полковник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 13 Aug 2022 18:47:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png полковник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Турција првпат назначи жена генерал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-prvpat-naznachi-zena-general/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-prvpat-naznachi-zena-general/#respond Sat, 13 Aug 2022 19:46:35 +0000 https://kurir.mk/?p=718153

Турската армија назначи прва жена генерал, објавено е денеска во Службениот весник на оваа земја. Како што пренесува „Anadolu Agency“, Озлем Јилмаз е унапредена во бригаден генерал од позицијата виш полковник. Сега таа ќе биде потпретседателка на Академијата за жандармерија и крајбрежната стража. Другите унапредувања вклучуваат двајца генерал-полковници, 16 генерал-мајори и 13 бригадни генерали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-prvpat-naznachi-zena-general/feed/ 0
Почина полковник Блаже Николовски, поранешен командант на тетовската касарна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-polkovnik-blaze-nikolovski-poraneshen-komandant-na-tetovskata-kasarna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-polkovnik-blaze-nikolovski-poraneshen-komandant-na-tetovskata-kasarna/#respond Wed, 09 Mar 2022 08:31:11 +0000 https://kurir.mk/?p=643801

Вчера ненадејно почина полковник Блаже Николовски, поранешен долгогодишен командант на тетовската касарна „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово. Тој беше командант на касарната од 2007 до 2014 година. Погребот со воени почести е закажан за денес на градски гробишта Камник во Скопје. Полковник Блаже Николовски е роден 1971 година во Скопје, каде што завршува основно и средно образование. Во 1993 година дипломира на Воената Академија на ВВ и ПВО во Рајловац, Босна и Херцеговина. Военото образование го надградува во периодот 2003-2005 година со постдипломски студии за командни и штабни должности во Истанбул, Република Турција, а во 2019 година, дипломира на Школата за национална одбрана на вооружените сили на Република Турција, исто така во Истанбул, Република Турција. – Во текот на неговата богата војничка кариера, извршува бројни командни и штабни должности, во повеќе гарнизони на Армијата. Командир на вод е во 3.механизирана-пешадиска бригада и командир на караулите „Пелинце” и караулата „Сопот” во граничната бригада каде што ја продолжува својата кариера како, командир на гранична чета. По завршувањето на постдипломските студии за командни и штабни должности во Истанбул, Република Турција поставен е на должноста заменик командант баталјонот во Тетово а потоа и на баталјонот во Охрид, информираа од Армијата. Должноста командант на баталјон воедно и командант на гарнизонот во Тетово ја извршува во периодот од 2007 до 2014 година, по што преминува во Здружената Оперативна Команда каде ги извршува должностите началник на одделението за борбена поддршка во Ј-3 и началник на одделението за обука во Ј-7 каде што воедно го застапува началникот на Ј-7. – Во 2017 година е поставен за шеф на кабинетот на Командантот на Здружената Оперативна Команда каде што останува и по извршената трансформација на Здружената Оперативна Команда во Команда за операции до 2022 година. Последната негова должност е помошник на Раководител на сектор за Цивилно Воена Соработка во Министерството за одбрана.Во два наврати е командант на македонскиот контингент во Авганистан за што е одликуван со два медали на НАТО, а во 2014 година е одликуван и со медал на американската армија за директно учество во борбени операции во Авганистан, соопштија од АРМ. За исклучителните резултати од извршувањето на должностите добитник е на бројни награди, пофалници и признанија. Добитник е на бронзена, сребрена и златна значка на Армијата, бронзена и сребрена значка за партнерство, координација и соработка, како и сребрена значка за долгогодишна служба. Добитник е и на плакета од Централниот одбор на сојузот на борците на Република Македонија во 2011 година. Во текот на професионалната кариера, полковник Блаже Николовски завршува повеќе курсеви и обуки од кои позначајни се курсевите за менаџирање со кризи, SIMIC курсот, курсот за одбранбено планирање, курсот за планирање на бизнис и курсот за планирање, програмирање и буџетирање во одбраната. На јазичниот напреден курс по турски јазик во 2018 година во Истанбул, Турција е прогласен за првенец на генерацијата од вкупно 147 странски учесници на јазичната обука за што му е доделено посебно признание. Полковник Блаже Николовски е во брак од 1993 година со Гордана Николовска и родител е на две деца, ќерките Марија и Јована. Активно говори англиски и турски јазик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-polkovnik-blaze-nikolovski-poraneshen-komandant-na-tetovskata-kasarna/feed/ 0
Унапредени полковник Симеон Трајковски и полковник Бесник Емини во чин бригаден генерал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unapredeni-polkovnik-simeon-trajkovski-i-polkovnik-besnik-emini-vo-chin-brigaden-general/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unapredeni-polkovnik-simeon-trajkovski-i-polkovnik-besnik-emini-vo-chin-brigaden-general/#respond Thu, 26 Nov 2020 11:34:41 +0000 https://kurir.mk/?p=434725

Претседателот Стево Пендаровски со указ ги унапреди полковник Симеон Трајковски и полковник Бесник Емини во чин бригаден генерал. Чиновите на двајцата армиски офицери им беа врачени денеска од страна на претседателот Пендаровски на свечена церемонија во „Вила Водно“, на која присуствуваа министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, информираа од Кабинетот на претседателот. Симеон Трајковски ја извршува должноста началник на Ј-5 секцијата во Генералштабот на Армијата од 2017 година. Од добивањето на поканата за членство во НАТО е активно вклучен во сите процеси и преговори со НАТО како еден од носителите на процесот за пристапување и интеграција на Армијата во НАТО. Бесник Емини ја извршува должноста Командант на 1. пешадиска бригада, од јули 2019 година, која е носечка сила на Армијата. Во текот на неговата воена кариера бил многупати пофалуван, а е и носител на медал ARCOM, Iraqi Freedom, 2007/2008 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unapredeni-polkovnik-simeon-trajkovski-i-polkovnik-besnik-emini-vo-chin-brigaden-general/feed/ 0