помилување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Oct 2023 10:55:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png помилување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Министерство за правда: Предлог Законот за помилување е доставен во владина процедура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-pravda-predlog-zakonot-za-pomiluvane-e-dostaven-vo-vladina-protsedura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-pravda-predlog-zakonot-za-pomiluvane-e-dostaven-vo-vladina-protsedura/#respond Wed, 04 Oct 2023 10:55:41 +0000 https://kurir.mk/?p=885047

​ Министерството за правда го достави Предлог Законот за помилување во владина процедура, информираат од надлежното министерство. Министерството за правда минатата година формираше работна група составена од претставници од релевантните институции од правосудството, како и претставници од Претседателот на Република Северна Македонија и од научната фела. При изготвувањето на законот беа разгледани повеќе компаративни искуства од кои посебно се значајни решенијата содржани во правните системи во државите членки на Европската унија и од оние држави со кои имаме слични правни системи. ​Причините за донесување на Законот за помилување, пред се, произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот закон кои беа лоцирани во неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања кои се предлага да бидат регулирани со новиот Закон. Постојниот Закон за помилување беше донесен во 1993 и истиот претрпе бројни измени и дополнувања, а одредени одредби беа укинати од страна на Уставниот суд. Клучните новини содржани во Предлогот на законот се: Прашањето за правото на Претседателот да помилува лица од казна и од кривично гонење беше едно од најекспонираните прашања за што работната група застана зад решението согласно кое Претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Мошне значајни се и решенијата со кои е детално разработена постапката за помилување каде се предвидени кратки рокови за секоја од иснтитуциите кои се вклучени во постапката за помилување. Притоа, тука се значајни и конретните одредби за одговорност на лицата кои постапуваат по предметите, но и на нивните претпоставени, стои во соопштението на министерството за правда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-pravda-predlog-zakonot-za-pomiluvane-e-dostaven-vo-vladina-protsedura/feed/ 0
ОВИЕ ОСУДЕНИ ЛИЦА ЌЕ ЈА ВИДАТ СЛОБОДАТА: Пендаровски донесе одлука за помилување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-osudeni-lica-kje-ja-vidat-slobodata-pendarovski-donese-odluka-za-pomiluvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-osudeni-lica-kje-ja-vidat-slobodata-pendarovski-donese-odluka-za-pomiluvanje/#respond Thu, 17 Mar 2022 21:32:12 +0000 https://kurir.mk/?p=649136

Претседателот Стево Пендаровски донесе Одлука за помилување на осудени лица. -Со Одлуката целосно се ослободува од понатамошно извршување на казната затвор Александар Трајан Петровски од Скопје. Делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор осудените лица: Неџмедин Расим Матоши од Скопје во траење од четири месеци, Димитар Милија Мишков од Скопје во траење од три месеци, Абдуљфета Амид Алими од с. Оризаре Општина Липоково во траење од осум месеци и Џафер Џемаиљ Небија од с. Арачиново во траење од пет месеци, стои во одлуката број 08-271/1 што е објавена во Службен весник на Република Северна Македонија. Според Кабинетот на претседателот, помилувањата се спроведени согласно со законска процедура, а сите лица кои се помилувани ги исполнуваат условите за такво нешто. -Министерството за правда доставува предлози за помилување до Кабинетот на претседателот. Комисијата за помилување како работно тело на претседателот ги разгледува и проценува предметите и му доставува предлози на претседателот кои лица да бидат помилувани согласно законските основи, велат од Кабинетот на претседателот и дополнуваат дека помилуваните лица, за кои се објавени одлуките во Службен весник, се лица кои ги исполнуваат условите и за кои Комисијата дала позитивна препорака. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-osudeni-lica-kje-ja-vidat-slobodata-pendarovski-donese-odluka-za-pomiluvanje/feed/ 0
Оваа година ќе нема предлог за новогодишни помилувања, Министерството за правда ја поништи листата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovaa-godina-kje-nema-predlog-za-novogodishni-pomiluvanja-ministerstvoto-za-pravda-ja-ponishti-listata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovaa-godina-kje-nema-predlog-za-novogodishni-pomiluvanja-ministerstvoto-za-pravda-ja-ponishti-listata/#respond Tue, 21 Dec 2021 15:37:53 +0000 https://kurir.mk/?p=611294

Министерството за правда информира дека оваа година нема да проследи предлог за новогодишни групни помилувања на осудени лица односно дека листата целосно се поништува. Како што информира во соопштение до медиумите, оваа одлука ја донело по консултација со Управата за извршување на санкциите. -Ова се прави со цел да се даде време најнапред да се допрецизираат критериумите и законски да се зајакнат филтрите во однос на тоа како се составуваат листите со предлози на лица кој треба да бидат помилувани, се наведува во соопштението на Мнистерството за правда. Се додава и дека во Министерството постои работна група која работи на составување нов предлог-закон за помилување со кој, како што наведува, „ќе се зацврстат критериумите и ќе се дефинираат нови построги услови за тој кој може да биде помилуван“. -Со тоа сметаме дека ќе минимизираат шансите на овие листи во иднина да се најдат лица кои во јавноста предизвикуваат сомнеж за нормалното функционирање на правниот систем, стои во соопштението на Министерството за правда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovaa-godina-kje-nema-predlog-za-novogodishni-pomiluvanja-ministerstvoto-za-pravda-ja-ponishti-listata/feed/ 0
Трамп помилува 26 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-pomiluva-26-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-pomiluva-26-lica/#respond Thu, 24 Dec 2020 07:28:25 +0000 https://kurir.mk/?p=447484

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера помилува 26 граѓани, вклучително и поранешниот шеф на неговиот предизборен штаб Пол Манафорт и поранешниот советник Роџер Стоун. Информацијата ја соопшти прес-службата на Белата куќа. Покрај тоа, казните за три други лица беа делумно или целосно заменети. Меѓу помилуваните е и таткото на зетот на Трамп и постар советник на Трамп, Џаред Кушнер Чарлс. Чарлс Кушнер беше осуден за лажни даночни пријави. Доналд Трамп во вторникот помилува 15 лица и делумно или во целост ги намали казните за уште пет граѓани. Меѓу помилуваните е и поранешниот советник во предизборната кампања на Трамп, Џорџ Пападопулос. На списокот е и холандскиот државјанин Алекс ван дер Зуан, кој беше обвинет за лажно сведочење во рамките на истрагата на Специјалниот обвинител Мјулер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-pomiluva-26-lica/feed/ 0
Венецуела: Мадуро помилува над 100 опозициски политичари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecuela-maduro-pomiluva-nad-100-opoziciski-politichari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecuela-maduro-pomiluva-nad-100-opoziciski-politichari/#respond Tue, 01 Sep 2020 06:39:36 +0000 https://kurir.mk/?p=397567

Властите во Венецуела соопштија дека помилувале над 100 опозициски политичари, меѓу кои и повеќе од 20 пратеници обвинети за заговор против претседателот Николас Мадуро. Потегот на венецуелските власти е во пресрет на парламентарните избори што треба да се одржат во декември. Помилувањето на опозициските политичари укажува на тоа дека владејачката Социјалистичка партија се обидува да го охрабри учеството на изборите, кои дел од опозицијата планира да ги бојкотира, со образложение дека се наместени. Меѓу опозициските политичари помилувани со претседателскиот указ се пратеникот Фреди Гевара, кој побара азил во чилеанската Амбасада, како и Роберто Мареро, соработник на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо. Многумина од помилуваните опозициски политичари учествуваа во ланскиот неуспешен пуч во кој се обидоа да го симнат Мадуро од власт. Некои беа во затвор, додека други бараа дипломатски азил или беа во егзил. Опозицијата тврди дека изборите одржани во 2018 година биле наместени и Гуаидо го сметаат за легитимен претседател на Венецуела, а истиот став го зазедоа над 50 земји во светот. Активистите за заштита на граѓанските права остро ја критикуваа Владата на Венецуела за затворање на политички противници, честопати под обвиненија со малку или без докази.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecuela-maduro-pomiluva-nad-100-opoziciski-politichari/feed/ 0
Еве што му е значајно на Пендаровски во време на вонредна состојба (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-shto-mu-e-znachajno-na-pendarovski-vo-vreme-na-vonredna-sostojba-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-shto-mu-e-znachajno-na-pendarovski-vo-vreme-na-vonredna-sostojba-foto/#respond Fri, 27 Mar 2020 11:49:52 +0000 https://kurir.mk/?p=323053

Додека Република Македонија е во вонредна состојба, претседателот Пендаровски има други приоритети. Народот стравува од коронавирусот и очекува државата посериозно да пристапи кон мерки и заштита од оваа зараза, но Пендаровски си помилува осудени лица. Според одлуката, Пендаровски помилува 4 лица. На Енес Зимер Мемети изречената казна затвор му се заменува со условна осуда. Во одлуката потпишана од Пендаровски делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор Муса Нешат Даути, Димитар Никола Дајовски и Џељадин Мисим Јусуфи.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-shto-mu-e-znachajno-na-pendarovski-vo-vreme-na-vonredna-sostojba-foto/feed/ 0
Претседателот на Алжир помилува околу 3.500 осуденици https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-alzir-pomiluva-okolu-3-500-osudenici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-alzir-pomiluva-okolu-3-500-osudenici/#respond Wed, 05 Feb 2020 06:53:00 +0000 https://kurir.mk/?p=299422

Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун потпиша указ за помилување за речиси 3.500 осудени лица, но мерката не важи за оние уапсени и поврзани со протестно движење кое веќе една година демонстрира против властите. Тебун одлучи да ја помилува првата група од 3,471 осудени лица, на кои им остануваат шест месеци затвор, соопшти кабинетот на алжирскиот претседател, додавајќи дека ќе биде помилувана и втора група осуденици. Уредбата не важи за оние уапсени за дела поврзани со протестно движење кај луѓето познати како „Хирак“. Националниот комитет за ослободување на затворениците соопшти дека мерката не важи за уапсените Хирак, бидејќи за повеќето од нив судските предмети се во тек. Повеќе од 140 демонстранти во моментов се наоѓаат во привремен притвор додека против  1.300 им судски постапки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-alzir-pomiluva-okolu-3-500-osudenici/feed/ 0
Јужна Кореја за Нова година ќе помилува над 5.000 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzna-koreja-za-nova-godina-kje-pomiluva-nad-5-000-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzna-koreja-za-nova-godina-kje-pomiluva-nad-5-000-lica/#respond Mon, 30 Dec 2019 08:38:17 +0000 https://kurir.mk/?p=283721

Во предвечерието на Нова година јужнокорејската Влада ќе помилува 5.174 лица, јави јужнокорејската агенција Јонхап. Добар дел од помилуваните, или 1.879 лица, се луѓе кои одбиле да служат во армијата од религиозни или лични убедувања. Во Јужна Кореја има задолжителна воена служба и таа трае две години, потсетува Јонхап. Укинати ќе бидат казните за ситните нарушувања на правото, на четворица политичари и на активисти на синдикални движења. Во барањето за помилувањата меѓутоа нема да бидат вклучени големи газди и државни службеници кои биле замешани во корупциски скандали. Јужнокорејските власти се надеваат ова масовно помилување на поранешните престапници да им овозможи побрзо враќање на нормалниот живот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzna-koreja-za-nova-godina-kje-pomiluva-nad-5-000-lica/feed/ 0
Овие луѓе во кабинетот на Пендаровски ќе одлучуваат кој ќе биде помилуван https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-lugje-vo-kabinetot-na-pendarovski-kje-odluchuvaat-koj-kje-bide-pomiluvan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-lugje-vo-kabinetot-na-pendarovski-kje-odluchuvaat-koj-kje-bide-pomiluvan/#respond Fri, 05 Jul 2019 15:29:05 +0000 https://kurir.mk/?p=215762

Во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски денеска се одржа конститутивна седница на Комисијата за помилување. Членови на комисијата се:  - Сабит Кранли, поранешен судија во Врховниот суд – претседател на Комисијата, - Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Македонија, - Фехми Стафа, државен правобранител на Република Македонија, - Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатска комора на Република Македонија, - Темелко Ристевски, универзитетски професор, - Сафет Алиу, поранешен судија во Врховниот суд, - Божин Аврамовски, судија во пензија, - Ерол Рушид, лекар, - Зора Митиќ, лекар, - Уранија Пировска, Хелсиншки комитет за човекови права, и - Билјана Петковска, Македонски институт за медиуми. Претседателот Пендаровски, посакувајќи успешна работа на комисијата, рече дека при изборот на членовите на комисијата се водел од нивните исклучителни биографии и нивното богато професионално искуство.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-lugje-vo-kabinetot-na-pendarovski-kje-odluchuvaat-koj-kje-bide-pomiluvan/feed/ 0
Иванов помилува 16 лица за Нова година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-pomiluva-16-lica-za-nova-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-pomiluva-16-lica-za-nova-godina/#respond Tue, 25 Dec 2018 14:33:52 +0000 https://kurir.mk/?p=144905

Претседателот на државата Ѓорге Иванов одлучи да помилува 16 осудени лица по повод новата 2019 година. Во одлуката пишува дека делумно се ослободуваат од гонење 16 лица во различно времетраење од 2 до 6 месеца. Осудените се oд Битола, Валандово, Скопје, Ресен, Неготино, Струмица, Радовиш, Гостивар… Во одлуката објавена „Службен весник“, нема целосно ослободување на осудените лица. Фото: Макфакс]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-pomiluva-16-lica-za-nova-godina/feed/ 0