полската амбасада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Jan 2023 13:34:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png полската амбасада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лазаров: Имаме свој идентитет, нашиот најсилен состав и адут е колективот https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/lazarov-imame-svoj-identitet-nashiot-najsilen-sostav-i-adut-e-kolektivot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/lazarov-imame-svoj-identitet-nashiot-najsilen-sostav-i-adut-e-kolektivot/#respond Tue, 10 Jan 2023 11:57:06 +0000 https://kurir.mk/?p=785499

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров на денешната прес-конференција пред заминувањето за Краков, каде што ќе водат нова мундијалска битка, истакна дека се вложени многу труд, ентузијазам и борба за да се дојде до посакуваното СП. -Покажуваме квалитет и што е најважно имаме свој идентитет. На добар пат сме и се надевам дека за брзо време Македонија ќе стане Норвешка која е една од најдобрите репрезентации. Нашиот најсилен состав е колективот, нашиот адут е колективот, максимална борба сите 60 минути, квалитетна ротација без разлика дали играл некој 5, 15 или 55 минути треба да се поддржуваме и имаме јасна цел, вели селекторот. Лазаров побара од навивачите да ги поддржат момците. Истакна дека е задоволен од подготовките, но и малку загрижен поради здравствената состојба на Николче Митревски и Филип Талевски. -Вчера го одработија првиот тренинг, се во добра состојба, ама ќе бидеме претпазливи. Двајцата не се на 100%, меѓутоа се надевам дека како ќе поминува времето, ќе бидеме комплетни. Треба да бидеме претпазливи како ќе ги дозираме сите играчи. Не смее да бидеме еуфорични кога ќе победиме, не смееме да тагуваме кога ќе загубиме. Имаме една нова Македонија, посочи Лазаров. Македонската експедиција утре ќе отпатува за Краков, Полска каде ја очекуваат натпревари со Норвешка (13 јануари), Холандија (15 јануари) и Аргентина (17 јануари).
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/lazarov-imame-svoj-identitet-nashiot-najsilen-sostav-i-adut-e-kolektivot/feed/ 0
Русија протера 45 вработени во полската амбасада и двајца бугарски дипломати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-protera-45-vraboteni-vo-polskata-ambasada-i-dvajca-bugarski-diplomati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-protera-45-vraboteni-vo-polskata-ambasada-i-dvajca-bugarski-diplomati/#respond Fri, 08 Apr 2022 15:40:05 +0000 https://kurir.mk/?p=660477

Русија протера 45 вработени во полската амбасада и членови на конзуларниот персонал, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. Станува збор за одговор на неодамнешното протерување на руски дипломати од Варшава. Полска минатиот месец протера 45 руски дипломати кои ги обвини дека работеле за руските разузнавачки служби. Русија ги отфрли таквите обвинувања како неосновани. Официјална Москва денеска, исто така, протера двајца бугарски дипломати како одговор на одлуката на Бугарија да протера двајца руски дипломати од Софија донесена во март, соопшти денеска руското МНР. Бугарија ги прогласи за персона нон грата двајцата руски државјани поради наводни активности што се спротивни на нивниот дипломатски статус Таа го повика и својот амбасадор во Москва на консултации поради, како што најави, недипломатските, остри и груби коментари на рускиот амбасадор во Софија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-protera-45-vraboteni-vo-polskata-ambasada-i-dvajca-bugarski-diplomati/feed/ 0