политичка криза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Nov 2022 13:47:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png политичка криза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повторно без договор меѓу црногорската опозиција и власт, длабоката политичка криза продолжува https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-bez-dogovor-megju-crnogorskata-opozicija-i-vlast-dlabokata-politichka-kriza-prodolzuva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-bez-dogovor-megju-crnogorskata-opozicija-i-vlast-dlabokata-politichka-kriza-prodolzuva/#respond Fri, 18 Nov 2022 13:47:44 +0000 https://kurir.mk/?p=762958

Лидерите на црногорските парламентарни партии ниту на втората средба не успеаја да постигнат договор кој би довел до разрешување на политичката криза во таа земја, соопшти претседателката на црногорскиот Парламент Даниела Ѓуровиќ. Таа, по средбата што ја иницираше, истакна дека лидерите на партиите не се приближиле за ниту едно од трите прашања што ги делат власта и опозицијата, а тоа се изборот на судии на Уставниот суд, повлекувањето на законот за Претседател, и распишување на вонредни парламентарни избори. – За жал, не постигнавме договор за ниту едно прашање. Апелирам до сите да најдат сила и одговорност за да се дојде до решение за прашањето за Уставниот суд и за другите прашања важни за граѓаните, рече Ѓуровиќ по средбата, истакнувајќи дека е подготвена да ја организира и следната средба. – Но, ако се се сведува на набројување на проблемите, а сите остануваат закопани во своите ровови, тогаш не ја гледам целта на тие средби, рече таа, додавајќи дека опозицијата имала „најтврди“ позиции, додека власта понудила некакви компромисни решенија. Ова е втора неуспешна средба меѓу власта и опозицијата, откако првата пропадна минатата недела. Тогаш, претседателот на Црна Гора и на опозициската Демократска партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ, не дојде на средбата, туку го испрати потпретседателот на партија, Иван Вуковиќ. Тоа не беше прифатливо за просрпскиот Демократски фронт, чии лидери ја напуштија таа средба. Синоќа неколку илјади граѓани, поддржани од опозицијата предводена од ДПС на Ѓукановиќ, ги повторија барањата од претходниот протест – распишување предвремени парламентарни избори, повлекување на законот за Претседател и избор на судии на Уставниот суд. . Црна Гора во моментов е предводена од техничката влада на Дритан Абазовиќ, која ја загуби поддршката од ДПС на Ѓукановиќ откако во август одлучи да потпише темелен договор со СПЦ, што, според опозицијата, значело префрлање на црногорското културно и историско наследство на СПЦ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-bez-dogovor-megju-crnogorskata-opozicija-i-vlast-dlabokata-politichka-kriza-prodolzuva/feed/ 0
По најавата за независност на Шкотка, Велика Британија соочена со политичка криза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-najavata-za-nezavisnost-na-shkotka-velika-britanija-soochena-so-politichka-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-najavata-za-nezavisnost-na-shkotka-velika-britanija-soochena-so-politichka-kriza/#respond Mon, 25 Jan 2021 11:17:01 +0000 https://kurir.mk/?p=459499

Велика Британија, соочена со планот на водечката шкотска партија да одржи нов референдум за независност на Шкотска, на кој владата во Лондон остро се спротивставува, како и анкетите што покажуваат дека мнозинството шкотски гласачи се за независност и враќање во Европската унија, е загрозена од нова политичка и уставна криза, јави Радио Слободна Европа (РСЕ) Шкотската национална партија (СНП) во саботата ги објави плановите за обид да донесе закон за втор референдум за независност, и покрај одбивањето на британската влада да одобри такво гласање, пишува Фајненшл тајмс. Шкотскиот секретар за устав и претседател на СНП Мајкл Расел рече дека нацрт-законот за плебисцит за раскинување на тривековниот сојуз со Англија ќе биде предложен во шкотскиот парламент доколку поддржувачите на независноста имаат мнозинство во Собранието по изборите закажани за мај. Британската влада одобри одржување референдум за независност на Шкотска во 2014 година, на кој мнозинството гласачи беа против независноста и инсистира на тоа дека гласањето за независност без такво одобрување ќе биде незаконско. Расел рече дека шкотскиот Парламент може да донесе закон за подготовка на гласање за независност без одобрение од Велика Британија, предизвикувајќи го британскиот парламент „да преземе правни мерки за оспорување на правната основа на референдумот и да се обиде да ја блокира волјата на шкотскиот народ пред судовите“. На референдумот во 2014 година, 55 отсто од шкотските гласачи беа за останување во Велика Британија, а 45 проценти за независност. Претходно овој месец, британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека треба да има период од околу 40 години до новиот референдум, бидејќи гласањето пред шест години беше нешто што се случува „еднаш во генерација“. Сепак, според Ројтерс, бидејќи мнозинството Шкотланѓани на референдумот за Брегзит го поддржаа останувањето во Европската унија, а СНП тврди дека ситуацијата се променила по излегувањето од Унијата, пренесува РСЕ. Бидејќи Џонсон одбива да се согласи на втор референдум за независност, СНП претстави план од 11 точки за принудување на гласање за отцепување, посочува Би-Би-Си, додавајќи дека е поставен „патоказ“ за нова декларација за независност откако шкотската премиерка Никола Старџен беше изложена на притисок на критичарите на нејзиното раководство да предложи „План Б“. Планот Б, појаснува Би-Би-Си, е да се донесе закон за референдум иако Велика Британија одбива да се согласи и да биде подготвен да се брани тој закон пред судовите. Референдумот ќе се одржи ако судовите го сметаат за легален, но дури по пандемијата. Сепак, не е јасно што ќе се случи ако судовите кажат „да“, британската влада продолжи да кажува „не“ и про-британските партии го бојкотираат референдумот, посочува Би Би Си, додавајќи дека за легитимноста на референдумот е потребна согласност од двете страни. Велика Британија се соочува со уставна криза што ќе ја оптовари унијата, бидејќи новите анкети откриваат дека мнозинството гласачи во Шкотска, но и во Северна Ирска сакаат референдум за отцепување од Велика Британија, пишува „Сандеј тајмс“, додавајќи дека анкетите нарачани од весникот во четири делови на земјата покажале дека чувството на британски идентитет што некогаш ја поврзуваше земјата се распаѓа. Според анкетата во Северна Ирска, мнозинството – 51 наспроти 44 проценти – сака референдум за границата во следните пет години, а британските унионисти имаат мало мнозинство над оние што бараат обединување со Ирска – 47 наспроти 42 проценти, но 11 проценти се неодлучни, што, според неделното издание на лондонскиот весник, е доволно за да се загрози иднината на Велика Британија. Анкетите во Англија, Северна Ирска, Шкотска и Велс исто така покажуваат дека огромното мнозинство гласачи – во соодност над два спроти еден – очекуваат Шкотска да стане независна во следните 10 години. Анкета во Шкотска предвидува дека СНП ќе оствари убедлива победа на изборите во мај, што, посочува весникот, веројатно ќе предизвика нова политичка криза. Според анкетата, 49 проценти од гласачите би гласале за независност на Шкотска на референдум, пет проценти повеќе отколку за останување во унијата, со седум проценти неодлучни, но кога ќе се отстранат непознаниците, тоа е 52 проценти во споредба со 48 проценти за независност, нагласува „Сандеј тајмс“, додавајќи дека Брегзит и корона-кризата ги одвлекува шкотските гласачи од унијата со Англија. Анкетата покажа дека 53 проценти од шкотските граѓани се за влез во ЕУ, што одговара на процентот на поддржувачи на независноста, додека 31 процент се против. Спротивно на тоа, во Англија, противниците за влез во ЕУ водат со 42 наспроти 40 проценти. Кога станува збор за коронавирусот, 42 проценти од Шкотите сметаат дека нивната земја подобро ќе се справи со кризата доколку е независна, а само 22 проценти од шкотските гласачи сметаат дека Џонсон добро се справил со Ковид-19, во споредба со 61 процент кои оценуваат дека Старџен добро се справува со кризата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-najavata-za-nezavisnost-na-shkotka-velika-britanija-soochena-so-politichka-kriza/feed/ 0
Јакимовски: Власта насила носи закон во кој што СЈО ќе се трансферира во ЈО, при што создава политичка криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jakimovski-vlasta-nasila-nosi-zakon-vo-koj-shto-sjo-kje-se-transferira-vo-jo-pri-shto-sozdava-politichka-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jakimovski-vlasta-nasila-nosi-zakon-vo-koj-shto-sjo-kje-se-transferira-vo-jo-pri-shto-sozdava-politichka-kriza/#respond Mon, 10 Feb 2020 18:45:17 +0000 https://kurir.mk/?p=302020

Во емисијата „Само вистина“ гостуваше претседателот на „Гром“, Стевче Јакимовски кој што посочи дека со насилното однесување на власта да со сила донесе закон кој што не е во корист на граѓаните е еден вид создавање политичка криза во Македонија. -Денеска сме политички понестабилни како држава, и никако да се извлечеме од тоа. И тоа прави огромни штети на стопанството, на чувството на сигурност на граѓаните. Гледаме народ ни се иселува, млади деца сакаат да живеат посигурно, побезбедно, работно посигурни, појасни Јакимовски. Јакимовски додаде дека со вакво насилно однесување за да помине закон во кој што СЈО ќе се трансферира во ова обвинителство се создава една политичка криза. -Ако некој на тоа СЈО му даде 3 години, му даде 4.2 милиони евра годишно да троши буџет, му даде одврзани раце, да коле, да беси, да прави што сака, да обвинува за глупости. Значи се му беше дозволено и тие наместо да ги работат предметите, тие очигледно се занимавале со тоа колку пари ќе земат. И се занимавале со тоа од кого колку пари ќе земат не само легални внатре пари туку и нелегални пари. И сега ние треба цела држава да се тресе за да нив статусот им го разрешуваме, нагласи Јакимовски. Јакимовски потсети дека кога Катица Јанева поднесуваше изјава во Парламентот, кога ја прашаа како ги троши парите, таа навредена рече дека ќе си оди. Но не се знае што ќе излезе кога ќе се отворат Јавните набавки како СЈО има трошено пари. -Трансферот на луѓето, на кадрите од СЈО во редовното обвинителство е сериозно проблематично. И тоа од партиски, од морален, па ако сакате дури и од стручен аспект. Ако се вратиме на тоа што работеле, што гонеле, на површина извадивме смешни обвиненија за мерцедес, за шамарите во Центар. Ниеден предмет ние таму немаме за корупција, туку имаме градел автопатишта затоа што сакал да победи на избори, набавил мерцедес итн. Покредибилно ќе беше да излегоа и да речат дека очекувале да најдат многу сериозни работи, но имаат одредени индиции, тоа и тоа се некои проблематични предмети, но меѓутоа досега сериозен криминал нема. Тоа е многу почесно и така правдата е задоволена, истакна Јакимовски. Јакимовски потсети дека СЈО со сила прогонуваше луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jakimovski-vlasta-nasila-nosi-zakon-vo-koj-shto-sjo-kje-se-transferira-vo-jo-pri-shto-sozdava-politichka-kriza/feed/ 0
Заев: Ако не добиеме датум за преговори, ќе има политичка криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ako-ne-dobieme-datum-za-pregovori-kje-ima-politichka-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ako-ne-dobieme-datum-za-pregovori-kje-ima-politichka-kriza/#respond Tue, 21 May 2019 16:54:00 +0000 https://kurir.mk/?p=200530

Премиерот, Зоран Заев, очекува Македонија да добие датум за преговори во јуни или во јули. Тој вели дека е оптимист и дека Европа треба да го испорача тоа што и беше ветено на земјава. Сепак, има шанси Македонија да не го добие долгоочекуваниот датум за отпочнување на преговори со Европската Унија. Како што вели Заев причина за ова не би биле внатрешните работи во земјава, туку случувањата во регинот, пред се во Албанија, која овој пат оди во пакет со Македонија. Според него јули е реална опција Македонија да добие датум за преговори, во спротивно земјава, вели, ќе се соочи со политичка криза. -Ако добиеме пречка таа нема да доаѓа од дома. Нема претседател, канцелар, премиер кој ги става под прашање нашите перформанси. Заради констелациите со сите други земји, ќе се знае кога ќе биде одлуката. Доколку немаме датум ниту во јуни ниту во јули тогаш ќе се соочиме со политичка криза, затоа што ги ставивме сите карти на нашата интеграција во ЕУ. Тоа се очекувањата на нашите граѓани, би било проблематично доколку не се испорача тоа – рече Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ako-ne-dobieme-datum-za-pregovori-kje-ima-politichka-kriza/feed/ 0
Ерменскиот претседател почна преговори за излегување од политичката криза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ermenskiot-pretsedatel-pochna-pregovori-za-izleguvanje-od-politichkata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ermenskiot-pretsedatel-pochna-pregovori-za-izleguvanje-od-politichkata-kriza/#respond Wed, 25 Apr 2018 14:12:52 +0000 https://kurir.mk/?p=46045

Ерменскиот претседател Армен Саркисјан изјави дека почнува преговори со политичките сили за излегување од политичката криза. – Почнувам консулатации со парламентарни и вонпарламентарни претставници за да се разгледа ситуацијата во државата и да се најде излез од неа, изјави Саркисјан. Полицијата во Ереван зазеде позции откако десетици илјади луѓе протестираа против владејачката елита. Времено назначениот премиер Карен Карапетијан ја спомна и можноста за предвремени избори како излез од кризата. Тој не прецизираше кога би можело да се организираат тие. По повеќегодишно владеење и под притисок на бранот протести, во понеделникот оставка поденесе дотогашниот премиер Серж Сергесјан, и на негово место дојде неговиот прв вицепремиер Карпетијан. Но тоа не ги запре протестите, бидејќи опозицијата бара новиот премиер да биде назначен од нов парламентарен состав. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ermenskiot-pretsedatel-pochna-pregovori-za-izleguvanje-od-politichkata-kriza/feed/ 0