полициско прислушување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Jul 2023 06:35:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png полициско прислушување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Франција донесе нов закон за полициско прислушување и следење https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-donese-nov-zakon-za-politsisko-prislushuvane-i-sledene/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-donese-nov-zakon-za-politsisko-prislushuvane-i-sledene/#respond Wed, 19 Jul 2023 06:40:18 +0000 https://kurir.mk/?p=857904

Француските пратеници вчера изгласаа „модернизација“ на кривичниот процес, кој вклучува одредба што им дозволува на агенциите за спроведување на законот „без знаење или согласност на сопственикот“ да следат и прислушуваат камери, микрофони , телефони и други уреди поврзани на интернет. Оваа мерка е ограничена само на лицата осомничени за тероризам, организиран криминал и други незаконски дејствија за кои е предвидена казна затвор од пет или повеќе години. Согласно законот, полицискиот надзор на осомничениот преку телефон и други уреди може да трае до шест месеци. Одредени професии, како новинари, адвокати и парламентарци, би биле изземени. Францускиот министер за правда Ерик Дупон-Морети предложи лов на осомничени со помош на висока технологија, наместо со вообичаен полициски надзор, „озвучување“ на возило и куќа на осомничениот, за кои смета дека повеќе не се остварливи методи, а се сè поопасни за истражителите. Покрај ограничувањата за шпионирање на осомничени за кривични дела за кои се казнува со најмалку пет години затвор, законот содржи и други ограничувања. Целта на прислушувањето мора да биде да се лоцира некого само во реално време, а истражниот судија во случајот мора да даде дозвола за тоа. Покрај тоа, не само што шпионирањето на уредот ќе следи каде е осомничениот, туку истражителите ќе можат далечински да ги активираат камерата и микрофонот на неговиот мобилен телефон и други уреди. Критичарите тврдат дека оваа практика неизбежно води до злоупотреба на власта од страна на француската полиција, која претходно беше обвинета за злоупотреба на власт, бруталност и расизам. Претставничката на Амнести Интернешнл, Катја Ру, изјави дека „употребата на технологијата за надзор не може да биде системски одговор на безбедносните прашања“ и дека човековите права не треба да се прекршуваат, дури и ако се работи за се осомничени за одредени злосторства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-donese-nov-zakon-za-politsisko-prislushuvane-i-sledene/feed/ 0