помилуван – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 Aug 2022 10:25:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png помилуван – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Помилуван директорот на „Самсунг“, кој беше во затвор поради поткуп https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pomiluvan-direktorot-na-samsung-koj-beshe-vo-zatvor-poradi-potkup/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pomiluvan-direktorot-na-samsung-koj-beshe-vo-zatvor-poradi-potkup/#respond Fri, 12 Aug 2022 10:25:25 +0000 https://kurir.mk/?p=717565

Јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол го помилува потпретседателот на „Самсунг Електроникс“ Ли Џае Јонг. „Ова е со цел да се помогне во надминување на националната економска криза“, соопшти денеска јужнокорејското Министерство за правда. Помилувањето е главно симболично, бидејќи Ли веќе е на условна слобода откако отслужи 18 месеци затвор за нудење мито додека беше на чело на најголемиот светски производител на паметни телефони и мемориски чипови, пишува Ројтерс. Министерот за правда Хан Донг-хун рече, откако Шин Донг-бин, претседател на „Лоте Груп“, петтиот по големина бизнис конгломерат во Јужна Кореја, исто така беше помилуван, дека владата, поради итна потреба да ја надмине националната економска криза, внимателно избрала економски лидери за помилување кои го предводат националниот мотор на раст преку активно инвестирање во технологија и отворање нови работни места, соопшти британската агенција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pomiluvan-direktorot-na-samsung-koj-beshe-vo-zatvor-poradi-potkup/feed/ 0
Пендаровски го помилува Абдулфета Алими https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-pomiluva-abdulfeta-alimi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-pomiluva-abdulfeta-alimi/#respond Fri, 18 Mar 2022 08:48:46 +0000 https://kurir.mk/?p=649281

Претседателот Стево Пендаровски одлучи да помилува осуденици, а на списокот се наоѓа името на Абдулфета Алими, член на Обезбедувањето на Собранието кој беше осуден за настаните од 27 април, а за кого претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села сведочеше дека му го спасил животот. Списокот на помилувани бил потпишан во средата од претседателот, а вчера беше објавен во Службен весник. Инаку, Алими е осуден на 6 години казна затвор за настаните од 27 април 2017 година во Собранието. Тој за време на судењето рече дека постапил според наредбите на хиерархијата. Во текот на целиот судски процес, претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, му даваше поддршка на Алими, велејќи дека тој му го спасил животот ноќта на 27 април, кога бил претепан и оставен во бесознание. -Со Одлуката целосно се ослободува од понатамошно извршување на казната затвор Александар Трајан Петровски од Скопје. Делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор осудените лица: Неџмедин Расим Матоши од Скопје во траење од четири месеци, Димитар Милија Мишков од Скопје во траење од три месеци, Абдуљфета Амид Алими од с. Оризаре Општина Липоково во траење од осум месеци и Џафер Џемаиљ Небија од с. Арачиново во траење од пет месеци, стои во одлуката број 08-271/1 што е објавена во Службен весник на Република Северна Македонија. Според Кабинетот на претседателот, помилувањата се спроведени согласно законска процедура, а сите лица кои се помилувани ги исполнуваат условите за такво нешто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-pomiluva-abdulfeta-alimi/feed/ 0
Кралицата Елизабета помилува затвореник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralicata-elizabeta-pomiluva-zatvorenik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralicata-elizabeta-pomiluva-zatvorenik/#respond Mon, 19 Oct 2020 07:59:04 +0000 https://kurir.mk/?p=417948

Британската кралица Елизабета Втора го помилува 42-годишниот Стивен Галант, затвореник кој издржува казна за убиство, кој минатата година стана познат кога помогна да запре терорист на мостот во Лондон. Галант се најде на местото на инцидентот затоа што учествуваше во настан како дел од програмата за рехабилитација на затвореници во ноември 2019 година, кога Усман Кан, вооружен со два ножа, нападна минувачи и уби двајца студенти кои помагаа во програмата за рехабилитација на затворениците, пишува Јуроњуз. Снимките од нападот покажуваат дека Галант и уште двајца мажи успеале да го запрат Кан во натамошните намери. Со одлука на кралицата Елизабета Втора, казната му е скратена за 10 месеци за да може да се појави пред комисијата за помилување во јуни. „Галант ќе добие признание за неговиот храбар чин со кој ги спаси животите на луѓето, а го ризикуваше својот“, соопшти Министерството за правда. Галант беше осуден во 2005 година на 17 години затвор за убиство на пожарникар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralicata-elizabeta-pomiluva-zatvorenik/feed/ 0