Полска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 05:48:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Полска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Полски бискуп поднесе оставка поради оргија во дом на свештеник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polski-biskup-podnese-ostavka-poradi-orgija-vo-dom-na-sveshtenik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polski-biskup-podnese-ostavka-poradi-orgija-vo-dom-na-sveshtenik/#respond Wed, 25 Oct 2023 05:48:42 +0000 https://kurir.mk/?p=892763

Полскиот бискуп, во чија епархија имаше скандал поради оргија во дом на свештеник, поднесе оставка, соопшти Ватикан. Во соопштението не се наведува точната причина за оставката на епископот Гжегож Кажак, туку само дека Папата ја прифатил. Епархијата на Кажак во југозападна Полска ја потресе скандал откако во септември во полските медиуми беа објавени извештаи за оргија во дом на свештеник во градот Даброва Горница. Според полските медиуми, машка проститутка колабирала на забава откако конзумирала премногу апчиња за еректилна дисфункција. Еден од учесниците на забавата се јавил на Итната помош, но кога медицинските екипи пристигнале на местото на настанот не им било дозволено да влезат, туку му помогнале на човекот откако била повикана полиција. Бискупот ги повика верниците да се молат за свештениците кои биле вклучени во тоа и другите луѓе кои не направиле ништо лошо, но биле погодени од нивното однесување, пишува дневниот весник Газета Виборца. Свештеникот кој ја организирал забавата во неговиот стан, Томаш З., добил отказ, објави државната агенција ПАП. Епархијата соопшти дека неговото однесување е „причина за голем скандал за верниците и дека тоа го оправдува негодувањето на јавноста“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polski-biskup-podnese-ostavka-poradi-orgija-vo-dom-na-sveshtenik/feed/ 0
Во Полска се отворени гласачките места за парламентарните избори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-polska-se-otvoreni-glasachkite-mesta-za-parlamentarnite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-polska-se-otvoreni-glasachkite-mesta-za-parlamentarnite-izbori/#respond Sun, 15 Oct 2023 08:53:46 +0000 https://kurir.mk/?p=888977

Во Полска денеска се отворени гласачките места за парламентарните избори, на кои, според анкетите, резултатот ќе биде тесен, а се сметаат за пресудни за иднината на односите на земјата со ЕУ и со соседна Украина. Се избираат 460 членови на Сејмот со пропорционален изборен систем, а 100 сенатори со мнозински систем. Полска се плаши од „ќорсокак“ на исходот на изборите, бидејќи, по секоја веројатност, ниту актуелната владејачка партија „Право и правда“, ниту проевропската либерална „Граѓанска коалиција“, ниту со коалиционите партнери, нема да имаат доволно пратеници за формирање влада. Според прогнозата за изборниот исход врз основа на различни анкети, која редовно ја објавува информативниот портал Onet.pl, „Право и правда“ може да смета на најмногу гласови од вкупно 30 милиони регистрирани гласачи, со 34,99 отсто и „Граѓанската коалиција“ со 31,12 отсто. Гласањето во земјата со 38 милиони жители, членка на ЕУ и НАТО, завршува во 21 часот по средноевропско време, а набрзо потоа се очекуваат излезни анкети. Првите прогнози врз основа на анкетите на избирачките места на главната полска телевизија ќе бидат објавени во вечерните часови, а Државната изборна комисија соопшти дека конечните резултати ќе бидат познати во вторник. Се очекува висок одѕив од над 65 отсто, а овој пат рекордни 600.000 Полјаци од дијаспората се пријавиле за гласање во амбасадите и конзулатите ширум светот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-polska-se-otvoreni-glasachkite-mesta-za-parlamentarnite-izbori/feed/ 0
Полска и Чешка ќе ги прошират граничните контроли кон Словачка поради мигрантите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-i-cheshka-ke-gi-proshirat-granichnite-kontroli-kon-slovachka-poradi-migrantite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-i-cheshka-ke-gi-proshirat-granichnite-kontroli-kon-slovachka-poradi-migrantite/#respond Thu, 12 Oct 2023 11:55:26 +0000 https://kurir.mk/?p=888070

- Полска и Чешка ќе ги продолжат привремените контроли на нивните граници со Словачка до ноември, бидејќи земјите се обидуваат да го ограничат протокот на илегални мигранти. Полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински изјави дека владата ќе ги продолжи контролите до 2 ноември, по слична одлука на чешката влада во средата навечер. Двете земји, заедно со Австрија, го зајакнаа надзорот на нивните граници со Словачка на 4 октомври за да се заштитат од криумчарите и порастот на илегалните мигранти. „Има добри резултати, има јасни ефекти“, рече Камински. Словачка е транзитна земја за мигранти, претежно од Блискиот Исток и Авганистан, кои се обидуваат да стигнат до Германија откако во Европската унија преминале преку Унгарија од Србија, која не е во ЕУ. Словачка вчера ги продолжи сопствените гранични контроли со Унгарија до 3 ноември. Бројот на мигранти кои влегле во Словачка се зголемил единаесет пати на речиси 40.000 оваа година, покажуваат владините податоци. Минатиот месец и Германија воведе контрола на своите граници. Полска, Словачка, Чешка, Унгарија, Австрија и Германија се дел од отворената Шенген зона на ЕУ. Прашањето за илегалната миграција беше истакнато во предизборната кампања во Централна Европа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-i-cheshka-ke-gi-proshirat-granichnite-kontroli-kon-slovachka-poradi-migrantite/feed/ 0
Судир на возови: Три лица се повредени во Полска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudir-na-vozovi-tri-litsa-se-povredeni-vo-polska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudir-na-vozovi-tri-litsa-se-povredeni-vo-polska/#respond Thu, 05 Oct 2023 07:29:14 +0000 https://kurir.mk/?p=885406

Три лица се повредени рано изутринава кога два воза директно се судрија во градот Гдиња во северна Полска. Државната новинска агенција ПАП, повикувајќи се на официјалниот претставник на противпожарната бригада, Блаже Плихта, објави дека судирот се случил во 7 часот наутро во близина на главната станица во Гдиња, град на Балтичкото Море. Службите за итна помош се на местото на несреќата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudir-na-vozovi-tri-litsa-se-povredeni-vo-polska/feed/ 0
СКАНДАЛ: Католички свештеници во Полска се забавувале со машка проститутка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-katolichki-sveshtenitsi-vo-polska-se-zabavuvale-so-mashka-prostitutka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-katolichki-sveshtenitsi-vo-polska-se-zabavuvale-so-mashka-prostitutka/#respond Mon, 02 Oct 2023 09:23:17 +0000 https://kurir.mk/?p=884118

Скандал ја потресува Католичката црква во Полска откако минатата недела во градот Даброва Горница свештенците организирале „секс забава“ со машка проститутка. „Газета Виборча“ објави дека „забавата излегла од контрола и машката проститутка изгубила свест“, поради што била повикана брза помош, но кога пристигнале болничарите, им било забрането да влезат во просториите. Болничарите потоа наводно повикале полиција, која им помогнала да стигнат до човекот кој бил бессознание. Портпаролот на локалното обвинителство за весникот изјави дека е почната истрага за евентуално не укажување помош на лице чие здравје е загрозено, што е кривично дело казниво до три години затвор. Настаните потоа добија дополнителен драматичен пресврт кога маж ги запали вратите на базиликата во парохијата каде што се случи инцидентот. Пожарникарите го изгаснале пожарот и нема повредени. Полицијата подоцна приведе маж осомничен за подметнување на пожар. Локалната католичка курија потврди дека имало инцидент, како и оти е формирана комисија која итно ќе објасни што се случило. Куријата посочи и дека „досегашните наоди на комисијата се разликуваат од информациите објавени во некои медиуми“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-katolichki-sveshtenitsi-vo-polska-se-zabavuvale-so-mashka-prostitutka/feed/ 0
Пет македонски каратисти ќе учествуваат на Светскиот куп во Полска https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pet-makedonski-karatisti-ke-uchestvuvaat-na-svetskiot-kup-vo-polska/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pet-makedonski-karatisti-ke-uchestvuvaat-na-svetskiot-kup-vo-polska/#respond Thu, 28 Sep 2023 10:48:13 +0000 https://kurir.mk/?p=882713

Македонската репрезентација во традиционално карате викендов ќе учествува на Светски куп во традиционално карате кој ќе се одржи во Лублин, Полска. Натпреварите ќе се одржат на 30 септември во сите натпреварувачки дисциплини и возрасни категории според ИТКФ натпреварувачи правила. На натпреварот ќе учествуваат околу 28 држави со 700 натпреварувачи, пет од нив се Македонци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pet-makedonski-karatisti-ke-uchestvuvaat-na-svetskiot-kup-vo-polska/feed/ 0
Полска најави кандидарура за ЛОИ 2036 година https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/polska-najavi-kandidarura-za-loi-2036-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/polska-najavi-kandidarura-za-loi-2036-godina/#respond Thu, 28 Sep 2023 06:09:18 +0000 https://kurir.mk/?p=882546

Полска ќе се кандидира за организација на Летни Олимписки игри во 2036 година, најави претседателот на оваа земја, Андржеј Дуда, за кои заинтересирани се  Мексико и Индонезија. „Сакам ова да го објавам, после консултација со полскиот Олимписки комитет и со министерот за спорт и Владата, наша амбиција и цел е да влеземе во битка за организација на ЛОИ 2036 година“, рече Дуда на прес-конференција во Закопане.
ЛОИ во 2024 година ќе се одржат во Париз, Лос Анџелес ќе биде домаќин на Игрите во 2028, а Бризбејн на тие во 2032 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/polska-najavi-kandidarura-za-loi-2036-godina/feed/ 0
Моравјецки: Полска повеќе не испорачува оружје на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moravjetski-polska-poveke-ne-isporachuva-oruzhje-na-ukraina-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moravjetski-polska-poveke-ne-isporachuva-oruzhje-na-ukraina-2/#respond Thu, 21 Sep 2023 07:52:59 +0000 https://kurir.mk/?p=880160

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки доцна синоќа изјави дека неговата земја повеќе не му доставува оружје на Киев, бидејќи се фокусира на сопственото вооружување. Тој го изјави ова неколку часа откако Варшава „итно“ го повикала украинскиот амбасадор во знак на протест поради изјавите на претседателот Володимир Зеленски, кој ја критикуваше Полска и некои други земји во ОН поради ембаргото за украинското жито. „Веќе не префрламе никакво оружје во Украина, бидејќи се вооружуваме со најмодерно оружје“, рече Моравјецки одговарајќи на новинарско прашање за воената и хуманитарната поддршка на Полска за Украина и покрај конфликтот со жито.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moravjetski-polska-poveke-ne-isporachuva-oruzhje-na-ukraina-2/feed/ 0
Полска ги отфрли „апсурдните“ обвинувања за масовна измама со визи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-gi-otfrli-apsurdnite-obvinuvana-za-masovna-izmama-so-vizi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-gi-otfrli-apsurdnite-obvinuvana-za-masovna-izmama-so-vizi/#respond Wed, 20 Sep 2023 13:10:00 +0000 https://kurir.mk/?p=879926

Полската влада ги отфрли, како што ги нарече „апсурдните“ тврдења во Варшава за „размерите“ на скандалот со визите издадени на странски државјани од земјата-членка на ЕУ, откако Германија изрази загриженост за ова прашање, објавија француските медиуми, пренесе БТА. -За жал, германските медиуми се придржуваат до целосно апсурдната реторика на опозицијата за размерите на она со што се соочивме. Вчера разговарав со германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фесер. Јас ѝ го објаснив вистинскиот размер на проблемот, ја уверив дека ова е само изборна кампања на опозицијата и и реков да не верува во овие глупости, изјави нејзиниот полски колега Мариуш Камински за радио „Зет“. Претходно, извор од германската влада изјави дека Фесер му се јавила на Камински и дека властите го повикале полскиот амбасадор во Берлин во врска со случајот. -Јасно беше објаснето дека федералната влада очекува полската влада брзо и целосно да ги разјасни сериозните наводи за можна визна измама, додаде тој. Денеска Европската комисија, пак, објави дека побарала од Полска „појаснувања“ за „алармантните“ наводи поврзани со овој случај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-gi-otfrli-apsurdnite-obvinuvana-za-masovna-izmama-so-vizi/feed/ 0
Полска е европски шампион во одбојка https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/polska-e-evropski-shampion-vo-odbojka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/polska-e-evropski-shampion-vo-odbojka/#respond Sun, 17 Sep 2023 05:33:44 +0000 https://kurir.mk/?p=878741

Полските одбојкари ја совладаа Италија со 3:0 (25:20, 25:21, 25:23) во големото финале во Рим. Бидејќи Италија неочекувано лесно ја совлада Франција, сега Полска во Рим ги исчисти Италијанците и со тоа ја освои втората европска шампионска титула. Полјаците имаа предност во првиот сет, од првиот до последниот поен, се движеа на растојание до максимални осум поени разлика 14:22, а сетот заврши со резултат 25:20 за гостите. Во вториот сет гледавме повозбудлива и понеизвесна битка на теренот. Италија подобро го отвори вториот сет, каде Италија во неколку наврати имаше минимално водство, но Полска лесно го врати на своја страна и дојде до три поени предност. Сепак, тоа не беше крајот на сетот бидејќи Италија од минус три се врати во игра и поведе со 15:14, но потоа гостите тргнаа во серија од шест поени по ред и тоа беше крај на сите се надева дека Италија може да израмни во сетови. На крајот Полјаците го добија сетот со 25:21. Третиот сет требаше да им припадне на Италијанците, но Полска повторно беше подобра во последниот дел од сетот. Италија беше подобра во поголемиот дел од сетот, Италијанците имаа плус четири 10:6, но Полска ја намали предноста, за првпат да поведе со 18:17. Во финишот на сетот блескаше Леон кој со своите добри сервиси му донесе предност на својот тим и третиот сет заврши со 25:23, по што Полска ја освои втората титула европски првак. Натурализираниот Полјак блесна во тимот на селекторот Никола Грбиќ, добар беше и Лукас Качмарек, херој беше и Роберт Хубнер, додека кај Италијанците отсуствуваше подобриот настап на Џанели, невидлив беше Микелето, како и Романо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/polska-e-evropski-shampion-vo-odbojka/feed/ 0