помилувани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Dec 2020 08:09:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png помилувани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трамп помилува 15 лица, главно републиканци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-pomiluva-15-lica-glavno-republikanci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-pomiluva-15-lica-glavno-republikanci/#respond Wed, 23 Dec 2020 08:09:31 +0000 https://kurir.mk/?p=446966

Американскиот претседател Доналд Трамп помилува 15 лица, меѓу кои се републиканци кои важат за негови големи поддржувачи, функционери од предизборната кампања во 2016 година, поврзани со истрагата за вмешаност на Русија, како и осудени за масакрот во Багдад во 2007 година. Меѓу помилуваните се и поранешниот соработник на Трамп во изборната кампања Џорџ Пападопулос и адвокатот Алекс ван дер Зван. И двајцата издржаа кратки затворски казни. Трамп помилува и четворица членови на обезбедување, вклучени во масакрот во Ирак во 2007 година, како и двајца поранешни конгресмени, пренесува Би-Би-Си. Пападопулос во 2017 година призна дека го излажал ФБИ за времето на средбата со наводните посредници на Русија за време на изборната кампања во 2016 година. Тој беше првиот поранешен соработник на Трамп уапсен во истрагата за руска вмешаност, предводена од специјалниот советник Роберт Милер. Тој лажно тврдеше дека се сретнал со две лица кои се поврзани со Русија пред да започне да работи за кампањата на Трамп, но всушност се сретнал со нив откако се вклучил во кампањата. Пападопулос му се заблагодари на Трамп на Твитер, велејќи дека помилувањето значи многу за него и за неговото семејство Ван дер Зван исто така призна дека дал лажна изјава за време на истрагата на Милер. „Денешното помилување помага во исправувањето на неправдата која тимот на Милер им ја нанесе на толку многу луѓе“, се вели во соопштението на Белата куќа. Трамп ги помилува и поранешните републикански пратеници Крис Колинс и Данкан Хантер. Трамп ги преиначи и казните за уште пет лица. Се очекува тој да помилува повеќе луѓе пред да ја напушти функцијата претседател следниот месец. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-pomiluva-15-lica-glavno-republikanci/feed/ 0
Иран ослободува уште 10.000 затвореници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-osloboduva-ushte-10-000-zatvorenici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-osloboduva-ushte-10-000-zatvorenici/#respond Thu, 19 Mar 2020 10:08:34 +0000 https://kurir.mk/?p=318808

Иранскиот врховен верски лидер алајтолахот Али Хамнеи планира да помилува уште 10.000 затвореници. Тоа го потврди портпаролот на Министерството за правда Голамхосеин Есмаили, наведувајќи дека уредбата за амнестијата Хамнеи ќе ја потпише во пресрет на иранската Нова Година, наречена Навруз, пренесуваат американските медиуми. Порпаролот наведе дека во очигледниот обид земјата што подобро да се бори против ширењето на коронавирусот, од кого досега во Иран умреа повеќе од 1.100 лица, веќе се ослободени 85.000 затвореници. Меѓу ослободените е и Назанин Ретклиф, член на хуманитарната организација кој има двојно државјанство и на Иран и на Велика Британија, а кој е осомничен за обид за уривање на владата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-osloboduva-ushte-10-000-zatvorenici/feed/ 0