полова болест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Nov 2022 19:19:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png полова болест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Милиони не знаат дека ја имаа: Симптомите на оваа болест се слични на грип https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/milioni-ne-znaat-deka-ja-imaa-simptomite-na-ovaa-bolest-se-slichni-na-grip/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/milioni-ne-znaat-deka-ja-imaa-simptomite-na-ovaa-bolest-se-slichni-na-grip/#respond Fri, 18 Nov 2022 19:19:40 +0000 https://kurir.mk/?p=763134

Повеќе од 80 проценти од луѓето инфицирани со херпес имаат симптоми на мачнина, грозница и болка во мускулите, во првите стадиуми од инфицираноста, велат експертите од американскиот Центар за контрола на болести и превенција. Се верува дека овие симптоми се резултат на имунолошкиот систем, кој се обидува да го нападне вирусот. Инаку, херпес е доста честа полова болест, а се верува дека во Америка околу 40 милиони луѓе не ни знаат дека имаат херпес. Поради тоа експертите истакнуваат дека е доста важно да се препознаат симптомите на оваа болест која може да се стави под контрола, но не може да се излечи. Се проценува дека 90 проценти од луѓето кои се инфицирани од типот 2 на вирусот никогаш не ја добиле таа дијагноза. Делумно, причина за тоа е што поголемиот број од луѓето имаат благи симптоми, кои по грешка можат да се препишат на нешто друго, а се случува и да нема никакви симптоми, така што херпесот „минува“ незабележано. Кога се јавуваат симптомите, тоа е обично меѓу пет и десет дена по гениталниот контакт кожа со кожа со некого кој веќе го има вирусот. Најчестите рани знаци кои се јавуваат се болки при мокрењето и пецкање во гениталиите, заедно со симптоми слични на грип- тоа може да вклучи грозница мачнина, главоболка, болки во мускулите, отеченост на лимфните чворови, чувство на омалаксаност...]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/milioni-ne-znaat-deka-ja-imaa-simptomite-na-ovaa-bolest-se-slichni-na-grip/feed/ 0
Опасна полова болест пристигна во Европа: Дознајте за што станува збор и чувајте се https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/opasna-polova-bolest-pristigna-vo-evropa-doznajte-za-shto-stanuva-zbor-i-chuvajte-se/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/opasna-polova-bolest-pristigna-vo-evropa-doznajte-za-shto-stanuva-zbor-i-chuvajte-se/#respond Mon, 01 Nov 2021 20:53:30 +0000 https://kurir.mk/?p=589490

Донованозата е позната и како „Granuloma inguinale“ (ингвинален гранулом), таа е полово пренослива болест и може да резултира со уништување на заразеното ткиво доколку не се спроведе соодветна терапија по воспалението, пишува DW. Тропска болест Оваа тропска сексуално пренослива болест се јавува првенствено во земји како Индија, Папуа Нова Гвинеја, централна и северна Австралија, но е забележана и во Виетнам и некои африкански земји. Донованозата спаѓа во групата на таканаречени СПБ, Сексуално преносливи болести. Таа е доста ретка во Европа. На Стариот континент, кламидија, сифилис или гонореја сè уште се на листата на најчести полово преносливи болести. Но, некои лекари во Велика Британија сега предупредуваат на можното ширење на оваа заразна болест. Во таа земја, имено, е забележан пораст на бројот на регистрирани случаи на донованоза. Текот на болеста Бидејќи донованозата не предизвикува болка, пациентите често ја занемаруваат. На почетокот на воспалителните жаришта се формираат црвеникави нодули, кои потоа релативно брзо исчезнуваат. Но, тогаш во нивна близина почнуваат да се појавуваат чирови. Кога се допираат, почнуваат да крварат. Тие можат да се појават на различни делови од телото, но главно во пределот на гениталиите. Кај мажите, пенисот е особено погоден, кај жените внатрешната страна на вагиналните усни. Доколку инфекцијата не се забележи во рана фаза, односно не се лекува на самиот почеток, се појавуваат гнојни отоци, а на крајот болеста го уништува ткивото. Времето на инкубација варира. Помеѓу инфекцијата и појавата на донованоза може да помине помеѓу една недела и 16 недели. Дијагноза Повеќето луѓе кои се инфицираат со донованоза се на возраст меѓу 30 и 40 години. За потребите на дијагнозата, лекарите земаат брис од погодениот дел од телото или ткивото. Доколку е потребно, се врши анализа на клетките. Така, лекарите можат да утврдат дали навистина се работи за донованоза или за некоја друга полово пренослива болест со слични симптоми. На пример, за сифилис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/opasna-polova-bolest-pristigna-vo-evropa-doznajte-za-shto-stanuva-zbor-i-chuvajte-se/feed/ 0