поместување на времето – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 Nov 2021 12:46:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png поместување на времето – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поради ова се разболуваат и сосема здрави, а еве кој друг може да има сериозни проблеми! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poradi-ova-se-razboluvaat-i-sosema-zdravi-a-eve-koj-drug-moze-da-ima-seriozni-problemi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poradi-ova-se-razboluvaat-i-sosema-zdravi-a-eve-koj-drug-moze-da-ima-seriozni-problemi/#respond Tue, 02 Nov 2021 12:46:17 +0000 https://kurir.mk/?p=589698

Дали поместување на часовникот, преминот кон зимско и летно сметање на времето влијае на внатрешниот часовник на секој од нас и се поставува прашањето какви последици остава врз нашиот организам? Дали има оправдани причини за поместување на часовниците за еден час наназад во есен и напред во пролет? Науката ги има одговорите, но телото може многу да страда... Каде што часовникот престана да се поместува Македонија се уште не е меѓу земјите кои престанаа да го поместуваат часовникот и да се префрлаат од летно во зимско сметање на времето. Земји кои не се движат во насока на стрелките на часовникот во Европа се Исланд, Белорусија, Русија, Грузија и Ерменија. Некои други ги увидоа негативните последици од оваа практика, па престанаа да го движат часовникот, а тоа се Сирија, Јордан, Израел и Турција. Нарушувања кај сосема здрави луѓе Поместувањето на часовникот за еден час наназад, од 3 на 2 часа, не ги погодува метеореопатите и хроничните пациенти, но оваа практика може да влијае и на сосема здрави луѓе. Недостатокот на дневна светлина и промените во рутината може негативно да влијаат на сите. Поместување на часовникот еден час наназад Времето генерално може да влијае на расположението на луѓето, особено во есен кога деновите се нормално пократки и кога е мрачно и студено. Кога има помалку сонце, луѓето се чувствуваат нерасположени и раздразливи, а потоа и онака пократкиот ден дополнително се скратува со поместување на часовникот наназад, па ни доаѓа темнината веќе во четири часот попладне. Нарушување на внатрешен часовник Секој човек има свој внатрешен часовник, односно свој ритам, а кога е нарушен, потребно е време да се врати во претходната состојба. - Нашиот внатрешен часовник и нашиот организам не можат да знаат за надворешни промени, како што е враќање на часовникот еден час наназад. Потребно е време за да се прилагоди организмот. Не се работи само за разлики во еден час. Кога ќе се префрлиме на зимско сметање на времето, како што е сега, тогаш буквално се случува многумина од нас практично да не ја гледаат дневната светлина во текот на денот. Земете го примерот со станување во шест часот наутро. Потоа надвор е уште темно, потоа одите на работа и го напуштате работното место во 17 часот кога и надвор е темно. Сето тоа негативно влијае на психата и биоритамот, но и на здравјето, бидејќи сонцето е важен извор на витамин Д за нашиот организам – објаснува психолог. Преминот од есен во зима може да биде критичен На метеореопатите и на хроничните пациенти им требаат најмалку две недели за да се вратат во „состојба на нормалност“ по враќањето на часовникот, а исто така, промената на годишните времиња може да влијае на психата. - Есента генерално е поттик за депресија и промени во расположението. Овој премин од есен во зима и од зима во пролет може да биде критичен за многу луѓе со ментални здравствени проблеми. Да не зборуваме дека веќе скоро две години сите сме во посебна состојба поради пандемијата, а потоа најмалку треба да го нарушиме биолошкиот часовник - нагласува психолог. Главоболка и летаргија Дека поместувањето на часовникот и префрлањето на зимско сметање на времето може лошо да се одрази на секојдневните активности, сведочи и еден човек кој секој последен викенд во октомври го дочекува со главоболки и со промена на расположението. - Морам да нагласам дека сум инаку здрава личност и редовно се проверувам, бидејќи работам во војска. Меѓутоа, секоја од овие промени, односно враќање еден час наназад, исклучително ми пречи. Ми требаат неколку дена за да се вратам во нормала, имам главоболки, раздразлив сум кога ќе видам дека веќе е темно надвор во 16 часот, се чувствувам безволно. И не сум единствениот што се чувствува така, познавам и многу други пријатели кои имаат слични проблеми - вели лицето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poradi-ova-se-razboluvaat-i-sosema-zdravi-a-eve-koj-drug-moze-da-ima-seriozni-problemi/feed/ 0
Почна летното сметање на времето – се очекува оваа година да биде последно поместување на времето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-letnoto-smetanje-na-vremeto-se-ochekuva-ovaa-godina-da-bide-posledno-pomestuvanje-na-vremeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-letnoto-smetanje-na-vremeto-se-ochekuva-ovaa-godina-da-bide-posledno-pomestuvanje-na-vremeto/#respond Sun, 28 Mar 2021 06:48:32 +0000 https://kurir.mk/?p=488720

Со поместување на стрелките на часовникот за еден час напред ноќеска во два часот по полноќ почна летното сметање на времето. Летното сметање на времето завршува на 31 октомври во 3 часот по полноќ. Се очекуваше оваа година да биде последно помесување на времето. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ. Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-letnoto-smetanje-na-vremeto-se-ochekuva-ovaa-godina-da-bide-posledno-pomestuvanje-na-vremeto/feed/ 0
Што прави поместувањето на стрелките на часовникот на вашето тело https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-pravi-pomestuvanjeto-na-strelkite-na-chasovnikot-na-vasheto-telo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-pravi-pomestuvanjeto-na-strelkite-na-chasovnikot-na-vasheto-telo/#respond Mon, 26 Mar 2018 06:21:20 +0000 https://kurir.mk/?p=33008

Поместувањето на стрелките на часовникот при летното сметање на времето со себе обично носи и ненаспаност и замор. Ви претставуваме уште некои проблеми кои можете да ги забележите во наредниот период: Студенило Кога на вашето тело му е потребно сон, тоа природно се подготвува за одмор - значи, се лади. Ако забележите дека ви се тресат забите, без некоја очигледна причина, веројатно ви треба сон. Многу слаба концентрација Податоците покажуваат дека бројот на сообраќајни несреќи се зголемува во неделите по преминувањето на летното сметање на времето. Секогаш добро да се разбудите пред да седнете зад волан. Ментално здравје Недостигот на сон се поврзува со депресија. Студиите покажуваат дека попоместувањето на часовникот се зголемува дури и бројот на самоубиства, бидејќи овие промени можат да го нарушат биолошкиот часовник и да ги влошат симптомите на менталните здравствени пробелми. Постојат неколку начини брзо да се вратите во нормалниот ритам на спиење: Немојте да надополнувате Без оглед на тоа што можеби подолго време ви се останува во кревет, обидете се да станете во исто време, како и пред менувањето на чосовникот, затоа што така може да го задржите ритамот. Движете се Свежиот воздух и природната светлина се природен начин да се разбудите. Ќе ви бидат корисни и утринските шетања. Нема потреба да легнувате порано ако не ви се спие Ако одите во кревет иако знаете дека нема да заспиете, само ќе бидете уште понервозни. Останете будни уште некое време читајте книга или слушајте некоја убава музика. Без електроника Можеби ќе паднете во искушение да „сурфате“ по интернет пред спиење, но научно докажано е дека светлоста од екранот го нарушува природниот сон. Што побрзо усвојте поздрави навики, кога станува збро за подготвки за спиење. Намалете го внесувањето кофеин  Експертите велат дека последното кафе во текот на денот можете да го пиете најмалку шест часа пред спиење, затоа што може да ви се наруши спиењето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-pravi-pomestuvanjeto-na-strelkite-na-chasovnikot-na-vasheto-telo/feed/ 0