политичари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Jun 2023 19:01:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png политичари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рама: Политичарите на Косово мора да докажат со дела дека овој регион припаѓа на Берлинскиот процес, а не на соништата на Кремљ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-politicharite-na-kosovo-mora-da-dokazhat-so-dela-deka-ovoj-region-pripaga-na-berlinskiot-protses-a-ne-na-sonishtata-na-kreml/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-politicharite-na-kosovo-mora-da-dokazhat-so-dela-deka-ovoj-region-pripaga-na-berlinskiot-protses-a-ne-na-sonishtata-na-kreml/#respond Thu, 29 Jun 2023 19:01:52 +0000 https://kurir.mk/?p=851006

По веста дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел го подржува предлог на албанскиот премиер Еди Рама за решавање на тензиите меѓу Косово и Србија преку конференција на високо ниво, реагираше Рама кој на Твитер напиша дека "ова е добра вест за имплементација на француско-германскиот план меѓу Косово и Србија". -Добра вест е напредокот на идејата за конференција на највисоко ниво, без краен рок, до постигнување целосен договор за спроведување на француско-германскиот план меѓу Косово и Србија, кој денеска беше поддржан од самиот претседател Шарл Мишел, пишува Рама. Додава дека целиот конфликт секогаш дополнително се деградира, бидејќи несогласувањата се уште продолжуваат. - Нашиот регион не може да биде вовлечен во еден сосема бесмислен, апсурден конфликт, каде се поигрува со огнот на национализмот, произведувајќи секојдневно причини за борба, со постапки и непостапувања, обвинувања и контраобвиненија, кои секојдневно ја деградираат ситуацијата на северот на Косово и ја поткопуваат градбата изградена со толку напори на регионална соработка, нагласува Рама. Посочува дека политичарите на Косово мора да се покажат со дела, а не со зборови, дека овој регион припаѓа на Берлинскиот процес, а не на соништата на Кремљ. -Политичарите на Косово мора да докажат денес, со дела, а не со зборови, дека овој регион припаѓа на Берлинскиот процес, а не на соништата на Кремљ, а Косово не може да биде несвесното ткиво на кое се проектираат тие соништа, додека некои од нив изгледаат дека сликаат херојска слика за историјата, оценува Рама во објава на Твитер постирајќи фотографија од средбата со Мишел во Брисел. Според него, денеска, кога во Брисел, во работната агенда на Комисијата е подготовката на нов план за финансиска и економска поддршка на земјите од нашиот регион, кога Албанија се подготвува да биде домаќин на Првиот самит на Берлинскиот процес во Западен Балкан, кога "сите ние мора да бидеме обединети, да го унапредиме овој витален процес за нашата заедничка европска иднина, зајакнувајќи ги нашите врски, нашите економии, нашиот заеднички пазар, северот на Косово му нуди на светот прикажување на црно-бел филм на стариот Балкан, што може само да ги забавува циничните гледачи на истокот од границите на Европската унија". ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-politicharite-na-kosovo-mora-da-dokazhat-so-dela-deka-ovoj-region-pripaga-na-berlinskiot-protses-a-ne-na-sonishtata-na-kreml/feed/ 0
Дел од политичарите открија кај кого се паднала паричката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-politicharite-otkrija-kaj-kogo-se-padnala-parichkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-politicharite-otkrija-kaj-kogo-se-padnala-parichkata/#respond Sat, 07 Jan 2023 12:53:29 +0000 https://kurir.mk/?p=784418

Градоначалниците на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и Општина Бутел, Дарко Костовски објавија каде се паднала паричката во нивните домови. „Среќата и бериќетот во нашиот дом оваа година е во помалиот син Матео“, напиша Стефковски. По целосно фер спроведена постапка, слава на Господ во поголема конкуренција, оваа година паричката се падна кај Тодор, напиша Костовски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека кај син му Јован се паднала паричката. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографија со семејството и откри дека годинава паричката се паднала во куќа и Бога. Се смета дека оној кај кого ќе се падне паричката на Бадник ќе има среќа целата година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-politicharite-otkrija-kaj-kogo-se-padnala-parichkata/feed/ 0
Советот на амбасадори изрази задоволство што поагресивно ќе се разгледуваат досиејата на поранешни и актуелни корумпирани политичари во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-ambasadori-izrazi-zadovolstvo-shto-poagresivno-kje-se-razgleduvaat-dosiejata-na-poraneshni-i-aktuelni-korumpirani-politichari-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-ambasadori-izrazi-zadovolstvo-shto-poagresivno-kje-se-razgleduvaat-dosiejata-na-poraneshni-i-aktuelni-korumpirani-politichari-vo-makedonija/#respond Tue, 06 Dec 2022 16:06:47 +0000 https://kurir.mk/?p=771896

Од Советот на амбасадори денеска соопштија дека со големо задоволство ја примиле веста објавена на твитер од страна на амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер, дека тимот за санкции од Вашингтон веќе е во РСМ и по агресивно ќе ги разгледува досејата на поранешни и актуелни корумпирани политичари и да ги дава сите можни одговори. – Совет на Амбасадори црвсто ги поддржува констатаците на амбасадорот на САД Агелер, на амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир и амбасадорите на некои земји членки на Унијата, јавно изнесени на разни конференции и дебати, како и констатациите изнесени во годишните извештаи на ЕУ, дека на правосудниот сектор во Македонија му требаат повеќе истраги, гонење за да се покаже дека никој не е над законот, наведоа од Советот на амбасадори. Советот исто така смета дека корупцијата воопшто, како и корупцијата на високи државни фукционери, е главната причина што младите ја напуштат земјата и заминуват во странство за да обезбедуваат материјални средства за лична и семејна екзистенција. – Ја овикуваме Владата, раководителите на органите на Владата, државните институции како и лидерите и членството на сите политички парттии од власта и опозицијата, да се борат против минатата и сегашна корупцијата во нивните редови за да конечно државата оди кон вистинстки економски, социјален, финансиски, културен и секаков прогрес од сега до иднината, порачаа од Советот на амбасадори.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-ambasadori-izrazi-zadovolstvo-shto-poagresivno-kje-se-razgleduvaat-dosiejata-na-poraneshni-i-aktuelni-korumpirani-politichari-vo-makedonija/feed/ 0
Во Австрија поради високата инфлација ќе се зголемат платите само на политичарите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstrija-poradi-visokata-inflacija-kje-se-zgolemat-platite-samo-na-politicharite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstrija-poradi-visokata-inflacija-kje-se-zgolemat-platite-samo-na-politicharite/#respond Tue, 29 Nov 2022 10:14:25 +0000 https://kurir.mk/?p=768104

Во Австрија поради високата стапка на инфлација се зголемуваат платите на политичарите, додека вработените во различни стопански гранки сè уште преговараат за нов колективен договор односно за зголемување на платите по автоматизам. Австриската Ревизорска институција го проследи до Владата „факторот на адаптација“ односно процентот, со кој од 1 јануари ќе се зголемат платите на државните функционери. Како основа е земена инфлацијата од јули 2021 година до јуни годинава, што изнесува 5,3 отсто. Со тоа значително ќе се зголемат приходите на, на пример, претседателот на Австрија за 1.344 евра месечно, и неговата бруто месечна плата ќе изнесува 26.701 евро. Платата на канцеларот ќе биде зголемена за 1.200 евра, на 23.840 евра. Додека платите на пратениците ќе бидат повисоки за 497 евра, на 9.832 евра. Зголемувањето на платите стапува во сила автоматски, освен ако Парламентот не донесе одлука платите на политичарите да не се усогласуваат на стапката на инфлација. Додека владејачките партии, Народната партија (ОВП) и Зелените молчат, Социјалдемократската партија (СПО) и Партијата на слободата (ФПО) бараат да нема автоматското усогласување на платите на инфлацијата. Лидерот на ФПО, Херберт Кикл дури побара да се намалат платите на членовите на Владата, како и на „лажната опозиција“, поради лошото водење на политиката од карантинот за време на пандемијата до санкциите воведени кон Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstrija-poradi-visokata-inflacija-kje-se-zgolemat-platite-samo-na-politicharite/feed/ 0
ФОТО: Политичарите со честитки до ракометарите за пласманот на СП https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/foto-politicharite-so-chestitki-do-rakometarite-za-plasmanot-na-sp/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/foto-politicharite-so-chestitki-do-rakometarite-za-plasmanot-na-sp/#respond Mon, 18 Apr 2022 06:42:37 +0000 https://kurir.mk/?p=664565

Македонската ракометна репрезентација го обезбеди своето осмо учество на Светските првенства, откако вчеравечер во СЦ „Борис Трајковски“ ја совлада Чешка со 27:25. „Црвено-жолтите“ бодрени од околу 7.000 навивачи, ја исполнија целта, континуирано учество на големите натпреварувања. Овој меч ќе остане запишан во историјата на македонскиот ракомет и по завршувањето на репрезентативната кариера на Филип Миркуловски и Столе Стоилов. Честитки за победата и пласманот на СП до ракометарите упатија и политичарите во Македонија.   На социјалните мрежи се огласи и поранешниот ракометен репрезентативец, актуелен директор на Агенцијата за млади и спрот Наумче Мојсовски. Светското првенство 2023 година ќе се одржи во Полска и Шведска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/foto-politicharite-so-chestitki-do-rakometarite-za-plasmanot-na-sp/feed/ 0
Мицкоски: Граѓаните се уморни од политичарите кои од голтари станаа милионери, додека народот е се посиромашен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-gragjanite-se-umorni-od-politicharite-koi-od-goltari-stanaa-milioneri-dodeka-narodot-e-se-posiromashen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-gragjanite-se-umorni-od-politicharite-koi-od-goltari-stanaa-milioneri-dodeka-narodot-e-se-posiromashen/#respond Fri, 25 Mar 2022 21:35:50 +0000 https://kurir.mk/?p=653589

Во вечерашно гостување на ТВ21 во емисијата „Клик плус“  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакана дека народот е уморен од политичари кои од голтари кога влегле во политика, станале милионери, додека народот е се посиромашен.

„Некои се денарски милјардери, но секако и милионери во валута офицајлна на Европската Унија. Погледнете ги имотните листови, не треба да бидете многу аналитичен и да видите, започнете од оној просечен бизнисмен политичар што беше, па завршете со денешните политичари на власт, погледнете ги нивните имотни листови. Еве, ние како политичка партија за дел од официјалните лица, денеска извадивме. За сите политичари, па нека се и наши членови, и наши функционери, ако има ако влегле голтари во политиката и излегле милионери мислите дека ќе ги штедиме? Не, и тие треба да бидат на судот на јавноста, затоа што народот е уморен, народот е уморен повторно ќе кажам од луѓе кои што влегле во политика голтари а излегле од политика милионери“, нагласи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски додаде и дека додека некои од политичарите од голтари станале милионери, народот е се посиромашен.

„Јас тоа не го кажав за да бидам интересен или да бидам политичар кој што кажал нешто па сега ќе предизвика некаде  хумор некаде критика, туку, тоа го мислам и врз основа на тоа што сум го анализирал. Погледнете ги возните паркови, погледнете како живеат и каде живеат луѓето, а народот е се посиромашен од друга страна“, заклучи Мицкоски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-gragjanite-se-umorni-od-politicharite-koi-od-goltari-stanaa-milioneri-dodeka-narodot-e-se-posiromashen/feed/ 0
ФОТО: Политичарите со честитки за македонската фудбалска репрезентација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-politicharite-so-chestitki-za-makedonskata-fudbalska-reprezentacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-politicharite-so-chestitki-za-makedonskata-fudbalska-reprezentacija/#respond Fri, 25 Mar 2022 07:49:07 +0000 https://kurir.mk/?p=653035

Македонската фудбалска репрезентација приреди вчера во Палермо сензација, совладувајќи ја Италија со 1-0 (0-0) и обезбеди пласман во финалето од баражот за пласман на Мундијалот 2022 против Португалија на 29 март. Најголемата победа во историјата на македонскиот фудбал на стадионот „Ренцо Барбера“ ја донесе поранешниот играч на Палермо, Александар Трајковски во 92 минута. На социјалните мрежи со честитки се огласија македонските политичари. Истакнаа дека се горди и дека на фудбалерите за испишаната историја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-politicharite-so-chestitki-za-makedonskata-fudbalska-reprezentacija/feed/ 0
ИСТРАЖУВАЊЕ: Еве кои се најпопуларните политичари во Македонија во изминатите три децении https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istrazuvanje-eve-koi-se-najpopularnite-politichari-vo-makedonija-vo-izminatite-tri-decenii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istrazuvanje-eve-koi-se-najpopularnite-politichari-vo-makedonija-vo-izminatite-tri-decenii/#respond Mon, 27 Sep 2021 15:19:38 +0000 https://kurir.mk/?p=569005

Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев се најпопуларните политичари во изминатите три децении, оцениле испитаниците опфатени со истражувањето на фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институтот за општествени истражувања „МК91“, по повод 30 години од независноста на државата. Од вкупниот број испитаници, 42 проценти дале највисока оценка 5 за поранешниот претседател Борис Трајковски, 33 проценти дале оценка 5 за поранешниот претседател Киро Глигоров и 21,1 процент дале петка за поранешниот премиер Никола Кљусев. Според резултатите од истражувањето, 43,1 процент сметаат дека државата има успешен развој изминатите три децении, што претставува разлика од 6,9 проценти во однос на оние што имаат спротивен став. Како најпозитивни нешта изминатите три децении испитаниците ги посочуваат стекнувањето на независноста на државата (15 проценти), процесот на интеграција и самата интеграција во ЕУ и во НАТО (6,3 проценти) и напредокот и модернизацијата на земјата (2 проценти). Негативни нешта, според испитаниците, се криминалот и корупцијата (12,7 проценти), економијата и животниот стандард (7,1 проценти) и политичката нестабилност (3,1 процент). – Во овој дел важно е да се укаже дека високи 70 проценти од испитаниците не можат или не знаат да одберат кој настан е најпозитивен во изминатите 30 години, како и 56,8 проценти од испитаниците кои не можат или не знаат да одберат кој настан е најнегативен изминатите три децении, велат од фондацијата „Конрад Аденауер“. Поддршка за Охридскиот рамковен договор даваат 46,3 проценти од испитаниците, 38,5 проценти го поддржуваат потпишувањето на Договорот за пријателство и соработка со Бугарија, а 41,5 проценти Преспанскиот договор. Членството во НАТО го поддржуваат 59,8 проценти, а 38 проценти позитивно го оценуваат процесот на евроинтеграција. Во однос на западните држави-сојузници, највисоки оценки има за Германија (69.5 проценти имаат добро, многу добро или одлично мислење за неа) и за САД (57.4 проценти имаат добро, многу добро или одлично мислење). Позитивни оценки дибиле и Кина (60,2 проценти имаат добро, многу добро или одлично мислење), Русија (61,6 проценти имаат добро, многу добро или одлично мислење) и Турција (79,5 проценти имаат добро, многу добро или одлично мислење). За 35,6 проценти од испитаниците, во следните три децении државата ќе се развива подобро, за 22,6 проценти ќе се развива полошо, а за 16,6 проценти државата ќе има сличен развој како и досега. – Ова значи дека за 13 проценти е поголем бројот на испитаниците кои позитивно гледаат на развојот на државата во следните 30 години, што упатува на заклучокот дека постои изразено ниво на оптимизам кај испитаниците во однос на иднината на Северна Македонија, а причините за тоа треба да се бараат во посилниот државотворен капацитет на граѓаните, како и во нивната приврзаност кон остварената независност на државата, оценуваат од „Конрад Аденауер“. Истражувањето е спроведено во август и со него се опфатени 1.110 испитаници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istrazuvanje-eve-koi-se-najpopularnite-politichari-vo-makedonija-vo-izminatite-tri-decenii/feed/ 0
Скандал во емисија: Политичари се степаа, едниот заврши нокаутиран – погледнете го овој хаос и дознајте како заврши (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-vo-emisija-politichari-se-stepaa-edniot-zavrshi-nokautiran-poglednete-go-ovoj-haos-i-doznajte-kako-zavrshi-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-vo-emisija-politichari-se-stepaa-edniot-zavrshi-nokautiran-poglednete-go-ovoj-haos-i-doznajte-kako-zavrshi-video/#respond Thu, 22 Jul 2021 10:09:23 +0000 https://kurir.mk/?p=540240

Молдавските политичари Сергио Тофилат и Генади Косован ги шокирале гледачите со тепачка во текот на емисија за дискусија, пренесува "DPA". Тофилат, поранешниот советник на претседателката Маја Санду, го нокаутирал Косован, поранешен заменик министер за внатрешни работи. Имало и давење, односно фаќање за врат. Видеото објавено на интернет покажува дека Косован во почетокот останал неподвижен по инцидентот. Ситуацијата наводно се влошила откако Тофилат го навредувал Косован во текот жестока расправа за политичката ситуација во Молдавија. Тогаш Косован го полеал Тофилат со чаша вода по глава. , Емитувањето подоцна морало да биде прекинато. На Фејсбук била објавена фотографија на која се гледа како двајцата мажи повторно мирно стојат еден покрај друг и се ракуваат, но во позадина се гледаат болничари. "Се е добро кога добро ќе се заврши", напишало уредништвото, но исто така навело дека таквите насилства ќе бидат казнувани во иднина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-vo-emisija-politichari-se-stepaa-edniot-zavrshi-nokautiran-poglednete-go-ovoj-haos-i-doznajte-kako-zavrshi-video/feed/ 0
Очите на Европа вечерва свртени кон „Вембли“, македонските политичари откриваат кој е нивниот фаворит https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ochite-na-evropa-vecherva-svrteni-kon-vembli-makedonskite-politichari-otkrivaat-koj-e-nivniot-favorit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ochite-na-evropa-vecherva-svrteni-kon-vembli-makedonskite-politichari-otkrivaat-koj-e-nivniot-favorit/#respond Sun, 11 Jul 2021 09:04:14 +0000 https://kurir.mk/?p=534968

Репрезентациите на Италија и Англија вечерва од 21 часот ќе го одиграат финалето на Европското фудбалско првенство. Вниманието на европската јавноста е свртено кон фудбалот и кон тоа кој ќе биде победникот и ќе го понесе трофејот на првенството кое беше одложено за годинава поради Ковид пандемијата. Навивачите на овие две репрезентации жестоко ги бодрат своите миленици, но во мала предност во однос на фаворитската улога е „Гордиот албион“ поради фактот дека игра дома. Курир праша дел од македонските политичари за која репрезентација ќе навиваат вечерва и кој очекуваат да го подигне трофејот. Поголемиот дел од нив изјавија дека немаат фаворит, но секако очекуваат добар натпревар. -Во недела, на финалето на Европското фудбалско првенство, играат тимовите на Англија и Италија. Станува збор за две наши пријателски држави и претседателот Пендаровски нема да зазема страна. Претседателот очекува да гледаме добар фудбал и нека победи подобрата екипа, се вели во одговорот од Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски. Фер игра со што поголем број голови посакува собранискиот спикер, Талат Џафери. -Претседателот на Собранието Џафери ќе го следи финалето на Европското фудбалско првенство дома, со семејството. Со оглед на тоа дека двете репрезентации покажаа квалитет својствен за супериорни играчи со жар карактеристичен за матичните лиги, претседателот ќе навива за што поголем број голови, фер и чиста игра, коректност на навивачите и еднаква поделба на правда од страна на судиите, велат за Курир од Кабинетот на Џафери. Во домашна атмосфера без фаворит бидејќи неговиот испаднал од натпреварувањето, денешното фудбалско финале ќе го проследи и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Финалниот натпревар на Европското првенство ќе го гледам во домашна атмосфера со пријателите. Нема да навивам за ниту една од репрезентациите бидејќи мојот фаворит Македонија не игра во финалето на европското. Сепак следејќи ги натпреварите на европското, колку што ми дозволуваа обврските, очекувам одличен натпревар помеѓу двете квалитетни репрезентации Италија и Англија, натпревар со многу погодоци, открива Мицкоски за Курир. Од контактираните единствено портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева јасно кажа дека вечерва ќе навива Италија да го подигне трофејот. За Курир открива дека следењето на вечерашниот натпревар ќе биде интересен за неа бидејќи нејзиниот сопруг навива за спротивната селекција, Англија. -"Forza Azzurri!" Мојот фаворит е Италија, уште од самиот почеток на европското првенство бев многу позитивно изненадена од играта на Италијанците. Го променија концептот на играта, играат модерен, напаѓачки фудбал за разлика од тоа што за нив е одлика да играат затворен фудбал. Имаат 33 натпревари без пораз и за разлика од порано, Италијанците ова првенство не ги красат некои посебни фудбалски ѕвезди, напротив успехот е плод на единство и хемија, а тоа ме потсетува на нашата македонска фудбалска репрезентација. Ќе го гледам натпреварот фамилијарно, како ќерка и сестра на фудбалски судии, тоа секогаш било наша традиција. Дополнително, со сопругот имаме различен фаворит, тој навива за Англија, па навивањето ќе биде уште поинтересно, вели Митева за Курир. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи за Курир вели дека не следи фудбал кога не игра Македонија. Викендот наместо пред телевизор ќе го помине со семејството на планина. Курир се обиде да дознае за која репрезентација вечера ќе навиваат премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, но до објавување на овој текст од нивните кабинети не добивме одговор. Домаќин на финалето ќе биде стадионот „Вембли“ во Лондон. Англичаните немаат европски трофеј во својата историја, а вечерва ќе го играат своето прво големо финале од 1966 година кога на истиот стадион ја освоија титулата светски првак. Азурите ја освоија својата прва и засега единствена европска титула во 1968 година, совладувајќи ја во финалето на домашен терен во Рим поранешна СФР Југославија. Оттогаш, Италијанците уште два пати стигнаа до финалните натпревари на Европските првенства на кои беа поразени во 2000 и 2012 година. Финалето од трибините на култниот „Вембли“ ќе го следат 60.000 навивачи, кои во огромно мнозинство ќе бидат Англичани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ochite-na-evropa-vecherva-svrteni-kon-vembli-makedonskite-politichari-otkrivaat-koj-e-nivniot-favorit/feed/ 0