политички партии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Nov 2022 12:21:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png политички партии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пратениците ги изгласаа измените: Се забранува основање на здруженија насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-gi-izglasaa-izmenite-se-zabranuva-osnovanje-na-zdruzenija-nasocheni-kon-nasilno-urivanje-na-ustavniot-poredok-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-gi-izglasaa-izmenite-se-zabranuva-osnovanje-na-zdruzenija-nasocheni-kon-nasilno-urivanje-na-ustavniot-poredok-na-makedonija/#respond Wed, 02 Nov 2022 12:21:17 +0000 https://kurir.mk/?p=754506

Собранието денеска на продолжение на 88-та седница донесе измени и дополнувања на Законот за здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, и на Законот за Законот за политички партии, на предлог на СДСМ, по скратена постапка. За измените на Законот за здруженија и фондации „за“ гласаа 67 пратеници, ниту еден против и воздржани, а ист број пратеници гласаа „за“ и за Законот за полититички партии, без ниту еден против и воздржани. Во образложение за измените на Законот за здруженија и фондации, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи рече дека во последните осум месеци сме сведоци за обиди на ревидирање и извитоперување на историските вистини во државата. -Човештвото се уште носи лузни од геноцидот и етничкото чистење, расизмот, антисемитизмот и ксенофобијата, а меѓународната заедница како и сите ние имаме голема одговорност во спречување на овие зла. Страшната вистина за фашизмот и нацизмот мора сите заедно да ја браниме од оние коишто ја негираат. Мора да ја зајакнеме моралната и политичката посветеност на нашата влада и институциите за да обезбедиме можност идните генерации да ги разберат причините за пандемијата на омраза и лудилото од Втората светска војна, во која Македонија даде повеќе од 25 000 жртви, од кои 7 144 Евреи, рече Мизрахи. Токму од овие причини, додаде Мизрахи, денеска ќе донесеме мал, навидум незначителен закон, што ќе биде употребен за да го заштити антифашистичкото минато, и историската вистина на нашата земја. Пратеничката Соња Мирковска од НСДП рече дека во потполност го поддржуваат предлогот на опозицијата за измените на овој закон. -Како владејачка партија учестувавме во изработката на овој закон за да стане пооперативен и практично го носиме заедно. Сметам дека после се она што се случуваше е исклучително важно да се оградиме од таквите случувања, да не дозволиме да ни се формираат такви здруженија во државата, и ова е начинот како може да се стави браната, рече Мираковска. Во образложението за измените и дополнувањата на Законот за политички партии, пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчева рече дека и двата закона имаат една иста цел. – Таа цел произлеува и од членот 20 од Уставот, но се надополнува на она што значи предизвици на новите времиња, што придонесуваат да се создаде потребата од ваквите измени, и целта на предлог законот што содржи две одредби е золемување на транспарентоста и дистанцирање од се она што значи фашизам, нацизам, национал-социјализам и гарантирање на правната сигурност на граѓаните, својствени на една демократска, цивилизирана и правна држава. Предложените законски измени на двете партии уследија по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид. Пратениците на 17 октомври дадоа поддршка по скратена постапка да се донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Со усвоените измени и дополнувања, во Законот за здруженија и фондации членот 4, став 2 се менува и гласи „Се забранува основање на организација ако програмата, целите, дејностите и нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка, поттикнување и одобрување на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, преземање на активности поврзани со тероризам, преземање на активности кои се спротивни на Уставот или закон и преземање на активности со кои се повредуваат слободите и правата на други лица“. – Како име, скратено име и/или назив на организација не можат да бидат употребувани имиња, презимиња, прекари, псевдоними, кратенки и иницијали, на лица кои по кој било основ, начин или форма во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, стои во новиот став во членот 8 од Законот. Според Законот, за употреба на име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност, согласност дава министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење на Комисијата за употреба на имињата на историски личности, а која ја формира самиот министер. Во преодните и завршните одредби на измените и дополнувањата на Законот е наведено дека организации, здруженија, фондации, сојуз и други форми на здружување регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и се должни во рок од три месеци од стапување во сила на овој закон, да го усогласат своето име и/или назив, цели и дејности согласно одредбите од овој закон, пред Централниот регистар. Здруженија и фондации регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат одредбите согласно став 1 од овој член, се бришат од Регистарот, за што министерот за правда донесува одлука. Министерот за правда е должен да донесе одлука за престанок на истите, во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на овој закон. Со измените, пак, на Законот за политички партии, ќе се овозможи поголема транспарентност, како на постоечките така и на идните политички партии, гарантирање на правната сигурност на граѓаните својствени за една демократска, современа и цивилизирана правна држава, стоеше во предложениот текст. Со членот 1 се допрецизира одредбата за програмата, статутот и дејствувањето на политичките партии да не можат да бидат насочени разгорување на национална, расна или верска омраза,нетрпеливост,етничка нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх или повикување на личности и настани од минатото поврзани со фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх. Со членот 2 се дополнува членот 16 со два нови става во кои е уредено дека: (4) Статутот на политичката партија не смее да содржи одредби кои предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх. – Името и ознаките на политичката партија не смеат да содржат симболи, зборови, кратенки кои предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, е предложено во еден од ставовите. Политичките партии ќе треба да ги усогласат своите имиња со овој закон во рок од три месеци.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-gi-izglasaa-izmenite-se-zabranuva-osnovanje-na-zdruzenija-nasocheni-kon-nasilno-urivanje-na-ustavniot-poredok-na-makedonija/feed/ 0
Партиите продолжуваат со кампањата за локалните избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiite-prodolzuvaat-so-kampanjata-za-lokalnite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiite-prodolzuvaat-so-kampanjata-za-lokalnite-izbori/#respond Wed, 29 Sep 2021 05:42:52 +0000 https://kurir.mk/?p=569773

Кандидатите за градоначалници, политичките партии и коалициите со собири и средби со граѓаните денеска ја продолжуваат кампањата за Локалните избори закажани за 17 октомври. Претседателот на СДСМ Зоран Заев, вчера од Скопје порача дека упорноста, храброста и визијата на Петре Шилегов се причината што Скопје денес има модерен, европски лик, и е на вистинскиот правец напред кон иднината. Според него, Шилегов е фаворит затоа што граѓаните во него препознаваат одговорен, стабилен и посветен градоначалник, кој не калкулира со својот рејтинг кога носи решенија за градот. Како што рече, на овие избори го нудат Шилегов како најдобра понуда. Целосно заокружување на процесот за решавање на сообраќајниот хаос во градот, Скопје да стане град без инфраструктурен проблем во наредните 50 години, како и забавен парк се дел од ветувањата на кандидатот за градоначалник од оваа партија Петре Шилегов, за следниот мандат. – Започнуваме да го пробиваме булеварот „Македонија“ познат како „Јужен булевар“, конечно ја поврзуваме Кисела Вода со Центар и со Карпош. Целосно го завршуваме булеварот Словенија, кој ќе води до Волково и до Ново Село, а ќе биде поврзан и со Општина Карпош со мостот на улица „Љубљанска“. Во центарот на градот ја градиме најголемата пешачка зона во Европа од стара Железничка до Бит Пазар, од Собрание до Палома Бјанка, целосно ќе го исчистиме градот заедно со општините затоа што изградивме инфраструктура во возила и потенцијал да можеме во наредниот мандат да понудиме на општините да влеземе пред секоја зграда и пред секој дом, нагласи Шилегов. Потенцира дека тој и неговиот тим имаат реален и проверен план како тоа да биде реализирано. Неговата противкандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска, пак, во Градскиот парк имаше средба со млади, со кои разменија размислувања за Скопје, какво е сега, а во каков град тие сакаат да живеат. – Градот ќе биде место каде ќе имате исполнета и среќна младост, со содржини и младински центри што ќе ви овозможат да се развивате, лично и професионално. Ќе има места каде ќе можете да се изразите, да се поврзете, дружите а истовремено и ќе учите и ќе се наградите со знаење. Ќе се овозможи заживување на културната, музичката и воопшто мултимедијалната сцена, наспроти сегашната зачмаеност, забавни содржини со интерактивен концепт, наспроти едноличната културна програма, отвореност на градот за современите и алтернативни културни движена и создавање услови каде и вие самите би можеле да се вклучите и ќе ја создавате оваа сцена во вашиот град. Заедно, со вас и вашите идеи ќе го создаваме современо и модерно Скопје, им порача Арсовска. ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа собири во Струга и Ресен, од каде лидерот на партијата Хистијан Мицкоски, порача дека ова се избори на кои ја имаат последната шанса за промени и подобро утре. Вети дека со тимот што ВМРО-ДПМНЕ го создава изминатите четири години ќе се бори за вистинска и добра иднина за сите. За подобар стандард на граѓаните, подвлече, потребни се нови инвестиции и промени, а тоа нагласи, го нудат во над 14. 835 проекти од различни области. Во партиските програми на локално ниво, истакна дека нудат повеќе од 2.000 улици ширум државата, над 100 градинки, 150 училишта, спортски сали, гасификација, паркови… Одговарајќи си на прашањето што значи за него победа, рече дека победа е да направи спротивно од она што се случувало во изминатите 30 години, да се корегираме се она што не чинело досега, да се создаваат вредности и принципи. Нагласи дека треба да се изгради заеднички, модерен, нов и обединувачки патриотизам. – Да ја победиме заедничката мака, да создадеме заедничка иднина, да се разбираме едни со други, да покажеме дека политичарите од власта ги немаат гласовите в џеб и дека за да ја добијат довербата од граѓаните треба да работат. Заеднички да успееме да ги вратиме луѓето кои се исселија од земјата, да бидеме без предрасуди, да ги победиме, криминалот и корупцијата, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Демократската унија за интеграција (ДУИ) вчеравечер во Тетово одржа партиска конвенција на која беа претставени Теута Арифи како кандидатка за градоначалник и кандидати за членови на Советот на општината. Беа промовирани видео спотови преку кои кандидатите ќе се претставуваат пред граѓаните. Лидерот на ДУИ Али Ахмети, нагласи дека партијата за 20 години никогаш не ја изгубила целта. – Не сме пресметале дали ќе победиме или не, ние сме подготвиле проекти. Јас сум оптимист како што станавме членка на НАТО и така ќе се интегрираме во ЕУ. Јас сум сигурен дека ќе се случи победа во Тетово на 17 октомври, Теута ќе добие трет мандат, Теута има предност, таа е победник, може да има уште повеќе реализирано во мандатот од 17 октомври натаму, истакна Али Ахмети, претседателот на ДУИ на конвенцијата во Тетово. На собир во Виница, движењето „Одлучно за промени“ на ЛДП и ДОМ вчера ја промовираше кандидатската листа за членови на општинскиот совет. Пред присутните зборуваше претседателот на ЛДП, Горан Милески, кој рече дека за претстојните локални избори на граѓаните им нудат 51 советничка листа, со што се потврдува дека коалицијата со ДОМ е трета политичка сила во државата. – Нашите постулати, како две центристички партии, се да направиме дигитални, отворени општини и да го ставиме акцентот на зелената агенда. Мораме да создадеме општини што ќе знаат да прават добри проекти за да ги искористуваат европските фондови за прекугранична соработка, со што ќе можат побрзо да се развиваат. Успешността на раководството на една локална самоуправа се мери според тоа колку финаниски средства обезбедило надвор од основниот буџет, без разлика од каде надвор од државата доаѓа таа поддршка. Ние ги знаеме проблемите што ги има Виница со загадувањето, посебно од градската депонија, поради што како коалиција се залагаме да се изгради современа регионална депонија за комунален отпад за целиот источен регион, и не само овде, туку и во другите плански региони во државата, истакна Милески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiite-prodolzuvaat-so-kampanjata-za-lokalnite-izbori/feed/ 0
Политичките партии се потпишаа за фер и демократски избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politichkite-partii-se-potpishaa-za-fer-i-demokratski-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politichkite-partii-se-potpishaa-za-fer-i-demokratski-izbori/#respond Thu, 23 Sep 2021 11:44:49 +0000 https://kurir.mk/?p=567317

Со потпишување на Кодексот за фер и демократски избори, политичките партиите денеска се обврзаа на демократски изборeн процес во кој ќе се почитуваат основните човекови права и слободи, со цел постигнување транспарентни, инклузивни и отчетни избори. Овој кодекс го потпишаа претставници од сите политички партии, учесници на претстојните избори. Први го потпишаа претставниците на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Владо Мисајловски, а по нив Фатмир Бесими и Биљал Касами од ДУИ и БЕСА, Горан Милевски и Маја Морачанин од ЛДП и ДОМ, Зијадин Села и Афри Гаши од Алијанса на Албанците и Алтернатива. Кодексот го потпишаат и ДПА, ГРОМ, Демократската партија на Турците, Партијата за движење на Турците, Левица, Интегра, ПОДЕМ, на Бошњачки демократски сојуз, Титови леви сили и Зелен хуман град. Претседателот на ДИК Александар Даштевски истакна дека изборите и другите политички процеси се клучни за квалитетот на управувањето и дека можат во голема мера да го унапредат долгорочниот демократски развој на земјата, како и приоритетите, регионалните и глобални надворешни политики, а најфундаменталниот принцип што ги дефинира кредибилните избори е слободното изразување на волјата на народот. -Пристапот на изборниот циклус ги покажува изборите како континуиран интегриран процес составен од фази кои меѓусебно си влијаат и се преклопуваат едни со други, а не како серија на изолирани настани. За да се постигнат вистинските демократски избори основните човекови права и слободи е неопходно да се остварат без непотребни произволни или тешки ограничувања. Ниту еден изборен процес не е совршен. За сите се потребни постојани подобрувања, но степенот до кој процесите ги исполнуваат овие стандарди ќе зависи од нивото на нивниот кредибилитет, изјави Даштевски. Потсети дека електоратот треба да биде слободен, избирачкото тело мора да биде соодветно информирано, а гласањето тајно. Воедно напомена дека оние кои сакаат мирно да се натпреваруваат за политичката моќ треба да имаат право слободно да се здружуваат во политички партии и да добијат пристап до гласачкото ливче без дискриминација. Како учесници во политичките избори, на настанот што се одржа во Клубот на пратеници беа спомнати и медиумите, за кои Даштевски рече дека треба да бидат слободни, да собираат и пренесуваат информации за учесниците во изборите и прашањата од политичка важност и да ги покриваат сите учесници точно, праведно и правично. Додека, пак, за граѓанските организации беше порачано да учествуваат во изборниот процес преку во едукацијата на другите граѓани за важноста на слободните изборите. – Во услови на глобална пандемија целокупното живеење се одвива по модифицирани правила, а тука исклучок не се ниту изборите. Предизвикот да се прилагодиме на новите околности важи за сите ДИК и останата државна администрација, учесниците во изборите,медиумите, набљудувачите, граѓаните. Со тоа нашата одговорност не се намалува. Напротив, имаме можност поодговорно да пристапиме и кон користењето на правата и кон спроведување на обврските за да можеме на крај да си честитаме за успешно завршени избори кои биле демократски, кредибилни и слободни, фер и со интегритет, објасни претседателот на ДИК. Чинот на потпишување беше во организација на НДИ од каде истакнаа дека овој кодекс, е од особена важност при борбата за родова еднаквост и против насилството врз жените во политиката. -Овој кодекс е од особено значење за родовата еднаквост во политиката, бидејќи е доказ за борбата против насилството врз жените во политиката, и ние сме особено горди на тоа. По овој потег останува на политичките партии да се изборат против говорот на омраза и дискриминација врз жените во политиката, рече Роберт Скот Хејзлет од НДИ. Со денешниот чин, учесниците на локалните избори преземаат одговорност дека ќе се придржуваат и активно ќе го промовираат Кодексот за фер и демократски избори, дека ќе ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеењето и ќе придонесуваат за демократски развој на општеството. Исто така, се обврзаа дека со своите активности ќе придонесат за градењето на довербата во изборниот систем на Република Северна Македонија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politichkite-partii-se-potpishaa-za-fer-i-demokratski-izbori/feed/ 0
Мицкоски до сите партии во парламентот: Зачувајте ја вашата чест, изгласајте недоверба на оваа влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-do-site-partii-vo-parlamentot-zachuvajte-ja-vashata-chest-izglasajte-nedoverba-na-ovaa-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-do-site-partii-vo-parlamentot-zachuvajte-ja-vashata-chest-izglasajte-nedoverba-na-ovaa-vlada/#respond Tue, 23 Feb 2021 13:11:10 +0000 https://kurir.mk/?p=472771

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција упати апел до сите партии во парламентот да ја зачуваат свеста и да изгласаат недоверба на Владата. - Ова не е игра на 100 метри. Ова е игра која веќе станува хорор, а тој хорор мора да го поразиме. Ќе го поразиме ако смислиме неколку чекори однапред и ќе дојдеме до конечната цел. Затоа бидете трпеливи и тоа ќе се случи. Затоа ги повикувам уште еднаш сите членови во парламентот, сочувајте ја вашата чест и честитост, изгласајте недоверба на оваа влада, ова е моментот да застанете рамо до рамо со граѓаните. Граѓаните тоа го очекуваат. Оваа влада нема веќе никаква поддршка од граѓаните, рече Мицкоски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски треба веднаш да поднесе оставка, и оти истото треба да го направи и премиерот Зоран Заев. - Но, за жал ниту едниот, ниту другиот не го направија тоа, видовме дека интересиме им се исти како и интересите на граѓаните, а тоа се правда, безусловна правда, а не организиран криминал и организирана мафија која што владее со државата, рече Мицкоски. Според Мицкоски, по вакво однесување на власта кажа дека интерпелацијата е логичен чекор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-do-site-partii-vo-parlamentot-zachuvajte-ja-vashata-chest-izglasajte-nedoverba-na-ovaa-vlada/feed/ 0
Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-potpisha-ukazot-za-proglasuvanje-na-zakonot-za-izmenuvanje-na-zakonot-za-finansiranje-na-politichkite-partii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-potpisha-ukazot-za-proglasuvanje-na-zakonot-za-izmenuvanje-na-zakonot-za-finansiranje-na-politichkite-partii/#respond Fri, 11 Dec 2020 09:47:18 +0000 https://kurir.mk/?p=441925

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии. -Претседателот Пендаровски очекува дека на ист начин на којшто на политичките партии им се враќаат запрените средства за финансирање, коишто законски им следуваат, ќе им се вратат и финансиските средства на сите институции коишто остваруваат витален јавен интерес, соопштуваат од Кабинетот на претседателот. Средствата беа запрени во услови на вонредна состојба заради нивно користење за справување со економските и социјалните последици од здравствената криза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-potpisha-ukazot-za-proglasuvanje-na-zakonot-za-izmenuvanje-na-zakonot-za-finansiranje-na-politichkite-partii/feed/ 0
Мицотакис ќе ги информира лидерите на политичките партии за турскиот брод, непроменета позицијата на „Оруч Рејс“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-kje-gi-informira-liderite-na-politichkite-partii-za-turskiot-brod-nepromeneta-pozicijata-na-oruch-rejs/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-kje-gi-informira-liderite-na-politichkite-partii-za-turskiot-brod-nepromeneta-pozicijata-na-oruch-rejs/#respond Tue, 11 Aug 2020 09:38:26 +0000 https://kurir.mk/?p=389164

Турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч Рејс“ и понатаму е со непроменета позција, односно се наоѓа во, како што тврди Грција, грчкиот континентален гребен, но без при тоа да има започнато со истражувањата, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска телефонски ќе ги информира лидерите на политичките партии, а рано утрово веќе разговараше со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и ја информираше за последните случувања во Источниот Медитеран. Според грчките медиуми, бучавата од бродовите на турската воена морнарица кои го придружуваат „Оруч Рејс“, како и од бродовите од грчката воена морнарица што се наоѓаат во истиот дел, не дозволуваат да се создадат услови за почеток на истражувања. Државната телевизија ЕРТ објави дека во текот на ноќта, грчките бродови правеле дополнителна бучава за да се спречат истражувањата, но испраќале пораки дека турските бродови се наоѓаат во грчкиот континентален гребен. Одговорот од бродовите на воената морнарица на Турција бил дека тие се во рамките на турската ексклузивн економска зона. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, од Стејт Департментот ја повикале Анкара да запре со активностите во Источен Медитеран, што ги зголемуваат тензиите во регионот. Министерството за национална одбрана на Турцијана официјалниот „Твитер“ профил вчера објави фотографии од „Оруч Рејс“ како плови кон крајната дестинација, во придружба на бродови од турската воена морнарица. Грчката амбасада во Анкара, по упатствата од министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, вчера достави демарш до турското МНР, додека пак официјална Атина, преку соопштение од Министерството за надворешни работи порача дека Грција „нема да прифати никаква уцена, ќе ги брани нејзиниот суверенитет и нејзините суверени права“ и ја повика Турција „веднаш да ги запре нелегалните активности кои ги поткопуваат мирот и безбедноста во регионот“. За стуацијата во Источен Медитеран, Мицотакис вчера разговараше со Генералниот секретар на НАТО, а Дендиас со министерот за надворешни работи на Германија. Новата заостреност во грчко – турските односи започна откако вчера Турција издаде нова навигациска информација (Navtex) за сеизмички истражувања на бродот „Оруч рејс“ во морскиот дел јужно од Кастелоризо. Следеше одговор од хидрографската служба на грчката воена морнарица со контра нафтекс и одговор дека турската активност е нелегална поради тоа што е во дел во рамките на грчкиот континентален гребен. Координатите на турската Нафтекс, според грчките медиуми се идентични и во истиот морски дел, како и претходната навигациска информација издадена пред 20-ина дена, меѓутоа тогаш, бродот остана закотвен на пристаништето во Анталија и воопшто не ги започна истражувањата, но ги заостри односите меѓу Грција и Турција, а германските медиуми тогаш пишуваа дека Ангела Меркел интервенирала за смирување на тензиите. Конкретната турска Нафтекс, според медиумите во Грција, завршува онаму каде што започнуваат координатите од договорот меѓу Грција и Египет за одредување на Ексклузивната економска зона, а новинарите коментираат дека новата Нафтекс е реакција и одговор на Турција, на конкретниот договор меѓу Атина и Каиро. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-kje-gi-informira-liderite-na-politichkite-partii-za-turskiot-brod-nepromeneta-pozicijata-na-oruch-rejs/feed/ 0
До Управен суд досега поднесени вкупно 76 тужби од две политички партии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-upraven-sud-dosega-podneseni-vkupno-76-tuzbi-od-dve-politichki-partii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-upraven-sud-dosega-podneseni-vkupno-76-tuzbi-od-dve-politichki-partii/#respond Wed, 22 Jul 2020 05:17:12 +0000 https://kurir.mk/?p=379422

Тужби по решенијата на Државната изборна комисија за отфрлање на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори до Управниот суд досега поднеле само Интегра и коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива. Интегра има поднесено една, а АА и Алтернатива 75 тужби, кои Управниот суд треба да ги разгледа на јавна седница во рок од 60 часа од нивниот прием. Левица и ВМРО-ДПМНЕ, исто така, најавија дека ќе поднесат тужби до Управен суд по решенијата од Државната изборна комисија за орфлање на приговорите за изборни нерегуларности. Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од ДИК. Портпаролот на ДИК Адмир Шабани, вчера информираше дека до 14 часот решенијата од Комисијата за отфрлање или одбивање на приговорите ги подигнале претставници на Алијанса за Албанците и Алтернатива, на Интегра, на МОРО, на Демократи и на Левица, појаснувајќи дека доколку некоја од партиите не ги подигне решенијата, ДИК им ги испраќа по електронска пошта. По пет часа од испраќањето, посочуваат од ДИК, се смета дека решенијата им се уредно доставени на партиите. По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот судот, за заштитата на избирачкото право, во ДИК, согласно законот, Комисијата ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе им издаде уверенија на избраните пратеници. Крајот рок за одржување на конститутивната седница на Собранието е 4 август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-upraven-sud-dosega-podneseni-vkupno-76-tuzbi-od-dve-politichki-partii/feed/ 0
До 13:30 часот до ДИК нема поднесени нови приговори за сумирање и утврдување на резултатите на изборите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-13-30-chasot-do-dik-nema-podneseni-novi-prigovori-za-sumiranje-i-utvrduvanje-na-rezultatite-na-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-13-30-chasot-do-dik-nema-podneseni-novi-prigovori-za-sumiranje-i-utvrduvanje-na-rezultatite-na-izborite/#respond Sat, 18 Jul 2020 12:15:19 +0000 https://kurir.mk/?p=378096

До 19 и 30 часот вечерва може да се поднесуваат приговори за сумирањето и утврдувањето на резултатите од предвремените парламентарни избори. До 13:30 часот денеска нема поднесено други приговори така што бројката на приговори е иста како до синоќа-82. Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани, изјави дека до 13:30 часот денеска ниту еден подносител на кандидатска листа не поднел приговори за сумирање и утврдување на резултатите од изборите. За 82-та приговори кои се пристигнати до синоќа, а и за оние што треба да пристигнат денеска, ДИК на седница треба да расправа во рок од 72 часа од нивното поднесување. Најголем број од поднесените 82 приговори одосно 74 се од Алијанса за Албанците, но има и два од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето. Во 21 часот синоќа истече рокот за поднесување приговори за постапката на гласање. Роковите за приговори почнаа да течат завчера вечер, откако ДИК ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите. По завршувањето на роковите за поднесување приговори, ДИК ќе закаже седница на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува, соопшти вчера претседателот на ДИК, Оливер Деркоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-13-30-chasot-do-dik-nema-podneseni-novi-prigovori-za-sumiranje-i-utvrduvanje-na-rezultatite-na-izborite/feed/ 0