политичко – новинарска манипулација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 09 Nov 2021 15:07:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png политичко – новинарска манипулација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Груба политичко – новинарска манипулација или аматеризам на долгогодишните уреднички https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gruba-politichko-novinarska-manipulacija-ili-amaterizam-na-dolgogodishnite-urednichki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gruba-politichko-novinarska-manipulacija-ili-amaterizam-na-dolgogodishnite-urednichki/#respond Tue, 09 Nov 2021 15:07:46 +0000 https://kurir.mk/?p=593244

Непознавање на албанскиот јазик или свесно погрешно пренесување на фејсбук статус со политички цели му се случува денеска на неделникот и портал Фокус.мк?, пишува порталот Експрес.мк. Неделникот Фокус на својот интернет портал денеска целосно погрешно пренесува фејсбук статус на Шефик Дураку од Алијансата за Албанците но во текстот не е прикажана точната порака и значење на статусот туку нешто друго што е далеку од вистината. Со својот текст Фокус повикувајќи се на сајт кој важи за близок на првиот вицепремиер Артан Груби (не)свесно се обидува да предизвикува конфликт меѓу Алијанса за Албанците и Левица иако тие што знаат албански јазик веднаш ќе разберат дека целта на Дураку е да ги разбие манипулациите на провладините медиуми и центри за наводен конфликт во опозицискиот блок во кој се двете партии. Фокус со огромно ниво на непознавање или тенденциозност пишува дека последната објава на Дураку на социјалната мрежа фејсбук го нарекол претседателот на партијата „Левица“ Димитар Апасиев кловн кој може да ги загрози интересите на НАТО. Притоа Фокус се повикува на речиси непознатиот портал opinionshqip.live. кој важи за близок или под контрола на вицепремиерот Артан Груби. Фокус во својот текст без да наведе извор или аргумент за својата теза пишува: “Ова е уште еден обид на претставниците на Алијансата да ја релативизираат соработката што ја имаат со овој субјект познат по своите антиалбански и анти-НАТО ставови, овојпат навредувајќи го лидерот на овој ентитет”. Во реалноста Дураку во постот цитира теза што ја туркаат провладините медиуми кои постојано повторуваат дека Апасиев и Левица ќе ги загрозат интересите на НАТО. “Тоа не можат ниту Русија и Кина”, иронично пишува Дураку кој бара владата и нејзините медиуми да не ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните кои знаат точно што се случува со манипулациите планирани од владата. Текстот на Фокус во кој погрешно е пренесен статусот на Дураку е објавен на централно место на интернет порталот. Координатор на проектот Фокус е искусната Јадранка Костова а одговорен уредник е Гордана Дувњак меѓу другото познати и како уреднички и водителки во згаснатата ТВ1 на Боки 13 за која премиерот Заев рече дека била прогласена телевизија на СДСМ. Текстот на Фокус Постот на Дураку Постот на изворот на Фокус]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gruba-politichko-novinarska-manipulacija-ili-amaterizam-na-dolgogodishnite-urednichki/feed/ 0