политико – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Nov 2022 10:50:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png политико – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Политико: ЕУ ќе ја менува официјалната политика кон Русија – новата стратегија е изолација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politiko-eu-kje-ja-menuva-oficijalnata-politika-kon-rusija-novata-strategija-e-izolacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politiko-eu-kje-ja-menuva-oficijalnata-politika-kon-rusija-novata-strategija-e-izolacija/#respond Thu, 17 Nov 2022 10:50:35 +0000 https://kurir.mk/?p=762315

Европската унија има за цел да ја формализира новата стратегија кон Русија, а тоа е изолација, пишува Политико. Според интерен нацрт-документ во кој имал увид Политико, претставниците на ЕУ разговараат за нови принципи со кои ќе се замени застарениот документ што ја води политиката на блокот кон Москва. На некој начин, ажурирањето е само одраз на реалноста на теренот. Откако Москва ја започна својата инвазија врз Украина во февруари, ЕУ се фокусираше на усвојување и потоа спроведување на сеопфатни санкции насочени против голем дел од економијата, увозот и извозот на Русија. Но, со оглед на тоа што војната сè уште трае, не сите се согласуваат дека сега е вистинското време да се реши прашањето како да се пристапи кон долгорочните односи на ЕУ со Москва. Тоа значи дека претстои дискусија која би траела со недели или месеци. Тие разговори официјално почнаа во понеделникот кога министрите за надворешни работи на ЕУ разговараа за нацрт-документот за време на состанокот во Брисел. Нацрт-текстот, насловен „Линијата што треба да се преземе“ вклучува шест точки за замена на претходните пет водечки принципи за кои блокот се согласи во 2016 година. Дипломатите нагласија дека нацртот има за цел да поттикне лична (in-person) дискусија. Освен изолацијата, главните принципи во документот вклучуваат „обезбедување одговорност“ за сите руски воени злосторства и „поддршка на соседите на ЕУ“, што се однесува главно на балканските земји, од кои неколку се земји кандидати. Во него се споменува и „блиска соработка со сојузниците на НАТО“, „поддршка за граѓанското општество“ во Русија и „зајакнување на отпорноста на ЕУ“, како знак за енергетското потпирање на блокот на Москва, порастот на кибер нападите и ширењето дезинформации. Новиот нацрт едвај наликува на оној според кој ЕУ функционира од 2016 година. Тој документ вклучуваше голем број принципи кои повеќе не важат: Крај на судирите меѓу сепаратистите поддржани од Русија и Украина на истокот на земјата, селективно ангажирање на Русија за прашања како што се борбата против тероризмот и поддршката на меѓучовечки контакти. Зајакнувањето на граѓанското општество и градењето поблиски врски со соседите на ЕУ беа исто така на првичната листа. Општо земено, ажурираниот нацрт не треба да предизвика големи проблеми, велат дипломатите. Една од спорните точки е формулацијата – „не може да има враќање во нормални односи“ се додека Москва ја напаѓа Украина и го крши меѓународното право. Дипломатите посочуваат дека балтичките земји, кои традиционално се негативни кон Русија, сакаат таа линија да биде посилна, но додаваат и дека Германија е задоволна од актуелниот текст. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politiko-eu-kje-ja-menuva-oficijalnata-politika-kon-rusija-novata-strategija-e-izolacija/feed/ 0
„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politiko-varheji-i-epp-se-premnogu-meki-kon-sofija-za-blokadata-na-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politiko-varheji-i-epp-se-premnogu-meki-kon-sofija-za-blokadata-na-skopje/#respond Thu, 03 Dec 2020 08:54:59 +0000 https://kurir.mk/?p=437971

Еврокомесарот за добрососдество и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Северна Македонија, пишува „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година. Како најлош момент во работата на Вархеји, „Политико“ ја наведува токму блокадата на Бугарија кон земјава, поради билатералниот спор за јазикот и идентитетот. -Блокадата на Бугарија за почнување на преговори за членство во ЕУ на Северна Македонија, поради билатералниот спор околу јазикот и идентитетот, ѝ зададе удар на Комисијата, чија цел беше да ги стартува преговорите до крајот на годинава. Некои дипломати го обвинуваат Вархеји дека е премногу мек кон Софија, но повеќето велат дека главниот проблем е што ЕПП (Европската народна парија) не беше доволно тврда кон бугарскиот премиер Бојко Борисов, пишува „Политико“. Вархеји исто така е критикуван дека повеќе е наклонет кон унгарските интереси отколку кон интересите на ЕУ како целина, додава „Политико“. Според анализата на „Политико“, сепак, клучен играч за остранување на блокадата меѓу Бугарија и Северна Македонија е германското претседателство, а не Вархеји. -Се додека тоа не се случи, поголем дел од неговата работа е практично замрзната, пишува „Политико“ во анализата на работата на еврокомесарите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politiko-varheji-i-epp-se-premnogu-meki-kon-sofija-za-blokadata-na-skopje/feed/ 0
Политико: Заев ќе признае бугарски темели на македонскиот идентитет и јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politiko-zaev-kje-priznae-bugarski-temeli-na-makedonskiot-identitet-i-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politiko-zaev-kje-priznae-bugarski-temeli-na-makedonskiot-identitet-i-jazik/#respond Thu, 29 Oct 2020 11:45:41 +0000 https://kurir.mk/?p=422094

Бриселски Политико утринава, повикувајќи се на дипломатски извор, кусо објави дека на вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел наводно бил постигнат некаков, како што се нарекува „бугарски компромис“, којшто ќе овозможи да почне првата Меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Македонија. И дека Бугарија се согласила на тој „компромис“. - Што има во договорот? ‘Бугарија ќе го признае македонскиот како еден од официјалните јазици и ќе го признае македонскиот идентитет. За возврат, Северна Македонија ќе треба да ја признае ‘историската вистина’, како што е дефинирана од Софија, и да признае дека има бугарски темели врз кои е создаден каков било македонски идентитет и официјален јазик, пишува Политико. На Твитер за ова се огласи и Карл Билт. - Добрите вести се дека ЕУ дипломатите го деблокирале почетокот на пристапните преговори со Македонија. Како и секогаш, во регионот имало комплексни историски прашања за решавање, овојпат со Бугарија, напиша Билт. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politiko-zaev-kje-priznae-bugarski-temeli-na-makedonskiot-identitet-i-jazik/feed/ 0
Политико: Коронавирусот покажа каква земја каков лидер доби https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politiko-koronavirusot-pokaza-kakva-zemja-kakov-lider-dobi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politiko-koronavirusot-pokaza-kakva-zemja-kakov-lider-dobi/#respond Wed, 25 Mar 2020 18:57:37 +0000 https://kurir.mk/?p=322206

Не секоја земја го има лидерот што го заслужува, но пандемијата со коронавирусот покажа која земја каков лидер всушност доби, пишува бриселскиот сајт Политико, анализирајќи ги одговорите на светските лидери на новонастанатата кризна ситуација. За американскиот претседател Доналд Трамп, Политико тврди дека со недели ги намалувал ризиците од вирусот за јавното здравство, а потоа ги обвини Кина, Европската унија, демократите и медиумите, и заклучува дека коронавирусот ги открил „нарцисоидноста и незнаењето“ на Трамп. Во други времиња, светот би се свртел кон Соединетите држави сметајќи на нивното лидерство, но изгледа дека „Прво Америка“ значи „среден прст“ за остатокот од светот, заклучува Политико.еу. Следен на списокот е британскиот премиер Борис Џонсон, или како што го нарекува порталот Политико, „сродната душа на Трамп“. Во текстот се оценува дека неговиот одговор на „вирусот кој ниту го почитувал Брегзит, ниту чекал на пасошка контрола во Довер“ бил премногу бавен. И додека се обидува да ја следи реториката на британскиот премиер од Втората светска војна Винстон Черчил за прашања од живот и смрт, Џонсон не може да го скрие својот „внатрешен кловн“, наведува Политико. Многу попозитивен став се изнесува кон францускиот претседател Емануел Макрон, кој „го повикува својот внатрешен Де Гол или Наполеон зрачејќи авторитет“. Политико ги поздравуве драстичните мерки што ги презеде Макрон, како што е ограничувањето на движењето, како и одлуката за стопирање на контроверзната реформа на пензискиот систем за време на кризата. За Ангела Меркел Политико пишува дека „ја игра улогата за која е роденa“. Нејзината умереност, која таа ja покажа и во реткото телевизиско обраќање до нацијата, е спротивно на борбeноста на Париз и Лондон. – Нејзината темелна пристојност и одлучувањето засновано врз докази со право ја вратија на позицијата европски водач со сигурно лидерство, се вели во текстот и се додава дека „покажала изненадувачка подготвеност да ја отфрли долгогодишната догма на избалансиран буџет во вакви драматични околности“. Политико го смета италијанскиот премиер Џузепе Конте за „неочекувана ѕвезда“ во оваа ситуација. Неговото сталожено раководење со кризата во многу задолжената европска земја која вирусот најтешко ја погоди покажа дека е невистинита изреката на Мусолини дека „да се владее со Италијанците не е тешко, туку залудно“, оцени Политико. Унгарскиот премиер Виктор Орбан и конзервативните националистички лидери на Полска реагираа на вирусот предвидливо, забележува „Политико“, „со тоа што пркосно ги затворија своите граници со другите земји на ЕУ, предизвикувајќи долги редици и илјадници Европејци заглавени во транзит“. Што и да откри вирусот – било да е тоа расизам, несериозност и авторитаризам или хуманост, промисленост и подготвеност на учење – барем луѓето ширум светот сега знаат „од што се направени нивните лидери“, заклучува Политико.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politiko-koronavirusot-pokaza-kakva-zemja-kakov-lider-dobi/feed/ 0