полски навивачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Jun 2019 09:08:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png полски навивачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Второ полувреме од „скопската војна“: Полските хулигани си заминаа дома и се дотепаа (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vtoro-poluvreme-od-skopskata-vojna-polskite-huligani-si-zaminaa-doma-i-se-dotepaa-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vtoro-poluvreme-od-skopskata-vojna-polskite-huligani-si-zaminaa-doma-i-se-dotepaa-foto/#respond Mon, 10 Jun 2019 09:08:50 +0000 https://kurir.mk/?p=207432

Полските хулигани кои направија тотален хаос пред Националната Арена „Тодор Проески“ во петокот попладне, кога групи од по стотина припадници меѓусебно се тепаа во градскиот парк имале второ полувреме само што стапнале на домашно тло, па се дотепале. Во Скопје, ултрасите на Видѓев Лоѓ се судрија со ривалите од ЛКС Лоѓ заедно со збратимените навивачи на Лех Познањ. Хаосот траел „половина час“, а иако интервенираше и полицијата, полските хулигани не отстапиле од својата жестока битка. И пресметката била договорена уште од поодамна помеѓу ривалските групи, па Скопје им било идеално место за да се пресметаат. Во тоталниот хаос, 223 навивачи пред Арената беа уапсени, па речиси цел ден минаа во притвор, по што откако платија казни за нарушување на јавниот ред и мир беа набркани од земјава. Арно ама, битката на скопскиот кеј не го дала победникот, па морало да има и „второ полувреме“ од пресметката, каква што во Македонија не се случила, а и македонската полиција беше зачудена од невидената желба хулиганите да се испотепаат меѓусебе. На крајот, ултрасите на ЛКС Лоѓ ги сочекале ривалите ов Видѓев, откако се вратиле и во пресметката извојувале навивачка победа со одземање на знамето со кое црвените од Лоѓ се сликаа и на фонтаната на Александар Македонски. Извор: Спорт 1]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vtoro-poluvreme-od-skopskata-vojna-polskite-huligani-si-zaminaa-doma-i-se-dotepaa-foto/feed/ 0
Парична казна и забрана за влез во Македонија: Како ќе бидат казнети навивачите од Полска? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parichna-kazna-i-zabrana-za-vlez-vo-makedonija-kako-kje-bidat-kazneti-navivachite-od-polska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parichna-kazna-i-zabrana-za-vlez-vo-makedonija-kako-kje-bidat-kazneti-navivachite-od-polska/#respond Sat, 08 Jun 2019 11:58:20 +0000 https://kurir.mk/?p=206987

На 07.06.2019 околу 17:50 часот, пред почетокот на фудбалскиот натпревар во рамки на квалификации за „ЕП 2020“ помеѓу репрезентациите на Република Македонија и Република Полска, во паркот на франкофонијата во Скопје дошло до физичка пресметка меѓу две групи на полски навивачи. Веднаш е интервенирано од страна на полициски службеници и приведени се 223 лица во полициските станици Гази Баба, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров за понатамошна постапка. Против нив се поднесени соодветни поднесоци пред надлежен суд за прекршоци. КУРИР дознава дека над 200 полски навивачи веќе имаат добиено и исплатено парични казни за вчерашните случувања. Оние со кои стапивме во контакт добиле најниска парична казна од 200 евра по лице. Но, Полјаците кои вчера беа дел од масовната физичка пресметка, а ноќта ја минаа во полициска станица, според закон, ќе мора да платат многу повисоки казни. Колкави казни ќе добијат? Законот е прецизен, членовите детално објаснуваат. За нарушување на јавен ред и мир, законот за ваков вид на прекршоци посочува: Член 11 Кој на јавно место учествува, предизвикува или поттикнува друг на тепачка ќе му се изрече глоба во висина од 300 до 500 евра во денарска противвредност. Учествувањето во тепачка  со намера да се укаже помош или заштита на нападнатото лице или да ја спречи истата не се смета за учествување во тепачка во смисла на ставот 1 на овој член. Кој прекршокот од ставот 1 на овој член го изврши во група ќе му се изрече глоба во висина од 700 до 1.500 евра во денарска противвредност. КУРИР побара одговор од МВР, но од таму информираат дека колкави ќе бидат казните не е одлука на министерството, туку на судовите. Дополнително, судот треба да одлучи колку години овие лица ќе имаат забрана за влез во Македонија. Зависно од прекршокот, забраната треба да важи од 2 до 5.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parichna-kazna-i-zabrana-za-vlez-vo-makedonija-kako-kje-bidat-kazneti-navivachite-od-polska/feed/ 0
Полските хулигани објавија како им е во притворот во Скопје! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/polskite-huligani-objavija-kako-im-e-vo-pritvorot-vo-skopje-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/polskite-huligani-objavija-kako-im-e-vo-pritvorot-vo-skopje-foto/#respond Sat, 08 Jun 2019 10:09:14 +0000 https://kurir.mk/?p=206931

Последните два дена, во пресрет на натпреварот од квалификациите за Европското првенство, Македонија ја пречека Полска. Навивачите на Полска уште еднаш докажаа зошто со озлогласени во низа инциденти, што со полицијата, што помеѓу себе. Дури 223 навивачи беа уапсени, а сега објавија слика како си поминаа во притворот. Извор: СПОРТ1]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/polskite-huligani-objavija-kako-im-e-vo-pritvorot-vo-skopje-foto/feed/ 0
Приведени 223 полски навивачи во Скопје: Познато е каде биле цела ноќ и што понатаму ќе се случува со нив https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privedeni-223-polski-navivachi-vo-skopje-poznato-e-kade-bile-cela-nokj-i-shto-ponatamu-kje-se-sluchuva-so-niv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privedeni-223-polski-navivachi-vo-skopje-poznato-e-kade-bile-cela-nokj-i-shto-ponatamu-kje-se-sluchuva-so-niv/#respond Sat, 08 Jun 2019 09:34:44 +0000 https://kurir.mk/?p=206909

Полските навивачи кои вчера попладне беа приведени во Градскиот парк, утрово се однесени пред судија за прекршоци, известија од полицијата. Од Министерството за внатрешни работи велат дека после синоќешната тепачка во паркот меѓу поголема група навивачи, приведени биле 223 лица. Биле однесени во полициските станици Гази Баба, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров, каде биле задржани цела ноќ. Бидејќи станувало збор за приведување на голем број навивачи, во полициските станици се пренесувале со автобуси. „Ние доставивме соодветни поднесоци до надлежен суд за прекршоци и сега тој треба одлучи за натамошната казна за навивачите. Очекувавме инциденти со полските навивачи и затоа постојано бевме во контакт со Полската амбасада. Успеавме да спречиме поголеми инциденти благодарение на големото присуство на полициски службеници низ градот“, велат од Министерството за внатрешни работи. Фудбалската репрезентацијата на Македонија синоќа на арената „Тодор Проески“ беше поразена од Полска со 1:0 во квалификациониот натпревар за пласман на Европското првенство во 2020 година. Победата на Полјаците им ја донесе Пјатек со голот во 47 минута. Извор: СДК.МК]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privedeni-223-polski-navivachi-vo-skopje-poznato-e-kade-bile-cela-nokj-i-shto-ponatamu-kje-se-sluchuva-so-niv/feed/ 0