство велат дека очекуваат негативни последици за рибарството. Браната беше уништена вчера рано утрината, во јужниот дел на Украина, во областа Херсон, окупирана од Русија. Кремљ го обвини Киев, а од друга страна, Украина и многу западни набљудувачи се убедени дека руските окупатори сами ја разнесоа браната - веројатно за да спречат планирана украинска контраофанзива. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polinata-vo-herson-bi-mozhele-da-stanat-pustina-po-unishtuvaneto-na-branata-kahovka/feed/ 0
Погледнете ја добро оваа фотографија: Нема шанси веднаш да погодите што има на неа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poglednete-ja-dobro-ovaa-fotografija-nema-shansi-vednash-da-pogodite-shto-ima-na-nea/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poglednete-ja-dobro-ovaa-fotografija-nema-shansi-vednash-da-pogodite-shto-ima-na-nea/#respond Mon, 11 Mar 2019 16:35:17 +0000 https://kurir.mk/?p=173727

Постојат безброј природни и вештачки чуда што ги крие земјината топка, а за некои од нив не сме свесни додека не погледнеме од повисоко. Постојат и такви што се откриваат само со помош на сателитски снимки. Фотографијата погоре е сателитска слика од полиња во Канзас кои се обработуваат со кружно наводнување. На сликата е видлив и Автопатот 56, кој ја пресекува по средината. Во зелените кругови се посевите што сè уште растат. Кон крајот на јуни, кога е направена фотографијата, пченицата добива златна боја, а кафеавите полиња ја претставуваат почвата на која жетвата е веќе направена. Инаку, полињата прикажани на оваа снимка се со пречник од 800 до 1.600 метри. Кружното наводнување на земјиштето што се врши така што прскалките вртат околу оска во 1940 година го има измислемно фармeрот Франк Зибах од американската сојузна држава Колорадо. Неговиот изум станал широко прифатен како многу ефикасен иако требало да мине одредено време за модификација на системот со цел тој да стане конкурентен. Покрај позитивните страни на ваквото наводнување, тоа има и негативини, како што е намалувањето на количеството подземни води, кои многу тешко може да се обноват.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poglednete-ja-dobro-ovaa-fotografija-nema-shansi-vednash-da-pogodite-shto-ima-na-nea/feed/ 0