политички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 13 Feb 2021 13:16:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png политички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Mицкocки за 27 април: Ќe има peвизиja на тој и на cитe пoлитички диктиpaни пpecyди по пaдoт на 3aeв https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickocki-za-27-april-kje-ima-pevizija-na-toj-i-na-cite-politichki-diktipani-ppecydi-po-padot-na-3aev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickocki-za-27-april-kje-ima-pevizija-na-toj-i-na-cite-politichki-diktipani-ppecydi-po-padot-na-3aev/#respond Sat, 13 Feb 2021 12:31:36 +0000 https://kurir.mk/?p=468236

Имаме заробено обвинителство каде се диктираат обвиненија, и тоа не само за 27.април туку и за други обвиненија кои што служат за политички прогон – вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја коментираше вчерашната одлука на Апелациониот суд во Скопје да ја потврди затворската казна за учесниците во 27.април, односно да ја намали за само една година. Мицкоски најави ревизија на судските процеси по промената на власта, но не на начин на кој тоа сега го прави СДСМ, туку таквата ревизија би ја правеле колеги на „заробените обвинители и судии“ како што вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. – Имаме судство кое функционира по диктат, односно, како владетелот – во случајот Зоран Заев и СДСМ ќе им издиктираат такви пресуди се носат. Ако сето ова го сумираме и го анализираме, тогаш доаѓаме до заклучокот дека сме хибриден режим, заклучува Мицкоски. – Следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, сите овие издиктирани обвиненија, сите овие нарачани судски пресуди ќе ги ревидира и врз основа на таа ревизија, која што ќе ја прават колеги судии и обвинители но кои што биле чесни и не потклекнале на диктатите и нарачките на Зоран Заев и оваа власт ќе бидат практично предмет на постапка. Сите оние судии кои ги прифатиле овие диктати и судски нарачани пресуди ќе бидат соодветно, согласно законите и Уставот санкционирани – констатира Христијан Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickocki-za-27-april-kje-ima-pevizija-na-toj-i-na-cite-politichki-diktipani-ppecydi-po-padot-na-3aev/feed/ 0
Муцунски: Со овој закон кој што го донесе власта за попис, граѓаните нема да веруваат во самиот процес на попишување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-faktot-deka-nie-vleguvame-vo-politichki-a-ne-statistichki-proces-e-dokaz-kade-zamenik-direktorot-na-dzs-ima-pravo-na-veto-na-rezultatite-od-popisot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-faktot-deka-nie-vleguvame-vo-politichki-a-ne-statistichki-proces-e-dokaz-kade-zamenik-direktorot-na-dzs-ima-pravo-na-veto-na-rezultatite-od-popisot/#respond Sun, 24 Jan 2021 18:47:29 +0000 https://kurir.mk/?p=459260

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Тимчо Муцунски вечер-ва при своеото гостување во централниот дневник на Сител телевизија посочи дека претседателот Пендаровски треба доста трензвено и професионално да постапи и да одлучи за прашањето попис. -Мислам дека претседателот ќе го потпише указот за законот. Но ние му препорачавме да се консултира со објективни со независни експерти кои што веруваме ќе ги дадат голем дел од забелешките кои што ние ги дадовме“, појасни Муцунски. Муцунски додаде дека тој како пратеник и ВМРО-ДПМНЕ е за одржување на попис но како статистичка операција, а не како политичка како што ја предвидува СДСМ. -Ние мораме да бидеме свесни за два доста значајни фактори. Првиот е повразан со фактот дека ние во моментов имаме пандемија, актуелниов закон предвидува 5.000 попишувачи за два месеци од денес да се пуштат на терен и активно да ги посетуваат домовите на граѓаните. Но, дали со оваа епидемиолошка слика со фактот што нема В од вакцина, ќе се чувствуваме комотни кога луѓе кои што претходно посетувале безброј домови да ги посетат и нашите домови, домовите на нашите родители, при се уште неконтролирана епидемиолошка ситуација? Значи, логично е да направиме нешто, што направија многу поразвиени земји од нашата со многу поквалитетен одговор на здравствената криза, да го одложиме овој попис за следната година, рече Муцунски. Муцунски го посочи и вториот аспект кој што е многу значаен, а тоа е начинот на кој што се предвидува овој попис. Во Македонија постојат соодветни дата бази со кои може да се спроведе електоронски попис. Електронски попис може да биде поверодостоен по резултатите, но и многу ќе е поевтин и поефикасен. -Фактот дека ние сега влегуваме во политички, а не статистички процес е доказ дека законот предвидува за заменик директорот на државниот завод за статистика има практично право на вето на резултатите од пописот. И ајде да си ја поставиме дилемата, ако ова е статистички процес врз што ќе стави вето заменик директорот на ДЗС, запраша Муцунски. Муцунски рече дека потребна е сеопфатна дебата помеѓу сите политички субјекти и во консултација со големиот број на експерти да се дојде до реално одржливо решение. Со овој закон кој што го донесе власта за попис, единствено граѓаните нема да веруваат во самиот процес на попишување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-faktot-deka-nie-vleguvame-vo-politichki-a-ne-statistichki-proces-e-dokaz-kade-zamenik-direktorot-na-dzs-ima-pravo-na-veto-na-rezultatite-od-popisot/feed/ 0
Втор дел: Битка на криминални структури за МОК? – Желбите на Заев за нов политички претседател на МОК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vtor-del-bitka-na-kriminalni-strukturi-za-mok-zelbite-na-zaev-za-nov-politichki-pretsedatel-na-mok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vtor-del-bitka-na-kriminalni-strukturi-za-mok-zelbite-na-zaev-za-nov-politichki-pretsedatel-na-mok/#respond Fri, 23 Oct 2020 09:01:29 +0000 https://kurir.mk/?p=419788

Пред два дена пишувавме за еден од потенцијалните кандидати кои кружат за нов наследник на Васил Тупурковски и нов Претседател на Македонскиот олимписки комитет. Денеска е последен ден од конкурсот каде што може да аплицираат идните потенцијални претседатели за наследници на познатиот “Циле”, луѓе кои би требало да го носат товарот за идните успеси на македонската олимписка селекција. Нашите информации говорат дека ова нема да биде битка на визија и идеја за развој на спортскиот олимписки комитет, туку борба за политичка контрола на власта во спортот. Еден од потенцијалните кандидати кој се зборуваше во јавноста беше Даниел Димевски, поранешен советник на премиерот Заев, но и познат на јавноста по скандалозното преземање на СРЦ Кале, за што се води и кривична постапка. Вториот кандидат на Заев за иден предводник на олимпискиот комитет за кој се зборува низ кулоарите е актуелната Претседателка на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војневска. КОЈА Е ВОЈНЕВСКА - ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА АФМ? Војневска е повеќе од 1 година на чело на атлетската федерација, инаку позната како Претседател на федерација кој има блиски конекции со кабинетот на Заев, преку нејзини блиски роднини, но и блиски конекции со Агенцијата за млади и спорт, преку Советот за спорт, каде што е член на Советот и Претседател на Советот за спорт. Она што е помалку познато за јавноста е што Војневска како Претседател на Советот за спорт при АМС си доделила сама на себе распределба на средства за федерации на атлетската федерација над 18 милиони денари во период од 1 година, а доделени се од нејзина страна на АФМ за период од 3 години над 23 милиони денари. Дали ова е согласно етичките и моралните начела, како и правните начела на функционирање на АМС и спортските федерации оставаме да судат граѓаните и надлежните, но очигледно е дека била сериозно форсирана и привилегирана атлетската федерација со сума над 18 милиони денари за само 1 година. Ова е второто име кое кружи низ кулоарите како желба на Зоран Заев за наследник на Тупурковски, а дали и како ќе биде крајниот исход оставаме да покаже времето. Конкурсот за избор завршува денес, а веќе во понеделник е Собранието на МОК кое треба да го изгласа идниот водач на МОК. Дали овој пат ќе се фрли сериозна дамка во изборот на претседателот на МОК каде што замешала прсти политиката и власта, останува да видиме веќе во понеделник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vtor-del-bitka-na-kriminalni-strukturi-za-mok-zelbite-na-zaev-za-nov-politichki-pretsedatel-na-mok/feed/ 0