полио плус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Apr 2022 13:43:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png полио плус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арсовска со поддршка на проектот Инклузивни политики и знаења, за подобрување на инфраструктурните пристапи за олеснето функционирање на лицата со хендикеп https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-so-poddrshka-na-proektot-inkluzivni-politiki-i-znaenja-za-podobruvanje-na-infrastrukturnite-pristapi-za-olesneto-funkcioniranje-na-licata-so-hendikep/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-so-poddrshka-na-proektot-inkluzivni-politiki-i-znaenja-za-podobruvanje-na-infrastrukturnite-pristapi-za-olesneto-funkcioniranje-na-licata-so-hendikep/#respond Mon, 11 Apr 2022 13:43:54 +0000 https://kurir.mk/?p=661401

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска оствари средба со претставничките на Движењето против Хендикеп „Полио Плус“, во рамки на која се потпиша договорот за поддршка за реализација на проектот „Инклузивни политики и знаења“ за подобрување на условите за живот и функционирање на лицата со попреченост во градот Скопје. Проектот се реализира согласно Програмата за активностите во областа на социјална, детска и здравствена заштита, во Град Скопје, за 2022 година, и има за цел да допридонесе за поголема инклузивност на лицата со хендикеп. - Подобрување на условите за живот и поголема инклузивност на лицата со хендикеп е еден од приоритетите на Градот Скопје. Целта е на овие лица да им се овозможи целосна пристапност во сите објекти и инфраструктурно уредување за нивно олеснето функционирање во сообраќајот, истакна градоначалничката Арсовска. На средбата беа договорени иницијативи и активности кои Градот ги презема, а во насока на надминување на предизвиците на лицата со хендикеп, но и преземање на подобри локални политики за инфраструктурна пристапност и поголема инклузивност на лицата со хендикеп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-so-poddrshka-na-proektot-inkluzivni-politiki-i-znaenja-za-podobruvanje-na-infrastrukturnite-pristapi-za-olesneto-funkcioniranje-na-licata-so-hendikep/feed/ 0
Арсовска на средба со претставници на „Полио Плус“- подобрување на условите за живот и поголема инклузивност на лицата со попреченост https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-na-sredba-so-pretstavnici-na-polio-plus-podobruvanje-na-uslovite-za-zivot-i-pogolema-inkluzivnost-na-licata-so-poprechenost/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-na-sredba-so-pretstavnici-na-polio-plus-podobruvanje-na-uslovite-za-zivot-i-pogolema-inkluzivnost-na-licata-so-poprechenost/#respond Fri, 24 Dec 2021 15:41:10 +0000 https://kurir.mk/?p=612775

Подобрувањето на условите за живот на лицата со попреченост беше тема на денешната средба на градоначалничката Данела Арсовска со претставниците на Движењето против хендикеп „Полио Плус“. Тие истакнаа дека е потребна поголема инклузивност на лицата со попреченост, со што ќе се овозможат подобри и поквалитетни услови за секој граѓанин. Арсовска напомена дека ќе се заложи Град Скопје да направи се што е во негова надлежност со цел подобрување на условите, а ќе се обиде и да ја поттикне и централната власт да стори повеќе на ова поле. Подобрувањето на условите за живот на лицата со попреченост е еден од важните проекти во програмата на новата градска администрација. Целта е во наредниот период да се постават пристапни рампи и лифтови во сите објекти, инфраструктурно подобрување во сообраќајот, семафори со звучна сигнализација за лицата со попреченост, тактилни патеки за потребите на лицата со оштетен вид. Арсовска веќе издаде писмен налог до сите јавни институции под надлежност на Градот да направат проценка и да постават пристапни рампи за лица со попречености, со рок за имплементација од 60 дена. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-na-sredba-so-pretstavnici-na-polio-plus-podobruvanje-na-uslovite-za-zivot-i-pogolema-inkluzivnost-na-licata-so-poprechenost/feed/ 0
Работилница за примена на конвенцијата за правата на лицата со попреченост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnica-za-primena-na-konvencijata-za-pravata-na-licata-so-poprechenost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnica-za-primena-na-konvencijata-za-pravata-na-licata-so-poprechenost/#respond Sat, 28 Apr 2018 11:00:37 +0000 https://kurir.mk/?p=47359

Во организација на Движењето против хендикеп „Полио плус“ од Скопје денеска и утре во Тетово се одржува работилница за примена на конвенцијата за правата на лицата со попреченост во секојдневниот живот. Според Кристина Нацева од „Полио плус“ иако Македонија е потписник на оваа конвенција од 2011 година голем проблем е нејзината примена во пракса. Посочи дека ратификацијата на конвенцијата со околу 50 членови е една работа, но лицата со попреченост во Македонија постојано се соочуваат со неможност во остварувањето на своите права како на пример образованието, физичката непристапност на објектите што е проблем за слабовидните и слепи лица, слабото користење на гестовниот јазик во информативните содржини, но и пристапноста до информациите. - Кај организациите што работат со овие лица, но и кај нив самите има големо разочарување од овие состојби, бидејќи се покажува дека и институциите што се надлежни или не знаат или не умеат да ја реализираат во практика конвенцијата и на тој начин да ги направат лицата со попреченост рамноправни граѓани што ќе придонесуваат за општеството,  а не само како и досега да бидат пасивни примачи на помош, изјави Нацева. Таа истакна и дека од нивна страна било воочено дека и самите лица со попреченост имаат слаби или недоволни познавања со правата што им следуваат согласно конвенцијата, па поради тоа на дводневната работилница во Тетово преку личен пристап со овие лица ќе работат на подобрување на овие состојби. Милица Трпевска од Тетово која е слепа вели дека во Тетово, но и воопшто низ Македонија е голема непристапноста на улиците и објектите за слободно и независно движење на слепите и лицата со намален вид со бел стап. Меѓу проблемите се и немањето законски решенија за личен асистент за ваквите лица, но и системските пристап околу носењето на законите, прописите или политиките во овие области. Таа нагласи дека се забележува подобрување на состојбите согласно Законот за социјална заштита околу финасиските бенефиции или вработувањата на лицата со попреченост, но оти мора да се работи на суштински пристап конрешавањето на нивните проблеми и на национално и на локално ниво. (Mиа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnica-za-primena-na-konvencijata-za-pravata-na-licata-so-poprechenost/feed/ 0