полјоделски култури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Apr 2023 08:37:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png полјоделски култури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Пелагонија се подготвува почвата за сеење на полјоделски култури https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-pelagonija-se-podgotvuva-pochvata-za-seene-na-poljodelski-kulturi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-pelagonija-se-podgotvuva-pochvata-za-seene-na-poljodelski-kulturi/#respond Tue, 04 Apr 2023 08:37:37 +0000 https://kurir.mk/?p=819928

Земјоделците од битолскиот дел на Пелагонија почнаа со подготовка на почвата за сеење на полјоделски култури. Според априлскиот календар, планираните земјоделски површини со пченка ќе бидат засеани наредната седмица, и се очекува до крајот на месецов да заврши засејувањето на оваа култура. - Во април почнува третманот со хербициди кај пченицата и јачменот, зависно од видот и фазата на плевелите, со соодветни хербициди и потребно е да врши редовно следење на посевите. Исто така, кај кромидот, доколку е влажно времето во овој период е можна појава на жолти дамки на листовите и појава на пламеница. Доколку се забележат првите симптоми потребно е веднаш да се изврши третирање со соодветни регистрирани фунгициди. Раните домати се препорачува да бидат посадени во периодот од 17 до 30 април, а краставиците се препорачува да бидат посадени во периодот од 25 април до 10 мај. Продолжува грижата за растенијата коишто треба да бидат посадени, а неколку денови пред садењето тие треба да бидат истретирани профилактично, посочуваат пелагониските агроексперти. Овој месец во Пелагонија почнува интензивната заштита на растенијата кај овошните видови, како и обработката на почвата за уништување на плевелите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-pelagonija-se-podgotvuva-pochvata-za-seene-na-poljodelski-kulturi/feed/ 0